прилеп – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Dec 2023 12:58:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прилеп – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Општина Прилеп и Слоу Фуд Прилеп организираат „Новогодишен базар“ во центарот на градот https://arhiva.vistina.com.mk/opshtina-prilep-i-slou-fud-prilep-organiziraat-novogodishen-bazar-vo-tsentarot-na-gradot/ Wed, 20 Dec 2023 12:58:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331865

Општина Прилеп, годинава за прв пат ќе се организира Новогодишен базар на Платото кај Градскиот саат. Организацијата на овој настан е во соработка со здружението Слоу Фуд Прилеп, чии членови ќе им подготват на прилепчани многу разновидни производи, направени од вредните раце на малите локални производители. 28-ми, 29-ти и 30-ти декември се деновите кога Новогодишниот базар во Прилеп ќе функционира и барем за момент ќе се долови новогодишната еуфорија и магија во градот. Организаторите ветуваат пријатна атмосфера, каде што ќе се ужива во убаво расположение, добра музика, вкусна храна, греано вино, моменти на смеа и забава, празнично дарување и создавање на спомени што засекогаш ќе се чуваат. „Во овие три ден со почеток од 11:00-15:00 часот, на Новогодишниот базар, ќе има различни музички, забавни, гастрономски и други содржини и изненадувања за сите генерации”, велат организаторите. Кога станува збор за музичко-забавната програма, прилепчани а и сите присутни ќе ги забавуваат следните изведувачи: Програма: Четврток 28.12.2023 година
  • 11 часот Oldschool Selector – Christmas party
  • 12 часот Оркестар „Трио Гранде” – староградска музика
  • 13 часот Женски камерен хор „Керамија“
  • 14 часот Oldschool Selector – Чалгија во стара чаршија
Петок 29.12.2023 година
  • 11 часот Забава за деца со кловнот Лили

  • 13 часот „Acoustic Trio” – Македонски евергрини
  • 14 часот DJ Chatle – Македонски антологиски времеплов
Сабота 30.12.2023 година

  • 12 часот DJ Chatle – Македонски антологиски времеплов
  • 13 часот Оркестар „Трио Гранде” – староградска музика
  • 14 часот Иги Бок – Македонски рок
]]>

Кога таа ќе блесне, блеска како дијамант: Александра Трајчевска е новата македонска поп-рок ѕвезда… што се раѓа (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-taa-ke-blesne-bleska-kako-dijamant-aleksandra-trajchevska-e-novata-makedonska-pop-rok-zvezda-shto-se-raga-foto-video/ Thu, 09 Nov 2023 10:20:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326107

