примена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 May 2022 07:53:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png примена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што чита новата девојка на Дарко Спејко: Хрисанта дава или зема часови по, знаете веќе што…? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/shto-chita-novata-devojka-na-darko-spejko-hrisanta-dava-ili-zema-chasovi-po-znaete-vekje-shto-foto/ Thu, 12 May 2022 07:51:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249933

Летото наближува, време е да се размислува за годишни одмори, но и  зачестени викенди зашто временските услови се се подобри, а деновите подолги  и посончеви! А моментите за време на престојот  во природа и особено на плажа, меѓу остананатото можат да се пополнат со читање книга. нешто што неретко го гледаме додека на пример се сончаме покрај морскиот или езерскиот песочен брег. Книгата велат е најдобриот нематеријален човеков пријател и не се далеку од вистината. Единствено останува дилемата кој колку и особено кој што чита? Какво четиво, која литература? Новата девојка на „Големиот брат“ од Куманово, Дарко Спејко не е исклучок од кажаното, зашто барем споделеното на нејзиниот Инстаграм, Хрисанта Монева меѓу другото е и голем љубител на книгата! Во се која можна пригода, особено во природа или на плажа долгоногата убавица се дружи со книгата... Така барем покажува! Атрактивната пробиштипјанка  чекаше да дојде саемот на книгата  за да го прошири својот избор на омилена литература, која ја релаксира и забавува, но која може и да едуцира и од неа многу нешта  да се научат! Особено ако одбраната литература е со  содржина која ги третира машко - женските односи... Како и да е, литературниот избор на русокосаа убавица овој пат ем поучен, ем практичен.  До душа не е баш „Камасутра“ во прашање, ама не е ни „мало сутра“... Што можеш денес, не оставај за утре... Меѓудругото и кога е во прашање читањето, а и практикувањето на прочитаното. Единствена дилема што тоа ова лето ќе чита Хрисанта, самата ја расчисти, па на својот профил на социјалните мрежи го понуди одговорот: Хрисанта ја чита „Часови по секс“! Случаен или намерен избор, можеби предлог од некого? Ако не ја знаете содржината на книгата веднаш ќе се запрашате, има ли можност од истата нешто да се научи, па практично да се  примени? И ако е така, кој кого ќе едуцира? Хрисанта е подготвена да дава или да зема часови по... знаете веќе што? Спејко до сега, барем на објавените фотографии покажа дека е прилично „едуциран“ по тоа прашање! Та не би бил тој што е, да нема свој стил во љубовно споделување на емоциите и особено страстите. Усталена практика која одамна ја практикува уште со бившите…! А и Хрисанта од досега споделеното, изгледа дека бргу се вклопила во усталеното! Така барем и самата покажа во неколку наврати … И на отворен и во затворен простор! Оттаму чуди и изборот на книжевното дело на русокосата убавица, кое ако не сте го прочитале, еве мал вовед за што се работи, што тоа пишува во неговата содржина: Како и да е, најважно е да се чита. Што и да прочиташ, побогат си за едно знење, за едно искуство, какво и да е... Впрочем, никогаш не се знае, кога ќе ти притреба!? Фото: Архива + Инстагрма принтскрин/hrisantam]]>

Децата најмногу учат додека набљудуваат https://arhiva.vistina.com.mk/decata-najmnogu-uchat-dodeka-nabljuduvaat/ Thu, 04 Feb 2021 13:01:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188243

Работата на родител никогаш не завршува, секогаш постои уште нешто на што можеме да ги научиме своите деца. Но покрај сето она на кое наменски и свесно го учиме, постојат работи кои децата ги учат од нас и доследно ги применуваат, а за кои воопшто и не сме свесни. Некои најважни лекции за животот нашите деца ги учат од нас во моментите кога не знаеме дека не набљудуваат. Децата учат како да се носат со стресот, тешкотиите и фрустрациите. Кога сте вознемирени ако реагирате со викање, плачење или нервоза, децата тоа го гледаат, иако таквите реакции не се насочени кон нив. Родителите, кои се нервозни може да одгледаат мошне нервозни деца, иако тоа не го сакаат. Исто така ако родителите ги потиснуваат емоциите, децата од нив ќе учат како да ги потиснат своите емоции. Секогаш имајте на ум дека тие мали очиња ве набљудуваат. Секако сите ние сме само луѓе и не можеме секогаш да го контролираме чувството на фрустрација, но важно е на детето да му објасниме зошто сме реагирале на одреден начин, како и дека постојат алтернативи на таквата реакција и однесување. Децата учат гледајќи како нивните родители комуницираат или како се однесуваат во нивниот меѓусебен однос. Како вие комуницирате со партнерот? Кој донесува одлуки? Дали несогласувањата резултираат со викање или со солзи? Дали секојдневно покажувате почитување еден кон друг? Дали децата ги гледаат моментите кога сте нежни еден кон друг? Важно е да одговорите на овие прашања со цел децата подобро да ги научите за односите во врските или во бракот. Тоа не значи дека децата треба да изградат идеална слика. Секако нормално е да видат дека во односот меѓу две лица има несогласувања. Важно е да се знае дека децата ќе го споредуваат односот на своите родители со нивните идни врски. Поради тоа е добро да се даде добар, но реален пример. Доколку изнајмите дадилка за да го почува детето за да можете со брачниот партнер да излезете и да ја прославите годишнината, ќе го научите дете колку е битно во бракот партнерите да имаат време еден за друг. Доколку на пример одлучите со детето да играте „Не лути се човеку“, наместо да ја чистите бањата, детето ќе научи дека вашето заедничко време е поважно од се и ќе го преземе тој модел. Секако треба да му објасните дека таквите работи не можат да се одложуваат секој ден и дека во еден момент навистина морате да ја исчистите бањата. Вашите деца учат за приоритетите со гледање, а не со слушање. Што мислите што го научивте денеска своето дете? Можеби не сте свесни, но би биле изненадени со пораките кои им ги испраќаме на своите деца токму во моментите кога немаме таква намера. На децата не можеме да им одржиме лекција за односите, емоциите и приоритетите во животот. Тие работи едноставно можеме само да им ги покажеме. извор:нетпрес.ком.мк]]>

