промовиран – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 31 Oct 2022 13:32:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png промовиран – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промовиран документарниот филм „Среќна 13-ка“ за Благоја Георгиевски – Буштур https://arhiva.vistina.com.mk/promoviran-dokumentarniot-film-srekjna-13-ka-za-blagoja-georgievski-bushtur/ Mon, 31 Oct 2022 13:32:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273622

Во хотелот „Парк“ во Скопје, и првиот канал на МРТ викендов беше промовиран документарниот филм посветен на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски Буштур. – Некои можеби не знаат, но вечерва ќе се потсетат на тие времиња од седумдесеттите кога Благоја Георгиевски-Буштур беше прво име на македонската кошарка. Кога играше на Европски првенства, на Олимпијади, освојуваше медали на Балканијадите, на Медитеранските Игри. Ова е вечер и за носталгија, меѓутоа оваа е и вечер за сите нас, да се потсетиме или пак да научиме нешто. А нашето мото беше ‘Македонија не ги заборава и не смее да ги заборави своите херои’. Во овие времиња во кои што живееме, ако ние од Македонската радио телевизија ја добиеме поддршката и го оцените филмот како добар, ќе продолжиме да ги истакнуваме нашите херои. Пред се, за да дадеме можност нашата младина да се сеќава каков беше нивниот придонес за Македонија. Со надеж, сите ние да изградиме едно поубаво и посреќно општество за сите, порача Тони Стојановски, по чие сценарио е склопена „Среќна 13-ка“, а режирана од Тони, Ристовски. На промоцијата беа присутни членови на семејството, голем број пријатели и своевремено соработници на Георгиевски. Помеѓу нив и Лазар Лечиќ, неговиот кошаркарски „татко“, потоа Александар Књазев, Драган Радосављевиќ, Јорданчо Давитков, Борче Серафимовски, Ѓокица Лукаревски. Во филмот за Буштур говорат и великани на светската и југословенската кошарка како Иво Данеу, Никола Плеќаш, Зоран „Мока“ Славниќ, Жељко Јерков, Дамир Шолман, Среќко Јариќ, Дуци Дамјановиќ, Мирко Новосел и Светислав Пешиќ, но и нашите кошаркарски величини, браќата Јанко и Митко Луковски, Стерија Андоновски, Ѓорчевски, Кацарски, секако и Васил Тупурковски, човекот без кој дури и Буштур тешко функционираше, а некогаш беше и во улога на прв човек на кошарката во СФРЈ.]]>

Промовирано ЕП-то на „Пијан славеј“ https://arhiva.vistina.com.mk/promovirano-ep-to-na-pijan-slavej/ Thu, 19 May 2022 12:59:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251331

Во пресрет на 21. OFFest (1-4 јуни), Скопскиот џез фестивал, во среда, на 18 мај 2022 во „Макка бар“ во 20 часот го промовираше новото издание на SJF Records – првата дискографска објава на ПИЈАН СЛАВЕЈ.

Ова EП содржи 5 авторски композиции на ПИЈАН СЛАВЕЈ (Бранислав Николов), во вкупно времетраење од 18 минути. Покрај физичкото компакт-диск издание, Pijan Slavej EP ќе биде достапно и на сите популарни глобални дигитални платформи и стриминг сервиси. Pijan Slavej EP е 48. издание на SJF Records.

]]>

Промовиран проектот: „Попова Шапка – планински рај – опуштете се и уживајте“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/promoviran-proektot-popova-shapka-planinski-raj-opushtete-se-i-uzivajte-video/ Sat, 28 Nov 2020 13:34:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178513

