прилеп фол фест 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Apr 2022 12:06:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прилеп фол фест 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Најголемите македонски фолк звезди на „Прилеп фолк фест 2022“ https://arhiva.vistina.com.mk/najgolemite-makedonski-folk-zvezdi-na-prilep-folk-fest-2022/ Wed, 20 Apr 2022 12:06:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247166

Имајќи ја предвид долгогодишната, а сега и постпандемиската состојба на евидентен дефицит на квалитетна македонска народна музика, која што во својата основа би ги задржала сите карактеристики на македонскиот јазично-текстуален контекст со современ музичко-аранжерски пристап и сценско визуелно обликување, оваа година ќе се одржи 6-то издание на фестивалот на авторска народна музика „Прилеп фолк фест 2022“. Фестивалот ќе се одржи на 26-ти мај, во домот на културата “Марко Цепенков”. На овогодишното издание на фестивалот ќе настапат најголемите македонски фолк звезди: Блага Петреска, Зуица Лазова, Марјан Коцев, Наум Петрески, Јордан Митев, Нино Величковски, Елена Велевска, Андријана Ацевска, Сузана Гавазова, Сања Ристевска, Сања Барбика, Спасен Силјановски, Анета Арсовска, Анета и Фрупа Молика… со песни на дел од најдобрите македонски автори: Миле Барбаровски, Милан Завков, Николче Мицевски, Дејан Момироски, Борче Нечовски, Горјан Стојановски, Огнен Неделковски, Ѓорѓи Барбаровски. Фестивалот е во организација на „Здружението за музичка продукција и организација на настани „One way“ од Скопје, а под покровителство на општина Прилеп. Директорот на фестивалот “Прилеп Фолк Фест”, Г-динот Борче Нечовски, во врска со овогодинешното издание на „Прилеп фолк фест“ изјави: “Огромна е одговорноста да се организира еден ваков фестивал, но уште поголемо е задоволството што на него ќе настапат голем дел од најдобрите артисти и автори, кои оставиле огромен белег во нашата новокомпонирана народна музика. Потребата од вакви фестивали е секако многу важна имајќи ја во предвид моменталната ситуација на општествено, а секако и на културолошко ниво. Посебно ме радува што на нашиот повик се одзваа буквално најдобрите и сум убеден дека и љубителите на народниот мелос во Македонија ќе уживаат во новите фестивалски песни. Сакам да изразам голема Благодарност до општина Прилеп како главен покровител, а секако и до МРТ која е наш медиски партнер”, изјави Нечовски.]]>