професор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 May 2023 12:38:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png професор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Бисерното грло”од Сребреник во Македонија: Младиот Ајдин Османовиќ заедно со неговиот професор Јасмин Брашњиќ ќе изведат традиционални македонски песни https://arhiva.vistina.com.mk/bisernoto-grlo-od-srebrenik-vo-makedonija-mladiot-ajdin-osmanovik-zaedno-so-negoviot-profesor-jasmin-brashnik-ke-izvedat-traditsionalni-makedonski-pesni/ Wed, 10 May 2023 07:31:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301433

Пред неполни два месеца на социјалните мрежи едно дете што беспрекорно ја пееше нашата Јано мори стана вирален хит. Токму тоа дете, Ајдин Османовиќ, заедно со својот професор и ментор Јасмин Брашњиќ од Сребреник, Босна и Херцеговина, доаѓаат во Македонија, односно во Крива Паланка на концерт. ,,Не беше тешко да се воспостави контакт преку социјалните мрежи со професорот на младиот Ајдин, Јасмин, и без многу размислување по упатените честитки, ги поканив на гости во Крива Паланка. На 23. Мај, во Центарот за култура, од 19 часот,заедно ќе го одбележиме чествувањето на Свети Јоаким Крчовски и Светите Кирил и Методиј со Свечена Академија и концерт - изјави Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка. На Свечената Академија ќе бидат прогласени и најдобриот просветен работник и најдобриот ученик за учебната 2022/2023 година. По тој повод Ајдин Османовиќ заедно со неговиот професор Јасмин Брашњиќ, но и општина Крива Паланка, како и цела Македонија ги повикува сите добронамерници и почитувачи на македонската традиција, да го чујат младиот Ајдин, кој има само единаесет години, но одлично ја разбира, сака, а уште подобро ја интерпретира македонската народна песна. Во прилог погледнете го  видео обраќањето на Јасмин и Ајдин со изведба на Учи ме мајко, карај ме, најдобра најава на концертот на 23 мај во 19 часот во Центарот за култура во крива Паланка. ]]>

Кристина Димитриевска добила „неприостоен предлог“: „Професорот“ со „недолична понуда“, пејачката со „брутална одмазда“… на социјалните мрежи (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-dimitrievska-dobila-nepriostoen-predlog-profesorot-so-nedolichna-ponuda-pejachkata-so-brutalna-odmazda-na-sotsijalnite-mrezhi-foto/ Mon, 06 Mar 2023 07:31:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291748