Годинешното издание на фестивалот „Макфест 2023“ годинава донесе мноштво музички освежувања, нов бран, нов естраден ветерн кој некои нови деца го вдахнаа на македонската музичка сцена. Долго по заврпшувањето на „Макфест“ наголемо сe зборува дека најголемите годинешни хитови токму ги донесе младата гарда изведувачи чии песни се промовираат зашто навистина не само што г привлекоа на прва, туку и го задржаа вниманието како кај публиката, новинарите и кај целокупната македонска јавност. „Блу“, Тијана Периќ, Драгана Јовановска, Џокер, Бони, Теона, Јасмин, Марија, Малена... несомнено се свежата крв вбризгана во македонското поп-рок, ар ен би, трап... или какво и да е жанровски музичко ткиво, но една млада дама несомнено отскокнува со сето она што го поседува. Александра Трајческа   беше една од оние кои ја оставија публиката без зборови... И сво својот божествен вокал, ангелски изглед, ненаметлив, а толку впечатлив имиџ, зрело сценско однесување, сигурен настап... Едноставно црвенокосата прилепчанка беше и онаа - убавата, оргиналната, талентираната, емотивната... речиси совршената на сцената на домот на културата во макфестовски Штип. Александра со својата композиција „Не сакам“, комплетно дело на композиторката Ана Пандевска, ја освои и штипската публика и ТВ гледачите на МРТВ и жири-комисијата за да се најде и на втортата ревијална макфестовска вечер! „Прекрасна публика, совршена организација и преубава сценографија. Задоволна сум од тоа како ја изнесов песната и благодарна сум на штипската публика која како публика со изграден музички вкус ме награди со своите гласови, и се разбира на луѓето од  фестивалотза пружената можност. Слушнете ја мојата песна и пишете ги вашите впечатоци. Вашата поддршка за мене значи непроценлив поттик. Ви благодарам од срце“ - кажа младата пејачка. Иако пее од мали нозе, уште со појавата на детските фестивали станува јасно дека малечката е повеќе од обичен талент. Како течат годините со учеството на некои од локалните натпревари на музички таленти и помалку или повеќе познатите домашни и интернационални фестивали, сега веќе 19 годишната Александра покажува дека каде и да се појави извесно е дека ќе победи. Првите места и паричните награди на „Заблескај“ или „Езерски бисери“ само ја „подотворија школката во која лежи музичкиот бисер“ огледан во младата прилепчанка која одново заблеска на последниот Макфест 2023. А кога таа ќе блесне, блеска како дијамант, зашто Александра Трајчевска е несомнено новата македонска поп-рок ѕвезда што се раѓа. Таа во Прилеп и прилепските кругови е позната како силен и моќен вокал и членка на една од најпознатите македонски блуз групи, реоформените - „Crossroad Blues Band Reloaded“  предводени од еден од најдобрите гитаристи не само во Македонија, туку и пошироко, Давид Нешкоски. Александра вокал кој што може да ја отпее речиси секоја песна, од кој и да е жанр, иако очигледно, џезот, блузот и рокот најмногу и лежат. Во продолжение, погледнете го нејзиниот настапот од втората ревијална макфестовска вечер каде Александра повторно ја отпеа својата „Не сакам“. Фото: Фејсбук/Aleksandra Trajceska и Инстаграм/alexcheska Видео: Јутјуб]]>

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ во среда гостува во Прилеп https://arhiva.vistina.com.mk/karavanot-makedonijo-vo-srtse-te-nosime-vo-sreda-gostuva-vo-prilep/ Mon, 25 Sep 2023 11:58:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319571

По Штип, Битола и Велес караванот „Македонијо во срце те носиме“ оваа среда (27 септември) патува во Прилеп. Концертот е со почеток во 20 часот, а ќе се одржи на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“.
И овој пат публиката ќе ужива во стиховите на „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“… отпеани од Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски. „Македонијо во срце те носиме“ е проект  во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од неверојатниот Николче Мицевски, и има единствена цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство. Дојдете во Прилеп и не пропуштајте ја можноста да пееме во еден глас и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.]]>

Александра Трајческа е победничката во втората сезона на македонското музичко онлајн-талент шоу „Заблескај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-trajcheska-e-pobednichkata-vo-vtorata-sezona-na-makedonskoto-muzichko-onlajn-talent-shou-zableskaj-video/ Mon, 05 Jun 2023 06:51:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304789

