проодување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 24 Dec 2019 12:23:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png проодување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Голема радост во домот на Тамара Тодевска: Синчето Дарен им ги растрепери срцата на мама и тато (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/golema-radost-vo-domot-na-tamara-todevska-sincheto-daren-im-gi-rastreperi-srcata-na-mama-i-tato-foto/ Tue, 24 Dec 2019 07:55:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125495

Пред само неколку дена пејачката Тамара Тодевска и нејзиното семејство го славеа првиот роденден на синчето Дарен. Во домот на Тамара, со две мали деца, секогаш е забавно и возбудливо, што од Хана, што од Дарен. Пред една година, токму пред прагот на Новата, Дарен дојде на овој свет како подарок, а сега повторно пред 2020 година, малиот  убавец ги израдува мама и тато со тоа што ги направи првите чекорчиња. Проодувањето на Дарен мораше да се забележи на камера, а тој како малечко пиленце ги направи првите чекори кон тато. Дада Хана сега ќе може уште поактивно да и игра со своето помало братче, а мама и тато со широка насмевка и растреперени срца од среќа, го дочекаа и овој момнет во животот. Лесни чекорчиња Дарен!]]>

Дарко Лазиќ мора под итно да стане на нозе, ама една работа може да му го загрози животот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-lazikj-mora-pod-itno-da-stane-na-noze-ama-edna-rabota-moze-da-mu-go-zagrozi-zivotot-foto/ Fri, 09 Nov 2018 10:30:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57162

Фолкерот  Дарко Лазиќ вчера имаше операција на бутната коска при што му беше вграден вештачки колк, а претходната ноќ ја поминаа мирно и беше во можност да ги види своите родители и вереницата Марина. - Дарко доби лекови против болка во текот на ноќта, така што ноќта ЈА мина мирно. Беше тоа сосема нормална постоперативна ноќ - изјави лекарски извор од болницата. Според докторите, закрепнувањето ќе трае најмалку шест месеци, а Лазиќ ќе остане во болницата најмалку уште еден месец. Поради можните компликации, лице со повреди како што е Дарко мора да биде под постојан медицински надзор најмалку еден месец. Веднаш по операцијата му беше променета позицијата на телото и главата на  креветот за да се намали ризикот од  собирање вода во белите дробови. Покрај овој ризик него му се заканува и емболија, блокада на артеријата од згрутчување на крвта и тромбоза, па  треба да прима зголемена  антикоагулантна терапија - објаснил лекарот. Лазиќ ќе добие помош, патерици или помагало за полесно движење, за да може да застане на нозе. - Тој мора да застане на нозе во следните неколку дена. Поради скршени ребра и комплетната ситуација, закрепнувањето и проодувањето мора да одат постепено. Сите околу него и тој самиот треба да бидат многу трпеливи - заклучил докторот, пренесува Свет.рс! Фото: Инстаграм принтскрин]]>

Како вашето дете полесно да ги направи првите чекорчиња? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-vasheto-dete-polesno-da-gi-napravi-prvite-chekorchinja/ Mon, 09 Jul 2018 18:07:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36711

Вообичаено околу седмиот месец од животот, сите бебиња започнуваат со своите обиди за движење. Набргу почнуваат да лазат, а крајната цел е проодувањето. Еве како да му помогнете на Вашето дете да го стори тоа: Лазење Најчесто, децата започнуваат со лазење набргу откако ќе успеат самостојно да седнат. Кај некои, тоа се случува нешто подоцна. Сепак, тоа не е никаква причина за грижа. Оставете ги да се развиваат според сопствениот ритам. Обично првичните обиди се случуваат околу осмиот месец, додека успешно започнуваат да лазат некаде околу деветтиот месец. Поттикнете го движењето Децата имаат потреба од внимание. Откако ќе ја совладаат вештината на лазење, ќе започнат да Ве следат наскеде низ домот. Секогаш кога ќе направи потег во правилната насока, пофалете го. На тој начин ќе го стимулирате неговиот развој. Оставете го да учи од грешките Никој не може на детето да му помогне во стекнувањето на координацијата на своето тело. Тоа ќе направи безброј грешки, пред да научи кои се правилните движења. Не го попречувајте овој процес. Колку помалку време му оставате за обидите за лазење, толку повеќе време ќе му биде потребно за да стигне до крајната цел – проодување. Период на паѓање Многу едноставно – за да научи да стои самостојно, детето мора да помине низ периодот на паѓање. Од грешките најубаво се учи, а доколку Вие започнете со кревање паника секогаш кога ќе се случи пад, може многу лесно да го обесхрабрите. Она што треба да го направите е да обезбедите околина во која нема да се повреди – заградете простор само за детето, во кој ќе нема остри предмети и по можност мек под. Ниту едно бебе не може да се повреди само од својот пад. Првиот чекор Обично децата проодуваат полека околу првиот роденден. Првите чекори се прават со помош од возрасните, а првите самостојни чекори можат да се очекуваат многу бргу потоа. Но, запомнете дека во никој случај не смеете да го форсирате детето доколку не е подготвено. Периодот на проодување е индивидуален и малото доцнење не мора да значи дека нешто не е во ред. Од друга страна, доколку со сила го терате да оди, тоа ќе паѓа многу повеќе и на тој начин може да развие страв од паѓање, што пак ќе доведе до претпазливост и забавен развој. Во периодот околу првите самостојни чекори, детето ќе се соочи со фрустрации. Ќе ја губи рамнотежата многу често и ќе се лути, па ќе се откажува и ќе продолжува со лазење. Вам Ви останува да го охрабрувате, затоа што се работи за фаза која мора да се помине, но за среќа трае многу кусо. Потоа следува најсреќниот момент за родителите – кога детето ќе ја преоди собата и ќе им дојде во отворените прегратки.  ]]>