Кога стануваш познат, популарноста ти расте, се’ повеќе си експониран во медиумите, па и луѓето на социјалните мрежи почнуваат да се занимаваат се’ повеќе со тебе, со твојата работа, приватноста, твојот живот… Стануваш мета и на оние кои те обожаваат,  и оние кои не можат „да те смислат“! И тоа е белким логично објаснување за цената што ја плаќаат јавните личности. Но, ако покрај популарноста си уште згодна, атрактивна,  сексапилна, привлечна, пожелна и провокативна, а секојдневно ја бомбардираш јавноста преку својот Инстаграм профил со скокотливи, заводливи и предизвикувачки фотографии, може да ти се случи се' и сешто. Меѓу сите комплименти, пофалби и позитивни коментари, да има и по некоја „чудна“ понуда... И тоа во вид на „неприсоен предлог“ или поточно недолично прашање... како што тоа и се случило на Кристина Димитриевска.  Македонската мисица и пејачка обзнани на своите Инстаграм приказни нешто што не е ниту прв пат, ниту само нејзе и се има случено, иако е далеку од пристојно и вообичаено. По интернет просторот „ординираат“ секакви чудаци, „оперираат разни пациенти“, само што за многумина од нив дијагнозата не е докажана. Потребно е да се најдат во прилика, во ситуација да се почувствуваат „слободни и опуштени“ за да добијат самодоверба да го покажат вистинското лице.  Освен, ако не е во прашање нешто сосема друго, но за тоа - подоцна! Имено, Кристина Димитри јавно се пожали и обзнани дека поедин господин и нудел или поточно се интересирал за „цената на нејзините услуги“!? Но, не на оние пејачките, естрадните, ниту инфлуенсерските, туку за нешто сосема друго... Многу поприватно и поинтимно, директнно прашувајќи ја преку порака, „која и е тарифата“ за... знаете веќе што!? Норамално, убавицата „извадена од штикли“, распаметена и лута решила „брутално да го возврати ударот“ со тоа што непристојниот предлог во вид на индискретно прашање, директно „му го шлапнала“ на своите Инстаграм приказни сосе име и презиме, фотографија и потекло, до трето колено... Или како што самата меѓудругото напишала: „А сега следува реклама за малиов и поука за ако на некој следно му падне на памет да пише вакво нешто!“ - тргнала со својата возвратна офанзива навредената тетовка и продолжила: „Е вака сега... Секој што ќе се осмели вакво прашање да напиша, да изглуми мангуп ќе помине и славно, а може и неславно да заврши! капирам дека 90% од атрактивните жени се на продажба, ама си го утнал профилот мангупче. Кристина заработува со својата професија и мозок... А гледам имаш ќерка, жена, внуки... Стај ги на продажба сите на куп! Еве со оваа реклама на моето стори ќе ви тргне бизнисот, ама не мешајте ме мене во тие валканици“ - возвратила видно изнервирана мисицата и пејачка на ист начин, што и покрај сета навреда, претрпена душевна болка и фрустрација, баш и не би требало да биде нејзино ниво на комуникација, за во продолжение да се правда со зборовите: „Морав да се спуштам на вашето ниво, пошто на мое ниво нема да се рабереме“. При тоа дополнила дека се надева, дека дотичниот и сите останати како него, ќе извлечат поука од ова! Во меѓувреме Кристина добила порака од уште една, за неа непозната личност која во комуникацијата со мисицата тврди дека човекот и бил професор во средно и дека воопшто не е таква личност. Се сомнева дека некој му го злоупотребил профилот за да се задскрие зад него кога и го поставил „непристојното прашање за тарифата“ на пејачката, со што доаѓаме до она што може да биде веројатност, која на почетокот од текстов ја оставивме за подоцна!? Но, ако е така, „професорот“ е тој што треба случајот да го пријави во МВР и кај останатите соодветни органи и институции. Во меѓувреме Кристина Димитри тврди дека има сигурни докази дека и на други девојки истиот лик им праќал недолични пораки, па тоа дополнително го споделила: „Вака сега... Од истиов 'мангуп' ми пуштија девојки докази дека им пишува и нуди неморални работи. А згора на се', професор е, а јас за кодекси треба да го учам... Дипломирав маркетинг и менџмент (затоа од мене добиваш реклама квалитетна)“ - продолжила во ист стил да биде немилосрдна мисицата и за крај, резимирала со предупредувачка порака: „Луѓе, внимавајте кој им предава на вашите деца“ - без да појасни дали случајот можеби таа го пријавила во полиција и кај останатите надлежни органи, кога веќе како што вели, има и други докази за непристојните понуди на професорот?!  Се разбира ако воопшто е тоа тој и доколку навистина не се работи за хакирање и злоупотреба на нечиј профил?! Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry              ]]>

Почина маестро Фимчо Муратовски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-maestro-fimcho-muratovski/ Wed, 14 Sep 2022 08:14:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266795

