пријателство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 21 Feb 2024 09:17:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пријателство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Од „Ѕвездите на Гранд“ не излегуваат само ѕвезди, туку и бракови: Македонската пејачка не ни насетуваше нешто вакво – „Да знаевме што се’ не чека…“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/od-zvezdite-na-grand-ne-izleguvaat-samo-zvezdi-tuku-i-brakovi-makedonskata-pejachka-ne-ni-nasetuvashe-neshto-vakvo-da-znaevme-shto-se-ne-cheka-foto/ Wed, 21 Feb 2024 09:17:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339466

Пред повеќе од четири години судбината ги соедини да бидат на иста сцена, денес токму таа судбинска средба ги смести под ист кров, во проширен состав  и со многу љубов. Музичката двојка Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ периодов имаат убави спомени од она што им се случуваше пред неколку години. Сега нивниот брак во могу нешта наликува на совршен, а семејната хармонија ја надополнува онаа музичката, која е дел од нивната професија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Gute Marinkovic (@gute.marinkovic)

Нивната животна приказна се развиваше со запознавањето во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, од каде и двајцата дојдоа да се натпреваруваат, а завршија како сопружници. Победник од ова шоу беше љубовта која во месец јануарри ја крунисаа  со граѓански брак, додека во февруари пред четири години направија и свадба. -Денес започна петтата година од нашиот брак. А ова е нашата прва фотографија. На оваа фотографија сме само двајца пријатели кои само што се запознале, а некој да ни кажеше што се’ не чека... Се’ што беше и за се што доаѓа, те сакам, напиша Елена во описот за фотографијата од која ја навјасаа спомени од времето кога со Гуте немаа ни претстава до каде ќе стигнат нештата. На 22-ри февруари се случи еден на друг да си ја отпеат песната на првиот свадбен танц, а оттогаш редовно да танцуваат во љубовен ритам благословени од бога со две дечиња кои се нивниот универзум – Максим и Миона. фото: Instagram printscreen/ elenamilenkovskaa]]>

Четири знаци дека не сте подготвени за пријателство со бившиот https://arhiva.vistina.com.mk/chetiri-znatsi-deka-ne-ste-podgotveni-za-prijatelstvo-so-bivshiot/ Thu, 30 Nov 2023 14:00:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329387

Честопати не можеме да се помириме со фактот дека врската е завршена, па се трудиме да останеме во пријателски односи, но не е секогаш вистинското време, особено ако чувствата не се искрени. Дознајте дали сте преболеле и дали сте подготвени да се дружите со бившиот како пријатели. Сè уште сте заљубена Доколку сè уште имате романтични чувства или сте лудо вљубени во бившиот, ќе ви биде многу тешко да преминете во следната фаза, односно платонско пријателство. Можеби ќе можете да бидете пријатели еден ден, но очигледно сè уште не е време за нова фаза во вашата врска. Сè уште имате секс Пријателството значи нема романса, ни секс во врската. Сексот со бившиот ќе создаде удобност, но и ќе го направи попривлечна личност, што значи дека сепак ќе бидете приврзани за него. На долг рок, сексуалниот контакт со бившиот често го отежнува патот кон иднината. Сакате да ја обновите врската Раскинавте затоа што мислите дека врската не функционира или и двајцата мислите така. Но, ако сепак сакате да ја обновите вашата врска и да се обидете да создадете пријателство, треба да престанете. Таквото пријателство ќе биде лажно, а за да се создаде вистинско пријателство треба да биде искрено. Во спротивно, подобро е да бидете искрени со себе и да го прифатите фактот дека не сте заедно. Сакате пријателство поради вина или несигурност Ако му го скршивте срцето на поранешното момче, го изневерувавте или го излажавте, тогаш вината или несигурноста може да ја поттикнат вашата желба за ново пријателство. Или можеби не сакате да бидете сами затоа што не сте навикнати на тоа. Во овие случаи, најдобро би било да не го поттикнувате вашето ново пријателство. Ова секако не се најздравите причини за пријателство. На крајот, секој треба да размисли за својата ситуација, но ако поранешниот партнер предизвикува негативни чувства како тага или вознемиреност, тогаш не е можно да се има пријателство на здрав начин. Исто така, не е здраво ако се каете за стара врска или сте премногу приврзани за минатото. За повеќето луѓе, раскинувањето со бившиот е дел од процесот на заздравување и дури по некое време тие можат да се поврзат со бившиот и да станат пријатели. Извор: Кајгана]]>

