Prilep Jazz Wekend – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Aug 2021 13:32:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Prilep Jazz Wekend – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Од 26-ти до 29-ти август: „Prilep Jazz Wekend“ https://arhiva.vistina.com.mk/od-26-ti-do-29-ti-avgust-prilep-jazz-wekend/ Thu, 26 Aug 2021 13:32:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216959

Во организација на здружението за субкултура  ПП Џез фестивал, на 26, 27, 28 и 29 август 2021 г. во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде одржано десеттото јубилејно издание на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“ .  Фестивалот оваа година ќе го отворат „Кантон 6“, пионерски кросовер музички проект, кој датира од 2000-та година и е пред се интелектуален производ на Синиша Евтимов – еден од водечките современи македонски театарски режисери и Мирко Попов – сеприсутен на нашата сцена како композитор/продуцент, диџеј, издавач и музичар воопшто. Првата вечер од фестивалот ќе ја затворат „Летечки пекинезери“, бенд кој повеќе пати настапувал во Прилеп, со голем број на свои локални обожаватели кои годинава направија „голем притисок“ кај организаторот за нивното учество на овогодинашното јубилејно издание на „Prilep Jazz Weekend“. Втората вечер ќе ја отворат „Taxi Consilium“. Вториот дел од вечерта е резервиран за гитаристот  Тони Китановски и бендот „Панда 5“. Третиот ден на фестивалот ни нуди многу интересна програма. На почетокот ќе имаме можност да ги слушнеме „Tribute to Jazz messengers“, еден комбо состав од врвни Македонски џез инструменталисти кој дава омаж на легендарниот бенд „Jazz messengers“. Џез викендот ќе го затвори составот на врвни музичари „Sаyga Quartet“ feat. Jure Pukl. Токму саксафонистот Јуре Пукл е ѕвезда на вечерта. Тој е артист кој живее и работи во Њу Јорк а школо завшил во Berklee Colege of music, исто како и познатиот пијано музичар Васил Хаџиманов, чие име веќе многу далеку одекнува во светот на џез, ворлд  и импровизираната музика. Васил зад себе има остварено многу значајни дела, одлични концертни настапи и со својот препознатлив виртуозен стил на музицирање значи многу повеќе од само едно обично отсвирување на музиката. Заедно со Оливер Јосифовски, кој пак е музичар слуган војска шо се вели, и Александар Петров, тапанер, перкусионист кој што долго време живееше во Париз, твореше во Њујорк го составуваат квартетот „SAYUGÀ“.  Ова година Prilep Jazz Weekend фестивалот може да се пофали и со квалитетна OFF програма: На 29-ти август, на локалитетот Врбјанска Чука (кај село Славеј) ќе го проследиме перформансот „Ljubojna Ambience“. Се работи за проект посветен на музиката како амбиентален простор што не опкружува и нејзиниот одзвук како постојана звучна состојба. Целосната програма со повеќе детали може да се види на следниот линк: www.prilepjazz.mk ]]>