Вчера, 13-ти септември 2022 година на 91 годишна возраст, почина маестро Фимчо Муратовски, еден од основоположниците на диригентската уметност во земјава, и поранешен директор на Македонската филхармонија, објави Филхармонија. “Со маестро Муратовски нашиот оркестар реализираше низа незаборавни концерти, изведе комплексни дела од светската музичка литература, како и голем број праизведби на композиции од македонски автори“ - додаваат од Македонската филхармонија. Муратовски беше и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје во пензија. Со над повеќе од 40 години уметничка исполнителна дејност, Фимчо Муратовски е еден од доајените на македонската музичка, оперска, и балетска сцена, како и на концертните подиуми во земјата. Музичкото образование го оформува на Музичката академија во Загреб, а потоа престојува на едногодишен специјализациски престој на Конзерваториумот во Санкт Петербург. Од 1959 година, постојано е ангажиран, најпрво во Операта и балетот на Македонскиот народен театар, потоа како диригент и директор на Македонската филхармонија, за својот работен век да го заврши како редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, чиј декан бил во два мандата. Во текот на својата уметничка дејност поставил и диригирал повеќе од 40 оперски и балетски дела од класичниот, современиот и домашниот репертоар, а на концертниот подиум реализирал голем број симфониски и камерни дела со посебен акцент кон домашното творештво, кое со посебен афинитет го пропагирал низ многубројните гостувања во поранешна Југославија, Полска, Германија, Италија, Бугарија, Романија, поранешните советски републики, Мексико и др. Бил основач и диригент на Младинскиот и на Македонскиот камерен оркестар, и диригент и уметнички раководител на Камерниот оркестар на МРТВ. Во текот на својата образовна дејност како професор, пренесувајќи го своето богато уметничко искуство воспитал генерации млади диригенти, пејачи и оркестарски музичари кои и ден денес успешно работат и делуваат во земјата и странство. Низ своето долгогодишно делување во културниот и јавниот живот бил носител на повеќе општествени функции, а за својата дејност добитник е на повеќе награди и признанија – наградата на Град Скопје „13 Ноември“ во 1969 г., републичката награда „11 Октомври“ во 1977 г., како и истата награда за животно дело во 1995 г. Погребот на Фимчо Муратовски ќе се изврши денес, на 14 септември, на градските гробишта во Бутел, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 13 до 14 часот, посочуваат од семејството на починатиот Фимчо Муратовски.]]>

Ова е човекот што своевремено ја однесе Цеца пред олтар: Одново се појави на ТВ и сите ги шокираше! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-chovekot-shto-svoevremeno-ja-odnese-ceca-pred-oltar-odnovo-se-pojavi-na-tv-i-site-gi-shokirashe-foto-video/ Wed, 16 Mar 2022 11:30:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243308

Се оженил со Цеца и побегнал на пуст остров..!? Тоа би било интересно сценарио... Сепак, тој ја однесе пред олтар фолк ѕвездата уште пред неколку години, во спотот за дуетот со Саша Матиќ, „Ноторен лажго“. Тогаш ја доби ласкавата титула: Најзгоден професор во Србија. Стеван Стевановиќ повторно е пред очите на јавноста и во наредните недели припадничките на понежниот пол ќе имаат единствена можност да му се восхитуваат на неговото совршено извајано мускулесто тело. Нема да му треба многу облека под сонцето на Доминиканската Република, а како ќе се носи со предизвиците ќе видиме во карипското издание на реалното шоу „Преживеан“. Инаку, Стеван има 29 години, дипломирал на Економскиот факултет и работи како професор, а во слободно време е личен тренер и капитен на српската рагби репрезентација. Тој е многу успешен во светот на фитнесот, за што говори податокот дека на Инстаграм го следат повеќе од 136.000 луѓе. Сите кои би сакале да имаат многу мускули како него, со задоволство му се обраќаат за помош, а тие се резултат на секојдневно тренирање во теретана и спортови кои многумина ги сметаат за груби. Фото и видео: Јутјуб принтскрин/Ceca i Sasa Matic - Lazov notorni]]>

Oвие детали од нејзиниот приватен живот никој не ги знаеше: Анастасија Ражнатовиќ била заљубена во професор https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-detali-od-nejziniot-privaten-zivot-nikoj-ne-gi-znaeshe-anastasija-raznatovikj-bila-zaljubena-vo-profesor/ Fri, 04 Feb 2022 12:38:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237733

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ знае како да привлече вниманието на јавноста, некогаш со провокативни фотографии, некогаш со песни или со нејзиниот приватен живот. Анастасија често сака да комуницира со своите следбеници на социјалните мрежи, а сега пејачката сподели видео запис во кое игра „Не сум никогаш“, во кое искрено одговарала на поставуваните прашања. Имено, оваа игра се состои во тоа да, без детално образложување, на поставените прашања да одговори со „Сум“ или „Не сум“, а некои одговори ги изненадиле тие што ја следат Анастасија, со оглед на тоа никогаш претходно не зборувала за тоа. Анастасија признала дека била заљубена во професор, дека била исфрлена од просторија во која се наоѓала, дека го изгубила телефонот, како и дека по грешка влегла во погрешен автомобил. Да потсетиме, Анастасија не се огласувала по повод раскинувањето на Цеца и Богдан, но општо познато е дека ќерката на Цеца ја поддржуваше нивната врска. фото: инстаграм/анастасијаражнатовиќ]]>