„Неправдата е нешто што боли“: Вистината за врската на Драгана Мирковиќ и Лепа Брена повеќе не е тајна (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/nepravdata-e-neshto-shto-boli-vistinata-za-vrskata-na-dragana-mirkovik-i-lepa-brena-poveke-ne-e-tajna-foto/ Mon, 20 Nov 2023 08:12:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327606

Музичката ѕвезда, Драгана Миркови важи за една од најголемите музички ѕвезди на овие простори, а истиот статус го ужива и легендарната Лепа Брена. Сепак, јавноста често се прашува каков е односот меѓу нив две, а многумина би помислиле дека се лути ривали. Сепак, Драгана претходно истакна дека пријателствата на естрадата и покрај различните приказни се можни и дека токму тоа е случај со неа и со Брена. - На сцената има пријателства, иако има различни мислења, но ви гарантирам. Пријателството меѓу мене и Лепа Брена постои повеќе од триесет години. Денес сакаме да се гледаме, слушаме и да се дружиме, како и да излегуваме. Ги има и многу - изјавила Драгана и додала: - Пејачите се навистина вредни, има многу жртви, особено кога се работи за семејството. Ние жртвуваме многу од нашето приватно време заради патување, работа, посветеност на работата и навистина ги ценам моите колеги кои работат многу на себе. Неправдата е нешто што боли, кога знаеш дека никому ништо не си направил, но некој прави нешто лошо чисто од зла намера или љубомора. Тоа може да боли. Денес знам да плачам, но многу помалку од порано, но можам да се справам со тоа само благодарение на музиката, семејството, пријателите. Фото: Принтскин/Јутјуб/Гранд Онлајн//Инстагарам/Драгана Мирковиќ]]>

Оваа манекенка е кумашинка на Јелена и Новак Ѓоковиќ: Успешна и образована, мажена е за фудбалер, а нејзината убавина ќе ве воодушеви (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-manekenka-e-kuma-na-jelena-i-novak-gokovik-uspeshna-i-obrazovana-mazhena-e-za-fudbaler-a-nejzinata-ubavina-ke-ve-voodushevi-foto/ Thu, 05 Oct 2023 07:14:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321124

Во 2014 година најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се ожени со својата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ. Прославата се одржа на Свети Стефан во Црна Гора, а кум на Ноле беше неговиот школски другар, фудбалерот Невен Марковиќ. Една година подоцна, Новак му беше кум на Невен на неговата свадба со Александра Танасковиќ. Невен и Александра ја добија ќерката Ина, а по пет години брак - решија да се разведат. Марковиќ подоцна најде нова љубов – манекенката Наташа Дерикоња од Босна и Херцеговина. Невен се оженил и со Наташа, а кум повторно му бил Ѓоковиќ.
Според „Стил“, Наташа дипломирала на Факултетот за технички науки и е инженер по пејзажна архитектура. Покрај тоа, таа се занимава и со манекенство и ги красеше насловните страници на бројни списанија. Невен постојано зборуваше за пријателството со Новак. „Нашето пријателство е безгранично. Бевме секогаш еден за друг, во среќа и радост, но и во тешки животни ситуации, кои можеби беа премногу за момците што бевме. Пријателството опстана благодарение на разбирањето, почитта и борбата за него“, изјави своевремено Невен Марковиќ и додаде: „Тој е фантастичен. Грижлив, секогаш подготвен да слуша и да помогне. Без разлика на сè што постигнал, тој секогаш се сеќава на своите пријатели. Тој има многу пријатели ширум светот, а јас не познавам личност која би можела да каже лош збор за него или да има други чувства освен почит и восхит“. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

За или против: Колку е паметно да останете пријатели со бившиот? https://arhiva.vistina.com.mk/za-ili-protiv-kolku-e-pametno-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-3/ Thu, 08 Jun 2023 11:50:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305543

