промовираа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 01 May 2018 21:04:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png промовираа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Кабадајас“ го промовираа својот нов албум „Од понеделник“ https://arhiva.vistina.com.mk/kabadajas-go-promoviraa-svojot-nov-album-od-ponedelnik/ Tue, 01 May 2018 06:05:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24302

Новиот албум на музичкиот бенд „Кабадајас“ со наслов „Од понеделник“, беше промовиран деновиве, во присуство на новинари, музичари, пријатели на членовите од групата. Албумот го издаде концертната агенција и продукција „3 гонга“, а концертната промоција на албумот е закажана за 2 мај, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“. „Кабадајас“ претставува трио од музичари со голем професионален багаж зад себе: Џоле Максимовски на бас-гитара, Дино Милосављевиќ на тапани и перкусии и Зоран Костадиновски на гитара. Специјални гости на албумот се вокалистките Марија Димитријевиќ и Светлана Јовановска-Трајкоска и Павле Васиљевиќ на клавијатури. Фотографија на 3Gonga. „Создадовме модерна инструментално вокална музика, џез-амбиент со скопски, а сепак светски шмек. На овој албум композитори сме Зоран и јас, но и Дино, кој ритмички ги облагородува песните. За аранжманите сме задолжени сите. На албумов има две вокални песни. Едната од нив е со текст, песната ’Летаме’, која јас ја напишав. Бендот постои од 2011 година. Дино и јас решивме да правиме наш проект. Во исто време соработувавме со Горан Бојчевски. Со него веднаш излегоа убави теми и идеи. Зоран Костадиновски, кого го знаевме како малку помлад гитарист тогаш, влета во приказната како да сме свиреле отсекогаш заедно. Сите функционираме како композитори и аранжери во музиката што ја создаваме“, рече Максимовски.
  „Од понеделник“ е нивен втор албум. Првиот албум се вика „IV“, а издаден е во 2012 година од „БАГИ комуникации“. Новиот албум е снимен во „Тра ла ла“ кај Мите Димовски, „Вода медија“ – Павле Васиљевиќ и во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски. „Едвај чекаме да свириме на 2 мај во ’Станица 26’, како промо за нашето второ издание. Очекуваме убава атмосфера, добар звук, фино расположение. Гости на концертот ќе бидат: Марија Димитријевиќ – вокал, Светлана Јовановска Трајкоска – вокал, Ратко Даутовски – перкусии и Трајче Велков на труба. Дино и јас свириме заедно од 1995 година. Во ’Сет’, ’Мозаик’, ’Беневентан трио’, ’Алшар’… Со ’Влатко Стефановски трио’ веќе 18 години патуваме по светот и снимаме албуми. Заедно со триото имаме настапувано со имиња како Стефан Миленковиќ, Теодосиј Спасов, Јан Акерман… Дино свиреше со „Анастасија“, Кирил Џајковски и со многу други артисти од поп, рок-светот. Јас долго време свирев со ’Архангел’, ’Гаро и Парамециум’, ’Мугер фугер’. Моментално сум дел од ’Темпера’, како басист и композитор. Зоран Костадиновски е професор на музичка академија. Инаку, работи активно на сите проекти на оркестарот на Здружението на џез-музичари. Го знаеме како гитарист на нашата поп-дива Каролина Гочева. Активен е и како студиски музичар. Така што искуството што го имаме зад себе ни даде ветар во грбот за конечно да направиме и наш заеднички проект“, вели Максимовски. Извор: Нова Македонија  ]]>