промовирана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 May 2023 12:29:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png промовирана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во хотел „Парк“: Промовирана автобиографската книга „Живот на коцка“ на Велибор Џаровски Џаро https://arhiva.vistina.com.mk/vo-hotel-park-promovirana-avtobiografskata-kniga-zhivot-na-kotska-na-velibor-dharovski-dharo/ Tue, 30 May 2023 12:22:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304337

На летната тераса на ресторанот „Фоур“ во скопскиот хотел „Парк“, пред бројните гости и новинари вчеравечер, понеделник, 29 мај 2023 г. беше промовирана автобиографската книга „Живот на коцка“ за животот и работата на естрадниот менаџер Велибор Џаровски - Џаро. Автор на книгата е неговата ќерка, новинарката Милица Џаровскa. Промотор на  настанот беше Игор Џамбазов, кој мешудругото рече: „Мене ми е жал што младиве генерации за Џаро го знаат само по превари и местење натпревари. Ама, дечки, не е така. Тој има направено за оваа држава повеќе од многу политичари. Без разлика на сите прикаски што ќе ги прочитате во книгата. Џаро ги донел најголемите балкански ѕвезди во Македонија кои и денес во не заборават во своите интервјуа да го спомнат, се едно дали е Здравко Чолиќ, Бора Чорба, Тереза Кесовија, Мишо Ковач“. Од неговите скромни почетоци, во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров, каде што живее и денес, до неговото издигнување како успешен менаџер, книгата ги носи читателите на возбудливо патување низ животот на Џаро. „Не беше лесно да се пренесат муабетите на Џаро на хартија“ - забклагодарувајќи им се на бројноста на присутните рече сношти авторката и додаде дека кога ја пишувала книгата, ја напишала како да разговара со соговорник, а не со својот татко. Живот на коцка“ беше прво промовирана на Саемот на книгата во Скопје. Книгата е преведена на македонски јазик во издание на издавачкиот центар „Три“, а е напишана уште пред шест години, но на српски јазик.

Повеќе на vistina.mk]]>

На летната тераса на ресторанот „Фоур“ во скопскиот хотел „Парк“, пред бројните гости и новинари вчеравечер, понеделник, 29 мај 2023 г. беше промовирана автобиографската книга „Живот на коцка“ за животот и работата на естрадниот менаџер Велибор Џаровски - Џаро. Автор на книгата е неговата ќерка, новинарката Милица Џаровскa. Промотор на  настанот беше Игор Џамбазов, кој мешудругото рече: „Мене ми е жал што младиве генерации за Џаро го знаат само по превари и местење натпревари. Ама, дечки, не е така. Тој има направено за оваа држава повеќе од многу политичари. Без разлика на сите прикаски што ќе ги прочитате во книгата. Џаро ги донел најголемите балкански ѕвезди во Македонија кои и денес во не заборават во своите интервјуа да го спомнат, се едно дали е Здравко Чолиќ, Бора Чорба, Тереза Кесовија, Мишо Ковач“. Од неговите скромни почетоци, во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров, каде што живее и денес, до неговото издигнување како успешен менаџер, книгата ги носи читателите на возбудливо патување низ животот на Џаро. „Не беше лесно да се пренесат муабетите на Џаро на хартија“ - забклагодарувајќи им се на бројноста на присутните рече сношти авторката и додаде дека кога ја пишувала книгата, ја напишала како да разговара со соговорник, а не со својот татко. Живот на коцка“ беше прво промовирана на Саемот на книгата во Скопје. Книгата е преведена на македонски јазик во издание на издавачкиот центар „Три“, а е напишана уште пред шест години, но на српски јазик.]]>
Промовирана драмата „Да се означиме” од Христина Ѓоргиевска https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-dramata-da-se-oznachime-od-hristina-gjorgievska/ Sun, 05 Jun 2022 12:31:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253075

