пробиштип – Вистина.мк
https://arhiva.vistina.com.mk
Се друго е...Wed, 19 Apr 2023 12:33:09 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.6.1https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.pngпробиштип – Вистина.мк
https://arhiva.vistina.com.mk
3232Претставата ,,Обвинителка” во Гевгелија, Штип, Пробиштип и Кавадарци
https://arhiva.vistina.com.mk/pretstavata-obvinitelka-vo-gevgelija-shtip-probishtip-i-kavadartsi/
Wed, 19 Apr 2023 12:33:09 +0000https://vistina.com.mk/?p=298726Урнебесната хит комедија ,,Обвинителка” која минатиот месец ја имаше својата премиера ќе гостува овој месец во четири града во Македонија во периодот од 24 до 27 април. Честа овој месец ќе ја имаат жителите на Гевгелија, Пробиштип, Кавадарци, а по барање на публиката повторно ќе се игра во Штип, каде беше и премиерната изведба.
Преполните сали каде што гостуваше комедијата ,,Обвинителка” само покажуваат и докажуваат дека оваа претстава е уживање за публиката.
Тоа што ја прави оргинална е токму темата која ја обработува.
Оваа комедија ги третира актулните општествени прашања : Како е да си обвинителка? Како е да си обвинет? Кои цели се користат за спасување од обвинение? …
Низата комични ситуации кои ќе ја насмеат публиката до солзи се вплетени во оваа уникатна комедија.
Главната улога во оваа комедија ја игра атрактивната српска актерка Лидија Вукиќевиќ, а на сцената како нејзини партнери се македонските актери: Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски.
Автор на комедијата ,,Обвинителка” е Огнен Неделковски, а режијата ја потпишува Сашо Ристовски.
Сценограф е Крсто Богојевски, костимите се на Елена Лука, а музиката е на Мишел Трајковски.
Оваа претстава е копродукција со Македонија и Србија и се говори и на македонски и на српски јазик, а е поддржана од: Министерство за култура, НУ Центар за култура ,,Ацо Шопов”-Штип, Почесен конзулат на Република Србија со седиште во Охрид, Елена Лука и Тикен Холдинг.
Со оваа претстава се прави културен спој на двете држави, Македонија и Србија, а претставата ќе може наскоро да ја видиме и на театарските сцени ширум Србија.]]>Урнебесната хит комедија ,,Обвинителка” која минатиот месец ја имаше својата премиера ќе гостува овој месец во четири града во Македонија во периодот од 24 до 27 април. Честа овој месец ќе ја имаат жителите на Гевгелија, Пробиштип, Кавадарци, а по барање на публиката повторно ќе се игра во Штип, каде беше и премиерната изведба.
Преполните сали каде што гостуваше комедијата ,,Обвинителка” само покажуваат и докажуваат дека оваа претстава е уживање за публиката.
Тоа што ја прави оргинална е токму темата која ја обработува.
Оваа комедија ги третира актулните општествени прашања : Како е да си обвинителка? Како е да си обвинет? Кои цели се користат за спасување од обвинение? …
Низата комични ситуации кои ќе ја насмеат публиката до солзи се вплетени во оваа уникатна комедија.
Главната улога во оваа комедија ја игра атрактивната српска актерка Лидија Вукиќевиќ, а на сцената како нејзини партнери се македонските актери: Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски.
Автор на комедијата ,,Обвинителка” е Огнен Неделковски, а режијата ја потпишува Сашо Ристовски.
Сценограф е Крсто Богојевски, костимите се на Елена Лука, а музиката е на Мишел Трајковски.
Оваа претстава е копродукција со Македонија и Србија и се говори и на македонски и на српски јазик, а е поддржана од: Министерство за култура, НУ Центар за култура ,,Ацо Шопов”-Штип, Почесен конзулат на Република Србија со седиште во Охрид, Елена Лука и Тикен Холдинг.
Со оваа претстава се прави културен спој на двете држави, Македонија и Србија, а претставата ќе може наскоро да ја видиме и на театарските сцени ширум Србија.]]>Oткажан концертот на Цеца во „Аква паркот“ во Пробиштип
https://arhiva.vistina.com.mk/otkazan-koncertot-na-ceca-vo-akva-parkot-vo-probishtip/
Thu, 19 Aug 2021 12:25:15 +0000https://vistina.com.mk/?p=216040Концертот на балканската ѕвезда Цеца со кој требаше да се одбележи јубилејот 10 години постоење на „Аква паркот” во Пробиштип, е откажан, објавија организаторите.
