привлекуваат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 Sep 2023 09:18:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png привлекуваат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Спротивностите се привлекуваат“ веќе не важи! Еве што вели новото истражување https://arhiva.vistina.com.mk/sprotivnostite-se-privlekuvaat-veke-ne-vazhi-eve-shto-veli-novoto-istrazhuvane/ Fri, 29 Sep 2023 09:18:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320403

Правилото „Спротивностите се привлекуваат“, се чини, веќе не важи. Ново истражување открива најмалку пет својства на меѓусебната привлечност поврзана со сличностите и современата успешна и трајна врска. Сеопфатно проучување од Универзитетот на Колорадо во САД опфати повеќе од 130 особини на милиони двојки во распон од еден век. Во 82 – 89 отсто од особините – од политички наклонетости до избор на начин на живот, партнерите покажале впечатливи сличности. Од друга страна, само три отсто од личните особини покажале некаква спротивност. Покрај разбирањето на љубовта, врз овие откритија имаат значително влијание и генетските истражувања, пренесува „Хелти“ (The Healthy). Д-р Метју Келер, автор на испитувањата и професор на Институтот за бихејвиорална генетика, психологија и невронаука при Универзитетот во градот Боулдер, истакнува дека многу генетски модели претходно веруваа дека човековото поврзување е случајно… Сепак, последните сознанија посочуваат дека луѓето прилично „намерно“ бараат одредени особеносати кај партнерот. 1. Политички и верски убедувања Тања Хорвиц, една од авторите, вели оти „секоја птица е поверојатно да лета до сопственото јато“. Затоа и за многумина можеби не е шок што заедничките уверувања се меѓу најбитните показатели дека врската може да трае долго. 2. Исто ниво на образование и коефициент на интелигенција Нивото на образование ја диктира човековата потреба за интелектуална стимулација. Поединци во САД, на пр., сѐ повеќе наоѓаат партнери со исто или слично ниво на интелигенција. Според познавачите, оваа шема може на долг рок да ги засили социо-економските разлики. 3. Висина Луѓето велат: големината е важна. Се чини, тоа важи за висината. Според Хорвиц, ако пониските лица првенствено избираат партнери со сличен раст, а повисоките луѓе го прават истото, следните поколенија би можеле да се одликуваат со поизразени разлики во висината – но и сличните наследни особини, како медицински предиспозиции, однесување итн. 4. Слични ставови кон консумените и пороците И односот кон супстанции како алкохолот и тутунот може значително да влијае на љубовниот избор. Новото истражување открива јасна шема: страсните пушачи, алкохоличари и од друга страна оние кои „апстинентните од пороци“ често се дружат со оние кои ги споделуваат тие навики. 5. Година на раѓање Можеби изгледа очигледно, но возраста се издвојува како јасен признак на компатибилноста. Луѓето најчесто наоѓаат партнери кои им одговараат на нивото на емоционална зрелост, што можеби ја одразува генерациските вредности и искуства. Инаку, истражувањето покажа дека факторот претходни партнери, на пр., или дури и животните искуства, како што е доењето, влијаат на изборот на партнер, иако во помала мерка. И невротичноста, како и други позитивни или негативни особини, покажаа минимални, но позитивни корелации во смисла на меѓусебната привлечност. Интересно, компатибилноста кога станува збор за отвореност или воздржаност не е клучна. Хорвиц коментира: „Луѓето ги имаат сите овие теории дека екстровертите се како интроверти или екстроверти како другите екстроверти, но факт е дека тоа е како да превртувате паричка: екстровертите имаат исто толку шанси да завршат со екстроверти како и интровертите“. Иако сѐ ова посочува дека сличностите доминираат во романтичните избори, постојат исклучоци. Одредени особини, како што се моделите на спиење (да се биде утринска личност наспроти „ноќна птичка“) и донекаде анксиозноста укажуваат на привлекување на спротивностите. Сепак, корелацијата тука е недоволно јасна и бара дополнителни истражувања. Извор: Курир]]>

Дали сличностите се привлекуваат? Откријте зошто некои луѓе веднаш се засакуваат https://arhiva.vistina.com.mk/dali-slichnostite-se-privlekuvaat-otkrijte-zoshto-nekoi-luge-vednash-se-zasakuvaat/ Fri, 25 Aug 2023 14:00:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315444

Експертите тврдат дека најверојатно нè привлекува некој што е сличен на нас, но и дека привлечноста зависи од многу други фактори. Истражувањата покажуваат дека е потребно помалку од една секунда по средбата со некого за да одлучиме колку ни се допаѓа таа личност и дали нè привлекува или не. – Кај некои луѓе привлечноста се појавува по долгогодишно пријателство. Одеднаш вашиот колега или близок пријател може да ви изгледа неверојатно привлечно – вели сексуалниот терапевт Ли Норен. – Во други случаи, сè може да оди во спротивна насока, а привлечноста кон партнерот, на пример, исчезнува и потоа исто толку неочекувано повторно се појавува неколку месеци подоцна – додала таа. Ли објасни дека има многу фактори кои влијаат на привлечноста. Тие делуваат во исто време и можеби се поважни од изгледот на една личност. Ова се факторите кои влијаат на моменталната привлечност: Близина Поголема е веројатноста да нè привлече некој кој е физички поблизок со нас, како што е некој што живее во нашето соседство или колега на работа. Сличност Исто така, поголема е веројатноста да нè привлече некој што е сличен на нас. Сепак, тоа што сме слични не гарантира долговечност на врската или колку сме среќни заедно. Физичка возбуда Кога ќе сретнеме некој што не го познаваме, тоа ги зголемува шансите да почувствуваме моментална привлечност. Ист е случајот кога сме физички возбудени, односно кога пулсот се зголемува како последица на адреналинот. Расположение Ни се допаѓаат луѓето кои прават да се чувствуваме добро. Исто така, повеќе ги сакаме другите кога се чувствуваме добро за себе. Поголема е веројатноста да не привлече некој кога сме расположени. Помал избор Кога имаме помалку потенцијални партнери за избор, ги гледаме присутните како попривлечни. – Кога се чини дека партнерот е тешко да се фати, тогаш ни станува попривлечен – вели Ли Норен. Изглед Привлечноста што ја чувствуваме може да зависи и од тоа дали другите луѓе ја сметаат таа личност за привлечна. Зависи и од тоа дали во истата просторија има други луѓе чиј физички изглед ни е привлечен. – Изгледот на личноста обично е поважен на почетокот на врската отколку подоцна – објасни терапевтката. Хормони Привлечноста што ја чувствуваме е делумно одредена од нашето сетило за мирис и хормоните. Повисоко ниво на окситоцин и допамин може да го зголеми нивото на привлечност. – Навистина има многу фактори кои влијаат на тоа дали некому ќе му бидеме привлечни или не – заклучила таа, а пренесува „Your Tango“. Извор: Попара.мк]]>

