програма – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 14 Feb 2024 12:28:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png програма – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ана Стојанова е една од жените која подготвена го дочекува „Денот на вљубените“: „Ако сакаш да пука задникот, мора да се фатиш за работа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-stojanova-e-edna-od-zhenite-koja-podgotvena-go-dochekuva-denot-na-vlubenite-ako-sakash-da-puka-zadnikot-mora-da-se-fatish-za-rabota-video/ Tue, 13 Feb 2024 10:49:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338442

Некому ден за „интеракција  со шишето и чашката“, некому за љубовни шепотења со партнерот или партнерката, кој како го доживува и слави 14-ти февруари... Како Св. Трифун или Св. Валентин. И едни и други знаат посебно да се подготвуваат за празникот, да купуваат подароци, резервираат локали, се' на се', да се на готовс да се пуштат во провод. Ваков или таков, или комбинација од обете варијанти, можеби?! Македонската фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова празникот го дочекува подготвена. Уште од претходно црвениот секси фустан со голо пупаче и длабоко деколте покажа како и прилега, како заводлива варијанта за дополнително освојување на веќе освоениот партнер. Црвената како боја на љубовта и страста, совршено се вклопува во дадениот ден, особено ако тоа како ви стои го зачините со заводлив  танц, кој предизвикува и повикува на... споделување жешки љубовни страсти и кај момите и ергените и кај женетите и мажените за Денот на вљубените.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

„Никогаш не сум ги сакала празниците на кои е “задолжително” некој нешто да подари или направи. Обично тоа не завршува добро и најчесто едниот останува разочаран само заради тоа што имал високи очекувања од некој друг помалку сетен. Затоа мои дами битно е да знаете дека НИКОЈ ништо не мора- освен ако не е од срце без да чека некој посебен број во календарот“ - ќе сподели Ана. Сепак, подарокот не мора да биде материјален - напротив, колку повеќе е природен и натурален, толку е повозбудлив и и знае повеќе да го усреќи оној што со својот сакан партнер ќе го сподели. А има ли поголема среќа и возбуда од споделена страсна љубов во секоја можна, па и во ваква празнична пригода? Тоа Ана Стојанова оддамна го апсолвирала, па затоа знае дека уметноста на заведувањето мора да се доведе до совршенство, вклучувајќи го и физичкиот изглед.
 
„Затоа, ако сакаш да намалиш килограми или да ти пука задникот во фармерки, мора да се фатиш за работа“ - ќе порача фитнес инструкторката препорачувајќи ја својата програма по специјална цена за Денот на вљубените! Но, ако веќе се решите, можете да почнете да ја практикувате токму за или веднаш по празникот... Ана Стојанова има предлог - препорака за возбудлива Валентин увертира пред да почнете со нејзината програма... Затоа, одберете соодветен аутфит, време и локација и... Фатете се за работа - што би рекла самата! За да „пука задникот“ и за празникот... и кога не е во фармерки! Фото: Инстаграм/annstojanova    ]]>

Анета Љумаковска го покажа новогодишниот амбиент во домот, а еден детаљ остава посебен впечаток (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/aneta-lumakovska-go-pokazha-novogodishniot-ambient-vo-domot-a-eden-detal-ostava-poseben-vpechatok-foto/ Mon, 08 Jan 2024 08:30:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333634

Можеби е изненадувачко и звучи чудно, но пејачката Анета Љумаковска за разлика од своите колеги од фолк сцената, новогодишната ноќ ја помина без ангажман. Ова веројатно го сакаше самата, да се одмори од предновогодишните турбо прослави, да се раскомоти во својот дом и Новата да ја дочека во мирна атмосфера и без многу помпа од која постојано е опкружена.
Па така, Анета се смести удобно во својата софа пред телевизорот и елката, а од новогодишната програма реши изборот да не бега од она што е нејзиното секојдневие – музиката се разбира и тоа не било која туку својата. На „стори“ објавите од Инстаграм таа покажа како се гледа и слуша самата од една новогодишна програма која се емитуваше, а таа ја снимаше претходно. Кој и правеше друштво дома не откри, но дека имаше еден необичен дочек од порано, тоа е сигурно.
Сепак, по не многу денови празничен одмор, Ането повторно се активира и тоа со настап на Плоштадот Македонија каде ќе пее на отворено пред скопјани. фото: Instagram printskrin/ anetaljumakovska2701]]>

