промовира – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Nov 2023 13:58:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png промовира – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фолконика ја промовираше новата музичка фолк сликовница „Пилето ми пее“ https://arhiva.vistina.com.mk/folkonika-ja-promovirashe-novata-muzichka-folk-slikovnitsa-pileto-mi-pee/ Wed, 29 Nov 2023 13:58:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329176

„Пилето ми пее“ е новата музичка фолк сликовница што ја издаде Фолконика. Сликовницата е дел од проектот „За инклузивна народна песна и соживот“, кој се реализираше во градинките, основните училишта и помеѓу младите со попреченост, во средното образование, во Општина Гази Баба. Сликовницата е изработена според истоимената македонска народна песна, а илустрирана со авторските ликовни дела на академскиот сликар Горан Боев. Во неа се содржани и страници за боење на народни инструменти и нотни записи и мелографија, како и текст, со што се добива ново едукативно четиво и во делот на ликовното, музичкото и литературно издаваштво за деца. Графичкиот дизајн во сликовницата е направен од Медија консалтинг и Мила Георгиевска, а музички соработник е Славејко Гиразов. Во рамките на Проектот, беа одржани музички работилници, каде се презентираше македонската народна музика и музиката на останатите националности, како и фолклорната традиција, за да се запознаат децата со својата и традицијата на своите другарчиња.За младите, пак, со попреченост, да се доближи народната музичка традиција, на начин, да допре до нив, преку нивниот знаковен јазик, од стручните лица. Проектот  има основна цел да придонесе кон подобрување на состојбите во делот на едукацијата на децата за значењето и вреднувањето на народното музичко творештво, како симбол на националниот идентитет. Исто така, овој проект придонесе во делот на достапноста на едукацијата за децата со попреченост, како и вклученоста на лицата со попреченост во изучување и зачувување на народното музичко културно богатство. Проектот освен подобрување на инклузивноста,  придонесе за подобрување на  соживотот помеѓу децата и младите преку изучување на народната музика и културата на своите врсници. Проектот ги вклучи сите деца и млади, без предрасуди и маргинализација со крајна цел да се воспостави подобар соживот помеѓу децата и младите во заедницата. Преку работилниците,  децата, како и децата со попречености се воведоа, многу повеќе, во светот на народното музичко творештво и фолклорот, преку пренесување на пореална форма, поприфатлива за нив, со нивно активно учество, преку запознавање со народни инструменти, народни песни, преку запознавање со  првите музички фолк сликовници, преку мотивирање на цртаат и да ја доживеат македонската народна песна, ставајќи ги пред нов предизвик, што е возбудлив за нивната возраст да илустрираат ликови од народните песни, како што тие ќе ги доживеат. Воедно, можеа да се запознаат одблизу со нашите естрадни уметници, фолкористи, свирачи на народни изворни инструменти, со што  добија подобра претстава за музичкото народно творештво и фолклорот. Во рамките на Проектот, се реализираше и Награден конкурс за музички и ликовни дела, во чии рамки беа одбрани најдобрите, кои твореа на народни песни и фолклорни мотиви. Промоцијата на сликовницата се одржа во Основното училиште „Григор Прличев“ Скопје, во Општина Гази Баба, каде беа изведени музичките дела на наградените ученици. Воедно, беа врачени и наградите и признанијата на најдобрите. Овој Проект, за дел од активностите, е поддржан од Општина Гази Баба.]]>

Марко Николиќ албумот првенец „Доѓи да те волим“ ќе го промовира и во Скопје (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marko-nikolik-albumot-prvenets-dogi-da-te-volim-ke-go-promovira-i-vo-skopje/ Fri, 22 Sep 2023 08:55:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319222

