прљаво казалиште – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Aug 2022 10:13:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прљаво казалиште – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Даворин Боговиќ од „Прљаво Казалиште“ за прв пат ќе одржи концерт во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/davorin-bogovikj-od-prljavo-kazalishte-za-prv-pat-kje-odrzi-koncert-vo-makedonija/ Wed, 10 Aug 2022 10:13:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262127

Сцена продукција оваа година со концерт ќе го одбележи својот втор роденден. Првиот вокал и еден од основачите на еден од најпопуларните поп-рок состави во поранешна Југославија, загрепско „Прљаво Казалиште“ за прв пат ќе одржи концерт во Македонија и тоа ексклузивно во Битола. Даворин Боговиќ екс „Прљаво Казалиште“ на 17-ти август во Битола ќе го донесе својот црно-бел свет. „Moje ime je Davorin Bogović, a ovo sve oko mene je crno-bijeli svijet“ се стиховите со кој Даворин влезе во историјата на поп-култарата на овие простори и се лансираше во орбитата на популарноста. Даворин и Боговичи на задоволство на сите ќе ги отпеаат хитовите кои го одбележаа југословенскиот new wave: „На 17-ти август конечно ќе имам концерт во Битола. Во Битола претходно бев со театарска претстава но ова е она вистинското. Ви ветувам добра свирка и забава. Почнуваме со старите хитови како „Mi plešemo“, Crno-bijeli svijet“, „Sve je lako kad si mlad“… па се до поновите како „Moja voljena“, „Niz brdo od ljubavi“, „Ljubav vjerna kao pas“. Се радувам на скорото доаѓање ! Дојдете да се дружиме во што поголем број“, вели Даворин пред концертот во Битола. Атмосферата ќе ја загрева метал сензацијата од крајот на деведесеттите и почетокот на милениумот, една од најдобрите македонски метал групи ФАЏ (FUDGE), кои повторно се враќаат на сцената со концертни настапи. Oд 6-ти Август до денот на концертот цената ќе биде 500 денари. На денот на концертот истите ќе се продаваат по цена од 700 денари.]]>

„Прљаво казалиште“ се распадна: Основачите на бендот повеќе не ни разговараат меѓу себе https://arhiva.vistina.com.mk/prljavo-kazalishte-se-raspadna-osnovachite-na-bendot-povekje-ne-ni-razgovaraat-megju-sebe/ Fri, 06 May 2022 06:12:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248923

Готово е! Се случи она што со месеци се шпекулираше на музичката сцена. Го нема веќе „Прљаво казалиште“, барем не како што го знаеме со години. За Јутарњи лист е потврдено, по 45 години се распадна најмоќниот бенд, кој во 1979 година го издаде својот прв ЛП наречен „Прљаво казалиште“. Но, тоа е долго и славно минато, напишано од долгогодишни пријатели, кумови и големи музичари кои заедно ги исполнија арените и стадионите и ја фрлија публиката во транс. Денеска, Тихомир Филеш и Јасенко Хоура, основачите на бендот за чие распаѓање нивната публика вечно ќе жали, веќе не зборуваат, а како почнало, во иднина би можеле да разговараат само преку своите адвокати. За тоа дека членовите на бендот имаат различни музички визии и желби, како и тоа што се заситија еден од друг, се зборуваше уште во 2021 година. Никој не му придаваше преголема важност на тоа, бидејќи престрелките и полошите периоди не се невообичаени за групи со повеќе луѓе, па така и за бенд колку што е Прљаво казалиште. Но, наместо да се смират страстите, да се заборават лошите денови, работата ескалирала и резултирала со распад на бендот, но и можни тужби. Имено, иако е јасно дека нема да продолжат да соработуваат, Хоура, вели Филеш, се договорил на 24 јуни за изведбата на Прљаво Казалиште во Врбник на Крк. Во соопштението објавено на социјалните мрежи од Туристичкиот одбор на Врбник не пишува кој ќе пее и кој ќе свири, но Филеш, кој е сопственик на брендот и името на бендот, вели дека настанот не треба да се нарекува „Прљаво Казалиште концерт“ ако музичарите и туристичкиот одбор не сакаат да биде тужени. – Секако, бендот може да настапува под друго име. Не е проблем. Но, под името Прљаво Казалиште – не – се определува Филеш.]]>

Почина басистот на „Прљаво казалиште“, Дубравко Ворих https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-basistot-na-prljavo-kazalishte-dubravko-vorih/ Tue, 12 Mar 2019 14:07:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77249

Минатата пролет на музичарот Дубравко Ворих му беше дијагностициран тежок карцином, додека бендот беше на австралиска и американска турнеја. Денес, легендарниот басист на „Прљаво казалиште“ ја загуби битката со тешката болест и почина во Загреб, на 59-годишна возраст.
Беше еден од најдобрите хрватски басисти, а со „Прљаво казалиште“ свиреше повеќе од една деценија. По враќањето во Загреб од австралиско-американската турнеја, „Прљаво казалиште“ спремаа спектакуларен концерт на домашен терен кој Ворих во никој случај не сакаше да го пропушти. На лична иницијатива свиреше на тој концерт, а а веќе следниот ден замина на операција.]]>