Водителката на вести на ТВ Пинк шокираше со појавата во програма: До половина средена како дама со сиот гламур, а од половина надолу – “параспур“, како за на панаѓур (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-na-vesti-na-tv-pink-shokirashe-so-pojavata-vo-programa-do-polovina-sredena-kako-dama-so-siot-glamur-a-od-polovina-nadolu-paraspur-za-na-panagur-foto/ Tue, 18 Jul 2023 11:41:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310649

Луѓето ги гледаат водителките на вести само до половината, па тие изгледаат многу дотерани и строго стилизирани. Сепак, често сме биле сведоци на видео снимки како од наши така и од странски ТВ водителки, на кои се гледа што всушност се крие „под ТВ пултот“, бидејќи тој дел од телото често не е „променет“ во облека слична на онаа што ја носат „на рамениците“. Сега можеме да видиме како тоа изгледа во случајот на една српска ТВ водителка, убавата Оливера Чоловиќ. Нејзин колега од ТВ Пинк ја снимил од птичја перспектива додека била во програмата и јасно се видело од кадарот дека одозгора е облечена строго елегантно, а она што се гледа  под масата е шокантно... Жива бламажа! Тесно припиени виолетови велосипедски шорцеви и гумени папучи за на плажа! Или што би рекле до половина средена како дама со сиот гламур, а од половина надолу - “параспур“... како за на панаѓур! „Госпоѓетина“! – напишал колегата на Оливера, па додал неколку емотикони што „плачат од смеа“, а приказната ја сподели и на својот Инстаграм профил. Фото: Инстаграм/oliveracolovic]]>

Центар за култура – Битола ја започнува музичката приказна за оваа година https://arhiva.vistina.com.mk/tsentar-za-kultura-bitola-ja-zapochnuva-muzichkata-prikazna-za-ovaa-godina/ Mon, 13 Feb 2023 13:52:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288705

НУ Центар за култура – Битола со 3 концерти ја започнува музичката приказна за оваа година, која ќе биде богата и ќе понуди различни музички продукти за различни музички вкусови, а Ваше е да ги запаметите датумите. Месецот на виното и љубовта е резервиран за традиционалниот концерт на НУ Центар за култура Битола и Камерниот Оркестар на Битола IW конект наречен како “Засекогаш во срцата”. Оваа година двата концерти ќе се случат на 24-ти и 25-ти февруари, а се посветени на музичките великани Тоше Проески и Пепи Бафтировски. Месецот на жената е резервиран за актерот и музичар Иван Босиљчиќ кој на 4-ти март ни доаѓа со својот бенд. Не очекува една прекрасна поетско-музичка вечер насловена како “Наша вечер”. За почеток на продажбата и за цената на билетите наскоро ќе има повеќе информации. Резервации нема да има, за да може секој да има еднаков третман.]]>

Вевчанскиот карневал подготвен, Вевчани ги чека гостите: „Спремајте ги суратите“! https://arhiva.vistina.com.mk/vevchanskiot-karneval-podgotven-vevchani-gi-cheka-gostite/ Mon, 09 Jan 2023 11:04:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283119