Талентираната прилепчанка Александра Трајческа (19) е победничката во втората сезона на музичкото оналјн-талент шоуто „Заблескај“, кое е во оригинален мултимедијален проект на компанијата “Колор Медиа Плус“ и магазинот “Убавина и Здравје“ поддржан од Орбит. Александра успеа да ги освои максималните бодови од жирикомисијата ( четири 12-ки) составена од еминентни музички автори и творци, изведувачи, модни креатори и музички новинари и уредници. Овој пат нејзини членови кои ги оценуваа 12-те финалисти беа: композиторот и музичар Николче Мицевски, поп пејачката Александра Јанева, естрадниот новинар и главен уредник на порталот Вистина.ком.мк, Антонио Димитриевски и модната дизајнерка Маја Кикириткова. Водител на финалниот настан кој се одржа во познатиот скопски кафе клуб - „Интермецо“ и годинава беше довитливиот Марко Новевски, кој со своите шеги, коментари и лабава комуникација со учесниците и жирито успеа максимално да ја опушти атмосферата правејќи ја пријатна и забавна за сите присутни. Вкупно во финалето се натпреваруваа 12 кандидати, од кои речиси сите имаа одлични настапи, но сепак, Александра со атрактивниот сценски настап и својата изведба на џез-нумерата „Orange Colored Sky“ се издвои од другите и брилијираше, со што и заслужено го освои првото место. Забележителни беа и останатите натпреварувачи, од кои некои имаа мошне впечатливи настапи, но за жал можеше да победи само еден… А, Александра недвојбено со максимален број поени ги освои сите четири 12-ки од жирито и суверено ја однесе победата. Инаку победничката како главна награда освои 1.000 евра и договор со пиар и букинг менаџер во времетраење од една година. Како изгледаше комплетната емисија од финалето од втората сезона на музичкото онлајн талент шоу „Заблескај“, проследете од видеото во продолжение: ]]>

Елена Велевска почнува нова животна етапа: Пејачката се всели во нов стан во родниот Прилеп (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-velevska-pochnuva-nova-zivotna-etapa-pejachkata-se-vseli-vo-nov-stan-vo-rodniot-prilep-foto/ Tue, 18 Oct 2022 08:03:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271719

На почетокот на 2020 година, фолк пејачката Елена Велевска откри дека и покрај сите обиди и напори да го спаси бракот, се разведува од сопругот Марјан. Потоа следеше и бракоразводната постапка по која нивните три деца останаа да живеат во Охрид во татко им, а Елена се врати во родниот Прилеп. Тогаш отворено поговори пред камерите на естреадниот магазин „Бекстејџ“ и изјави дека изгубила многу, но останала силна и достојна на се’ она што и се случи: -Оној кој што е хуман човек, ќе остане таков. Јас ќе останам хумана и пример за моите деца. Никогаш нема да исфрлам никој на улица како што бев јас исфрлена во градот кај што стекнав сė. Верувајте не ми е тешко да почнам од почеток бидејќи најважно ми е достоинството, луѓето коишто ме опкружуваат, коишто не гледаат на мене не гледаат од интерес и коишто ми помогнаа кога ми беше најтешко да станам на нозе и да бидам силна жена, да се борам, вели Елена и додава: -Изгубив сė. Останав силна. Бог е тој што дава и Бог е тој што зема. Останав достојна на сė што ми се случи, на сите падови, на сите порази кои што ми беа приредени во животот, како професионално немавме работа, така и приватно. Јас велам дека во 2021 си го најдов мирот, си го вратив своето здравје, кажа пејачката во 2021 година во интервјто за „Бекстејџ“. Оттогаш помина доста време, а Елена како што кажа остана силна и достојна на она што и го донесе животот, а најсилен поттик за се’ се најзините три деца, Софија, Марко и Калија. Убави моменти доживеаја деновиве кога Елена се всели во новиот стан во родниот Прилеп каде продолжи да живее, а на социјалните мрежи објави фотографии од новиот дом и осветувањето кое се случило во присуство на свештеникот и нејзините наследниици. Нова живиотна етапа, посилна и поискусна и пред се’ направено со големата заштитничка и мајчинска љубов како двигател на се’. Објавата на Велевска беше повод за илјадници лајкови коментари со честитки за мигови со многу здравје, среќа и љубов во новиот дом. фото:Фејсбук/Инстаграм/Елена Велевска]]>

Време за честитки и убави моменти: Елена Ристеска гордо се пофали со делата на сестра си (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vreme-za-chestitki-i-ubavi-momenti-elena-risteska-gordo-se-pofali-so-delata-na-sestra-si-foto/ Fri, 07 Oct 2022 07:30:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270454

