прошетка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Feb 2024 10:57:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прошетка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Скромна и едноставна: Богдана Ражнатовиќ го прошета трудничкиот стомак (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/skromna-i-ednostavna-bogdana-razhnatovik-go-prosheta-trudnichkiot-stomak-foto/ Wed, 07 Feb 2024 10:57:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337846

Вељко Ражнатовиќ последниве години повеќе време поминува во Тител, од каде што е неговата сопруга Богдана, а не така одамна изјави дека целосно му одговара руралниот живот, дури и дека би сакал да има мала зоолошка градина во која ќе чува некои загрозени видови. И додека не си ја исполни желбата, Вељко ја посетува вистинската зоолошка градина во Белград. Топлите денови од викендот ги искористи да прошета со семејството во Градината на добрата надеж. Иако сè уште не излегле сите животни од нивните скривалишта од хибернација, веселото друштво очигледно уживало во оваа авантура.
Вељко и Богдана го зедоа постариот син Жељко, како и неговите браќа од тетката Лидија Оцокољиќ, близнаците Петар и Илија. Лесна спортска гардероба, шише вода да се најде на пат, Жељко како најмлад на рамениците на тато и убава мама - со стомак речиси до забите.
Трудничкиот стајлинг на Богдана Ражнатовиќ е едноставен, удобен и опуштен. Панталоните и топлиот џемпер се одличен избор за шетање низ град, но и за овие невообичаено топли први февруарски денови. Младиот пар неодамна му откри на светот дека го очекуваат својот трет син, и дека веќе го избрале името - Илијан. фото:Instagram printscreen/ bogdanaraznatoviiic]]>

Андријана Јаневска со стихови и фотографии се потсети на нејзината почината мајка: „Секое изгрејсонце ликот твој го има…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrijana-janevska-so-stihovi-i-fotografii-se-potseti-na-nejzinata-pochinata-majka-sekoe-izgrejsontse-likot-tvoj-go-ima-foto/ Wed, 13 Dec 2023 07:40:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330875

Една е мајка... И нема ништо поблиско од неа, од онаа која те родила и донела на овој свет. Најблиските можеби само физички заминуваат од нас, но затоа секогаш остануваат во нас, во нашите души и срца, продолжуваат вечно да живеат во нашите сеќавања. Андријана Јаневска пред  пет години ја загуби најважната жена во животот – нејзината мајка Нада. Таа почина на 62 години од мозочен удар, а во една прилика пејачката истакна дека немала време да се прости од неа бидејќи нејзината смрт била ненадејна. Кон крајот на 2020 та година, Јаневска ја објави песната „Летај“  посветена на нејзината покојна мајка, која тогаш реши да ја промовира токму на нејзиниот роденден. „ Велат дека времето лечи се и јас искрено се надевам дека тоа е така. Болката не може да ја снема, но мораш да научиш да живееш со неа. За мене семејството е се’ и многу ми е важно и со помош на моите деца, сопруг се обидувам да го надминам тоа“ - ијави во една прилика  Јаневска. Сега, пет години од заминувањето на нејзината мајка Нада, Андријана во својата прошетка по помените со неколку фотографии одново се потсети на неа, а наместо песна овој пат и посвети стихови... „Веќе петто лето, петта зима, Сонцето, мајко, изгрева и заоѓа, секое изгрејсонце ликот твој го има, во секоја сончевина, тебе те пронаоѓам“. „На мајка ми Нада“ - напишала пејачката, виолинист и музички педагог покрај објавата! Како потсетување на она што како музика и стихови го создададе и отпеа Андријана Јаневска во спомен на нејзината мајка, но и за сите оние кои ги изгубиле своите најмили, за сите срца скршени од болка, нејзината акустична балада со посвета,  „Летај“... Фото: Инстаграм/andrijana_janevska
]]>

Актерот Жарко Димоски стопен од љубов на прва прошетка со синчето: Смислата на животот е во неговите раце (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/akterot-zharko-dimoski-stopen-od-lubov-na-prva-proshetka-so-sincheto-smislata-na-zhivotot-e-vo-negovite-ratse-foto/ Fri, 27 Oct 2023 07:18:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324127

Познатиот млад македонски актер, ТВ водител и пејач, Жарко Димоски ги живее едни од најубавите денови откако стана татко за првпат. Додуша, убавото е измешано со низа передизвици кога се има бебе за првпат, но сите потреби на малиот Вито сега се во центарот скогаш и секаде. Жарко и Андреа не сакаа пошироката јавност да знае да бременоста, а веќе два месеци се во проширен состав. Неодамна ја објавија првата заедничка фотосесија од периодот кога невестата е бремена, па се до денот кога бебето е во нивните раце.   Откако поминаа првите денови од доаѓањето на свет, бебето сега веќе е подготвено за прошетки со мама и тато, а познатиот татко веќе почнма на социјалните мрежи да ги покажува и привите прошетки татко и син. Овој пат, тато Жаре беше седнат во кафуле, дотеран и маркантен како и секогаш, самно со најубавото нешто во рацете- целиот свет за него по име Вито кој всушност на латински значи живот. Гордост најголема и топење од љубов! Фото: Инстаграм принтскрин/Жарко Димоски „Photo factory“]]>