Како наближува традиционалниот датум на оддржување деновите пред Св. Васиља ( Стара Нова година) така и полека, но сигурно се спремаме за супер доживување на годинешното издание на карневалот. Подготовките се во финална фаза, маските се спремни, или што би рекле вевчанци, СУРАТИТЕ. Традицијата стара векови и милениуми продолжува и оваа година, исто како во исконските времиња кога Василичарите од горна и долна маала, покрај традиционалните маски на Глупи Август, Зетот и Невестата и Ѓаволите, во дефилето ги исмеваат и актуелните политички случувања, низ звуците на зурли и тапани и со тоа ги бркаат лошите духови, односно злото, за да ја пречекаме Новата година прочистени и среќни. Карневалот започнува уште од утрото на 13-ти, кога во Василичарските конаци почнуваат да се собираат Василичарите и музичарите, околу пладне сите маскирани одат на влезот на Вевчани, и од тука започнува Василичарското дефиле, односно околу 14:30 часот, поворката почнува да се движи нагоре кон центарот на Вевчани. Поворката ја водат маскираните во Глупи Август и Ѓавол, тие со специфичните движења и крици прават ред и место за Василичарите, по нив следат музичарите, зетот и невестата, а потоа сите василичари. После Василичарското дефиле, зетот и невестата од Горна и Долна Маала ги посетуваат сите домови во Вевчани, посакуваат здравје и бериќет во новата (СУРВА) година, а домаќините ги даруваат. Дарувањето во минатото било со луканци, леб и пари. Ноќта на 13-ти наспроти 14-ти, се оди на вода во Вевчанските извори. Се верува дека ноќта спроти празникот водата на изворите е света и лековита. Во минатото жителите на сите околни села независно од верата доаѓале на изворите и полнеле од водата. На Василичарите им се придружуваат и домаќинките кои носат летургија (леб) и ќиска од босилек, дрен и василичарка (бодликаво растение кое е симбол на Вевчани). Полнат вода со која утрото на 14-ти замесуваат Кашаник (пита печена под сач). На 14-ти денот на Св. Василиј, Василичарите одат на визита (именден), кај сите што го носат името на светецот, а потоа во центарот на Вевчани се собираат сите василичари и музичари, заедно го играат Василичарскито оро и ги палат маските, што симболизира злото да не се повтори во новата година. Музичката програма која претстои и се случува на 12-ти и 13-ти Јануари е веќе потврдена, па на сцената ќе уживаме во музиката на : - ГИГ ОФФ ( Сашко Гигов -Гиш и пријателите), Венко Серафимов и Прпл Цепелин,реге бендот - БРУКА, ДНК, Ласт Експедишн, Фиц и Студени нозе грејтест хитс, Баклава, Банда ЕнТопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст Тајм и Перо Бели. Не ни преостанува ништо повеќе од тоа да ве поканиме да бидете дел од овој историски настан кој со векови и милениуми го збогатува културно уметничкиот живот на Вевчани. Што значи на 12-ти, 13-ти, 14-ти сите патишта водат кон Вевчани.]]>

Кинотека и „Croatia Records“ во јули подготвуваат интересна музичка програма https://arhiva.vistina.com.mk/kinoteka-i-croatia-records-vo-juli-podgotvuvaat-interesna-muzichka-programa/ Mon, 21 Jun 2021 12:54:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207752

Кинотека на Република Македонија во соработка со „Croatia Records“, најголемата дискографска куќа во регионот, за сите кои во месец јули ќе бидат во Скопје, подготвуваат интересна музичка програма, како освежување за летните горештини. Имено, додека животот по пандемијата полека се враќа во нормала, и додека се чекаат големите музички случувања „во живо“, Кинотека и „Croatia Records“ од 1 јули, па секој следен четврток во седмиот месец тековната година, на летната сцена на Кинотека, во летното кино „Мирно лето“, ќе прикажат по еден концерт од богатата BLU RAY програма на дискографскиот гигант, кои, според сензибилитетот одговараат на местото и на времето. Така, според распоредот, на 1 јули ќе биде емитуван концертот на Влатко Стефановски – Live at Lisinski, од 17 април 2018 г., кога во Загреб беше промовиран неговиот албум „Мајчин јазик“. Таа волшебна вечер гостите на Влатко беа Љубојна, Хојсак & Новосел и единствената Јосипа Лисац.

Токму Јосипа Лисац ќе биде главната ѕвезда на програмата „Концерти во Кинотека со Croatia Records“, веќе на 8 јули, кога ќе биде емитуван концертот Јосипа Лисац from Croatia Records Studio – „…ту у мојој души станујеш…“, кој големата дива му го посвети на нејзиниот легендарен сопруг Карло Метикош. Концертот беше реализиран во студиото на „Croatia Records“ во Загреб на 30 октомври 2018 година.

