пријателки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Feb 2024 10:21:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пријателки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пријателките јавно и порачаа дека и љубоморат: Водителката Живкица на блиска средба со светски славниот пејач (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/prijatelkite-javno-i-porachaa-deka-i-lubomorat-voditelkata-zhivkitsa-na-bliska-sredba-so-svetski-slavniot-pejach-foto/ Fri, 09 Feb 2024 10:01:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338102

На ТВ водителката Живкица Каленикова се почесто почна да и биде погодено друштвето и тоа со не она секојдневното, туку специјално и светски познато. Минатата година Живкица заедно со сопругот и децата беа во Дизниленд, а таму го сртнаа идoлот на нејзиниот син, фудбалерот Лионел Меси и сопругата Антонела. Со мега фудбалската ѕвезда не успеаја да се фотографираат за сопствен мерак и за спомен, но затоа Жиле успеа тоа да го направи тоа со Антонела. Сега, познатата водителка повторно имаше возбудлив момент и уникатна прилика да биде во друштво, односно да се сретне со британската музичка ѕведа Роби Вилијамс. Жиле стисната до Роби, насмеана и среќна си доби фотографија за спомен, а истата во неколу кадри ја објави на социјалните мрежи. Локацијата и поводот не сакаше да ги открие, но затоа пријателките јавно и порачаа дека и љубоморат и посакуваат да бидат на нејзиното место. Албумот фото со светски познати почна да и се полни, па како што тргнал редот, очекуваме дека ова нема да биде и последна. фото:Facebook/ Zivkica Kalenikova]]>

Детали од сексуалниот живот кои не треба да ги споделувате со пријателките https://arhiva.vistina.com.mk/detali-od-seksualniot-zhivot-koi-ne-treba-da-gi-spodeluvate-so-prijatelkite/ Wed, 25 Oct 2023 12:59:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323865

Женското пријателство е непроценлива врска која го прави животот поубав и исполнет. Најдобрите пријатели се безусловно тука една за друга и никогаш нема цензура во слатките женски разговори. Ние сме едни на други пријателки и сестри, а во многу ситуации – и лични психијатри. Дури и родовата психологија заклучи дека природниот начин за поврзување на жените е да ги споделат најличните детали. Сакаме да знаеме дека не сме сами во нашите грижи, борби и фрустрации, па затоа сакаме да му кажеме на нашиот најдобар пријател апсолутно сè. И тоа е една од најважните работи што можеме да ги имаме во животот. А има ли посладок женски муабет од оној за нашите партнери? Иако ги сакаме нашите партнери повеќе од било што на светот, честопати озборуваме со нашите пријатели за нивниот карактер и сè што мислиме дека треба да поправат. Една од најчестите теми е сексот. Без разлика дали е одличен, просечен или лош – речиси секој најдобар пријател ги знае нашите најинтимни детали од нашиот сексуален живот. Сепак, љубовните партнери имаат право на приватност и може да се чувствуваат лошо кога би знаеле што им кажуваме на нашите девојки. На пример, ако ги сподели своите најчудни фантазии со вас, но пред тоа собрал храброст да ви каже, не би било фер да споделите со пријателката. Дел од зрелоста е обезбедување дискреција и сигурност на вашиот партнер. Од друга страна, поентата на искреното пријателство е тоа што можеме да ги споделиме најинтимните детали со нашиот пријател, особено ако тие ни предизвикуваат некои сомнежи или проблеми. 1. Неговите сексуални несигурности Несигурноста на мажите во кревет најчесто произлегува од големината на нивните алатки, вели истражувањето. Ако знаете дека не е задоволен со своето тело, треба да му помогнете да си ја врати самодовербата. Ако на пријателот му ги откриете неговите најголеми тајни, тоа сигурно нема да му помогне. 2. Голи фотографии Многу парови будат страсти споделувајќи интимни фотографии. Овие уметнички фотографии се создадени исклучиво за ваши очи и ваше задоволство. Без разлика на тоа колку сте блиски со вашиот најдобар пријател, не треба да ја занемарувате вашата почит кон партнерот поради тоа. 3. Неговите фетиши Фетишот е сексуална желба што треба да остане во спалната соба. На пример, ако партнерот ви признал дека има фетиш за стапалата, а тоа не ви се допаднало, не треба веднаш да и се јавите на пријателката и да и кажете колку е чуден вашиот партнер. Обидете се прво да разговарате со него за тоа и да му кажете кои се вашите граници. 4. Сексуална историја Во природата на секоја жена е да сака да знае со колку и со кои жени бил пред вас. Мажите обично не сакаат да зборуваат за тоа, но некои од нив можеме да ги убедиме да ни кажат нешто од нивното сексуално минато. Ова е информација само за наши уши,, па не би било во ред да ја споделиме со неговите пријатели. 5. Кажување дека е лош во кревет Без разлика на тоа колку силни се нашите чувства кон партнерот, понекогаш работите едноставно не функционираат под чаршафите. Доколку чувствувате дека партнерот не може да ве задоволи, треба отворено да му кажете и да поработите на искрата која е потребна за добар сексуален живот. Дефинитивно не треба да го споделите тоа со вашиот пријател. Пред се поради неговата приватност, но и поради фактот што овој проблем можете да го решите само со партнерот. извор:попара.мк]]>