Издаваштвото од роднокрајни автори од Крива Паланка од денеска е збогатено со книгата „Да се означиме” од младата авторка Христина Ѓоргиевска.
„Да се означиме“ e современа драма во која преку интересни, хумористични и саркастични секојдневни ситуации Ѓоргиевска го прикажува секојдневието на 21- от век, зависноста од социјалните мрежи и отуѓеноста меѓу луѓето.
Книгата е објавена со поддршка на Националната установа Центар за култура Крива Паланка и Министерството за култура на Северна Македонија, како дел од годишната програма за култура за 2022 година.
Промотори на книгата беа Евгенија Чапрагоска и Ирена Белешковска, а сценска адаптација на дел од текстот изведоа младите талентирани актерки од драмското студио во НУЦК Крива Паланка, Марта Петровска и Лара Стевановска.
-Ако големиот руски класик Лав Толстој во неговото капитално дело „Ана Каренина” пред два века напиша „сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин”…, тогаш несомнено, од перспектива на „граѓанин на модерната ера”- жител на светот во 21 век, би додала дека секое семејство на денешнината има два света во кои егзистира: првиот, оној реалниот, опиплив и световен, каде се присутни неговото тело, лик и дело, кадешто катаден живее и се храни и вториот, оној виртуелен свет, кадешто е распространет на сите страни, со слика, лика и прилика какви што сака да претстави презентирајќи се во сјај, раскош или улога, што самиот ќе одлучи да ја глуми на големата имагинарна сцена со креираните интернет профили на социјалните мрежи. Моделот на едно такво семејство, со презиме Христовски, е профилиран, и тоа сосема умешно, експлицитно и реалистично, токму од авторката на драмата „Ајде да се означиме”, првенче, на младата Христина Ѓоргиевска.
За Христовски авторката ќе рече „исто како и милион други семејства во современо време…зависни од социјалните мрежи. Со една рака го држат телефонот со другата вилушката. Со едното уше слушаат од телевизорот, со другото зборуваат на телефон. Изгубени во виртуалниот свет на високото ниво на технологијата, рече филолог Ирена Белешковска.
Авторката Ѓоргиевска упати благодарност за поддршката од Центарот за култура Крива Паланка и Министерството за култура на Северна Македонија, како и до најзаслужниот за објава на книгата која првично беше замислена да се постави на сцена и беше поставена премиерно во август 2021, е младиот режисер Глигор Цветковски, координатор на драмското студио во НУЦК, кој ја загуби битката со корона вирусот.

]]>
Промовирана монографијата „Мизар Откровенија 1981 – 2021“ од авторот Тошо Филиповски https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-monografijata-mizar-otkrovenija-1981-2021-od-avtorot-tosho-filipovski/ Mon, 28 Mar 2022 03:44:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244592

Монографијата „Мизар откровенија 1981 - 2021“, четвртото капитално дело на публицистот и рок-хроничар Тошо Филиповски беше промовирана синоќа во кафе барот „Глуво куче“ во Скопје, со масовна дружба на дел од членовите на бендот од различни периоди на неговото четиридецениско постоење со вљубениците на нивната музика, колеги музичари од други рок-состави, јавни личности. За време на повеќечасовната дружба беа преслушани повеќето песни на Мизар, како и две, би можело да се каже, премиерно  кога станува збор за јавен собир, „Стој“ од 1986 година и гаражната - демо снимка на „Исус“ од 1982 година. Авторот на Монографијата Тошо Филиповски во обраќањето рече дека  „Мизар  Откровенија 1981-2021" е неговиот споменик кон еден бенд  кој извршил силно влијание како врз неговиот живот, така и врз целото општество. Тој во своето обраќање потсети на сите предизвици со кои се соочил во собирањето на потребниот материјал за создавање на вакво капитално дело и посака „Мизар откровенија 1981 - 2021“ да биде важно четиво за сите генерации, сегашни и идни. „Имаме значајни бендови кои заслужуваат да бидат напишани книги и за нив, јас физички во овој период и не можев повеќе да го сторам, имајќи предвид дека зад мене во изминативе години се четири капитални дела, почнувајќи од првата Македонска рок енциклопедија. Но се надевам дека ова е почеток на книгоиздателство во земјава во кое ќе биде пошироко опфатена македонската рок-култура и историја, но и издавањето на финални музички производи“; рече Филиповски. Извор: МКД.мк