На 15 јули во Кинотека ќе биде емитуван концертот на Раде Шербеџија и неговиот Западни колодвор бенд, одржан во Хрватско народно казалиште во Загреб, а една недела подоцна – на 22. јули во програмата е впишан концертот на Амира Медуњанин во пулска Арена, снимен на 3 август 2018 г.

За самиот крај на зацртаната програма, на 29 јули ќе биде прикажан концертот на музичкиот волшебник J.R. August – Live in Hrvatski Glazbeni Zavod.

Станува збор за концерт на музичката сензација на годината во Хрватска, човекот кој освои три музички награди Порин, вклучувајќи ја и онаа за албум на годината, со што стана прв лауреат во Хрватска кој освои награда за најдобар албум, иако албумот не беше на хрватски, туку на англиски јазик.

На концертот во Hrvatski Glazbeni Zavod, кој ќе биде емитуван во Кинотека – J.R. August го промовира токму наградуваниот албум „Dangerous Waters“.

Сите концерти се снимени со врвна аудио и видео опрема, па гледање на истите претставува вистинско доживување за сите сетила, што овој пат ќе биде привилегија за македонската публика.

Сите детали врзани за Концерти во Кинотека… (тајминг за стартот, алтернативниот простор доколку заврне…), ќе бидат објавени дополнително.

]]>

Објавена натпреварувачката програма на “Макфест 2020” https://arhiva.vistina.com.mk/objavena-natprevaruvachkata-programa-na-makfest-2020/ Tue, 08 Sep 2020 06:27:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166152

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест” – Штип ја објави својата натпреварувачка програма за годинешното издание. “Макфест 2020” за првпат ќе се одржи на отворено, односно на градскиот плоштад „Слобода”, каде што ќе се одржат две фестивалски вечери на 18-ти и 19-ти септември. Во конкуренција за наградите се 23 нумери во изведба на македонски артисти како: “Нокаут“, Ѓоко Танески, Биба Додева, Димитар Андоновски, Виктор Апостоловски, Александар и Дац… итн. Во продолжение е целосниот список на песни и изведувачи за “Макфест 2020“:

Ова е конечната одлука за „Евровизија 2020“ https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-konechnata-odluka-za-evrovizija-2020/ Thu, 02 Apr 2020 08:32:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=142848

Холандскиот јавен сервис оваа година наместо класична „Евровизија“ ќе организира посебена програма во која ќе може да се претстават 41 држава. Наместо Евровизијата во Ротердам која е откажана поради коронавирусот, фановите од ова случување ќе можат да гледаат алтернативно шоу. Европската радиодифузна унија во договор со холандскиот јавен сервис потврди дека подготвува нова програма, која ќе се емитува на 16 мај, наместо финалето кое е откажано поради пандемијата. https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/organizatorite-potvrdija-evrovizija-2020-e-otkazana/ Под името „Eurovision: Europe Shine A Light“ ќе биде организирано шоу каде ќе учестуваат сите учесници – преставници на државите, но и старите изведувачи на Евровизија кои ќе ги изведат своите песни на познати места ширум Европа. Водители ќе бидат Шантел Јанзен, Едсилија Ромбли и Јан Смит. „Ќе се обидеме на 16 мај да ја обидиниме Европа преку едноставна телевизиска програма. Ги повикуваме сите членови на ЕБУ да ја емитуваат оваа емисија“ - вели супервизорот на Евровизија, Јон Ола Санд. За потсетување, Васил Гарванлиев со песната „YOU“  требаше да ја претставува Македонија на „Евровизија 2020“, а како сега ќе изгледа тоа, останува да проследиме на 16 мај. ]]>

На 17 октомври започнува 38-от „Скопски џез фестивал“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-17-oktomvri-zapochnuva-38-ot-skopski-dzez-festival/ Mon, 14 Oct 2019 13:06:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112538