Поддршката од семејството во одност на работата секогаш е стимул и мотовација да дадеме повеќе, да бидеме истрајни и задоволни од самите себе, а да го видиме и почувствуваме тоа и кај најблиските. Пејачката и сопрсвеничка на козметичката линија ЕРА, Елена Ристеска деновиве имаше еден таков момент за поддршка на уметноста и делата на својата сестра Драгица која заедно со уметницат Маја Ралева имаа изложба во Прилеп. Па така, прва и главна поддршка на Драгица и беа членовите на семејството на чело со малата ќеркичка Делфина. -Прекрасна изложба во Прилеп на двете уметнички, мојата сестра Драгица Ристеска и Маја Ралева Миладиновски. Кој сака се’ уште може да ја посети поставката и секако да си одбере и купи некое од делата. Како што е редот, Елена, Драгица, нивната мајка, Делфина, пријателите и посетителите, направија фотографии и видеа од случувањето, а ги поканија сите заинтересирани да ги погледанат делата и во наредните денови.
Инаку, сестрата на Елена е ликовен уметник, а пред неколку години ја одржа својата самостојна изложба, а Ристеска во една прилика истакна дека и таа како нејзината сестра имала амбиции да продолжи на Ликовна академија. -Од сестра ми научив да цртам, кога бевме мали постојано ја копирав. Тоа што ќе го нацрташе таа, го цртав и јас. Драгица продолжи на Ликовна академија, а и јас имав такви амбиции. Понекогаш ми е жал што не станав ликовен уметник, но ете, се одлучив за студии по италијански јазик, и решив да се занимавам со она што најмногу го сакам, музика. Многу сум горда на мојата сестра, и секогаш одам со неа, на сите нејзини интернационални изложби“, изјави своевремено Елена за еден од македонските портали. Инаку, Елена Ристеска по долга пауза од музичката кариера им се врати на настапите и пееше заедно со бенд на една приватна забава каде била амнгажирана.]]>

„Чаирскиот романтичар“ ја завршува криерата: Владо Јаневски се одјави? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/chairskiot-romantichar-ja-zavrshuva-krierata-vlado-janevski-se-odjavi-foto/ Mon, 22 Aug 2022 07:12:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263535

После повеќе од 40 години музичка кариера, од кои 30 и кусур како пејач, што во група , што соло, Владо Јаневски ја шокираше јавноста со најава дека ја завршува кариерата! Или поточно, други тоа го сторија во негово име, обзнанувајќи дека неодамнешниот викенд концерт во еден познат клуб во Прилеп, е неговиот последен во овој град. Имено, „чаирскиот романтичар“  викедот (20 август 2022) гостуваше во клубот „Калипсо“ во Прилеп каде имаше свој настап. Иако речиси сите пејачии оние домашните и оние кои доаѓаат од регионот во клубовите и дискотеките настапуваат со бенд или барем со сајзерист,  Владо во последно време практикува да настапува сам на матрица или на плеј-бек, пеејќи преку сопствената снимка. Но, добро, секако во таков случај малкумина од публиката разбираат „до какво непрепознавање е доведена суштината на измамата“, ама затоа многумина, особено припадничките на понежниот пол му ги сакаат песните, особено стиховите на Јаневски, па пеел со бенд во живо или сам на плеј-бек - сеедно, ним не им е толку важно. Важно им е да дојдат на неговиот настап и да потонат во емоциите и атмосферата што ги буди песната. Она што ја шокираше јавноста не е последниот настап во Прилеп, туку објавата на сопственикот на клубот и самиот клуб на нивните официјални Фејсбук страници. На нив е јавно обзнането дека ова наводно бил последниот настап во кариерата на Владо Јаневски на таа сцена и воопшто во тој град, зашто пејачот наводно објавил дека става крај на пејачката кариера?!! Колку има вистина во сето тоа и дали навистина Владо решил „да се одјави“, ќе мора наскоро самиот да демантира или да потврди!? Иако на неговата Инстаграм страница на која тој или нејазиниот администратор редовно ги најавуваат неговите следни настапи, за такво нешто сега назнака не постои. Веќе следниот му е најавен за 10-ти септември во Делчево, па оттаму се наметнуваат две логични прашања: - Владо Јаневски навистина решил да „отсвири крај“ па да го „обеси микрофонот на клин“ и да ја заврши сопствената пејачка кариера со проштална турнеја по клубовите и дискотеките низ Македонија, а ова е само дискретна најава за таквата негова одлука? - Или „чаирскиот романтичар“ употребил уште еден од своите познати естрадни трикови  „да пушти болва“ за себе, својата приватност, љубовниот живот, сопственото здравје... и слично, само за доплнително да ја заинтригира и „запали“ јавноста секогаш кога ќе почуствува дека му паѓа популарноста, што во случајов е многу поверојатно? „Што и да е - ќе помине“, како што велат стиховите на една од неговите „позајмени“ песни, ама сепак за нешто поконкретно... Прашајте го Владо?! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/vladojanevskiofficial/Vlatko Jovanoski/Club Calypso      ]]>

