проекција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 11 Aug 2023 12:48:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png проекција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бесплатна проекција на „Нешто слатко“ во Паркот на франкофонијата https://arhiva.vistina.com.mk/besplatna-proektsija-na-neshto-slatko-vo-parkot-na-frankofonijata/ Fri, 11 Aug 2023 12:48:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313530

Во Паркот на франкофонијата вечерва во 20.30 часот ќе се одржи проекција на филмот „Нешто слатко“ во режија на Тин Водопивец со Сашко Коцев и Јелена Јованова во главните улоги. Проекцијата ја организираат Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Агенција за млади и спорт во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на младите. Настанот е од отворен тип. – Во духот на овогодишената тема „Зелени вештини кај млади лица за одржлива средина“, за проекцијата на филмот ќе се користи струја која ќе се произведува од вртежи на велосипеди, за да заштедиме електрична енергија и да ја заштитиме животната средина – велат организаторите. извор:умно.мк]]>

Проекција на концертот на Јосипа Лисац во Кинотека https://arhiva.vistina.com.mk/proekcija-na-koncertot-na-josipa-lisac-vo-kinoteka/ Thu, 08 Jul 2021 12:55:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210342

Со проекцијата на концертот „Јосипа Лисац from Croatia Records Studio“ – „…ту у мојој души станујеш…“, на 8 јули, во летното кино „Мирно лето“ (20:30 часот), продолжува циклусот Концерти во Кинотека со Croatia Records. Овој музички настан несомнено претставува врвно аудиовизуелно остварување, што се потврдува и со податокот дека освен на CD и BluRay диск, овој концерт беше објавен и на винил. На концертот во студио, без публика, Јосипа испеа 12 песни – од култната „Богиња“, до легендарната „Магла“, вклучувајќи ги и: „О једној младости“, „Док размишљам о нама“, „Данас сам луда“, Хир, хир, хир“, Гдје Дунав љуби небо“… И овој концерт големата дива му го посвети на нејзиниот легендарен сопруг Карло Метикош. Концертот беше реализиран во студиото на „Croatia Records“ во Загреб на 30 октомври 2018, во придружба на музичарите: Тони Старешиниќ (клавијатури), Борна Шерцар (тапани), Давор Чрнигој (бас гитара) и Јосип Грах (труба и хармоника).
Јосипа Лисац е сонувач кој сонува со очи ширум отворени, и е непоправлив идеалист и визионер. Со нејзиниот волшебен глас, таа е рамо до рамо со светските музички великани Едит Пјаф и Фреди Меркјури… пишува во белешката за концертот.
Програмата стартуваше на 1 јули со концертот на Влатко Стефановски, во „Лисински“, а секој следен четврток во овој јули ќе биде прикажан по еден концерт од богатата BLU RAY програма на дискографскиот гигант – концерти кои, според сензибилитетот, одговараат на местото и на времето.]]>

„Hip Hop Made in Macedonia“ во Њујорк https://arhiva.vistina.com.mk/hip-hop-made-in-macedonia-vo-njujork/ Thu, 23 Aug 2018 12:35:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44467

Презентација на три книги, изложба на кавери на македонски артисти, проекција на документариот филм „Сложувалка“, настап во живо на групата „Клан Исток“, како и предавање за македонската урбана и хип-хоп култура од Славчо Ковилоски и Александар Ковилоски, се дел од проектот „Hip Hop Made in Macedonia“ што ќе биде претставен денеска во Македонскиот културен центар (MC Gallery) во Њујорк (САД). Целта на проектот, чија идеа се роди од тв емисијата „Хип-хоп магазин“ што се прикажуваше на МРТВ пред неколку години, е да ја презентира хип-хоп културата во Македонија. Со проектот првпат во македонската музичка историја, македонскиот хип-хоп ќе може да се слушне во Њујорк, градот од каде потекнува оваа урбана култура. Презентирани ќе бидат книгите „Аспекти на македонската урбана култура (Хип-Хоп Македонија)“ (2005), „Хип-хоп книга“ (2007) и „Хип- хоп речник (англиско-македонски)“ (2008) кои се издадени во Mакедонија и се единствени на Балканот. Документариот филм „Сложувалка“, пак, е снимен 2015 година, во продукција на екипата на „Хип Хоп Македонија“, во режија на Александар Ковилоски и е дел од проектот кој изворно го запознава поширокиот аудиториум со предизвиците, тешкиот пат и популарноста на хип хопот во Македонија. Учесници во документарецот се хип-хоп артистите: Ицко и VG (Чиста Околина), DJ Гоце (САФ), Против Сите и Green Out (Легијата), Профо и Човекот Екс (Клан Исток), Тигаз (ДНС), ПУКА Козметика, Хром (графити), Тец (Most Wanted/Ошав Прод.), Токсикологија (Токсиколози), Зад Аголот, Тони Зен, Слаткаристика, Авторизација, Дивизија, Титаниум, Стрес, Огнен beatbox. Филмот е добитник на меѓународна награда во Белград (2016) и на домашните МАН (2015). Настапот во живо на групата „Клан Исток“ е замислен како круна на овој амбициозен проект на екипата од „Хип Хоп Македонија“, донесен во Галеријата „ЕмСи“ од кураторот Јане Теохаревски, поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. (МИА)]]>

Филмот за Грејс Џоунс вечерва на „Македокс“ https://arhiva.vistina.com.mk/filmot-za-grejs-dzouns-vecherva-na-makedoks/ Mon, 20 Aug 2018 11:35:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=43812

За петтиот ден, понеделник, Македокс – Фестивалот за креативни документарни филмови „Македокс“ ја најавува „Грејс Џоунс:ЛАЈТ-ШОУ И ЛЕБ“ во режија и по сценарио на Софи Фиенес, во 23 часот во Куршумли ан. „Поголема од животот, дива, морничава, андрогина или со два збора Грејс Џоунс. Но преку филмските кадри ѕиркаме зад култната маска и ја запознаваме и како љубовница, ќерка, мајка, сестра, па дури и баба. Водејќи нè на патување низ својата родна Јамајка, заедно со син ѝ Паоло и внука ѝ Шантал, филмот ни открива една досега непозната Џоунс, некој што нè потсетува каков може да биде животот кога човек ќе се осмели вистински да го живее. Се чини дека ѝ нема рамен, па сепак Грејс Џоунс е и некој со кого можеме да се поистоветиме: таа е исклучокот што го потврдува правилото“, стои во краткиот синопсис за филмот. Пред филмот за Грејс Џоунс, е најавена проекцијата на дванаесетминутниот „Вo срцето на Вивиен Готје“ Македокс денеска започнува во 18 часот, со проекција на „Прастари шуми“, во Музејот на современа уметност. Програмата потоа продолжува пред Куршумли ан, во 20:30 часот со полските филмови „Даниел“, „Жаланаш Пустиот брег“ и „Сонот на Леокадија“. Во 21:00 часое е најавен краткиот докуметарец „Среќни денеска“, по што следи „Мажи играчи“. Во 22:30 ќе се проектираат деветминутниот „Крем за сончање“ , петнаесетминутниот „Раз, два, нула“ и краткиот „Филм за Карлос“. извор: radiomof.mk]]>