Повеќе на vistina.mk]]>

Монографијата „Мизар откровенија 1981 - 2021“, четвртото капитално дело на публицистот и рок-хроничар Тошо Филиповски беше промовирана синоќа во кафе барот „Глуво куче“ во Скопје, со масовна дружба на дел од членовите на бендот од различни периоди на неговото четиридецениско постоење со вљубениците на нивната музика, колеги музичари од други рок-состави, јавни личности. За време на повеќечасовната дружба беа преслушани повеќето песни на Мизар, како и две, би можело да се каже, премиерно  кога станува збор за јавен собир, „Стој“ од 1986 година и гаражната - демо снимка на „Исус“ од 1982 година. Авторот на Монографијата Тошо Филиповски во обраќањето рече дека  „Мизар  Откровенија 1981-2021" е неговиот споменик кон еден бенд  кој извршил силно влијание како врз неговиот живот, така и врз целото општество. Тој во своето обраќање потсети на сите предизвици со кои се соочил во собирањето на потребниот материјал за создавање на вакво капитално дело и посака „Мизар откровенија 1981 - 2021“ да биде важно четиво за сите генерации, сегашни и идни. „Имаме значајни бендови кои заслужуваат да бидат напишани книги и за нив, јас физички во овој период и не можев повеќе да го сторам, имајќи предвид дека зад мене во изминативе години се четири капитални дела, почнувајќи од првата Македонска рок енциклопедија. Но се надевам дека ова е почеток на книгоиздателство во земјава во кое ќе биде пошироко опфатена македонската рок-култура и историја, но и издавањето на финални музички производи“; рече Филиповски. Извор: МКД.мк]]>
Промовирана првата фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“ https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-prvata-folk-slikovnica-za-deca-slusham-kaj-shumat-shumite/ Tue, 23 Nov 2021 13:14:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228492

Центарот за зачувување и развој на македонската фолк музика, фолклорното творештво, едукација и иновации за деца, ја промовираше првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“ .  Првата фолк сликовница е реализирана од проектот „Музички фолк сликовници за деца“, што го спроведува „Фолконика“. На онлајн промоција, за проектот и сликовницата зборуваа, Душко Георгиевски, претседател на „Фолконика“ и истакнат естраден уметник и Бајса Арифовска, музички педагог, музички соработник, инструменталист. Сликовницата е уникатна со својот концепт, зошто за прв пат се прави ваква илустрација на македонска народна песна, каква што е „Слушам кај шумат шумите“, која е избор за првиот наслов на фолк сликовницата, направен според анализата на музичкиот соработник, исполнувајќи ги целите, да биде прифатлива и со текст и тема за децата. Целта е да се даде придонес кон зачувување на македонското фолклорно творештво и тоа да им се понуди на децата во една форма, која ќе биде прифатлива за нив. Сликовницата на своите страници го содржи текстот на песната и нотни записи за истата, распоредени според строфите на страниците. За поголемо естетско доживување на песната и содржината, младата академска сликарка Маја Димитрова направи уникатни илустрации, автентични на текстот од строфите, со кои се заокружува целата приказна на песната, за да допре до децата од најмалата возраст. Ликовното и графичко уредување го направи Елена Димитрова.  Проектот произлезе од заложбите за негувањето на народното музичко творештво, како национално и културно богатство и наш национален идентитет, што треба да се прави уште кај најмладата популација, уште од најмала возраст, со што ќе се запознава со својот идентитет преку музиката, која особено за оваа возраст е најприфатлива и може да остане врежана во меморијата, што ќе биде добра основа за градење на националното чувство и припадноста на македонскиот културен идентитет. Водени од ваквите состојби, сметаме дека треба итно да сториме нешто што ќе започне да влијае на промена на ваквата состојба. Едукацијата е најсоодветниот начин да се влијае на промените, но тоа да биде со добро осмислени, нови и интересни форми, со илустрирани ликови од народните песни, за да допрат до дететода го предизвикаат да ги погледне, анализира со љубопитност, да му предизвика интерес, а не одбивност кон народната песна. Вака претставени темите и ликовите од народните песни, ќе придонесат и кон запознавање на детето со народната носија, убавините на Македонија, етно елементи, фолклорни мотиви, значајни историски ликови, опеани во песните, како наш историски белег. Со тоа, ќе може да се влијае на најмладите на возраст од кога можат да ја сфатат и восприемаат убавата македонска песна, а тоа е од најмлада возраст од само неколку години, до школска возраст, за да   може кај нив да остави неизбришиви траги и да вроди љубов и чувство на национална припадност и љубов кон народната убава песна која содржи вистински родољубиви и уметнички вредности создадени од македонскиот народен творец.  Сликовницата ќе биде презентирана и дистрибуирана пред детската популација, во предучилишна и училишна возраст, градинките, воспитно- училишните установи, училиштата, специјализираните едукативни центри, библиотеките итн. „Фолконика“ во наредниот период ќе реализира онлајн промоции на  сликовницата и во дијаспората. Проектот продолжува со подготовка на новите музички фолк сликовници. 
 