Стара фотографија од свадбата на Сека Алексиќ: Пејачката во прегратка на Цеца Ражнатовиќ (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/stara-fotografija-od-svadbata-na-seka-aleksik-pejachkata-vo-pregratka-na-tsetsa-razhnatovik-foto/ Tue, 26 Sep 2023 08:04:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319668

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Сека Алексиќ важат за една од најголемите ѕвезди на Балканот, а како што со голема слава има и големи расправии, некои медиуми, но и луѓе на социјалните мрежи започнаа полемика - каков е односот меѓу овие две пејачки. „Се сретнавме случајно, во авион. Заедно седнавме на пат за Цирих, од каде што заедно се вративме по настапот. Таму станавме пријатели, останавме во контакт и продолживме да се дружиме. Таа е навистина одлична девојка“, изјави еднаш Цеца, а Сека и за колешката зборуваше со суперлатив. Сепак, на почетокот на 2000-тите овие две музички ѕвезди беа големи пријатели, а Сека често гостуваше на приватните прослави на Ражнатовиќ. Сега на профил на Инстаграм се појави слика од свадбата на Сека Алексиќ од 2010 година кога таа му го кажа судбоносното „да“ на партнерот Вељко Пиљкиќ, а на фотографијата се гледа колку биле блиски овие две пејачки.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Estradni Miks (@estradni_miks)

Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Марија Петровска на „туширање со љубов“: На некогашната водителка на „Бекстејџ“ за нејзиното машко чедо на пат, другарките и приредија „Бебешки туш“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-petrovska-na-tushirane-so-lubov-na-nekogashnata-voditelka-na-bekstejdh-za-nejzinoto-mashko-chedo-na-pat-drugarkite-i-priredija-bebeshki-tush-foto/ Wed, 08 Mar 2023 09:00:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292220

Некогашната ТВ новинарка и водителката Марија Петровска, која со години беше „трејед марк“ на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, сега се занимава со маркетинг, адвертајзинг и ПР. Љубовта и животните околности ја однесоа во некогашна најсеверна ЈУ република - Словенија, каде речиси седум години живее со нејзиниот избраник, Михаел Сказа. По неколку години заедничко живеење, популарната Маца кон крајот на минатата година обзнани дека е бремена, а сега таа е во завршна фаза на бременоста и за некое време со нејзиниот партнер ќе се остварат во улогата на родители. По тој повод во католичкиот свет постои еден обичај кој кај нас не е премногу вообичаен, но таму често се практикува и е наречен „Бебешки туш“ (baby shower). Во суштина се работи за забава на која се носат и подготвуваат подароци за да се прослави породувањето, односно очекуваното раѓање на детето и трансформацијата на жената во мајка. Токму изминатиот викенд блиските пријателки на поранешната водителка на „Бекстејџ“ во Словенија и организираа „baby shower“ за бебето кое е на пат. За оваа прилика целиот амбиент до најситен детал бил декориран во светло сина боја во знак на бебето кое е од машки пол.
Марија ги бори последните денови од бременоста и изгледа како прекрасна трудница и самата променета во син фустан со принт од цветен дезен. Пријателките ја опсипаа со многу љубов, внимание и секако  многу подароци за своето машко чедо кое само што не пристигнало на овој свет.
И додека полот на бебето е оддамна познат, Маца потенцијалното име на синот се' уште не го соопштила. Не барем јавно, освен, можеби на потесниот семеен круг и најблиските роднини. Освен, ако и самата таа и нејзиниот партнер Михаел се уште не  одлучиле дефинитивно како ќе се вика нивното синче. Или можеби се чека кумот? „Што се однесува до името, сè уште не сме избрале. Имаме неколку фаворити, ама сè уште ништо конкретно“ - кажа Марија уште кога беше некаде на половина од бременоста. Конечено името е лична работа, она што е најважно е синчето да им е живо и здраво! Фото Инстаграм принтскрин/marija_petrovska]]>