Се прави од 2 состојки, а ја затегнува кожата подобро од ботокс: Ако имате над 40 години, мора да ја пробате оваа маска https://arhiva.vistina.com.mk/se-pravi-od-2-sostojki-a-ja-zategnuva-kozata-podobro-od-botoks-ako-imate-nad-40-godini-mora-da-ja-probate-ovaa-maska/ Mon, 05 Oct 2020 12:05:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170018

Со редовното користење на оваа маска, ќе забележите значајни резултати и промени на кожата. Природните маски се секогаш подобар избор. Наместо да трошите пари на купување на скапи козметички производи, направете ја оваа маска и гледајте како исчезнуваат вашите брчки (дури и оние најдлабоките). Маската се прави за 5 секунди, а за припрема ќе ви бидат потребни само 2 состојки. Во еден сад ставете 2 лажички полномасен јогурт и 1 лажичка лимонов сок и мешајте додека смесата не стане хомогена. Доколку е премногу ретка, додајте уште една лажичка јогурт, а најдобро е да користите грчки јогурт. Примена: Нанесете ја маската на претходно исчистено лице и оставете 20 до 30 минути да се исуши на лицето. Во текот на сушењето на маската ќе почувствувате како кожата на лицето лесно се затегнува. Исплакнете ја маската со млака вода и потоа продолжете со вашата вообичаена рутина. Маската за лице нанесувајте ја 2 пати неделно. извор:точка.ком.мк]]>

12 примени на сода бикарбоната за кои веројатно не сте знаеле https://arhiva.vistina.com.mk/12-primeni-na-soda-bikarbonata-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele/ Fri, 12 Apr 2019 12:30:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82689

Секој има сода бикарбона во својот дом, а можностите со овој продукт се речиси безбројни. Веројатно веќе знаете неколку примени на сода бикарбоната, но сигурно не сте слушнале за следниве 12. 1. Ослободете се потечените нозе После 30-тата година од животот, кај луѓето почнува да се појавува отекување на нозете. По правило, ова се случува поради вишокот сол во ткивата на телото. Можете да го решите овој проблем со сода бикарбона. Измешајте 1,5 лажичка сода бикарбона со 1 чаша зовриена вода. Ставете памучни чорапи во растворот, исцедете ги и облечете ги. Околу стапала ставете пластична фолија за храна, а врз неа облечете суви чорапи. Можете да ги оставите чорапите во текот на целата ноќ. После 8 часа, сигурно ќе ги забележите резултатите. 2. Ексфолијант и средство против митесери Таа може да ви помогне да се справите и со тврдоглавите митесери. Ја неутрализира рН вредноста на кожата, па се лачат помалку масла, со тоа намалувајќи ги митесерите. Измешајте сода бикарбона и вода за да направите паста. Измијте го лицето со топла вода за да ги отворите порите. Нанесете ја пастата на лицето, фокусирајќи се на проблематичните делови. Измасирајте го лицето со пастата, а потоа оставете ја да делува околу 1 минута. Исплакнете со топла вода, а потоа со студена за да ги затворите порите. 3. Отстранување тврдокорни дамки За да отстранете жолти дамки од пот, измешајте 2 лажици сода бикарбона, 3 лажици хидроген пероксид и 1 лажица течен детергент. Нанесете ја мешавината на дамката и оставете да делува 15-20 минути. Бидете внимателни со тенките материјали како лен. Немојте пречесто да ја користите смесата, бидејќи материјалот може да се скине. Можете да ги отстраните дамките од крв и трева на фармерките со сода бикарбона растворена во малку топла вода. Втријте ја мешавината на материјалот со четка за заби и оставете да делува 30 минути. Потоа исплакнете и исперете. Со сода бикарбона можете да се справите и со масните дамки на јакни од полиестер и полиамид. Пред да ја перете облеката, навлажнете ги дамките со вода и втријте малку сода бикарбона на нив. Почекајте 15-тина минути, а потоа исперете ја облеката како вообичаено. 4. Зачувајте ја зелената боја на варената брокула За варената брокула да ја задржи зелената боја, додајте 1 лажица сода бикарбона во садот со вода. Зеленчукот ќе изгледа навистина вкусно. 5. Смеса за моделирање Комбинацијата од сода бикарбона и пченкарен скроб е одлична смеса за моделирање што се стврднува. За да ја направите, измешајте 1 лажица сода бикарбона и 60 грама пченкарен скроб. Додајте околу 100 милилитри топла вода. Измешајте добро за да ги отстранете грутките и ставете ја смесата во тенџере на средна температура. Продолжете со мешање додека се „готви“. Кога ќе згусне, тргнете ја смесата од шпоретот и оставете ја да се излади. 6. Поправање пукнатини на керамика Ако измешате сода бикарбона и ПВА лепило во однос 1:1, ќе добиете паста со која ќе можете да ги пополните пукнатините во керамичките предмети. извор:кафепзауа.мк]]>