пропадната – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 04 May 2023 12:27:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пропадната – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Коренот на сите пропаднати врски се наоѓа во оваа невика https://arhiva.vistina.com.mk/korenot-na-site-propadnati-vrski-se-naoga-vo-ovaa-nevika/ Thu, 04 May 2023 12:27:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300691

Сигурно многу пати досега сте слушнале колку е опасна тишината. Студеноста во речиси секоја врска доаѓа од неспособноста на едниот или двајцата партнери за дијалог. Потоа доаѓа тишина – и не онаа во која веќе сме кажале сè, туку онаа во која не сме кажале многу работи. Експертите предупредуваат дека најопасен е „тивкиот третман“ и дека тоа е најпогубната навика во врската. Што точно е тивкиот третман? Според основната дефиниција, „тивок третман“ е одбивање вербална комуникација со некој што сака да комуницира. Овој тип на однесување се однесува на избегнување контакт со некого, обично кога чувствувате дека ви згрешиле или сте непочитувани. Свесно или несвесно оваа комуникациска стратегија се користи за казнување или предизвикување реакција од целта. На пример, ако се чувствувате повредено од нечиј коментар, тогаш може да ја искористите тишината како начин да го отстраните вашето присуство кај личноста што ве повредила – во обид да ја казните. Мотивацијата за ваквото однесување е желбата другата личност да одговори на начин што ќе потврди дека го забележала вашето однесување и дека е повредена од вашето молчење или отсуството на вашето присуство. Што НЕ Е тивкиот третман? Молчењето и поставувањето граници не се иста работа и не треба да се мешаат. За подобро да разберете што не е „тивок третман“, треба да разберете што се „границите“. Границите, во здравата комуникација, се намерни блокови за да се спречи постојана повреда и злоупотреба. Пример може да биде прекинување на телефонски повик со некој што ве нарекува со имиња или на друг начин вербално или емоционално навредува. Ако не сте ја разјасниле потребата за граница, тогаш нејзиното поставување е всушност „тивок третман“ и е поштетен отколку што мислите. Меѓутоа, проблемот најчесто се јавува кога постојано комуницирате со некого за линијата што личноста постојано ја поминува. Тогаш најлесно е да замолчите и едноставно да се исклучите. Но, поентата е во тоа што си наштетувате себеси кога не кажувате и не покажувате што навистина се случува во вашите срца и умови. Премолчувањето можеби делува за момент, но долгорочно никогаш не е и нема да биде продуктивно, пишува „YourTango“. извор:popara.mk]]>

И го „скршил срцето“ на Цеца: Овој човек ја оставил фолк дивата заради бившата жена (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-go-skrshil-srceto-na-ceca-ovoj-chovek-ja-ostavil-folk-divata-zaradi-bivshata-zena-foto/ Wed, 01 Dec 2021 07:00:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229555

Домашната јавност за љубовниот живот на Цеца Ражнатовиќ  знае само преку минималните информации кои се достапни за неа. Фолк дивата вешто го криеше љубовниот живот од љубопитните очи на јавноста, па дури и да се појават некакви информации, Цеца вешто ќе го насочи фокусот на друга тема, која повеќе и одговара. Сепак, домашната јавност знае за одредени авантури на познатата пејачка, а нејзината врска со Андреј Кулунџиќ ги изненади сите. Имено, пејачката и рели возачот се запознале во неговата емисија каде што Цеца гостувала . По првата средба меѓу нив се појавила одредена хемија, а целата работа тргнала многу брзо кон интимна врска. Како што тогаш објавија локалните медиуми, Андреј се вселил во куќата на Цеца во Љутице Богдана. Но, како што нивната романса се развивала со брзо темпо, исто така брзо и се распаднала и по само три месеци тркачко-естрадната двојка решила да стави точка на целата приказна. Своевремено извор близок на парот за „Прес“ истакна дека тие всушност и ставиле крај на романсата поради неможноста на обострано задоволство да ги усогласат деловните обврски со приватниот живот. Но, набргу потоа, некои од српските медиуми објавија дека Андреј и се вратил на поранешната сопруга, а една од причините за распадот на врската со Цеца се крие во неговите емоции кон бившата жена. Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Andrej Kulundzic/cecaraznatovic  ]]>