Почина Александар Николовски, познат македонски музичар, џез трубач и професор по труба https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-aleksandar-nikolovski-poznat-makedonski-muzichar-dzez-trubach-i-profesor-po-truba/ Wed, 08 Dec 2021 10:43:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230419

По кратко боледување на 48 годишна возраст почина џез музичарот, трубач и професор по труба Александар Николовски. „Александар Николовски работеше како наставник по труба во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј, со голема љубов и посветеност кон инструментот и учениците, за да ги насочи и запознае со музиката и светот од другата страна на животот,поблескавата. Беше тивок и свој, без многу муабети, ишаретите ни ги кажуваше преку очите или гримаса и се беше јасно. Воглавно една добрица од човек,колегијален и секогаш спремен за убави нешта“ - се вели во дел од соопштението од колективот. Александар Николовски свиреше со голем број џез и латино бендови. Настапуваше на голем број музички џез фестивали со разни музичари и музички формации. Тој потекнува од музичко семејство, чии родители Благоја и Марија Николовски беа познати и признати македонски музички уметници, а неговата сестра Сузана долгогодишен музички соработник во програмите и емисиите на МРТВ. Еден од неговите последни настапи беше на минатогодишниот „Џез фестивал 2020“ во Куманово, од чиј извадок се простуваме од прерано згаснатиот живот на македонскиот музички уметник. Вистина.ком.мк  искажува длабоко жалење за загубата и изразува искрено сочувство кон семејството... Нека ти е светол патот кон вечноста Алек! ]]>

Анастасија Ражнатовиќ земала часови кај силувачот од училиштето за глума, а манијакот дури и ја снимал свадбата на векот, на Аркан и Цеца! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/anastasija-raznatovikj-zemala-chasovi-kaj-siluvachot-od-uchilishteto-za-gluma-a-manijakot-duri-i-ja-snimal-svadbata-na-vekot-na-arkan-i-ceca-foto/ Mon, 18 Jan 2021 09:30:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185582

Како бомба одекна веста во српските медиуми дека актерката Милена Радуловиќ го пријавила професорот по глума и режисер  Мирослав Мика Алексиќ дека ја силувал кога имала 17 години, а многу колеги ја поддржаа неа и другите девојки кои минале низ слична голгота. Анастасија Ражнатовиќ истакна дека како дете го посетувала токму неговото училиште за глума некое време и и даде целосна поддршка на Милена и останатите девојки. „Како некој што како дете кратко време го посетувал тоа училиште, малку е да се каже дека сум ужасната и шокирана. Поддршка за храбрата Милена и сите девојки што поминале низ оваа голгота“, напишала Анастасија. Но, малкумина знаат дека Мика Алексиќ ја снимал „венчавката на векот“ - свадбата на родителите на Анастасија, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ - Аркан.  Снимањето на свадбата го организирал режисерот Мирослав Алексиќ, порано наградуван режисер во државната телевизија, кој се сретнал со Аркан неколку години порано кога го овековечил командантот на Српската доброволна гарда во Тења. Алексиќ го снимал целиот тек на венчавката со пет мобилни камери. Вкупно, биле снимени околу 30 часа материјал, од кој подоцна била направена 90-минутна касета.]]>

„Театарски белешки“ на режисерот и професор Владо Цветановски https://arhiva.vistina.com.mk/teatarski-beleshki-na-reziserot-i-profesor-vlado-cvetanovski/ Tue, 29 Dec 2020 12:11:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183157

