прошета се јовка кумановка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 12 Oct 2019 10:50:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прошета се јовка кумановка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Некст Тајм“ на нова прошетка низ македонската музичка историја со преработката на „Прошета се Јовка кумановка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekst-tajm-na-nova-proshetka-niz-makedonskata-istorija-so-promocijata-na-prosheta-se-jovka-kumanovka-video/ Sat, 12 Oct 2019 10:37:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112215

Дуото Некст Тајм во чест на 500-годишнината од постоењето на Куманово ја преработи песната „Прошета се Јовка кумановка“. Вечерта на празникот „11 Октомври“ 2019 година, истата и официјално беше претставена со видео запис во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во чест Денот на македонското востание. Станува збор за уште една одлична преработка на стара македонска песна, која имате прилика да ја слушнете во едно ново и поинакво руво, чиј нов аранжман повторно го потишува Николче Мицевски, а песната е снимена во студиото ХЛ на Дејан Момироски кој стои и зад миксот на песната. Нејзината филмска визуелизација е во вид на уште еден одличен видеоспот кој одново го режираше Огнен Шапковски, чии се и колорот и монтажата на спотот, додека зад камерата како директор на фотографија се потпишува Кристијан Теодоров, а сето тоа под капата на „Мелем продукција“. Со „Прошета се Јовка кумановка“ близнаците Мартин и Стефан Филиповски ја продолжуваат приказната од нивните последни музички проекти, каде  преработија неколку стари македонски традиционлани песни како „Нешто ќе те питам бабо“, „Слушам кај шумат шумите“ и „Ја излези Ѓурѓо“. https://www.youtube.com/watch?v=Cclx-3UwUH8]]>

Приказната за „Јовка кумановка“ е новата преработка на „Некст тајм“ https://arhiva.vistina.com.mk/prikaznata-za-jovka-kumanovka-e-novata-prerabotka-na-nekst-tajm/ Sat, 05 Oct 2019 09:41:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111026

По многубројните настапи низ Македонија и турнејата низ соседна Бугарија,  Мартин и Стефан Филиповски од братското дуо „Некст Тајм“, изминатиот период работеа паралелно и на нивниот најнов музички проект. Станува збор за уште една одлична преработка на стара македонска песна односно нивно музичко видување на приказната насловена „Прошета се Јовка кумановка“, која ќе имате прилика да ја слушнете во едно ново и поинакво руво. Промоцијата на песната чиј нов аранжман повторно го потишува Николче Мицевски и нејзината филмска визуелизација во вид на видеоспот кој одново го режираше Огнен Шапковски, ќе се одржи на 11 октомври во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово. „Горди сме што со оваа обработка заедно ќе заокружиме 500 години Куманово и веруваме дека Македонија повторно ќе ужива во уште една наша обработка!!! Очекувајте не !!!“ - напишале близнаците на својот Фејсбук профил во објавата и поканата за промоцијата на новиот проект.]]>