Прва фотографија од бебето Крстан: Жељко и Богдана Ражнатовиќ излегоа на прошетка во полн состав (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/prva-fotografija-od-bebeto-krstan-zhelko-i-bogdana-razhnatovik-izlegoa-na-proshetka-vo-poln-sostav-foto/ Fri, 26 May 2023 10:30:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303817

Вељко и Богдана Ражнатовиќ станаа родители по вторпат кога пред нешто повеќе од еден месец се роди нивниот син Крстан. Освен мама и тато, на бебето најмногу му се радувал и Жељко кој едвај чекал да добие братче. На социјалните мрежи се појави првата фотографија од едномесечниот Крстан. Додека безгрижно спиел во количка, Жељко како вистински постар брат го чувал со родителите, што ги воодушевило следбениците на Вељко и Богдана на Инстаграм. Откако е роден, родителите го кријат неговото лице покривајќи го овој пат со слика на српското знаме. Да потсетиме, Богдана и Вељко Ражнатовиќ неодамна одлучија дека животот дефинитивно ќе го продолжат во Тител. ‒ Патувам од Тител до Нови Сад на тренинг. Речиси никогаш не застанувам во Белград. Сега сум тука затоа што моето бебе е тука, а во Тител имам фарма, работа и се останато – откри Вељко во серијата „Цеца шоу“. фото:Инстаграм принтскрин/Богдана Ражнатовиќ]]>

Сашко Коцев ретко споделува приватни моменти, а овој пат направи исклучок: Познатиот актер на прошетка со ќерката (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sashko-kocev-retko-spodeluva-privatni-momenti-a-ovoj-pat-napravi-iskluchok-poznatiot-akter-na-proshetka-so-kjerkata-foto/ Sat, 08 Apr 2023 06:12:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77054

Актерот Сашко Коцев во октомври 2018 година стана татко, тој и неговата сопруга Смиљана станаа родители на нивната ќерка Јоана. Тој во едно интервју истакна дека татковството му го променило животот, па порано кога некој го будел можел да го гризне, но сега го памети првото будење со Јоана. „Ми се појави еден нов свет, едни сосема нови и непознати чувства што ме влечат накај дома. Дури и кога имам време за одмор, не ми даваат, туку ме тераат да станам да ја гледам додека таа спие“, изјави Коцев во интервју за деца.мк Сашко и покрај сите ангажмани и обврски, наоѓа слободно време кое го поминува со најмилите. Така тој на сончевиот ден излезе на прошетка со ќеркичката. Иако на социјалните мрежи ретко споделува приватни моменти, овој пат на својот „Фејсбук“ објави фотографија од него и Јоана на прошетка во блискиот парк во скопската населба Јане Сандански (Аеродром) каде што актерот со семејството живее. „ Во пресрет на пролетта “ напиша актерот во описот на објавата. Под неа веднаш се нижеа позитивни коментари за таткото и ќерката. Инаку, Сашко имаме прилика да го гледаме во претстави во МНТ, е ангажиран за снимања, реклами.... Фото: Фејсбук принтскрин/Сашко Коцев]]>

Врската на Пике и Клара премина на повисоко ниво: Свекрвата беше насилна кон Шакира, ама затоа е прва другарка со новата љубов на синот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vrskata-na-pike-i-klara-premina-na-povisoko-nivo-svekrvata-beshe-nasilna-kon-shakira-ama-zatoa-e-prva-drugarka-so-novata-lubov-na-sinot-foto/ Thu, 30 Mar 2023 09:43:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295777

Шпанските медиуми неодамна објавија дека Шакира се степала со Монсерат Бернабеу, мајката на поранешниот партнер на Жерар Пике. Сега на интернет се појавија фотографии од новата девојка на Пике која ужива во друштво на неговата мајка. Клара Чиа Марти и мајката на Пике беа фотографирани како се шетаат насмеани и расположени. На една од фотографиите, Клара изгледа како да ја прегрнала Монсерат околу половината, додека Пике и неговиот татко исто така се шетале прегрнати. На многумина не им се допаднаа овие фотографии како и однесувањето на Пике и Клара Чиа Марти. -Додека ја малтретира бившата, овој изгледа се грижи за неа“, „Монсерат дефинитивно изгледа како свекрва каква што никој не би ја посакал“, „Само насмевни се свекрва, за неколку години или месеци нема да се смееш така“, „Најголемиот лицемер што сум го видел го видел“, се само дел од коментарите. За потсетување, новинарката Лаура Фа тврди дека мајката на Пике од самиот почеток знаела за неговата врска со Клара и му помогнала тоа да го скрие од Шакира. Наводно, причината за ваквото однесување е тоа што Шакира никогаш немала добри односи со свекрвата. фото:The Grosby Group/univision.com/profimedia]]>