Какви мажи најмногу ги привлекуваат жените? https://arhiva.vistina.com.mk/kakvi-mazi-najmnogu-gi-privlekuvaat-zenite/ Fri, 11 Feb 2022 13:15:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238790

Енергијата на самодоверба е она што сите ги претвора во неверојатно привлечна личност и личност кон која сите се вртат. Повеќето жени сакаат самоуверени мажи кои не мора да се поврзуваат со дебели банкарски сметки или добар автомобил, па дури и со нечија естетика. 1. Мажите кои се сигурни во себе емитуваат многу харизма и веруваат во себе. Кога влегуваат во просторија, носат многу енергија што им сигнализира на другите дека пристигнале. Тие не делуваат како освојувачи туку како познавачи на ситуации и личности кои се во просторијата. 2. Секогаш е заштитнички натсроен, но такво однесување кое не задушува, туку е сосема природно и луѓето се чувствуваат безбедно во негово друштво. Не посегнува по озборувања, нема краток фитил и во сѐ ја бара позитивната страна. 3. Не се фокусира се на вашите недостатоци и не се жали премногу. не игра улога на жртва ниту оди на таа карта. Храбро се справува со сите работи. 4. Се чувствува добро во својата кожа. Не изгледа како фитнес модел или личност како од Instagram, но разбира колку е важно да се има физичка активност. Тоа е и можност да запознава нови пријатели. 5. Емитуваат позитивна енергија така што се слабо депресивни и нивната насмевка ви ја пренесуваат како и љубовта што треба да ви ја дадат. извор: Кајгана]]>

Женски имиња кои привлекуваат богатство и среќа https://arhiva.vistina.com.mk/zenski-iminja-koi-privlekuvaat-bogatstvo-i-srekja/ Fri, 08 May 2020 12:21:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148647

Се верува дека името, благодарејќи на својата енергија, може да влијае врз судбината на оној кој го поседува. Според верувањата имињата Ана, Викторија и Марина, се имиња кои привлекуваат богатство и благосостојба. Жените кои го носат името Ана имаат повеќе сила од другите, тие се внимателни и упорни. Викторија, всушност како што го носи значењето и самото име, е победник. Способноста да ја анализира ситуацијата и да убедува, ѝ помага да ги оствари своите цели. Марина се смета за природен водич. Не се плаши од големиот тим, напротив со него одлично се носи. Стилот на управување на Марина е оној вистинскиот. Постои уште една група женски имиња, кои привлекуваат богати мажи во својот живот. Тука спаѓаат Анастасија, Злата и Софија. Анастасија е секогаш жена која не цели кон богатство, но сепак стапува во брак со успешен и имотен маж. Судбината ѝ е наклонета и секогаш живее добро. Името Злата привлекува пари како магнет. Жените со ова име се секогаш успешни кога станува збор за финансии. Името Софија го краси животната мудрост. Судбината им е наклонета на сите жени кои го носат ова име. Софија мудро ќе избере личност која е стабилна, па секогаш ќе има добар прилив на пари во домот, додека и таа самата ќе работи за богаството да се одржи и прошири. извор: Курир.мк]]>

Спротивностите се привлекуваат: Вистина или мит? https://arhiva.vistina.com.mk/sprotivnostite-se-privlekuvaat-vistina-ili-mit/ Fri, 22 Nov 2019 13:56:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120086

Сте слушнале ли за изреката дека спротивностите се привлекуваат? Дознавме зошто ова тврдење е апсолутно точно. Иако на првиот состанок најчесто се обидуваме да го пронајдеме заедничкиот јазик и нештата по кои сме слични, некои работи сепак не треба да бидат исти кај двајцата партнери. Имено, како што пишува Your Tango, личноста чиј карактер е сосема различен од вашиот, ќе ве извлече од вашата комфор зона и ќе ви го прошири хоризонтот. На пример, доколку сте интроверт и уживате поминувајќи го времето дома пред телевизија, гледајќи романтичен филм со кафе во раце и замотани во ќебе, не ви паѓа на памет да се впуштите во некоја луда авантура. Баш тука настапува вашиот партнер кој ќе ве фати за рака и ќе ви го покаже светот надвор од четирите ѕида. Од друга страна, вие ќе му покажете дека понекогаш е убаво да се здивне малку и да се ужива во домашна атмосфера. Ваквите партнери совршено се надополнуваат и нивните врски се совршено балансирани. Сепак, постојат работи за кои мора да се сложите и да се разбирате меѓусебно, но допуштете си да постојат разлики помеѓу вас. На тој начин ќе биде поинтересно и ќе уживате во врската. извор: Кајгана]]>