Песната „Green forces“ со која Македонија ќе настапи на Детскиот евросонг 2021 ќе биде промовирана на 12-ти ноември https://arhiva.vistina.com.mk/pesnata-green-forces-so-koja-makedonija-kje-nastapi-na-detskiot-evrosong-2021-kje-bide-promovirana-na-12-ti-noemvri/ Fri, 05 Nov 2021 13:16:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226978

Како што е веќе познато, децата од многу популарната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија на годинешната Детска Евровизија. Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. Деновиве беше објавено кусо видео од снимањето, а сега е потврдено дека песната ќе биде промовирана во јавноста во петок, на 12-ти ноември.  

Повеќе на vistina.mk]]>

Како што е веќе познато, децата од многу популарната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија на годинешната Детска Евровизија. Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. Деновиве беше објавено кусо видео од снимањето, а сега е потврдено дека песната ќе биде промовирана во јавноста во петок, на 12-ти ноември.  ]]>
Промовирана „Here I stand“, песната на Васил Гарванлиев што ќе ја претставува Македонија на „Евровизија 2021“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-here-i-stand-pesnata-na-vasil-garvanliev-shto-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-evrovizija-2021-video/ Fri, 12 Mar 2021 09:02:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193893

 Јавниот сервис МРТВ и македонскиот претставник на годинешната „Евровизија 2021“, Васил Гарванлиев, споделија видео од песната со која ќе настапи во Ротердам, Холандија. Песната „Here I stand“ е негово авторско дело, а продукцијата и аранжманот се на Борче Кузмановски и Давор Јордановски.
Песната и видеото беа промовирани во четврток (11-ти март) во „Дневник 1“ на МТВ во 17 часот и 30 минути, каде Васил беше гостин. Од 18 часот песната со видео запис стана достапна онлајн на официјалната YouTube платформа на Eurovision Song Contest. Песната претходно требаше да биде промовирана пред медиумите, но поради новите мерки кои ги наметна пандемијата, националниот радиодуфезер ја откажа традиционалната промоција на евровизиската песна.
Погледнете и слушнете како звучи и изгледа македонскиот претставник на Евровизија 2021. https://www.youtube.com/watch?v=HbXczPgRI7Y&t=201s    

Промовирана новата книга „Секогаш те одбирав тебе“ од Ивана Наскова https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-novata-kniga-sekogash-te-odbirav-tebe-od-ivana-naskova/ Fri, 22 Jan 2021 18:46:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186408

По трилерот „Сестра“ писателката и стенд-ап комичарка Ивана Наскова, ја промовираше својата нова книга „Секогаш те одбирав тебе“. Станува збор за љубовен роман кој ја раскажува приказната на силната љубов помеѓу младиот Касијан и слепата Варвара. Потресна, трогнателна и исклучително емотивна книга која со сигурност ќе го освои срцето на читателите како што тоа го направија и досегашните романи на писателката Наскова. Ивана Наскова е автор на „Совршениот странец“, „Вети ќе ме сакаш“ и трилерот „Сестра“. Ова е нејзиното четврто дело кое излезе во продажба на 22 јануари, кога Ивана направи вклучување во живо на нејзиниот ФБ профил и одговараше на прашањата на читателите. Наскова со сигурност станува омилен домашен автор помеѓу читателската публика во Македонија и за нејзините дела може да се прочитаат многу позитивни коментари и рецензии.