Се зборуваше дека се скарани и „очи не сакаат да си видат“, па еве што се случи помеѓу Лила и Марјана кога се сретнаа на „Макфест 2022“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-zboruvashe-deka-se-skarani-i-ochi-ne-sakaat-da-si-vidat-pa-eve-shto-se-sluchi-pomegju-lila-i-marjana-koga-se-sretnaa-na-makfest-2022-foto/ Sat, 05 Nov 2022 08:15:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272636

Ако Кристина Димитри и Андријана Петрушовска ги „однесоа сите погледи“  на мажите на годинешниот „Макфест 2022“ меѓу пејачките, тогаш Лила Филиповска и Марјана Станојковска ги „залепија за себе“ погледите на сите: И на мажите и на жените и на ТВ камерите... Зашто двете ТВ водителки се појавија во такви возбудливи модни изданија, во кои слободно можеа да прошетаат на црвениот тепих и сцената дури и на некоја светска манифестација, на која исто така немаше да останат незабележани. Дека двете дами работата „ја имаат во малиот прст“ оддамна е познато, па затоа и се можеби со години наназад најпознатите и најпопуларните во браншата... особено Лила, која дефинитивно е врвна по многу нешта. И изгледот кој го негува и речиси не го менува со години, па изгледа речиси дупло помлада од што е, а и по имиџот, изборот на гардеробата, обувките, шминката, накитот... Комплетниот аутфит, во кој водителката секогаш изгледа топ и фит! Така беше и овој пат, на годинешниот „Макфест“ кога Лила уште со самата појава на црвениот тепих предизвика еуфорија. Блескаа  блицевите на фоторепортерите, мобилните сликаа, камерите  снимаа, а првата дама на македонскот ТВ водителство суверено позираше и чекореше кон својата работна позиција.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Во долг зелен светкав фустан од куќата на една од најпознатите модни креаторки кај нас, со длабоко деколте и уште подлабок шлиц кои доволно „ја скокоткат фанатазијата“, многу тоа откриваат, ама ништо не покажуваат, Лила едноставно блескаше... И на сцената и надвор од неа! И ако Лила е „македонската кралица на ТВ водителството“, Марјана Станојковска пак, со годините се профилираше во „принцеза на водителскиот ТВ занает“ која како помлада претендира да ја наследи. Но, она што на себе го носеше и на овој „Макфест“ како и секогаш беше повеќе од модерно и атрактивно, ултрапровокативно, а сепак елегантно и... едноставно заодливо. Особено втората вечер, кога долгиот фустан со една „отворена страна“ буквално ги мамеше машките погледи, во исто време скокоткајќи и милувајќи ја нивната фантазија, зашто ваквиот изглед надополнет со останатите детали буквално „и гали и пали“ со само еден фрлен поглед на сексапилната Марјана.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Сепак, она што беше најинтересно, беа претходно пласираните шпекулации, веројатно  темелени на кулоарските естрадно-чаршиски муабети, дека двете ТВ водителки се во лоши односи!? Дека двете колешки не сакаат „очи да си видат“ и приватно, а камо ли да работат нешто и заедно?! Токму оттаму сите погледи на меновинарите и медиумите, па и на сите останати без вперени во нивната неизбежна фестивалска средба на „Макфест 2022“! Како ли ќе реагираат, што, ли ќе се случи, ќе има ли размена на „остри зборови“, се' ќе мине само  со „погледи попреку“ или двте ТВ водителки само „ладно“ ќе се разминат, ќе свртат глава  и нема ни да се погледнат? Арно ама, дека „на лагата и се куси нозете“ како и на „фејк вестите“, покажаа нивната средба зад фестивалската сцена. Лила и Марјана не само што се сретнаа, туку се изгушкаа, бакнаа, насмеани разговараа, си направија селфи и позираа специјално за нашиот портал Вистина.ком.мк, дементирајќи ги сите гласини околу нивната наводна кавга! Обете потврдија дека ниту биле, ниту се скарани или во лоши односи... Напротив! Лила и Марјана на „Макфест 2022“ докажаа дека не само што се  топ водителки, туку се и блиски пријателки! Не „душманки“, туку колешки и другарки! А, чаршијата и кулоарите во естрадата? Ако немаат друга работа, како и секогаш нека плетат приказни, со кои само им ја креваат цената! Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska/marjanamay/приватна архива
 ]]>

Додека заводливо „мешаше“ во танга, водителката толку ја навлажнија што и се замати видот: Кој тоа на Спенџарска и прсна во око? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-zavodlivo-meshashe-vo-tanga-voditelkata-tolku-ja-navlaznija-shto-i-se-zamati-vidot-koj-toa-na-spendzarska-i-prsna-vo-oko-video/ Sat, 10 Sep 2022 07:12:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264532

