природен лек – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Jul 2022 11:10:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png природен лек – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Направете природен лек против анемија – Одличен за трудници и деца и ја подобрува крвната слика за рекордно време https://arhiva.vistina.com.mk/napravete-priroden-lek-protiv-anemija-odlichen-za-trudnici-i-deca-i-ja-podobruva-krvnata-slika-za-rekordno-vreme/ Tue, 05 Jul 2022 12:30:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257171

За време на бременоста, на жените им треба двојно повеќе железо од небремените жени. Поголемите потреби се должат на тоа што бебето треба да се снабдува со кислород и преку организмот на мајката. Потешка форма на анемија за време на бременоста може да го зголеми ризикот од предвремено породување, раѓање на бебе со мала телесна тежина, но и да го зголеми ризикот од постпородилна депресија. Доколку се чувствувате слабо и исцрпено за време на бременоста, задолжително спомнете го тоа кај докторот, кој ќе ви ја провери крвната слика и ќе вклучи терапија доколку е потребно. Организмот секако треба да го зајакнете со природни препарати, а има и природен лек кој е одличен за подобрување на крвната слика. Потребни состојки: – 200 мл мед – 200 гр ореви – 200 гр суво грозје – 200 мл сок од морков – 200 мл сок од цвекло – 2 лимони Подготовка: Измијте 2 лимони. Исечете ги на половина и извадете ги семките. Сомелете ги заедно со кората (ако лимонот е испрскан – излупете го) и ставете го во голема тегла. Во мелениот лимон додадете мед, сок од цедено цвекло и сок од морков и измешајте. Во смесата додадете ситно сечкани или мелени ореви и суво грозје и повторно измешајте сè. Ќе добиете околу 1 кг вкусна и многу здрава лековита супстанција. Земете по една лажица три пати на ден, пред јадење. Чувајте ја теглата во фрижидер.]]>

Не мора да пиете таблети: Постои и природен лек да го спречите гадењето додека патувате https://arhiva.vistina.com.mk/ne-mora-da-piete-tableti-postoi-i-priroden-lek-da-go-sprechite-gadenjeto-dodeka-patuvate/ Tue, 18 Aug 2020 12:45:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163884

Најранливи се децата до 12 години и жените, додека мажите поретко го имаат овој проблем. Одење на подолго патување за оние склони кон гадење во текот на возењето може да биде стресно и непријатно искуство. Иако не можеме да отпатуваме на море, сепак и патот до нашите езера трае неколку часа. Нервоза, вртоглавица, повраќање, мачнина во желудникот може да го уништат секое патување, но благодарение на природните и други препарати овие несакани ефекти можат да се спречат. Многу родители не сакаат најмладите да бидат изложени на непотребни лекови уште од рана возраст, па затоа се свртуваат кон алтернативни методи, а кога станува збор за гадењето најдобро е да се посегне за ѓумбир. Исечете малку свеж корен од ѓумбир и изедете еден грам, околу половина кафена лажичка, три часа пред патување. Исто така може да ви помогне ако капнете две капки етерично масло или еукалиптус на марамче и повремено вдишувајте за време на возењето. Држете ги очите затворени и ставете очила за сонце, задолжително избегнувајте читање и седете во правец на движење на возилото. Ќе ви помогне и да гледате во една точка, поточно, да бидете фокусирани и да не правите ненадејни движења со главата. извор: Курир.мк]]>

Лекувајте ги изгорениците од сонце на природен начин https://arhiva.vistina.com.mk/lekuvajte-gi-izgorenicite-od-sonce-na-priroden-nachin/ Tue, 30 Jun 2020 12:50:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156340

Сигурни сме дека барем еднаш сте се нашле во ситуација кога сте доживеале непријатност во форма на изгореници. Негата на кожата во летните месеци мора да вклучува подготовки за заштитен фактор. Иако со години се зборуваше дека премногу интензивно изложување на сончеви зраци може да биде штетно за изгледот на кожата, сепак има голем број на луѓе кои брзаат кон плажите со првите зраци на летото сонце за да добијат тен. Ако претрпите изгореници поради непочитување на советите на дерматологот или поради други околности, веднаш мора да започнете со лекување на заболената кожа, а некои од природните лекови се најдобрата терапија за прва помош. Млеко Можеби звучи чудно, но навистина функционира. Млечните протеини се исклучително корисни и можат да помогнат во смирувањето на црвенилото и чувствота на горење. Пешкир натопен во млеко и ставен директно на изгорениците создава протеински слој кој ја ублажува болката и и помага на кожата да заздрави. Чај Овој метод е особено ефикасен кога станува збор за изгореници на лицето, особено во пределот околу очите. Кесичките чај од нане, камилица или зелен чај треба да се натопат во ладна вода, да се остават неколку минути за да ги активираат листовите од чајот, а потоа да се стават директно на изгорените места. Сода бикарбона Содата е незаменлива во куќата, а има и свој придонес кога станува збор за лекување на изгореници. Може да го олесни воспалението, истовремено намалувајќи го чувството на чешање околу изгорената област. Сè што треба да направите е да ставите грст сода бикарбона во када со млака вода и да ја седите во неа 15 минути. Облоги од краставица По неколку часови сончање, што довело до непожелни ефекти врз кожата, користете краставица, која го ублажува и лекува сончањето. Богата со витамини А, Б и Ц, познато е дека одговара на скоро секоја кожа, ќе го ублажи воспалението за кратко време и ќе ја обезбеди потребната хидратација. Домати Антиоксидансите од доматите се добра превенција против инфекции на површината на кожата кои се оштетени поради изложеност на силна сончева светлина. Извадете го доматот од фрижидерот, излупете го, а потоа исецкајте го во кругови или изрендајте го, така што ќе стане каша. Додека смесата е сè уште ладна, нанесете ја на изгорениците и оставете ја да отстои половина час, а потоа извадете ја со влажна крпа. извор:попара.мк]]>

