продадена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 27 May 2021 08:32:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png продадена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Родната куќа на Лепа Лукиќ отиде „на добош“: Банката ја запленила и продала на лицитација заради неплатен кредит, а таа нема поим за тоа!? https://arhiva.vistina.com.mk/rodnata-kukja-na-lepa-lukikj-otide-na-dobosh-bankata-ja-zaplenila-i-prodala-na-licitacija-zaradi-neplaten-kredit-a-taa-nema-poim-za-toa/ Thu, 27 May 2021 08:32:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204364

Родната куќа на српската фолк легенда, пејачката Лепа Лукиќ во селото Милочај крај Краљево е продадена на јавна лицитација минатиот петок, по цена од еден милион динари, дознава српски Курир од извор кој бил детално информиран за целиот случај. Медиумите веќе неколку пати пишуваа за оваа куќа, најмногу споменувајќи ја дека фолкерката била многу приврзана за нејзиниот роден дом, каде го поминала детството. Често зборувала дека со задоволство оди таму, особено додека беа живи нејзината мајка Милошија и братот Рајко.
Причината поради која оваа куќа отишла под хипотека, според добро упатен извор, е неплаќањето на кредитот од 10.000 евра, што своевремено го зел братучедот на пејачката, Раде Јовановиќ. Оваа куќа и имотот Лепа му ги пренела нему, по смртта на нејзиниот брат Рајко, за кого била многу приврзана.
„Раде го стави под хипотека својот имот во банка за да земе кредит што не го отплатил. Тогаш тој долг го презеде една компанија од Белград што се занимава со откуп на долгови. Куќата беше продадена веднаш за сума од 60 проценти од нејзината реална вредност, а Раде не се појави на тоа рочиште, иако беше уредно повикан. Покрај куќата, продадено е и земјиштето под зградата и една ливада од трета класа. Сето тоа беше продадено за нешто повеќе од милион динари. За тоа беше задолжена јавната извршна канцеларија на З.С. Имаше двајца наддавачи, а куќата ја купи жена од соседно село“ - наведува изворот.
„На неколку стотици метри од куќата, Раде држи етно-ресторан и тој сега живее сам во таа куќа, додека остатокот од неговото семејство е во Белград. Жената што ја купила куќата сигурно ќе бара тој под итно да го напушти имотот. Братучедот на Лепа Лукиќ не можеше да ја продаде таа куќа никму, затоа што беше под хипотека. Куќата не е напуштена, но е во многу лоша состојба, тревата во дворот е порасната половина метар, ужас еден“ - заклучил добро информираниот извор.
Лепа Лукиќ,  била шокирана од ова сознание, кога ја побарале новинарите за коментар.
„Леле, дали е тоа вистина? Па, како да биде одземена? Зошто и кој го сторил тоа? Леле, како никој не ми се јавил на мене? Знаете, јас ја пренесов таа куќа на мојот братучед, тој не ме извести за тоа, првпат слушам за ова. Сега ќе му се јавам да проверам дали е тоа точно? Не сакам да верувам дека е вистина“ - рекла пејачката, која повеќе не одговарала на подоцнежните телефонски повици.
Фото: Инстаграм принтскрин/курир.рс/lepa_lukic_official/
]]>

Јахтата на Тито продадена за 51.000 евра https://arhiva.vistina.com.mk/jahtata-na-tito-prodadena-za-51-000-evra/ Thu, 19 Mar 2020 13:00:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140464

Министерството за одбрана на Црна Гора минатата година заработило 1,8 милион евра од продажба на вишокот вооружување и воена опрема, вклучувајќи ја и продажбата на поранешната јахта на Јосип Броз-Тито. Според договорот за купопродажба, бродот на Тито му е продаден на еден државјанин на Австрија, за цена од 51.000 евра. Почетната вредност на јахтата беше проценета на 80.000 евра, објави „Вијести“. На јавната лицитација, која беше спроведена од Министерството за одбрана на Црна Гора, беа понудени на продажба и недвижности на 93 локации, а лани биле продадени три деловни простории во Тиват за 110 илјади евра. Од изнајмувањето на деловниот простор во сопственост на одбраната, минатата година бил остварен приход од 480 илјади евра. Вкупните планирани издатоци за системот за одбрана на Црна Гора во 2019 година изнесувале 8,55 милиони евра, или 1,67 отсто од БДП, додека издвојувањата за опремување и модернизација изнесувале 13,7 милиони евра или 17 отсто од вкупните издвојувања за системот за одбраната. Ова претставува пораст од 2,77 отсто во однос на проекциите за 2018 година. Во согласност со проекциите од Планот за инвестирање во одбраната за 2019-2024 година, ќе продолжи позитивниот тренд за издвојување за одбраната до 2024 година, до кога е предвидено издвојувањата за црногорската војска да достигне до два отсто од БДП и издвојување од 20 отсто од воениот буџет за опремување и модернизација. Вкупната вредност за оваа намена до 2024 година би достигнала 109 милиони евра.]]>

Јакната на Мајкл Џексон продадена за 298 000 долари https://arhiva.vistina.com.mk/jaknata-na-majkl-dzekson-prodadena-za-298-000-dolari/ Tue, 13 Nov 2018 11:04:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57662

Легендарната јакна на Мајкл Џексон која ја носеше на својата соло турнеја „Bad“ е продадена на аукција во Њујорк за 298 000 долари, трипати повеќе од очекуваното. Станува збор за легендарната јакна  на Мајкл Џекосон која на грбот ја потпиша со сребрен, траен маркер и која ја носеше на турнеја 1987 до 1989 година.
По црвено-црната јакна од спотот „Трилер“ што во 2011 година беше продадена за 1,8 милиони долари, јакната од „Bad“ е едно од најлегендарните парчиња облека од покојниот музичар.
Јакната ја продал бизнисменот Милтон Верет заедно со уште 100 предмети од својата збирка на рокенрол предмети.]]>