По тешка расправија и можеби неколку пролеани солзи, вашата врска заврши, а вие сте исправени пред дилемата дали да останете пријатели со бившиот или целосно да го исфрлите од вашиот живот? Во потрага по одговорот, постојано барате од своите пријателки да ви понудат решение, но тие не знаат што да ви одговорат. Всушност, само вие знаете како е најдобро да ги продолжите односите со него. Понекогаш е подобро да ги раскинете сите контакти со поранешниот партнер, но понекогаш вреди да го зачувате неговото пријателство. Аргументите „за“ и „против“ пријателството со бившиот можеби нема да ја разрешат вашата дилема, но сигурно многу ќе ви помогнат. АРГУМЕНТИ „ПРОТИВ“ ПРИЈАТЕЛСТВО СО БИВШИОТ Ниту една љубовна разделба не е лесна, бидејќи со раскинувањето вие губите и љубовен партнер и пријател. Но, тоа не значи да продолжите да живеете во минатото. Еве неколку аргументи зошто пријателството со бившиот е лоша идеја: Едниот секогаш ќе биде жртва. Крајот на врската не значи и крај на чувствата. Голема е веројатноста барем кај едниот тие и понатаму да постојат. А, кога еден од вас сè уште има романтични чувства, тој лесно може да биде повреден. Моментот кога некој ќе ја пронајде својата нова љубов и ќе реши да продолжи со својот живот, ќе биде пресуден за тоа пријателство. Ќе постои лажна надеж дека врската може да се обнови. „Колку поблиску сум до него/неа, толку поголеми ми се шансите да си го/ја вратам“ – оваа мисла често поминува низ главата на едниот од двајцата партнери. Таа личност постојано ќе живее со лажна надеж дека еден ден врската повторно ќе се обнови. Ваквото „пријателство“ може да биде само едно големо разочарување. Како да препознаете дека бившиот сака да му се вратите? Постои ризик да станете „пријатели со бенефиции“. Не се чудете ако некое утро се разбудите до вашиот „пријател“. Не се изненадувајте и ако тоа утро се повтори повеќепати. Многу често се случува бившите двојки, во обид да останат пријатели, да не успеат да му одолеат на искушението, па да станат „пријатели со бенефиции“. На крајот на краиштата, тешко е да останете пријател со некој со кого сте биле интимни. Има опасност да станете „златна резерва“. Тој продолжи со својот живот, а вие сè уште имате чувства кон него? Внимавајте, постои опасност да станете негова „златна резерва“. Мажите сакаат да имаат алтернативи, па кога неговата „нова љубов“ не му е на располагање, тој ќе знае дека може да смета на вас. Тоа значи дека вие сте заглавиле со него, а не тој со вас. Колку побрзо ќе го сфатите тоа, толку побрзо ќе го раскинете таквото „пријателство“ и ќе продолжите со својот живот. Нема да можете да разговарате како пријатели. Не очекувајте бившиот да ви стане пријател со кого ќе можете да разговарате отворено. За вас секогаш ќе постојат „табу“ теми. На пример, нема да можете да му кажувате детали за вашата нова љубов или за вашето ново сексуално искуство, без да предизвикате негативни чувства кај него. Па, ако не можете да разговарате како пријатели, тогаш не ни можете да бидете пријатели во вистинска смисла на зборот. Нема да можете да се однесувате како пријатели. Ниту вие, ниту вашиот партнер нема да останете вечно сингл. А самиот факт што постои друга која го зазема вашето некогашно место во неговиот живот, може да ве претвори во љубоморна „пријателка“. Лошата вест е што и најмалата доза на љубомора може да има сериозни последици – или ќе го уништи вашето пријателство или неговата нова љубовна врска. И во двата случаја исходот нема да биде добар. Можно е да си создадете проблеми со новиот партнер. Ако имате нов партнер, не очекувајте од него да остане рамнодушен на вашето пријателство со бившиот. Колку и да ве разбира, кај него секогаш ќе постои одредена доза љубомора. Можеби вие навистина сте изградиле пријателски односи со бившиот, но без да сакате тоа може да ви ја уништи новата врска. Затоа, добро размислете. Можеби е најдобро да ѝ се посветите на сегашната врска, наместо да губите време со минатата, која завршила, и тоа со причина. АРГУМЕНТИ „ЗА“ ПРИЈАТЕЛСТВО СО БИВШИОТ Крајот на љубовната врска не мора да значи и крај на пријателството со личноста која долго време била покрај вас и со која сте споделиле прекрасни мигови. Па, доколку сте уверени дека и двајцата сте ја преболеле вашата врска, не е лоша идеја да го зачувате бившиот покрај себе како ваш пријател. Еве неколку аргументи „за“ пријателството со бившиот: Нема да изгубите личност која ви значи. Крајот на врската е поболен поради помислата дека важна личност го напушта вашиот живот засекогаш. Но, тоа не мора да биде така. Доколку успеете да изградите здраво пријателство, оваа личност може засекогаш да остане покрај вас и да ја добие етикетата „пријател“, а не „бивши“. Тој не ги изгубил добрите карактеристики. За некому да му посветите дел од својот живот, тој треба да поседува добри карактеристики. Можеби сте се заљубиле во вашиот бивши поради неговата смисла за хумор, можеби ве освоил со тоа што е грижлив и внимателен, можеби сте „паднале“ на неговата искреност… Раскин увањето не ги менува неговите добри особини. Тој е на листата на луѓе кои ве познаваат најдобро. Можеби дури ни вашите пријатели или семејството да не ве познаваат толку добро колку што ве знае тој. Голема е веројатноста тој да знае буквално како дишете, да ги знае сите ваши добри и лоши страни. Па, тој ќе ве разбира во моментите кога чувствувате дека сите околу вас не ве сфаќаат. Од него ќе добивате совети од машка перспектива. Пријателите од посилниот пол се драгоцени, затоа што можат да ви дадат совет од машка гледна точка. Можат да ви кажат дали фустанот кој сте го избрале е премногу провокативен и дали добро ви стои без ниту малку да се влијаат од љубомора, можат добро да проценат кога некој ве „јаде“ со поглед и сл. Нема да има потреба да си ги „делите“ пријателите. Се движевте во исто друштво или ги обожавате неговите пријатели? Раскинувањето со партнерот обично значи и раскинување со неговото семејство и поделба на пријателите. Но, ако меѓу вас двајцата успеете да изградите пријателски односи, вие нема да ги поставите пријателите во непријатна ситуација да треба да избираат меѓу вас. И што е уште поважно – ќе можете да ги задржите неговите пријатели. Сепак, ако сте станале пријатели со бившиот, не си мислете дека тоа ќе трае вечно и дека не може да се промени. Постојано набљудувајте ги сигналите кои ви ги испраќа и доколку забележите дека тој сака да му бидете нешто повеќе од пријателка, а вие не го сакате тоа, за жал, на вашето пријателство му доаѓа крај. извор:курир.мк]]>