Најдобриот природен лек за чистење на никотинот од организмот https://arhiva.vistina.com.mk/najdobriot-priroden-lek-za-chistenje-na-nikotinot-od-organizmot/ Wed, 06 Feb 2019 13:30:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=71422

Кога ќе испушите цигара, никотинот циркулира во крвта во просек од 6- 8 часа. Најголемиот дел од никотинот се елиминира со урина, но потребни се 48- 72 часа за да се исфрли преостанатиот никотин од вашето тело. Во тој процес можат да помогнат водата, одредени видови на овошје и зеленчук, особено оние кои содржат витамин Ц. Тоа е најпознатиот витамин за исфрлање на никотинот од крвотокот, бидејќи го подобрува метаболизамот и ги создава белите крвни зрнца, но пушачите треба да внесуваат значително поголема доза од овој витамин отколку непушачите, до 2000 милиграми. Што е најдобро за исфрлање на никотинот од организамот: Вода – никотинот го дехидрира телото, па затоа поголемиот внес на вода е неопходен бидејќи помага телото да го исфрли никотинот. Коприва – оваа билка е богата со железо и многу корисна за дезинфекција и одлична во борбата против инфекциите. Зеленчук – конзумирањето на поголема количина целер, тиквици, грав и краставица може да придонесе во намалување на никотинската зависност. Не јадете многу сладок зеленчук, бидејќи прекумерната количина глукоза го активира делот од мозокот одговорен за уживање и задоволство. Портокал – содржи високо ниво на витамин Ц, па придонесува никотинот брзо да се исфрли од телото на пушачите. Сок од морков – сокот од морков содржи витамини А, Б, Ц и К кои помагаат никотинот да се елиминира од телото. Никотинот исто така и штети на кожата, а сокот од морков има многу витамини кои се добри за кожата. Брокули – содржат високо ниво на витамини Б5 и Ц. Тие содржат и супстанца која ги штити белите дробови од оштетувањата предизвикани од никотинот. извор: Курир.мк]]>

Решете го проблемот со опаѓање на косата на природен начин! https://arhiva.vistina.com.mk/reshete-go-problemot-so-opagjanje-na-kosata-na-priroden-nachin/ Mon, 21 Jan 2019 14:00:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=68207

За да го направите леков кој датира од стари времиња и уште се нарекува древен рецепт, потребни ви се само 3 состојки кои ги имате во вашата кујна. Природен е, домашен, а можат да го користат и мажи и жени. Со редовна употреба резултатите нема да изостанат, ќе видите подобрување. Поврзана слика Потребни состојки:
  • Малку маслиново масло;
  • 1 лажица мед;
  • 1 лажица цимет.
Подготовка:
  1. Маслото ставете го да се стопли, но не и да врие.
  2. Потоа во него ставете ги медот и циметот, па добро промешајте.
  3. Со оваа природна мешавина масирајте го коренот на косата еднаш дневно и оставете да стои барем 15 минути.
Со редовна нега и здрава исхрана, коренот на вашата коса ќе зајакне и таа ќе престане да паѓа. Луѓето кои го користеле овој лек тврдат дека препаратот е делотворен, а природната мешавина исто така помага за справување со ќелавоста. Се надеваме ќе ви помогнат и вам!]]>

Најдобар природен лек против воспаление на синусите https://arhiva.vistina.com.mk/najdobar-priroden-lek-protiv-vospalenie-na-sinusite/ Fri, 18 Jan 2019 16:00:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=68002

Воспаленијата на синусите се особено чести во текот на зимскиот период. Тие предизвикуваат отежнато дишење и спиење, силна главоболка, а понекогаш и тахикардија. Иако вообичаено проблемите со синусите треба да се лечат со антибиотици, сепак постојат и домашно подготвени лекови кои можат да ни помогнат. Ова е природен лек кој мошне брзо ќе ви помогне да се ослободите од ваквиот проблем. Потребни состојки: 1 мала шолја мед 1 мала шолја лимон 6 главици ротквици 1 кромид 5 чешниња лук Начин на подготовка: Измијте го зеленчукот добро, а потоа исецкајте ги на мали парчиња. Ставете ги сите состојки во блендер и миксирајте додека смесата не се соедини, односно додека не добиете хомогена смеса. На крајот, ставете ја во стаклен сад и чувајте ја во фрижидер. Се препорачува 2 супени лажици дневно.]]>