Промовирана книгата „(Кaлеидо) Скопски шеми“ од Љубомир Грбевски – Џери https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-knigata-kaleido-skopski-shemi-od-ljubomir-grbevski-dzeri/ Sun, 08 Nov 2020 13:46:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175207

Книгата „(Кaлеидо) Скопски шеми“ од Љубомир Грбевски во издание на „Авант прес“ беше промовирана во петокот (6.11.2020) во ресторанот „Пелистер“. При промоцијата беа запазени сите мерки за заштита и протоколи за заштита од Ковид-19, пропишани од Владата. Промотори на книгатабеа Ѕвездан Георгиевски и Александар Прокопиев, а за музичката придружба се погрижи македонскиот кантавтор Јаков Дренковски, додека, пак, актерката Елизабета Клинчаревска-Младеновска  читаше дел од стиховите од новата книга на Љубомир Грбевски. Книгата – Џери за тинејџери: (Кaлеидо) Скопски шеми (улични легенди и урбани песни удобни како чевли тесни) – е петта книга на Љубомир Грбевски, со која тој се навраќа на својата првобитна форма, пишување песни кои се наменети за тинејџерската публика. „Воопшто не е лесно во себе да се пронајде логиката на детското и тинејџерското размислување, она што повеќето од нас, се чини, трајно го имаат загубено. Но, авторот не само што успешно се справува со овој предизвик, туку оди и подалеку. Тој не го поставува во преден план сопственото тинејџерско искуство, како што тоа обично го прават авторите во оваа област, туку се идентификува со сегашните тинејџери“ – вели Ѕвездан Георгиевски во својата рецензија. Љубомир Грбевски е познат како новинар и музички критичар, пред сè е познат по написи и рецензии за македонската и светската рок и џез-музика. Покрај новинарската активност, пишува и белетристика, рок-поезија, како и песни и драмски текстови за урбана тинејџерска популација. Збирката „Стихови празни и рими безобразни“ – антипесни тинејџери, е негова дебитантска книга која доживеа две изданија (1991 и 1992), книгата (Хоро)скопски шеми во печат се појавува 2009. Во 2016 година излегува неговата книга Бајки тралалајки за „урбани клинци и напредни мајки“, а во 2019 книгата „Лет со умот, кон папокот на универзумот“. Неговата пиеса „Сликата на Доријан Змеј“ е влезена во Антологија на драмски текстови за деца и млади во 2013, а, пак, бајката „Мал крал“ е влезена во Антологијата на македонски авторски бајки. Неговата пиеса „Како шутот доби на дар, работно место да стане цар“ е снимена како радиодрама во 2018 година. Во светот на македонската рок-музика е познат како автор на либретото на првата македонска рок-опера „Житието на сликарот“ (1981) и како автор на полчасовната рок-поема „Седумте пеења на пророкот“ (2012). Се јавува и како текстописец на над седумдесетина текстови за рок-композиции. На манифестацијата „12 величествени“ во 1992 прогласен е за текстописец на годината.