Заврши фестивалот на пивото, скарата и добрата музика „Пиво Фест 2022“ во Прилеп https://arhiva.vistina.com.mk/zavrshi-festivalot-na-pivoto-skarata-i-dobrata-muzika-pivo-fest-2022-vo-pilep/ Mon, 18 Jul 2022 05:59:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259004

Фестивалот стартуваше во четвртокот, а според бројот на посетители и интересот, уште првиот ден беше јасно дека годинава ќе бидат надминати сите очекувања на организаторите во однос на посетеноста. Според проценките, над 150.000 луѓе беа дел од настаните и настапите на изведувачите во текот на четирите фестивалски вечери. Посетители имаше од цела Македонија, но и од регионот, посебно вчера и во саботата. Координираноста и посветеноста на општинските институции и МВР придонесоа сите четири дена да поминат во најдобар ред. После завршувањето на секоја фестивалска вечер, градот беше чист и целосно подготвен да ги пречека новите гости. Организаторите  и општина Прилеп се посебно горди што граѓаните имаа можност да уживаат во музика, пиво и скара, без забавата да им ја наруши ниту еден најмал инцидент. „Посебна благодарност до сите кои на свој начин придонесоа да имаме спектакуларно издание на „Пиво Фест 2022“. Рокот за организација ни беше само 27 дена, но и покрај сите опструкции со лажни вести и борбата за сензации кои не следеа пред фестивалот, докажавме дека за помалку од еден месец, доколку се настапи сериозно и посветено, со тим од докажани професионалци, може да се организира еден ваков масовен фестивал. Не беше лесно, но едноставно, знаевме што правиме и сакавме народот кој присуствуваше и следеше по медиумите, сам да види како годинава поминува фестивалот, бидејќи главна цел ни беше задоволна и среќна публика. Тоа што немавме ниту еден инцидент и тоа што секое утро градот беше чист и подготвен, како и големата посетеност, поддршката од публиката и медиумите, само покажа во каква атмосфера поминаа сите фестивалски денови. Благодариме на општината и на градоначалникот за довербата и за посветеноста во целата организација, благодариме и на припадниците на МВР кои до раните утрински часови се грижеа за безбедноста на посетителите и за сообраќајот во градот“ - велат од „Арт10 продукција“, која годинава беше организатор на фестивалот. Се гледаме следна година на „Пиво Фест 2023“, со многу новитети и изненадувања.]]>

Жељко Самарџиќ и Јоце Панов со хуманитарен концерт во Прилеп за малиот Дејан https://arhiva.vistina.com.mk/zeljko-samardzikj-i-joce-panov-so-humanitaren-koncert-vo-prilep-za-maliot-dejan/ Wed, 02 Mar 2022 13:07:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241394

Балканската музичка ѕвезда Жељко Самарџиќ ќе одржи хуманитарен концерт во Прилеп за помош на мaлиот прилепчанец Дејан Најдоски. Имено, малиот Дејан има аутизам, досега успешно помина повеќе третмани со матични клетки во болница во Турција. Сега за подобрување на неговото здравје и понатаму  сме му потребни ние и нашата хуманост. Концертот е закажан за 19-ти март со почеток во 20 часот во Универзалната сала во Прилеп (сала на Тутунски комбинат), каде Самарџиќ ќе настапи заедно со македонските изведувачи Јоце Панов и и прилепчанец Филип Николоски. Билетите се веќе во продажба по цена од 300 денари.]]>