Марко Николиќ по 20 години професионална музичка кариера во која неговото име се сретнува како автор на музика, текстови и аранжмани за хитови во светот на поп и народната музика, на јавноста ѝ го претставува деби албумот со наслов „Доѓи да те волим“. Станува збор за музички проект со 10 песни полни со љубов, романтика и нежни ноти, а кој освен што се промовира во соседството ќе биде претставен и кај нас. Идејата албумот да ѝ го претстави на македонската публика, вели Марко, доаѓа од неговата љубов кон нашата земја за која го врзуваат прекрасни спомени од детството. „Македонија, нејзината историја, богатото културно наследство и музиката исклучително ги ценам и почитувам од мали нозе. Кога бев мал доаѓавме на Охридското Езеро, а во нашиот дом на прославите мама и тато често пееја македонски песни. Не можам да не го споменам ниту Тоше Проески, кој, според мене, беше и остана најдобриот пејач на овие простори, вели Марко, чии песни и спотови веќе може да се чујат и видат на сите дигитални платформи. Марко, инаку е доминантен автор на овој музички проект, а меѓу имињата со кои соработувал се и Марина Туцаковиќ, Саша Милошевиќ – Маре, Билјана Спасиќ и Нада Бучевиќ. Освен одличните текстописци во снимањето на материјалот вклучува и реномирани музичари од Лондон, Њујорк, Рим, Берлин, Белград и Загреб, а миксот и мастерингот за еден дел од албумот „Доѓи да те волим“ е правен во познатото студио Abbey Road во Лондон, каде е снимена и „лајв“ верзија. Музичката кариера на Марко, инаку почнува уште во детството кога во дуетот Мармаја заедно со сестра му Маја Николиќ (позната пејачка и честа гостинка на домашните фестивали) настапувал по бројни детски фестивали и освоил многу награди ширум цела поранешна Југославија. Завршил музичко училиште во Ниш, каде е и роден, а во 1997 година ги започнува студиите во Грац, каде дипломирал на отсекот Џез и соло пеење. Од тогаш активно компонира и пишува текстови за некои од најголемите музички имиња во соседството како Драгана Мирковиќ, Дејан Матиќ, Бобан Рајовиќ, сестра му Маја, а неговата музика потпишува и бројни ТВ-спотови и документарни филмови. Особено е горд на музиката за документарецот за кралското семејство и дворецот Вадуз во Лихтенштајн. Во 2002 година се сели во Виена каде и денес заедно со сопругата Ана Бучевиќ, познат мотивационен говорник, и семејството живее и твори. Марко како композитор четири пати бил дел од националниот избор за песна на Евровизија во Србија, а во 2021 година настапува и како солист со песната по која е насловен албумот „Доѓи да те волим“. Македонската промоција на студискиот материјал на Марко, што дефинитивно е вистинско музичко освежување на просторите на цела поранешна Југославија е планирана за ноември. Првата песна од албумот која беше пуштена во етерот е „Чаробан дан“, тоа е композиција за која Марко вели дека е радио ‘френдли’ тема, весела, приемчива за слушање, па се надевам дека ќе уживате во неа и дека ќе имате магичен ден. ]]>

Соња Здравковска Андоновиќ ја промовираше новата поетска збирка „Ex Voto“ https://arhiva.vistina.com.mk/sona-zdravkovska-andonovik-ja-promovirashe-novata-poetska-zbirka-ex-voto/ Fri, 14 Apr 2023 07:14:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298215

На 13-ти април 2023 (среда), во галеријата „Ко-Ра“ во Скопје се одржа промоцијата на новата поетска збирка „Ex Voto“ на поетесата Соња Здравковска Андоновиќ. На овој литературен настан присуствуваа голем број вљубеници во книжевноста, кои имаа можност да уживаат во едно прекрасно поетско читање на новите песни на авторката. На овој литературен настан присуствуваа голем број вљубеници во книжевноста, кои имаа можност да уживаат во едно прекрасно поетско читање на новите песни на авторката. Стиховите ги читаше актерката Димитрина Мицкоска, промотор на збирката беше проф. д-р Ана Мартиноска, а модератор на настанот беше Александра Велинова. Книгата е издание на „Дијалог“ од Скопје. Авторката Соња Здравковска Андоновиќ е родена на 5.3.1972 година, во Битола. Дипломирала на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик во 1996 година. Завршила магистерски студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2012 година. Таа работи како професорка по македонски јазик и литература во средно образование од 1996 година. Пишува поезија од најрана возраст. Во наставата, своите ученици несебично ги запознава со убавините на пишаниот збор, но и со убавината на македонскиот јазик.]]>

На 1-ви март: Кристијан Лукаров ќе ја промовира неговата староградска боемска балада „Скопска“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-1-vi-mart-kristijan-lukarov-ke-ja-promovira-negovata-starogradska-boemska-balada-skopska/ Thu, 23 Feb 2023 09:46:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290573