Повеќе на vistina.mk]]>

Книгата „(Кaлеидо) Скопски шеми“ од Љубомир Грбевски во издание на „Авант прес“ беше промовирана во петокот (6.11.2020) во ресторанот „Пелистер“. При промоцијата беа запазени сите мерки за заштита и протоколи за заштита од Ковид-19, пропишани од Владата. Промотори на книгатабеа Ѕвездан Георгиевски и Александар Прокопиев, а за музичката придружба се погрижи македонскиот кантавтор Јаков Дренковски, додека, пак, актерката Елизабета Клинчаревска-Младеновска  читаше дел од стиховите од новата книга на Љубомир Грбевски. Книгата – Џери за тинејџери: (Кaлеидо) Скопски шеми (улични легенди и урбани песни удобни како чевли тесни) – е петта книга на Љубомир Грбевски, со која тој се навраќа на својата првобитна форма, пишување песни кои се наменети за тинејџерската публика. „Воопшто не е лесно во себе да се пронајде логиката на детското и тинејџерското размислување, она што повеќето од нас, се чини, трајно го имаат загубено. Но, авторот не само што успешно се справува со овој предизвик, туку оди и подалеку. Тој не го поставува во преден план сопственото тинејџерско искуство, како што тоа обично го прават авторите во оваа област, туку се идентификува со сегашните тинејџери“ – вели Ѕвездан Георгиевски во својата рецензија. Љубомир Грбевски е познат како новинар и музички критичар, пред сè е познат по написи и рецензии за македонската и светската рок и џез-музика. Покрај новинарската активност, пишува и белетристика, рок-поезија, како и песни и драмски текстови за урбана тинејџерска популација. Збирката „Стихови празни и рими безобразни“ – антипесни тинејџери, е негова дебитантска книга која доживеа две изданија (1991 и 1992), книгата (Хоро)скопски шеми во печат се појавува 2009. Во 2016 година излегува неговата книга Бајки тралалајки за „урбани клинци и напредни мајки“, а во 2019 книгата „Лет со умот, кон папокот на универзумот“. Неговата пиеса „Сликата на Доријан Змеј“ е влезена во Антологија на драмски текстови за деца и млади во 2013, а, пак, бајката „Мал крал“ е влезена во Антологијата на македонски авторски бајки. Неговата пиеса „Како шутот доби на дар, работно место да стане цар“ е снимена како радиодрама во 2018 година. Во светот на македонската рок-музика е познат како автор на либретото на првата македонска рок-опера „Житието на сликарот“ (1981) и како автор на полчасовната рок-поема „Седумте пеења на пророкот“ (2012). Се јавува и како текстописец на над седумдесетина текстови за рок-композиции. На манифестацијата „12 величествени“ во 1992 прогласен е за текстописец на годината.]]>
Промовирана евровизиската песна на Васил Гарванлиев – „You“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-evroviziskata-pesna-na-vasil-garvanliev-you-video/ Mon, 09 Mar 2020 13:29:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138399

Официјалната промоција на евровизиската песна „YOU“, со којашто Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам, за македонската јавност  се случи вчеравечер, на празникот 8-ми март во Дневникот 2 на МТВ точно во 20:00 часот, по што песната со видеоспот се објавена и на официјалниот евровизиски Јутуб канал( https://www.youtube.com/user/eurovision ) . Македонскиот евровизиски тим истиот ден, претходно имаше средба со музичките новинари во 14:оо часот, во кафе барот Churchill, локацијата каде што се снимаше и видеозаписот за песната. На оваа  затворена промоција беше преслушана евровизиската песна, а Васил одговараше на прашањата на претставниците на медиумите. Како што е веќе познато, автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Песната е со модерен ритам и призвук во кој се измешани македонскиот со латиноамериканскиот фолклор. Поточно на моменти вешто се испреплетуваат призвукот на аргентинското танго и семплот од нашата тардиционална изворна песна „Три невесте тикве брале“, што на песната не само што и дава етно-ворлд призвук, туку и латентно, но доволно убедливо асоцира  на земјата од каде што доаѓа пејачот и песната, односно земјата која тој ја претставува. Видеото за „Yоu“ го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши. Вака звучи изгледа видеото за „You“:

Повеќе на vistina.mk]]>

Официјалната промоција на евровизиската песна „YOU“, со којашто Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам, за македонската јавност  се случи вчеравечер, на празникот 8-ми март во Дневникот 2 на МТВ точно во 20:00 часот, по што песната со видеоспот се објавена и на официјалниот евровизиски Јутуб канал( https://www.youtube.com/user/eurovision ) . Македонскиот евровизиски тим истиот ден, претходно имаше средба со музичките новинари во 14:оо часот, во кафе барот Churchill, локацијата каде што се снимаше и видеозаписот за песната. На оваа  затворена промоција беше преслушана евровизиската песна, а Васил одговараше на прашањата на претставниците на медиумите. Како што е веќе познато, автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Песната е со модерен ритам и призвук во кој се измешани македонскиот со латиноамериканскиот фолклор. Поточно на моменти вешто се испреплетуваат призвукот на аргентинското танго и семплот од нашата тардиционална изворна песна „Три невесте тикве брале“, што на песната не само што и дава етно-ворлд призвук, туку и латентно, но доволно убедливо асоцира  на земјата од каде што доаѓа пејачот и песната, односно земјата која тој ја претставува. Видеото за „Yоu“ го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши. Вака звучи изгледа видеото за „You“: ]]>