Како какаото делува на Вашиот организам https://arhiva.vistina.com.mk/kako-kakaoto-deluva-na-vashiot-organizam/ Tue, 10 Apr 2018 12:32:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19964

Природен лек - какаото ја зголемува отпорноста на штетното ултравиолетово зрачење, го стимулира мозокот да создава ендорфин, го чува кардиоваскуларниот систем.
Какаото воглавно се консумира заради опојниот мирис и вкус, но повеќето од нас не размислуваат за неговите други, вистински вредности. Зголемениот број на истражувачи кои се фокусираат на овој егзотичен плод, ги откриваат другите корисни вредности. Благодарение на изобилството на различните состојки, се покажа дека е ефективно на повеќе "полиња". Флавонолите, подгрупите на флавоноидите, се особено интересни за модерната медицина. Истражувањата покажуваат дека кај испитаниците кои пиеле какао со високо ниво на флавонол значително им го намалило крвниот притисок и ја подобрило функцијата на крвните садови за 47 проценти. Професорот Карл Кин од Универзитетот Дејвис во Калифорнија, член на меѓународниот истражувачки тим, нагласи дека сите несакани ефекти се исклучени. Во исто време, флавонолите како антиоксиданти имаат способност да ја неутрализираат активноста на слободните радикали, чие производство во текот на метаболичките процеси во телото ги оштетува различните клеточни ќелии, вклучувајќи ја и ДНК-та, што доведува до стареење и формирање на разни дегенеративни болести. Истражувачите велат дека е исклучително ефикасен во зачувувањето на здрава кожа. Редовното консумирање на какао ја зголемува отпорноста на кожата на штетно ултравиолетово зрачење, со што се одложува појавата на иритација и црвенило, брчки и пигментација. Исто така, стимулирана е и микроциркулацијата, која обезбедува подобро снабдување со хранливи материи и кислород и ја зголемува густината на дермата - средниот слој на кожата која дава еластичност и напнатост. Хидратацијата се зголемува и спречува губење на вода.
Во тримесечна студија, холандски и германски научници докажале дека кожата на жените кои секојдневно пиеле топло какао, станала понежна, хидрирана и помалку осетлива на активноста на сонцето. Тие го докажаа што знааеја одамна и Астеците. Какаото го стимулира мозокот да создава ендорфин, што доведува до релаксација, елиминација на стресот и болката. Ја стимулира секрецијата на допамин и серотонин што го зголемува нивото на расположението, што луѓето што се склони кон депресија го надополнуваат со огромна количина на чоколадо. Во секој случај, какаото е извор на менталното здравје и добро расположение, и за разлика од синтетичките лекови, не постојат несакани ефекти. Ниту Британците не останаа имуни на предизвикот да ја проверат здравствената ефикасност на какаото. Тие откриле дека дневниот внес на шоља какао го спречува згрутчувањето на крвта, односно тромбот, кои, ако стигнат до срцето или мозокот, може да предизвикаат инфаркт или мозочен удар. Исто така, докажано е дека дневната потрошувачка од 22 грама какао во прав значително го намалува таложењето на лошиот холестерол на ѕидовите на крвните садови. Затоа, какао во прав треба да се консумира без грижа на совеста. Полифенолите се друг вид на состојки кои ги содржи какаото, кои играат важна улога во зачувувањето на здравјето, бидејќи го штитат кардиоваскуларниот систем како антиоксидантите и влијаат на намалувањето на високиот крвен притисок. Со цел да се зачуваат полифенолите во чоколадото, некои производители избираат квалитетни зрна какао. Во текот на продизводството се скратува времето на ферментација, со цел да се намали губитокот на полифенолите. Затоа е важно да проверите на декларацијата какво чоколадо јадете. По правило, штангла чоколадо од триесет грама треба да има 300 милиграми полифеноли. Иако оваа состојка ја има и во овошјето, зеленчукот, чајот и виното, експертите велат дека убедливо  најсилно делува какаото. Затоа, немојте да се двоумите.
Желба за чоколадо Повеќе од 40 отсто од жените секојдневно чувствуваат потреба за чоколадо, затоа што после овулацијата се намалува нивото на серотонин, поради што се јавува променливо расположение и раздразливост. При конзумирање на чоколадото се ослободуваат ендорфини, кои дејствуваат не само релаксирачки, но исто така придонесуваат за младешки изглед. Теобромин Какаото содржи стимуланс теобромин, алкалоидот, кој му припаѓа на семејството на кофеин. Тој е значаен бидејќи го стимулира централниот нервен систем и срцето, ги шири крвните садови и претставува диуретик. Се екстрахира од лушпите на семето од какао, а од јадрото, по ферментацијата и пржењето на какаото се добива масло и какао во прав.]]>