За или против: Колку е паметно да останете пријатели со бившиот? https://arhiva.vistina.com.mk/za-ili-protiv-kolku-e-pametno-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot/ Thu, 04 May 2023 12:19:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300679

По тешка расправија и можеби неколку пролеани солзи, вашата врска заврши, а вие сте исправени пред дилемата дали да останете пријатели со бившиот или целосно да го исфрлите од вашиот живот? Во потрага по одговорот, постојано барате од своите пријателки да ви понудат решение, но тие не знаат што да ви одговорат. Всушност, само вие знаете како е најдобро да ги продолжите односите со него. Понекогаш е подобро да ги раскинете сите контакти со поранешниот партнер, но понекогаш вреди да го зачувате неговото пријателство. Аргументите „за“ и „против“ пријателството со бившиот можеби нема да ја разрешат вашата дилема, но сигурно многу ќе ви помогнат. Ниту една љубовна разделба не е лесна, бидејќи со раскинувањето вие губите и љубовен партнер и пријател. Но, тоа не значи да продолжите да живеете во минатото. Еве неколку аргументи зошто пријателството со бившиот е лоша идеја: Едниот секогаш ќе биде жртва. Крајот на врската не значи и крај на чувствата. Голема е веројатноста барем кај едниот тие и понатаму да постојат. А, кога еден од вас сè уште има романтични чувства, тој лесно може да биде повреден. Моментот кога некој ќе ја пронајде својата нова љубов и ќе реши да продолжи со својот живот, ќе биде пресуден за тоа пријателство. Ќе постои лажна надеж дека врската може да се обнови. „Колку поблиску сум до него/неа, толку поголеми ми се шансите да си го/ја вратам“ – оваа мисла често поминува низ главата на едниот од двајцата партнери. Таа личност постојано ќе живее со лажна надеж дека еден ден врската повторно ќе се обнови. Ваквото „пријателство“ може да биде само едно големо разочарување. Како да препознаете дека бившиот сака да му се вратите? Постои ризик да станете „пријатели со бенефиции“. Не се чудете ако некое утро се разбудите до вашиот „пријател“. Не се изненадувајте и ако тоа утро се повтори повеќепати. Многу често се случува бившите двојки, во обид да останат пријатели, да не успеат да му одолеат на искушението, па да станат „пријатели со бенефиции“. На крајот на краиштата, тешко е да останете пријател со некој со кого сте биле интимни. Има опасност да станете „златна резерва“. Тој продолжи со својот живот, а вие сè уште имате чувства кон него? Внимавајте, постои опасност да станете негова „златна резерва“. Мажите сакаат да имаат алтернативи, па кога неговата „нова љубов“ не му е на располагање, тој ќе знае дека може да смета на вас. Тоа значи дека вие сте заглавиле со него, а не тој со вас. Колку побрзо ќе го сфатите тоа, толку побрзо ќе го раскинете таквото „пријателство“ и ќе продолжите со својот живот. Нема да можете да разговарате како пријатели. Не очекувајте бившиот да ви стане пријател со кого ќе можете да разговарате отворено. За вас секогаш ќе постојат „табу“ теми. На пример, нема да можете да му кажувате детали за вашата нова љубов или за вашето ново сексуално искуство, без да предизвикате негативни чувства кај него. Па, ако не можете да разговарате како пријатели, тогаш не ни можете да бидете пријатели во вистинска смисла на зборот. Нема да можете да се однесувате како пријатели. Ниту вие, ниту вашиот партнер нема да останете вечно