принц џорџ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 21 Jul 2023 08:01:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png принц џорџ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Начинот на кој Кејт и Вилијам го воспитуваат остава без зборови: Принцот Џорџ ја прекинува традицијата на кралското семејство стара повеќе од сто години https://arhiva.vistina.com.mk/nachinot-na-koj-kejt-i-vilijam-go-vospituvaat-ostava-bez-zborovi-printsot-dhordh-ja-prekinuva-traditsijata-na-kralskoto-semejstvo-stara-poveke-od-sto-godini/ Fri, 21 Jul 2023 08:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311086

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам постојано истакнуваа дека сакаат нивните деца да растат како своите врсници. Со новата одлука повторно покажуваат дека сакаат нивните деца да имаат што е можно по нормално детство. Имено, нивниот најстар син, принцот Џорџ, оваа сабота го слави својот десетти роденден. Во британското кралско семејство во тие години има и некои службени обврски кои треба да ги извршува секој член на семејството. На пример, на десетгодишна возраст, децата на кралското семејство мора да прифатат обврски во воениот рок, а со текот на времето и да служат воен рок. Воениот рок за членовите на семејството порано беше задолжителен, но не и за Џорџ На Џорџ, кој е втор во редот за тронот, ќе му биде дозволено да ја избегне традицијата која трае повеќе од сто години. Неговиот татко, чичко, дедо, прабаба и прадедо служеле војска, но тој не мора да ја продолжи таа традиција, пишува Дејли Мејл. -Традицијата на приклучување на кралското семејство во вооружените сили, дури и на кратки периоди, дава клучен легитимитет на монархијата, вели историчарот Доминик Сендбрук. Тој додава дека „теоретски, ништо не го спречува Џорџ да продолжи со кариера како астронаут, на пример, ако тоа е она што тој го сака, а потоа подоцна да стане крал“. -Правилата се поинакви сега и тој не мора нужно да ја следи формулата да оди во војска, вели Сендбрук. Кејт и Вилијам се решени да им овозможат на своите деца Шарлот, Џорџ и Луис што е можно понормално детство, кое вклучува слобода да ги следат своите интереси. Инаку, принцот Вилијам беше во вооружените сили повеќе од седум години, а Хари дури служеше во Авганистан во воената зона.]]>