Докторите откриваат: Само 10-на минути од оваа активност дневно го намалува ризикот од прерана смрт https://arhiva.vistina.com.mk/doktorite-otkrivaat-samo-10-na-minuti-od-ovaa-aktivnost-dnevno-go-namaluva-rizikot-od-prerana-smrt/ Fri, 10 Mar 2023 13:10:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292847

Познато е дека телесната активност го намалува ризикот од срцеви болести, канцер и други водечки причини за смрт. Меѓутоа, не е јасно колку точно тренинг е потребно за да имате таков резултат. Поради тоа меѓународен тим истражувачи обединиле резултати од 196 претходни студии во кои учествувале над 30 милиони луѓе за да ја создадат една од најголемите анализи спроведени на оваа тема. Експертите наведуваат дека енергична дневна прошетка може да ја спречи најмалку секоја десетта прерана смрт. Енергичната дневна прошетка има свои предности Експертите пресметале дека околу секоја шеста прерана смрт би била спречена доколку испитаниците на студијата би имале најмалку 150 минути умерена телесна активност неделно. Но, дури и половина од тоа, 75 минути неделно или помалку од 11 минути дневно, би можело да ја спречи секоја десетта рана смрт, според метаанализата објавена во магазинот „British Journal of Sports Medicine“. „Тоа вклучува намалување на ризикот од срцеви болести за 17 отсто и канцер за 7 отсто. Лицата чија телесна активност е минимална или никаква, пример 11 минути брзо одење дневно го намалува ризикот од смрт за 23 отсто“, изјавил Сорен Брејж, експерт за телесна активност на британскиот Универзитет Кембриџ и коавтор на студијата. „Сè што треба да направите е да пронајдете малку повеќе од 10 минути секој ден“, изјавил тој. извор:точка.ком.мк]]>

Лила во родниот Гетеборг на носталгична прошетка по спомените од детството: „Сликите се избледени, но сеќавањата свежи…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-vo-rodniot-geteborg-na-nostalgichna-proshetka-po-spomenite-od-detstvoto-slikite-se-izbledeni-no-sekavanata-svezhi-foto/ Sat, 21 Jan 2023 08:20:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283348

Изминатата 2022-ра беше мошне турболентна година за многумина, меѓу другите  и за најпознатата македонска ТВ водителка Лила Филиповска. Таа мина низ едно од најтешките животни премрежија, соочувајќи се со најопаката болест, битка од која за среќа излезе како победник. Токму затоа, можеби на самиот почеток на Новата 2023-та година Лила реши да замина таму каде што всушност и е родена. На далечниот север, во Скандинавија, поточно Шведска и нејзиниот роден Гетеборг, каде што се' уште живее дел од нејзиното најтесно семејство, нејзината сестра со својата фамилија. „Кога после години ќе се вратиш во градот каде што си се родил… Кога го препознаваш секое ќоше а истовремено ти изгледа ко прв пат да го гледаш, кога доаѓаш како турист а всушност си дома… Здраво Гетеборг“ - носталгично се присети Лила на годините од детството веднаш штом стапна во родниот град, штом ги направи првите чекори на неговите улици, сега во својата повторна средба со него и прошетката по толку години, исто како кога во најраното детство ги правеше и првите чекори во животот. Водителката всушност дојде на гости кај својата сестра заедно со нејзиниот син Филип и имаше носталгична средба со своите внуци и останатите членови на потесното семејство, роднините и пријателите. Посака сончев лет од Скопје и тоа и се оствари, па посака снег во Гетеборг и желбата одново и се исполни, а тоа Лила го искористи за прошетка со младите меѓу најмилите. Секогаш кога ќе се вратиш во местото каде си роден и се пораснал, носталгијата е неминовна и како огромен бран сите ги заплиснува, па така и македонската водителка не беше имуна да им „подлегне“ на емоциите и сеќавањата кои за миг и ја преплавија душата. Како да влезе во своевиден „шведски времеплов“, па  Лила за час се врати во времето на нејзините безгрижни денови, листајќи ги спомените како дневник на едно детство, на кое секое парче, секој предмет, секое камче од плочникот, дворот, тревникот... ја потсетуваше на она место на кое водителката некогаш си играше и растеше. Така таа се потсети  на дворот и паркот меѓу зградите, каде седната на лулашките и лизгалките како на стар часовник ги врати назад сказалките на времето кое неминовни тече... За жал, за сите нас, само во еден правец! Но она што останува длабоко во нас се спомените, а Лила не го заобиколи ниту родното огниште, населбата, маалото и првиот стан во кој таа со своите родители живеела веднаш по нејзиното раѓање. „Дневникот на едно детство…. Дворот во Гамлестад … место на моите први чекори, првите пријателства, раскрварени колена од падот од велосипед, многу изедени сморгоси, гудис, безгрижни денови … Сликите се избледени но сеќавањата свежи“ - напиша на своите профилии на социјалните мрежи денес познатата македонска ТВ водителка, тогаш малечкото девојченце со очи полни желби! Денес многу од нив остварени, некои подзаборавени, но не и спомените на она кој си, што си и од каде доаѓаш, каде си роден, каде си растел и си ги поминал можеби и најубавитеи секако најбезгрижните години во животот. Зашто... само едно место на светот се вика... ДОМ! Затоа можеби  сликите и се подизбледени, но сеќавањата... секогаш ќе останат свежи!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/lilafilipovska