Скопски џез-фестивал најави силна програма за 38-то издание, во чиј фокус ќе биде одбележување на 50-годишнината од германската издавачка куќа „ECM Records“. Фестивалот на 17 октомври ќе го отворат двајца познати гитаристи од САД: Дејвид Торн – еден од најимагинативни композитори и иноватори на гитарата во изминатите 40 години и Фред Фрит – иноватор, композитор и импровизатор со неговото трио. „Ориентот и Медитеранот ќе прострујат низ музиката на Ануар Браем – волшебникот на инструментот ут, автентичниот визионер и една од најголемите ѕвезди на дискографската куќа ECM, кој со својот квартет годинава прославува 10 години од објавувањето на прославениот албум „The Astounding Eyes Of Rita”, како и низ звуците на грчкиот мајстор на лирата Сократис Синопулос. Тој ќе настапи со својот уникатен квартет во чии дела се испреплетуваат фолклорните форми, византиската и класичната музика, како и бројните облици на импровизација и џез“, соопшти СЏФ. Педесетгодишнината на ECM годинава се совпаѓа и со пет децении на еден од најзначајните и највлијателни бендови на 20 век – „Art Ensemble of Chicago“ кој ќе го одбележи јубилејот со светска турнеја што ќе заврши во Скопје. Ќе настапи и норвешкиот пијанист, клавијатурист, композитор, аранжер и перкусионист Јон Балке со својот оригинален проект „Batagraf“ во есклузивно издание. На последниот фестивалски ден, 20 октомври, ќе настапи најпоетичниот пијанист на денешницата – норвешката џез-сензација Торд Густавсен со неговото трио, како и квинтетот на новата голема американска саксофонистичка ѕвезда Џејмс Брендон Луис и контрабас рециталот на француската басистка, импровизаторка и композиторка Жоел Леандре, една од најдоминантните фигури на современата европска музика. „Програмата на фестивалот годинава опфаќа и диџеј сет на италијанскиот иновативен џез ентузијаст Никола Конте, концерти на домашните ECM вљубеници „Next To Silence“ и еклектичниот „магичен оркестар“ на Џијан Емин, филмска проекција на документарниот филм посветен на ECM „Sounds and Silence: Travels with Manfred Eicher”, промоција и презентација на книгата „Cloud Arrangers” на словенечкиот фотограф Жига Коритник, како и доделување на наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2019 година“, најави Скопски џез фестивал. ПРОГРАМА: 17 OКТОМВРИ 20:00 Македонска опера и балет DAVID TORN (САД) FRED FRITH TRIO (САД) 18 OКТОМВРИ 20:00 Македонска опера и балет SOKRATIS SINOPOULOS QUARTET (Грција) ANOUAR BRAHEM QUARTET (Тунис/Германија/Шведска/Либија) 24:00 Клуб Епицентар NICOLA CONTE dj set (Италија) 19 OКТОМВРИ 20:00 Македонска опера и балет JON BALKE BATAGRAF (Норвешка) ART ENSEMBLE OF CHICAGO (САД) 24:00 МКЦ Дансинг сала DŽIJAN EMIN & THE MAGICAL ORCHESTRA (Македонија) 20 OКТОМВРИ 18:00 МКЦ Кино Фросина JOELLE LEANDRE (Франција) 20:00 Македонска опера и балет TORD GUSTAVSEN TRIO (Норвешка) JAMES BRANDON LEWIS UNRULY QUINTET (САД) ПРОГРАМА ПЛУС: 15 ОКТОМВРИ, МКЦ Клуб и ресторан 20:00 | Награда „Златен орикс“ за најдобар млад џез музичар во 2019 16 ОКТОМВРИ, МКЦ Кино Фросина 20:00 | SOUNDS AND SILENCE: Travels With Manfred Eicher - документарен филм 22:00 | NEXT TO SILENCE (Македонија) 17. ОКТОМВРИ, МКЦ Кино Фросина 14:00 | CLOUD ARRANGERS на Жига Коритник - презентација на книга]]>

38. „Скопски џез фестивал“ од 17 до 20 октомври https://arhiva.vistina.com.mk/38-skopski-dzez-festival-od-17-do-20-oktomvri/ Wed, 02 Oct 2019 12:10:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=110380