сингл. А самиот факт што постои друга која го зазема вашето некогашно место во неговиот живот, може да ве претвори во љубоморна „пријателка“. Лошата вест е што и најмалата доза на љубомора може да има сериозни последици – или ќе го уништи вашето пријателство или неговата нова љубовна врска. И во двата случаја исходот нема да биде добар. Можно е да си создадете проблеми со новиот партнер. Ако имате нов партнер, не очекувајте од него да остане рамнодушен на вашето пријателство со бившиот. Колку и да ве разбира, кај него секогаш ќе постои одредена доза љубомора. Можеби вие навистина сте изградиле пријателски односи со бившиот, но без да сакате тоа може да ви ја уништи новата врска. Затоа, добро размислете. Можеби е најдобро да ѝ се посветите на сегашната врска, наместо да губите време со минатата, која завршила, и тоа со причина. АРГУМЕНТИ „ЗА“ ПРИЈАТЕЛСТВО СО БИВШИОТ Крајот на љубовната врска не мора да значи и крај на пријателството со личноста која долго време била покрај вас и со која сте споделиле прекрасни мигови. Па, доколку сте уверени дека и двајцата сте ја преболеле вашата врска, не е лоша идеја да го зачувате бившиот покрај себе како ваш пријател. Еве неколку аргументи „за“ пријателството со бившиот: Нема да изгубите личност која ви значи. Крајот на врската е поболен поради помислата дека важна личност го напушта вашиот живот засекогаш. Но, тоа не мора да биде така. Доколку успеете да изградите здраво пријателство, оваа личност може засекогаш да остане покрај вас и да ја добие етикетата „пријател“, а не „бивши“. Тој не ги изгубил добрите карактеристики. За некому да му посветите дел од својот живот, тој треба да поседува добри карактеристики. Можеби сте се заљубиле во вашиот бивши поради неговата смисла за хумор, можеби ве освоил со тоа што е грижлив и внимателен, можеби сте „паднале“ на неговата искреност… Раскин увањето не ги менува неговите добри особини. Тој е на листата на луѓе кои ве познаваат најдобро. Можеби дури ни вашите пријатели или семејството да не ве познаваат толку добро колку што ве знае тој. Голема е веројатноста тој да знае буквално како дишете, да ги знае сите ваши добри и лоши страни. Па, тој ќе ве разбира во моментите кога чувствувате дека сите околу вас не ве сфаќаат. Од него ќе добивате совети од машка перспектива. Пријателите од посилниот пол се драгоцени, затоа што можат да ви дадат совет од машка гледна точка. Можат да ви кажат дали фустанот кој сте го избрале е премногу провокативен и дали добро ви стои без ниту малку да се влијаат од љубомора, можат добро да проценат кога некој ве „јаде“ со поглед и сл. Нема да има потреба да си ги „делите“ пријателите. Се движевте во исто друштво или ги обожавате неговите пријатели? Раскинувањето со партнерот обично значи и раскинување со неговото семејство и поделба на пријателите. Но, ако меѓу вас двајцата успеете да изградите пријателски односи, вие нема да ги поставите пријателите во непријатна ситуација да треба да избираат меѓу вас. И што е уште поважно – ќе можете да ги задржите неговите пријатели. Сепак, ако сте станале пријатели со бившиот, не си мислете дека тоа ќе трае вечно и дека не може да се промени. Постојано набљудувајте ги сигналите кои ви ги испраќа и доколку забележите дека тој сака да му бидете нешто повеќе од пријателка, а вие не го сакате тоа, за жал, на вашето пријателство му доаѓа крај. извор:курир.мк]]>

