прилепски карневал 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Mar 2022 12:06:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прилепски карневал 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По две години пауза за „Прочка“ повторно се враќа „Прилепскиот карневал“ https://arhiva.vistina.com.mk/po-dve-godini-pauza-za-prochka-povtorno-se-vrakja-prilepskiot-karneval/ Fri, 04 Mar 2022 12:06:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241757

По 20-ти пат во Прилеп на 6-ти март ќе се одржи карневалот „Прочка 2022“ по двегодишна пауза заради паднемијата од ковид-19. Првиот настан од карневалот е в петок кога од 12 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на маски и за најкреативните ќе бидат доделени награди. Главните активности за карневалот, беше посочено на прес конференцијата, се во недела, а подготовките, како што велат од општина Прилеп се при крај. Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески го потенцираше значењето на манифестацијата, која во овие услови ќе се внесе позитивна енергија и расположение, при тоа потсетувајќи дека ќе се спроведува според сите протоколи за заштита од Ковид-19. Ванчо Георгиев од Здружението „Прилепски мечкари“ не го криеше своето задоволство што со карневалот ќе продолжи традицијата и очекува уште една успешна манифестација, при тоа напоменувајќи дека годинава Прилепските мечкари имаат нови маски за групата. Воедно тој посочи дека маската „Прилепски мечкари“ е заштитетна како трајно духовно културно нематеријално наследство. Ден по карневалот, в понеделник, е традиционалната дружба на прочкарите и вкусување на бел грав.]]>