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ одбележува 72 години постоење https://arhiva.vistina.com.mk/prilepskiot-teatar-vojdan-chernodrinski-odbelezuva-72-godini-postoenje/ Fri, 18 Feb 2022 13:06:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239761

Со претставата „Кир Јања” од Јован Стерија Поповиќ, во режија на Аце Михајловски, на денешен ден во 1950 година, точно пред 72 години, прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински” го означи постоењето како значајна институција во македонската театарска уметност. Во досегашното опстојување, прилепскиот театар прикажал над 360 премиери, одиграни се преку 7.000 претстави кои ги гледале повеќе од 1,6 милиони луѓе. Годишнината театарот „Војдан Чернодрински” ќе ја одбележи со изведбата на претставата „Да, инспекторе, Претстава со грешки” во режија на Синиша Ефтимов, вечер од 19:30 часот на матичната сцена на театарот. Претставата „Да, инспекторе, Претстава со грешки” е последната премиера во Прилепскиот театар работена по мотиви на текст од Хенри Џонатан Хенри, во која, како и во секоја претстава, сите грешки актерите се обидуваат сѐ поуспешно да ги прикријат без публиката да забележи, ама во оваа претстава сѐ што можете и не можете да замислите се одвива погрешно. Симболиката на дејството во претставата како да отсликува еден голем растеж на значајна театарска институција во земјава која дала бројни имиња, доајени на македонската театарска уметност. Уште од рпвата претстава „Кир Јања” во далечната 1950 година, бројните генерации актери, „вооружени” со елан, самопожртвување и творечки занес го покренаа „плугот да ја ораат театарската ледина”, уверени дека ангажманот ќе даде плод. Така и би. Низ годините се ределе премиерите, се нижеле успесите и падовите на Театарот, а колективот се збогатувал со искуство во секојдневната практика. Денеска е ансамбл со врвни актерски имиња. Во досегашните 72 години постоење на Прилепскиот театар најгледани и најиграни претстави се: „Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски и „Од кол на кол”, исто во режија на Коле Ангеловски, претставите имаат преку сто изведби. Голем успех театарот низ годините има постигнато и со претставите „Силјан Штркот” „Туѓо сакаме, свое не даваме”, „Колобан”, „Молам за секс”, „Спиро Црне” „Арсениј”, „Полковникот птица”, „Опера за три гроша”, „Змејовата невеста” и други претстави. Сепак, претставата „Тапани во ноќта” од Бертолд Брехт, во режија на Мартин Кочовски, го воздигна театарот и беше бренд не само на македонскиот, туку и на балканскиот театар. Со „Тапаните во ноќта” театарот освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински”. Претставата „Кавкаскиот круг со креда” во режија на Мартин Кочовски во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот „Екс Понто” („Ех Понто”) во Љубљана, Словенија. Прилепскиот театар е првиот кој во десетгодишен период на МТФ „Војдан Чернодрински” има освоено најмногу награди за најдобра претстава во целина. Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински” во земјава го има приматот на театарска куќа во која има праизведби на текстови од македонски драмски автори. Тука првпат се поставени текстовите на Коле Чашуле, Томе Арсовски, Благоја Ристески – Платнар, на Трајче Крстески, на Петар Петрески. При јубилејот на театарот во тек е дигитализација на фотографии, информации, статии за претставите до периодот на 2000-та година за да се зачуваат зошто се големо културно богатство. Ансамблот на Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински” неуморно работи на унапредувањата на театарската уметност, а голема радост е да помине пандемијата и публиката целосно да се врати во салите и со полн капацитет да ги следи претставите. извор: Курир.мк]]>