Поради големиот број новозаразени со коронавирусот, од “Аква паркот” најавија дека нема да прават забава и велат дека јубилејот ќе го прослават догодина.
“Почитувани,
Следејќи ја новонастанатата ситуација со КОВИД 19 и зголемениот број на новозаболени, како и новите мерки кои стапија на сила , настанот “ЦЕЦА за 10 години Аква Парк Пробиштип“ се откажува.
Средствата од купените карти во претпродажба за настанот ќе можете да ги повратите од 19 Август до 20 Септември од местото каде ги имате набавено а доколку сте ги набавиле преку www.kupikarta.com потребно е да испратите email на [email protected] наведувајќи: настан, име, презиме, дата на трансакција и количина на набавени карти.
Останете во добро здравје и почитувајќи ги мерките за заштита, а ви ветуваме дека наредната година спектакуларно ќе го прославиме нашиот јубилеј”, стои во објавата на Фејсбук страницата на Аква паркот од Пробиштип.]]>Концертот на балканската ѕвезда Цеца со кој требаше да се одбележи јубилејот 10 години постоење на „Аква паркот” во Пробиштип, е откажан, објавија организаторите.
Поради големиот број новозаразени со коронавирусот, од “Аква паркот” најавија дека нема да прават забава и велат дека јубилејот ќе го прослават догодина.
“Почитувани,
Следејќи ја новонастанатата ситуација со КОВИД 19 и зголемениот број на новозаболени, како и новите мерки кои стапија на сила , настанот “ЦЕЦА за 10 години Аква Парк Пробиштип“ се откажува.
Средствата од купените карти во претпродажба за настанот ќе можете да ги повратите од 19 Август до 20 Септември од местото каде ги имате набавено а доколку сте ги набавиле преку www.kupikarta.com потребно е да испратите email на [email protected] наведувајќи: настан, име, презиме, дата на трансакција и количина на набавени карти.
Останете во добро здравје и почитувајќи ги мерките за заштита, а ви ветуваме дека наредната година спектакуларно ќе го прославиме нашиот јубилеј”, стои во објавата на Фејсбук страницата на Аква паркот од Пробиштип.]]>Не ја менувајте довербата, сменете го Каналот: Кучето „пукало“ во ловџијата!
https://arhiva.vistina.com.mk/ne-ja-menuvajte-doverbata-smenete-go-kanalot-kucheto-pukalo-vo-lovdzijata/
Wed, 07 Nov 2018 13:00:29 +0000https://vistina.com.mk/?p=56791„Куче пукало со ловечка пушка во ловџија од Пробиштип“ - објавија пред некој ден на вестите на еден скопски национален ТВ Канал. Засега нема информации зошто кучето посегнало по оружје, бидејќи откако е приведено во шинтерница, се брани со молчење, а исто така одбива да даде изјава и за медиумот кој ја објави веста.
Молчат и од медиумот... Засега никој оттаму не се огласил зошто колегите од останатите медиуми „наголемо лаат“ за веста со кучето од Пробиштип? Ама во оваа земја тоа е... Секој може да си игра телевизија, па на нивните вести кучињата „пукаат“, колегите џабе ќе „лаат“, а Каналот... ќе си врви!]]>„Куче пукало со ловечка пушка во ловџија од Пробиштип“ - објавија пред некој ден на вестите на еден скопски национален ТВ Канал. Засега нема информации зошто кучето посегнало по оружје, бидејќи откако е приведено во шинтерница, се брани со молчење, а исто така одбива да даде изјава и за медиумот кој ја објави веста.
Молчат и од медиумот... Засега никој оттаму не се огласил зошто колегите од останатите медиуми „наголемо лаат“ за веста со кучето од Пробиштип? Ама во оваа земја тоа е... Секој може да си игра телевизија, па на нивните вести кучињата „пукаат“, колегите џабе ќе „лаат“, а Каналот... ќе си врви!]]>