Во издание на Факултетот за драмски уметности – Скопје, неодамна од печат излезе книгата „Театарски белешки“ на режисерот и професор Владо Цветановски. Книгата ја приредиле Јелена Цветановска и Андреј Цветановски, а дизајнот е на Сергеј Светозарев. Автори на предговорот и поговорот се проф. Мими Таневска-Србиновска и Владо Ѓорески-Рафик. Театарските белешки се избор на ракописи од Дневникот на Владо Цветановски, во кој се втиснати неговите размисли, слики и емоции кои го пресретнувале во потрагата по театарската вистина. Тие овозможуваат продлабочен увид во дел од богатиот творечки опус на Владо Цветановски и неговите истражувања на театарскиот јазик. Во таа смисла, книгата е значајна и за проучувањата на македонската театрологија, како и за историја на македонскиот театар. Едновремено, белешките, навлегувајќи во сите фази од создавањето на театарската претстава, претставуваат и своевиден патоказ за студенти по театарска уметност, кој може да им биде од полза во процесот на подготвување за нивните професии во областа на театарот. Владо Цветановски заврши интермедијална режија на Академијата за уметности во Нови Сад, во класата на проф. Боро Драшковиќ, еден од најпознатите режисери во поранешна Југославија. Долги години работи како професор по актерска игра на Факултетот за драмски уметности-Скопје. Еден од неговите значајни ангажмани на ФДУ беше и оживувањето на академската сцена. Има режирано околу педесет претстави во македонските театри и на просторите на поранешна Југославија, а неговите претстави учествувале на сите позначајни фестивали (Стеријино позорје, МЕСС, Војдан Чернодрински, Ристо Шишков), каде што високо биле вреднувани. За одбележување се и гостувањата на неговите претстави во Белград, Нови Сад, Софија, Сараево, Париз, Петроград, Каиро, Кан. Режисер е и на играниот филм „Тајната книга“, кој е прикажан на повеќе меѓународни филмски фестивали.
]]>

Беше пејачка на мегапопуларното дуо „Моби Дик“, во еден од спотовите имаше вистински секс сцени со партнерот, па потоа се обиде и соло и на крај сосема ја снема (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/beshe-pejachka-na-megapopularnoto-duo-mobi-dik-vo-eden-od-spotovite-imashe-vistinski-seks-sceni-so-partnerot-pa-potoa-se-obide-i-solo-i-na-kraj-sosema-ja-snema-video/ Tue, 22 Dec 2020 11:34:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182025

Во почетокот на деведесеттите години, српската денс сцена беше полна со бендови кои станаа познати и во регионот. Една од најпопуларните беше групата „Моби Дик“. Освен фронтменот на групата Срѓан Чолиќ, прва пејачка во дуото беше Ана Станиќ, која откако си замина ја започна својата соло кариера, а нејзиното место го зазеде згодната русокоса Александра Перовиќ. „Моби Дик“ снимаа и интересни видеа за своите денс хитови, а едно однив остана запаметено по тоа што сексот во спотот навистина бил реален! Се работи за познатиот хит на дуото  кој се пее и денес, а носи наслов „Љубоморен“. Како што еднаш изјави фронтменот Срѓан Чолиќ, тој бил во врска со двете пејачки на „Моби Дик“… И со Ана Станиќ и со Александра Перовиќ, а во спотот за „Љубоморен“ жешката сцена тој ја (сн)имал токму со Александра. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/vo-ova-domashno-video-pejachot-i-pejachkata-imaa-vistinski-seks-video/ После многу хитови и концерти, Александра реши да тргне по својот пат, па започна соло кариера, но набргу сосема се откажа од музиката. Кога го роди синот Павле, Александра целосно се повлече од музичката сцена, а денес е успешна професорка и сега предава спортски менаџмент на еден приватен универзитет.]]>

Почина познатиот актер и професор на ФДУ, Данчо Чевревски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-poznatiot-akter-i-profesor-na-fdu-dancho-chevrevski/ Fri, 30 Oct 2020 08:29:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173804

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер и продуцент Данчо Чевревски почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст. Чевревски е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес. Тој е еден е од основачите на приватната продукција за производство на филмови „Триангл“, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот. Глумеше во повеќе југословенски и македонски ТВ сериии и играни филмови филмови, меѓу кои: „Игмански марш“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“...! Добитник е на повеќе награди во текот на неговата плодна кариера, а минатата година на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на ТВ.