Новата песна и спот насловени „Скопска“, музичарот и пејач Кристијан Лукаров ќе ги промовира  во среда (1 март) во 13 часот во култната кафеана „Кај Вршац“ (спроти арена Тодор Проески во Скопје). Песната е направена во манир на староградска балада, емотивна приказна поврзана со боемштината и некогашните боеми а комплетен автор (музика, текст и аранжман) е Кристијан. Видео записот го потпишува Бранко Попчевски, камера е на Никола Китановски, продукцијата на студиото САН АРТ а главната улога ја има Ѓокица Лукаревски. „Скопска“ е топла, нежна балада што ќе ви го допре срцето и ќе ве потсети на најдрагите. Инаку, Кристијан во себе има сочувано спомени за боеми, тие му се постојана инспирација: целиот живот е во и со музиката, свири од 15 години, има завршено Музичка академија, неколку настапи на “Лешочки фестивал“ и „Валандовски фолк фест“, работи како музички педагог а во целата приказна за боемите и гените имаат вмешано прсти. Имено, таткото на Кристијан, Миле Лукаров, на пошироката јавност познат како дел од групата „Урнебес“ беше музичар и боем во вистинска смисла на зборот. Неговата „Боемска балада“, омилената на Кристијан, доби Гран При на „Серенада на Широк сокак“ во Битола во 2002 година. „Во годините на созревањето бев навлечен на џез, препознатлив преку „Боемска рапсодија“ на Квин и сакав да се докажувам“ - вели Кистијан. „Татко ми постојано велеше: напиши едноставна, а моќна песна. Таму е убавината. Многу години подоцна сватив дека е во право“. По се изгледа „Скопска“ е токму таква песна- моќна во искреноста, каде авторот со длабоката почит кон боемите се потпишува со точност во секој збор и секоја нота. „Скопска“ за Кристијан значи ново музичко поглавје и е најава за албумот што ќе се случи годинава. Дојдете да ја слушнете „Скопска“, песна посветена на татко, да се разгалите и да се потсетите на вистинските скопски боеми.]]>

Александар Јовевски го промовира солистичкиот албум ,,Од колено на колено” во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-jovevski-go-promovira-solistichkiot-album-od-koleno-na-koleno-vo-mkc/ Fri, 09 Dec 2022 13:36:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279408

Во понеделник, 12 декември, со почеток во 19 часот, во кино Фросина (МКЦ) ќе се одржи промоција на новиот солистички албум на Александар Јовевски,,Од колено на колено. На овој музички етно проект (албум) базата е македонскиот фолклортрадиција и идентитет, и е проект од национален интерес во културата.

Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструментикавал, тамбура, канон, женски вокалигудачи, гитари и е збогатено со клавијатури. На албумот ,,Од колено на колено се застапени 4 обработки на стари македонски изворни песни како што се Бај Никола, Изникнало криво крувче, Сношти го видов мамо мори убавото Стојне, Ајде мала Стана болна лега, меѓутоа има и авторска музика, 6 авторски композиции творени во духот на македонската традиција но со нов музички израз и тоа : Tамбурски вез, Кавал гали, Игра на инструментите, Длабочина, ЈовАнина и Александров танц.

„И покрај тоа што сум музички лидер на етно составот 'Монистра' и сум дел од речиси сите етно проекти во државата, со овој мој нов проект сакам да придонесам со уште еден квалитетен музички бисер и музички материјал, за претставување на нашата македонска песна и оро во државата но и надвор од неа и претставување на народните инструменти кавал, тамбура, канон. Се радувам на промоцијата и со нетрпение чекам јавноста да го слушне мојот најнов проект, вели Александар Јовевски.

Албумот ,,Од колено на колено.  е уште еден нов музички проект во светски размери, со нова модерна музичка нишка, кој ќе создаде една убава енергија и повеќе слушање на македонска музика и испирација за помладите генерации се повеќе да ја негуваат, сакаат и слушаат истата.

]]>

Зоран Спасов Ѕоф ќе ја промовира новата книга „Торонто експрес“ https://arhiva.vistina.com.mk/zoran-spasov-dzof-kje-ja-promovira-novata-kniga-toronto-ekspres/ Mon, 06 Dec 2021 13:35:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230190