Дара Бубамара „уловена“ со поранешниот сопруг: Откриено во каква врска се сега и како го поминуваат времето (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/dara-bubamara-ulovena-so-poraneshniot-soprug-otkrieno-vo-kakva-vrska-se-sega-i-kako-go-pominuvaat-vremeto-video/ Fri, 10 Mar 2023 10:22:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292741

Пејачката Дара Бубамара не откри нов партнер откако раскина со 22 години помладиот партнер Тони. Сепак, познато е дека таа отсекогаш била во добри односи со поранешниот сопруг Милан Кесиќ, со кој го има синот Константин. Овој пат поранешните сопружници повторно беа фатени заедно од екипата на шоуто „Папарацо лов“. Имено, Дара во текот на денот обврските ги извршувала во родниот Нови Сад, додека вечерта се упатила за Белград и заминала на Дедиње каде има свој стан. Дара таму ја пречекал поранешниот сопруг со кој влегла во станот. Инаку, Дара отсекогаш потенцираше дека со Кесиќ има пријателски односи сите овие години и дека си одговараат, особено откако и двајцата ги загубија родителите. - Бев меѓу првите што дознав кога Дара почна да излегува со друго момче, ми кажа таа. Не сум го запознал, но не ми пречи ако тоа се случи. Имам и девојка, таа се вика Марија. Дара е многу позитивна личност, убава и искрена – своевремено зборуваше Милан за нивната врска. - Со Дара се знаеме 12 години, бевме и останавме најдобри пријатели. Малку е тешко да ви ја објаснам нашата врска, тоа е сосем специфично. Вистината е дека јас и Дара никогаш не сме биле во вистински брак, главно нашата врска се базираше на пријателство и почит. Постоеше и страст меѓу нас, потоа Дара остана бремена, па потоа се венчавме. Сепак, последните две и пол години брак немавме ништо, но не сакавме да се разведеме поради детето. Спиевме во посебни соби. Таа, како и секоја жена, мораше да излегува, да запознае некого. Тоа не ми пречеше, ја почитував секоја нејзина одлука - изјави тогаш Милан за медиумите. - Милан, Коста и јас патуваме заедно, лани бевме во Турција, а во јануари во Дубаи. Па кој ќе ми биде најдобар пријател ако не тој? Неговите родители многу ме сакаа, а моите го сакаа него - изјави Дара гостувајќи во емисијата „Шоуто продолжува“.   Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб/Папарацо лов]]>

Марија Шерифовиќ без влакна на јазикот ги коментираше колегите, па нагласи: „Не се дружам со нив“ https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovik-bez-vlakna-na-jazikot-gi-komentirashe-kolegite-pa-naglasi-ne-se-druzham-so-niv/ Thu, 02 Feb 2023 12:07:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287118

Марија Шерифовиќ има само една пријателка од естрадата. Додека многу музичари тврдат дека на сцената се можни пријателства, Марија Шерифовиќ не верува во тоа. Таа истакна дека освен Јована Пајиќ, меѓу колегите нема пријатели. - Немам сериозни пријателства на сцената затоа што сум сигурна дека може да има проблеми. Ги почитувам сите колеги, имам фантастичен однос, но ако се дружиме и одмориме заедно, не. Имам четворица, пет луѓе околу мене и толку - изјави Марија во емисијата „Амиџи шоу“. Ианку,српските медиуми шпекулираа дека Марија наводно била причината за крајот на Бракот на Јована Пајиќ и Сале Тропико, но деновиве Шерифовиќ кажа дека тие се само пријателки, а кој што сака нека верува во своето. фото:Пинк принтскрин/Амиџи шоу/инстаграм]]>