Време е за џез! 38. Скопски џез фестивал годинава, со исклучително силна програма и специјален фокус - ECM Records, ќе ја одбележи 50-годишнината од постоењето на култната германска издавачка куќа. ПРОГРАМА / PROGRAMME: http://www.skopjejazzfest.com.mk/programme.asp БИЛЕТИ / TICKETS: http://www.skopjejazzfest.com.mk/tickets.asp 17 октомври / 17 October MOB, 20:00 DAVID TORN (USA) David Torn - electric guitar, live-looping, electronics http://www.skopjejazzfest.com.mk/torn.asp FRED FRITH TRIO (USA) Fred Frith - guitar, bass, voice Jason Hoopes - bass Jordan Glenn - drums http://www.skopjejazzfest.com.mk/fftrio.asp Цена на билет / Ticket price: 600 den. 18 октомври / 18 October MOB, 20:00 SOКRATIS SINOPOULOS QUARTET (Greece) Sokratis Sinopoulos - lyra Yann Keerim - piano Dimitrios Tsekouras - double bass Dimitrios Emmanouil - drums http://www.skopjejazzfest.com.mk/sokratis.asp ANOUAR BRAHEM QUARTET (Tunisia) "The Astounding Eyes of Rita" Anouar Brahem - oud Klaus Gesing - bass clarinet Björn Meyer - bass Khaled Yassine - percussion http://www.skopjejazzfest.com.mk/brahem.asp Цена на билет / Ticket price: 1000 den. Club Epicentar, 24:00 NICOLA CONTE (Italy)* Nicola Conte - dj set http://www.skopjejazzfest.com.mk/conte.asp Цена на билет / Ticket price: 400 den. 19 октомври / 19 October MOB, 20:00 JON BALKE BATAGRAF (Norway) Jon Balke - percussion and keyboards Emilie Stoesen Christensen - vocal Giorgio Li Calzi - trumpet Helge Norbakken - percussion Snorre Bjerck - percussion http://www.skopjejazzfest.com.mk/balke.asp ART ENSEMBLE OF CHICAGO (USA) - 50th Anniversary Roscoe Mitchell - alto sax, soprano sax, sopranino sax and flute Don Moye - drums, congas and bongos Hugh Ragin - trumpet, flugelhorn and piccolo trumpet Tomeka Reid - cello Brett Carson - piano Silvia Bolognesi - double bass Junius Paul - double bass and objects Dudu Kouaté - african percussion http://www.skopjejazzfest.com.mk/ensamble.asp Цена на билет / Ticket price: 800 den. MKC Dancing Hall, 24:00 DŽIJAN EMIN & THE MAGICAL ORCHESTRA (Macedonia) Влез слободен / Free entrance 20 октомври / 20 October MKC Kino Frosina, 18:00 JOELLE LEANDRE (France) Joelle Leandre - double bass http://www.skopjejazzfest.com.mk/leandre.asp Цена на билет / Ticket price: 300 den. MOB, 20:00 TORD GUSTAVSEN TRIO (Norway) Tord Gustavsen - piano Gjermund Silset - double bass Jarle Vesperstad - drums http://www.skopjejazzfest.com.mk/gustavsen.asp JAMES BRANDON LEWIS UNRULY QUINTET (USA) James Brandon Lewis - tenor saxophone Jaimie Branch - trumpet Ava Mendoza - guitar Luke Stewart - electric bass Warren “Trae” Crudup III - drums http://www.skopjejazzfest.com.mk/jamesBrandon.asp Цена на билет / Ticket price: 800 den. КОМПЛЕТ БИЛЕТИ / FESTIVAL SET: 2800 den. *со исклучок на билетот за Nicola Conte (dj set) *excluding the ticket for Nicola Conte (dj set) PROGRAMME PLUS: 15.10 Награда „Златен орикс“ за најдобар млад џез музичар во 2019 "Golden Oryx" award for best young jazz musician in 2019 16.10 @ MKC Kino Frosina 20:00 | SOUNDS AND SILENCE: TRAVELS WITH MANFRED EICHER - documentary film screening http://www.skopjejazzfest.com.mk/soundSilence.asp 22:00 | NEXT TO SILENCE (Macedonia) http://www.skopjejazzfest.com.mk/nextSilence.asp Влез слободен / Free entrance 17.10 @ MKC Kino Frosina 14:00 | CLOUD ARRANGERS by Žiga Koritnik - photography book presentation http://www.skopjejazzfest.com.mk/ziga.asp Влез слободен / Free entrance]]>