Новата книга „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ од Зоран Спасов Ѕоф ќе биде промовирана на седми декември (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Ист гејт мол“. Книгата, како и претходниот хит-роман, „Тито, мојот претпоследен херој“, е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Торонто експрес“ е ново, дополнето издание на популарната книга и литературен првенец на Ѕоф, „Тибам штркот“. Дизајнот на корицата е на стрип-авторот Михајло Димитриевски – Тxе Мичо. Промоцијата на книгата ќе се одржи неколку дена пред премиерата на новата театарска претстава „Торонто експрес“, во Македонскиот народен театар. Претставата, која е базирана на книгата, е во режија на Јордан Симонов, а главната улога ја толкува Александар Микиќ. Тие работеа и на театарската адаптацијата на текстот, заедно со Благоја Бошковски. Премиерата е закажана за 15 декември, а ден подоцна и на 20 декември се следните изведби. Во промотивниот период, со секој купен примерок од книгата „Торонто eкспрес“, во книжарниците „Литература.мк“, ќе следува ваучер за влезница за некоја од изведбите на претставата „Торонто експрес“. Ваучерите можат да се заменат за влезници во билетарницата на МНТ.
„Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ е документаристичка стрип-проза; еден вид фотонарација со блиц, зум и слободен кадар и фокус; „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, како што вели самиот автор, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Последното (враќањето) е нешто невообичаено за ваков тип „прирачници“, упатства и помош за адаптации во туѓи средини и можеби токму тоа ја долева последната капка во оваа преполна чаша искреност и таа претекува на сите страни. Ова е приказна што брзо и неосетно влегува под кожа: популарна, ефектна, штосна, документарна и есеизирана; приказна што „шверцува“ нашинство и носталгија во далечниот, среден свет каде што објективно тоа не е предвидено. Напишана на скопски сленг, книгава нуди една нова форма на битовост, на модерно печалбарство, актуализирајќи го вековниот проблем на иселувањето на нашиот народ на еден автентичен, самосвоен и мошне читлив, ведар и духовит начин. Новите „печалбари“ се академски музичари кои разнесуваат пици, машински инженери – „конобари“ по свадби, ортопеди – стручњаци за гипс-картон… Нивните (не)употребливи дипломи чекаат во куферите зафрлени во подрумите на изнајмените станови во Канада. Јазикот, стилот, фактографските пасажи, фокусираните детали, отворениот, духовит и автоироничен поглед на нас самите, секако и илустрациите на Тхе Мичо низ текстот, се чини дека повторно ја нашле формулата за успех и читаност на претходната книга на Ѕоф: „Тито, мојот претпоследен херој“.
Зоран Спасов Ѕоф е основач на Фондацијата „Македоника“, чија цел е зачувување, негување и промовирање на македонските јазик и култура. Преку Фондацијата, на интернет-страницата www.makedonika.mk има споделено повеќе од 2.000 бесплатни е-книги. Oсновач e на првиот приватен весник во Македонија „Огласник M“, на првиот и единствен таблоид „MExpress“. Бил продуцент на популарното ТВ-шоу „Џандар збира“, а во 1995 година е избран за менаџер на годината во полето на културата. Пишувањето книги е негова голема пасија, а досега, покрај новата „Торонто експрес“, ги има објавено: „Тибам штркот“ (2009), „Некогаш, некаде“ (2012), „Тито, мојот претпоследен херој“ (2020).]]>

Star Boy – македонскиот трап артист кој живее во Париз го промовираше својот „Infinity Box“ во Монте Карло: Музичко ДВД, маичка од сопствениот моден бренд, беџ и стикери во еден пакет! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/star-boy-makedonskiot-trap-artist-koj-zivee-vo-pariz-go-promovirashe-svojot-infinity-box-vo-monte-karlo-muzichko-dvd-maichka-od-sopstveniot-moden-brend-bedz-i-stikeri-vo-eden-paket-video/ Fri, 24 Sep 2021 08:54:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220443

Оние кои ги следат модерните текови на музичката сцена се сеќаваат на Македонецот кој живеево Париз, а работи и твори како музички трап артист но и дизајнер на сопствениот моден бренд „Royalty“. Велешанецот Ванчо Пашалиски или Johny Star ака „StarBoy“ како што му е уметничкото име, кон крајот на минатата година ја презентираше својата работа во Македонија преку проектот: три траки - три видеа кои сега се најдоа меѓу 8-те теми на неговиот деби албум. Патем, тој го најави и презентирање на неговата модна линија во Македонија, на новиот моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“ од кого едно модно парче во вид на црна маичка е дел од неговиот музичко-моден пакет наречен „Infinity Box“ кој Македонецот од Париз неодамна го промовираше во европската  колевка  на раскошот и луксузот, Монте Карло. Имено „музичко - модниот пакет“ на Star Boy содржи музичко ДВД, споменатат маичка од неговиот моден бренд, беџ со логото на брендот и пет стикери. Инаку Ванчо е еден од ретките Македонци кој е успешен и надвор од Македонија на музичко поле и моден план, обидувајќи се да направи пробив во светот на шоу-бизнисот и модата каде конкуренцијата е жестока и пеколно немилосрдна, а во исто време не заборава кој е и од каде потекнува, афирмирајќи ја Македонија и преку сопствениот креативен израз. Зборувам вистина па затоа ме мразат, почнав од нула, види ме сега газам“ е еден од суштинските стихови во една од песните („Mad“) со која тој сериозно ја стресе македонската музичка сцена во жанрот на кој му припаѓа. „Star Boy“  ја бара и поддршката од сите кои ја сакаат неговата музика и ја следат модата, но и од сите останати Македонци кои купувајќи македонски производ стануваат своевидни мецени на она што еден Македонец креативно го работи по светот. Во исто време „Star Boy“ го промовираше и својот веб портал (ROYALTY PARIS – LUXURY BRAND) на кој можат да се најдат сите информации за ова момче и неговата работа и творештво, како и да се набават посочените музичко-модни продукти. Еве ја неговата промотивна видео порака до сите Вас: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=BfbgmP6Ls-A[/embed]    ]]>