 - „Попова Шапка-планински рај-опуштете се и уживајте“ е насловен проектот кој го спроведува Здружение планинарскиот клуб „Шара ски“ од Тетово, со што на сите посетители на овој зимско-рекреативен центар им овозможува еден поинаков престој во природа. Пешачење, велосипедизам, детска забава, воедно опуштање и уживање на чист воздух е комбинацијата на сите убави работи кои ги нуди проектот. Пешачко-велосипедската патека „Јелак“ со вкупна должина од 12 километри е можност да се помине неколку часа на чист воздух, да се види убавината на зимзелената шума од борови и елки попат. Во рамки на проектот се изгради простор за одмор со клупи и претстваува нова содржина за посетителите на Попова Шапка. Од ски-центарот до новото место за одмор се потребни околу час до час и половина пешачење, а патеката спаѓа во лесна категорија која може да ја поминат и почетници. -Просторот се состои од 4 маси и осум клупи, канти за отпадоци. Исто така, поставена е и инфо – табла со дополнителни информации за можностите и активностите во близина на патеката „Јелак“.Таа е поставена на шестиот километар на патеката која е во вкупна должина од 12км (во двете насоки), во непосредна близина на прекрасниот видиковец од кој се гледа „ Јелачки црн врв“. Ова место за одмор на една од најатрактивните патеки што овозможува поминување време во природа и на отворено е од особено значење во новите променети услови и протоколите за безбедност од Ковид 19, изјави Тихомир Аноски, претседател на планинарскиот клуб „Шара Ски“. При денешната промоција на проектот инаку чии активности беа спроведени во изминатите три месеци се запознаваме и со новото детско игралиште Active Кids Аdventure Park. -Тоа се атрактивни содржини за најмладите (лизгалка, нишалка, клацкалка, вратила) меѓу кои најмногу внимание привлекува детскиот тандем Зип лајн. Еден дел од паркот е прилагоден за деца со посебни потреби. Детскиот парк е поставен во дворот на манастирскиот комплекс на Попова Шапка, влезот е бесплатен за сите посетители. Заради дополнителна безбедност на децата набавена е заштитна опрема (кациги со различна големина).Во склоп на Паркот опремени и функционални се два тоалети кои се наменети исклучиво за Кидс адвенчар паркот, објаснува нашиот домаќин Аноски. Во рамки на проектот се работеше и на тоа луѓето да имаат соодветни и навремени информации за сите тековни можности за престој на Попова Шапка, на начин што е создадена обединувачка веб-платформа со информации за сите случувања во центарот со наслов „Popova Shapka - All seasons Adventure. -Оваа веб платформа е создадена заради подобрување на атракциско мотивациските фактори преку збогатување на туристичката понуда, но и промоција на истата, а со цел да се зголеми приливот на туристи врз основа на пристигнувања, како и развојот на туризмот на Попова Шапка. Идејата е на едно место да се понудат информации за сите досегашни и идни туристички настани, случувања, понуда на туристички производи, туристичка понуда и слично на Попова Шапка од сите засегнати стреани. Исто така, на веб – страницата има форум кој ќе биде модериран секојдневно. Веб – платформата е тројазична, на македонски, на албански и на англиски јазик. www.popovashapka.mk, објаснува Тихомир Аноски од Здружение Планинарски клуб „Шара Ски“ – Тетово. Проектот е реализиран од страна на Здружение Планинарски клуб Шара Ски – Тетово со поддршка од GIZ North Macedonia. За новите содржини кои ја збогатуваат туристичката понуда подготвено е и промотивно видео. https://www.youtube.com/watch?v=n20xBy5UVV8]]>

Влатко Стефановски го промовираше својот „Мајчин јазик“ во Белград https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-go-promovirashe-svojot-majchin-jazik-vo-belgrad/ Wed, 14 Feb 2018 13:46:24 +0000 http://vistina.mk/?p=12808

Македонскиот гитарист Влатко Стефановски, во Белград го промовираше својот најнов албум со наслов  „Мајчин јазик“, кој е снимен во минимални технички услови. Албумот е објавен кон крајот на минатата година за хрватска продуцентска куќа. Гостувајќи во емисиии на РТС, но и на прес-конференција пред неговиот концерт во Белград, кој е закажан за 2 април, Стефановски рече дека албумот е снимен и направен за 4 дена, но со материјал кој го собирал и складирал во својата глава во изминатите 20 години. „Мајчин јазик“ ќе биде премиерно претставен и пред македонската публика на 17 март, а на концертот што ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија, специјални гости ќе бидат групата „Љубојна“ и балканската етно-дива Биља Крстиќ.]]>