признавам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 Feb 2021 13:32:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png признавам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Татјана Стојановска во издание какво не сте ја виделе досега: Презентерката запеа во емисија (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-stojanovska-vo-izdanie-kakvo-ne-ste-ja-videle-dosega-prezenterkata-zapea-vo-emisija-video/ Sat, 13 Feb 2021 08:02:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187514

Презентерката Татјана Стојановска важи за една од најубавите и најелегантни ТВ дами. Стојановска имаме прилика да ја гледаме на вестите на Канал5 телевизија каде со години професионално си ја работи својата работа. Иако не е премногу активна на социјалните мрежи, понекогаш знае да објави некоја фотографија, а ретко имаме прилика да ја видиме во поразлични изданија од оние на кои сме навикнати. Татјана гостуваше во емисијата „Еден на еден“ кај Жаре каде што зборуваше за својата професија, во еден момент дури и задача да чита брзозборки и одлично се снајде во тоа. Исто така, таа откри дека со сопругот Михаил знаеле често да одат на караоке шоу и таа да се фати за микрофон и да ја запее „Признавам“ од Маријана и Росана. Татјана заедно со Жаре во емисијата запеаја дел од познатата песна, а како звучеше тоа може да слушнете во видеото подолу.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Еден на Еден (@edennaeden)

]]>

„Макфест“ ги обвини навивачите на „Вардар“ за сквернавење на евргринот https://arhiva.vistina.com.mk/makfest-gi-obvini-navivachite-na-vardar-za-skvernavenje-na-evrgrinot/ Fri, 07 Jun 2019 11:12:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91929

Безвременскиот хит на сестрите Маријана и Росана, нумерата „Признавам“ која беше изведена на фестивалот за забавни мелодии „Макфест” во 1988-ма година, деновиве е повторно актуелен, но како обработка и навивачка химна на ракометниот шампион Вардар. Обработката е дело на екипа Асови и композиторот Александар Митевски, а е насловена „Вардаре не те оставаме”.
Сепак, песната која за кратко време стана доста популарна кај навивачите на Вардар, не им се допаднала многу на одговорните од фестивалот „Макфест”. На Фесјбук страницата на фестивалот се објави реакција, во која се тврди дека со обработката се направила вулгаризација и уништување на безвременскиот хит.
-Не e прв пат хитови од Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, со или без согласност да се користат во маркетиншки цели. Последново такво нешто е божемната химна на „Вардар“. Всушност тоа е песната со наслов „Признавам“ на авторот Тоде Новачевски, а 1988-ма година на сцената на Макфест ја отпеаја сестрите Маријана и Росана. Овој евергрин имаше повеќе преработки во зависност од мотивацијата на тие што сакале да го имаат овој безвременски хит, на своите аудио и видео записи. Сетоа тоа било во рамки на пристојноста. Но, ова е божемната химна на Вардар, е проста вулгаризација и уништување на овој безвременски, макфестовски хит. Песната од лирична-љубовна, е зорле направена да биде божем химнична. Се отишло премногу во невкус, безгранично во уништување на песната, наведено е во реакцијата. Ова го пренесоа и преку РАДИО ШТИП.
За препевот „Вардаре не те оставаме“ кој е актуелен деновиве, Росана Сариќ Тодоровска вели дека се е регурално и кој како сака и како љуби, така нека си ја пее песната. -Уште вчера ја видов реакцијата на „Макфест”. Можам да кажам дека се е регуларно. Навивачите страствени на Вардар дојдоа и ме прашаа за дозвола, а знам дека го прашале и композиторот Тоде Новачевски, и од него добиле дозвола. „Признавам” е евергрин за сите времиња и за сите генерации, па се прашувам што има лошо ако сакале да ја направат химна на нашите најдобри ракометари. Таа и како химна на Вардар ќе биде препознатлива и одлична, и пак за сите генерации. Нас ни е чест што песната “Признавам” ја препеале нашите навивачи. И композиторот Александар Митевски направи се што можеше во позитивен контекст и апсолутно помогна, знаејќи дека е добиена дозвола од мене, од Маријана и Тоде, изјави Росана, пренесува  ФОКУС. Извор: Курир.мк]]>