Музејот на Македонија промовира Водич за лица со попреченост при посета на музеите https://arhiva.vistina.com.mk/muzejot-na-makedonija-promovira-vodich-za-lica-so-poprechenost-pri-poseta-na-muzeite/ Wed, 02 Dec 2020 14:12:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179179

Музејот на Македонија денеска промовира Водич за лица со попреченост при посета на музеите, прва ваква публикација посветена на вработените во музеите. Автори на изданието се Емилија Георгиева и Сузана Марковска. „Во музеите секојдневно, во сè поголем број, организирано доаѓаат и лица со попреченост. Водичот ќе им овозможи на вработените во музеите да стекнат основни сознанија за лицата со попреченост и нивните карактеристики, подобрување на пристапот до музејските поставки и нивно адекватно приспособување според потребите на овие лица, како и стекнување неопходни информации за основните методи и техники на работа“ соопштија оод Музејот на Македонија.]]>

Познатата бугарска старлета и модел, „пиштол гола“ ја рекламира својата козметичка линија: Моника се соблече, па смело го промовираше новиот лосион за тело! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatata-bugarska-starleta-i-model-pishtol-gola-ja-reklamira-svojata-kozmetichka-linija-monika-se-sobleche-pa-smelo-go-promovirashe-noviot-losion-za-telo-foto/ Tue, 19 May 2020 08:38:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150289

По неуспешниот обид да промовира линија на шминка, една од најпознатите бугарски старлети Моника Валериева се сврте кон друг козметички производ - лосион за тело. Овој пат моделот го рекламира својот бренд потполно гола - како што јавноста веќе ја видела, зашто на Моника разголувањето не и е непозната работа, ниту пак се срамува да ги покаже своите телесни атрибути како од мајка родена! Бугарската секс-бомба од Дупница одамна се обидува да  наметне свој козметички производ на пазарот по примерот на нејзината вечна ривалка, Николета Лозанова. Наспроти неа, Николета може да се пофали со повеќе од една или две успешни козметички линии, вклучувајќи козметичката серија која се продава како топол леб. Валериева беше остро критикувана за козметиката што ја лансираше неодамна. Познатиот стилист и шминкер Валентин Кулагин речиси ја уништи старлетатата, откако ги рашири информациите дека козметиката за која станува збор е всушност купена од Кина, а единствено „авторство“ од страна на моделот било Моника само да го напише нејзиното име на производите.]]>

Бугарската фолк ѕвезда Андреа ја промовираше новата песна… гола (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bugarskata-folk-dzvezda-andrea-ja-promovirashe-novata-pesna-gola-foto/ Wed, 25 Mar 2020 13:06:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141446

И покрај паниката од коронавирусот, Андреа најде начин да покаже дека си го тера животот.... по свое! Пред неколку дена, пејачката ја објави својата нова песна „Gimme your love“ и не престана да ја промовира во свој стил - максимално разголена. За да привлече внимание во последните неколку дена, расната русокоса објави фотографии на која е оскудно (с)облечена, а градите и се сосема голи, сервирани на јавноста како на послужавник. По критиките, таа сепак се погрижи да ги цензурира фотографиите. Се разбира, фановите не беа воодушевени по цензурата, но имаше и такви кај, кои голите фотографии не беа примени со голем ентузијазам. „Зошто постојано треба да си гола?“ -  ја запрашала бугарската фолк дива една нејзина обожавателка во коментарите под жешките фотографии. Спротивно на тоа, фотографијата собра над 10.000 лајка во истиот момент кога се појави. Веројатно тоа е најдобриот одговор на поставеното прашање, кој Андреа и не мораше да го изусти... Доволно беше само да се соблече! Извор и фотографија: Sportal.bg]]>