Прошетка или на љубовна рехабилитација во природа: На Ноне Неделковска некој и го скрши срцето или само евоцираше спомени од порано? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/proshetka-ili-na-ljubovna-rehabilitacija-vo-priroda-na-none-nedelkovska-nekoj-i-go-skrshi-srceto-ili-samo-evocirashe-spomeni-od-porano-foto/ Wed, 19 Oct 2022 08:41:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271945

Ноне Неделковска, македонската пејачка иако со години веќе не пее, се' уште е подеднакво популарна и позната како некои кои се на врвот на кариерата во Македонија. Последниве години попозната како „светска патничка“ која речиси ја обиколи планетава работејќи на големите прекуокеански крузери, во моментов е дома, на пауза во Македонија. По роденденот кој неодамна го прослави во родниот Велес, Ноне за приомена реши малку да ја прокрстари и таковината. Дали чисто онака само заради прошетка или замина на „љубовна рехабилитација“ во природа, знае само таа самата. Зашто, според она што како последен пост  и фотографија го споделила, „најшетаната велешанка“ загрижи многумина со својата „тажна ама мудра  мисла“. Имено, по пртестојот не неколку дена во планинската „воздушна бања“ во преубавото Берово, Ноне се симна малку подолу, па Беровското планинско езеро и хранењето на елените  го замени со  Охридското и лебедите. Во „македонскиот бисер“ таа уживаше во последните топли сончеви зраци кои залезот на есента ни ги носи, пред да настапат долгите, тмурни и студени зимски денови. Со утринско кафе озарена на терасата тукушто излезена од постела, Нона Неделковска се чини го живее животот за сите пари... А живот како живот - нека иде... Но она што како последна порака споделила, ја заскокотка јавноста , па многумина се запрашаа дали тоа нешто убавата велешка „џепна венера“ всушност длабоко јаво неа ја мачи? Има ли Ноне љубовни јадови, кои колку и да изгледа опуштена, безгрижна и среќна, сепак ја „јадат“? Поткрепа за сомнеж во ваквата теза токму нејзината споделена Инстаграм мисла: „Ако твоите намери се чити (чесни), ти не губиш никого... Тие те губат тебе“! Дали и кого изгубила , односно кој тоа ја изгубил неа или нејзината љубов и доверба, остана мистерија!? Како и тоа, дали ова беа нејзини денови на прошетка или на љубовна рехабилитација во природа? Како и да е едно е сигурно: Ретко се наоѓа така чиста и искрена душа како онаа на Нона Неделковска. А таквите љубовта и среќата секогаш ги следи и им се насмевнува. Тогаш кога им е најпотребна! Фото: Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska  ]]>

Маја Беровиќ без шминка во опуштено издание го прошета наследникот, а нејзината фигура по породувањето ги изненади сите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/maja-berovikj-bez-shminka-vo-opushteno-izdanie-go-prosheta-naslednikot-a-nejzinata-figura-po-poroduvanjeto-gi-iznenadi-site-foto/ Thu, 13 Oct 2022 09:00:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271120

Пејачката Маја Беровиќ ретко доаѓа во Белград, но овој пат реши да прошета по улиците, но со мало засилување. Како новопечена мајка, таа одлучи да го искористи сончевиот ден за да го прошета синот. Имено, како што ја снимил тимот на „Папарацо лов“, на Маја и правеше друштво дадилката која и помогна при прошетката, а расположената мајка не ја тргаше насмевката од нејзиното лице. Маја направи подолга естрадна пауза, но од приложеното е јасно дека ужива во секој момент поминат со синот од кој не се дели. Фото:Принтскрин/Папарацо лов]]>