присети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 Jul 2023 10:19:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png присети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Емилија Розман ја надвјасаа спомени, па го одбележа денот: Три годи станаа откако набрзина се зеде, ама толку и откако експресно се разведе (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/emilija-rozman-ja-nadvjasaa-spomeni-pa-go-odbelezha-denot-tri-godi-stanaa-otkako-nabrzina-se-zede-ama-tolku-i-otkako-ekspresno-se-razvede-foto/ Mon, 17 Jul 2023 10:19:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310432

Емилија Розман е феномен... Дамата со неколку професии, од манекенка, мисица, модел, преку академска диплома, до сопственичка на свој бизнис, долгонога убавица која и по толку години се чини како се' уште да се бара себе си... И професионално и особено приватно.   Љубовниот живот и е некако како на клацкалка - „upside - down“... Најпрвин сите ги шокираше со својата одлука на 16-ти јули 2020 година,  кога после едвај 24 часовно познанство  се омажи за Стефан Ангелкоски, момчето кое после минато само едно деноноќие со неа ја побара за жена, а шокот го дуплираше откако по две недели таа реши од него и да се раздели. Колку за потсетување, запросувањето на госпоѓица Розмантична беше како од бајка и тоа најромантична... „Во врска бевме само 24 часа откако Стефан ме побара за жена. Сè се случи со молскавична брзина. Во вторникот со мој другар седев кај него во гостилница, имав пауза од работа. Со другар ми отидовме да јадеме, кога таму влезе Стефан и дојде кај нас на маса да се поздрави, бидејки се познаваа со другар ми. Кога ја пружи раката да се поздрави со мене ја симна маската и кога му ја видов насмевката веднаш паднав. Се договоривме да одиме утредента, во средата во Охрид. На пат за Охрид, како што се возевме, ми рече: „Сакаш ли да одиме во матично?“ Јас реков – зошто да не. Ама ова беше заљубување до даска, 200 посто и тој и јас. Во Охрид сакавме да направиме матично, покрај езеро. Но, не нѝ успеа бидејки Стефан немаше извод. Кога се вративме во Скопје предложи да одиме на Козјак. По пат почна да се шегува со мене, дека наводно се предомислил. Кога стасавме таму, додека да се свртам тој веќе беше клекнат на колена со прстен во раце. Секако реков  ДА“ - изјави тогаш Розман за македонските портали, која претходно четири години била сама. Експресниот развод потоа убавата Емилија многу не го коментираше, освен со понекоја шега на своја сметка на социјалните мрежи. Арно ама, сега три години подоцна, на истиот тој датум, Розман како да ја надвјасаа спомени, па реши да го одбележи денот. 16-ти јули 2020 - 16-ти јули 2023-та... Три години станаа  откако набрзина се зеде, а за некој ден ќе бидат толку и откако експресно се разведе! Сепак, споделените емотикони со бакнежи нешто кажуваат... Дека не и е баш сеедно, па колку кратко и да траело, нешто сепак останало? Впрочем, пријателството веројатно и потоа никогаш не згаснало, за што најдобро говори лајкувањето на поновите фотографии на нејзиниот екс - „инстант сопруг“  од страна на  Емилија? Можеби затоа и на денот што  некои цел живот го чекаат, госпоѓица Розмантична беше волку носталгична?! До душа, ај ќе почекаме да видиме што ќе сподели со народот на денот на разводот? Фото: Фејсбук/Stefan Angelkoski/Инстаграм/rozmanticna]]>