Дара Бубамара проговори за пријателството со Цеца и зошто се дружи со неа https://arhiva.vistina.com.mk/dara-bubamara-progovori-za-prijatelstvoto-so-ceca-i-zoshto-se-druzi-so-nea/ Thu, 05 Jan 2023 13:16:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283008

Пејачката Дара Бубамара во емисија проговори за пријателствата и во таа прилика ja спомена колешката Цеца Ражнатовиќ и пријателството со неа. - Старата гарда на пејачи, мислам стаж, Синан, Џеј, Миле Китиќ, Цеца, тие се сосема други, нормални луѓе, а оваа нова генерација, новиот тим на сцената има квалитет, но многу од нив се веќе ѕвезди во нивните глави, а немаат 10% кариера како што имаат Цеца и Дара. Откажав многу пејачи, само затоа што имав мозок, затоа што бев едноставна, нормална, Господ сето тоа го гледа - изјави Бубамара во емисијата „Ексклузив“ и додаде:
- Се сетив на толку убави денови. Нејзиниот концерт на Ташмајдан, и мојот прв голем настап, бев толку среќена, прекрасно. Многу сум среќна што последниве неколку години сум во вистинското друштво. И приватно избрав луѓе кои само ми годат, а од нив дефинитивно е Цеца. Се чувствувам толку добро со неа, споделуваме толку многу позитивна енергија, буквално се’ што е негативно, се’ што ме вознемирува, отфрлам, но тоа е навистина така. Фолкерката истакнаа дека најголемите ѕвезди се најприродни и наједноставни за каква било соработка, додека новопечените пејачи многу „креваат нос“ без врска. фото:Ало.рс/Илустарација]]>

Бубамара потврди дека дефинитивно ставила крај на пријателството со Карлеуша (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bubamara-potvrdi-deka-definitivno-stavila-kraj-na-prijatelstvoto-so-karleusha-foto/ Mon, 14 Nov 2022 11:03:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275663

Јелена Карлеуша пред неколку дена со крајно смирен тон истакна дека не и замерува ништо на Дара Бубамара, бидејќи јавноста се почесто можеше да слушне приказни дека веќе не се во добри односи. Јелена изјави дека и помогнала на Дара кога животот и бил многу тежок и дека воопшто не жали за тоа. На зборовите на Карлеуша сега и одговори Бубамара, која во изјавата за Курир.рс  дефинитивно им стави до знаење на сите дека ставила крај на дружењето со Карлеуша и дека не и е јасно зошто во јавноста се кренала драма без причина околу оваа работа. - Никогаш не сум прашала кој со кого се дружи. Вакви прашања поставуваат само искомплексирани, суетни и несигурни луѓе. Ја знаете таа песна: „Ко се снама дружи, живот му је дужи, а ко са мном није ни за к*рац  није“. Јас сум жена што сите ја сакаат и  омилена сум. Можам да се дружам со сите колеги, јас сум фаворит... За мене, татко ми, кој ми беше бог татко, никогаш не кажа што да правам. Ако не ви се допаѓа, не мора да гледате, и тоа е тоа... - истакнала Дара и конкретно се осврнала на односот со Карлеуш: - Воопшто не би размислувала за Карлеуша. Секој работи за себе, не за мене. Јас неработам ништо. Јас сум чиста. А тие приказни, за тоа помагање, тоа... Што помогнав јас таа се што знае и не знае, па не зборувам за тоа. Затоа што јас сум дама и нема да кажувам грди или убави работи. Нека заврши тоа сега како ќе заврши, нејзин избор и нејзина работа. Суетата е чудо! - шокираше Дара. Таа нагласи дека нема време да следи што се пишува за неа бидејќи многу работи и заработува. - Се трудам да бидам во ред со сите. Кој не е коректен, само имам амнезија. Ништо не му правам, не му посакувам зло. Тоа се многу малку луѓе. Добра сум со сите, со сите се согласувам. Како што вели еден мој пријател: „Кој не е добар со Дара е навистина лош“. Веројатно им е досадно. Работам многу, заработувам... Немам време да следам што и кој, како... слушам од фановите кога ми праќаат пораки - заврши Дара за Курир.рс. Да потсетиме, Јелена изјави дека нема ништо против Дара и дека секогаш се трудела да и помогне што е можно повеќе. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Дамир Дервишаѓиќ/Немања Николиќ]]>