Македонската ТВ водителка Јелена Спенџарска последните денови од летото ги искористи и тоа во вистинска смисла на зборот. Таа уживаше на една од познатите плажите  и како што вели непишаното правило: „Да си на плажа, а да не се пофалиш и на социјалните мрежи не споделиш, тогаш подобро и да не одиш“, па така   и овојпат долгоногата беровка сподели неколку фографиии и понекое видео клипче од нејзините летни лудории. Имено,  Спенџарска на своето „стори“ на Инстаграм објавила две куси видеа на кои може да се види како лудо се забавува. Водителката секако не е сама, а друштво и прават две нејзини пријателки, сите  три заедно „за машала“, со бујни облини сместени во шорцеви и секси-бикини. Јелена на себе носи црна проѕирна наметка и под неа танга гаќички за капење со леопардов принт… Музиката доволно гласна, расположението максимално, друштвото респектабилно,  а Спенџарска - пуштена на најсилно! Трите дами заводливо танцуваат, но водителката предничи во танцот покрај шанкот... Се' уште со мокра коса, веројатно тазе излезена од вода, додека Јела провокативно нишајќи ги колковите како  вклучена на 220 V „мешаше“ со  заоблената задница во леопардовата танга, водителката толку ја навлажнија што и се замати видот. Имено, во еден момент, некој со тукушто отворено шампањско почна „да ги тушира“  расположените танчарки... И тоа толку обилно и интензивно, што танцот на „ТВ ѕвездата“ од утринската на Канал 5 мораше да запре под  млазот на „пенливиот туш“. Очигледно трите дами не беа сами, а двете пријателки на водителката минаа без „последици“ зашто за среќа носеа очила за сонце, додека на Јелена... И ги наполнија очите... Со пенливо вино! Сепак, остана непознаница, за која во чаршиските кулоари веќе „се шпекулира“ на долго и широко... Кој тоа на Спенџарска и прсна во око? Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/jelenaspendzarska]]>

Oткако и беше сведок на суд, Лепа Брена не се разделува од бившата на Мирослав Илиќ: Заминаа заедно во провод, па и упати емотивна порака https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-i-beshe-svedok-na-sud-lepa-brena-ne-se-razdeluva-od-bivshata-na-miroslav-ilikj-zaminaa-zaedno-vo-provod-pa-i-upati-emotivna-poraka/ Fri, 01 Oct 2021 09:56:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221415

Мирјана Антовиќ од Канада дојде во Србија поради судењето со Мирослав Илиќ за утврдување на татковство на нејзиниот син Девин кој не сака да го признае. Пејачката Лепа Брена беше сведок на рочиштето на нејзината пријателка. По завршувањето на судењето, адвокатот на Мирјана се огласи истакнувајќи дека судењето е затворено за јавност, додека пак Лепа Брена истакна дека не можат ништо да кажат и дека „седмата сила“ ќе треба повторно да дојде. Пејачката јавно ја подржува Мирјана, а сега на својот „Инстаграм“ објави фотографии на кои уживаат во ресторан, а покрај објавата напиша: „Имам мали желби, да го сочувам добрите пријателки“. За потсетување, Брена за Мирјана подготвила и посебни подароци кои многу ја израдувале. „Брена е свесна колку е стресна целата ситуација за Мирјана, па се потруди максимално да ужива додека е кај неа дома. По рочиштето, Брена во нејзиниот дом ги собра нивните драги луѓе, па се опуштија со вино и гозба. Мирјана многу се израдува од гестот на Брена. Пејачката ја частеше неколку српски специјалитети кои и недостигаат на Мирјана“, изјави извор. Инаку, Мирослав Илиќ не сака да го признае неговиот син Девин и одбива да направи ДНК анализа.]]>

Калиопи и Олгица – двете македонски легенди прошетаа низ Широк Сокак: Повеќе од пријателки, речиси семејство, иако не се… ама како да се! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-i-olgica-dvete-makedonski-legendi-proshetaa-niz-shirok-sokak-povekje-od-prijatelki-rechisi-semejstvo-iako-ne-se-ama-kako-da-se-foto/ Tue, 20 Jul 2021 07:25:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211663

Битола ги има најубавите девојки велат... Битолчанки, најдотерани, настокмени, најсредени кога ќе излезат дапрошетаат по Широк Сокак, очите да ти се наполнат од убавина. леЛегендарната улица, или пешачка зона, денес е срцето на градот на конзулите низ кое парадираат битолските  убавици покрај низата од безброј кафулиња додека со погледи ги следат и меркаат од глава до петици „влажните машки погледи“, изнудувајќи им воздишки... Токму на ова локација се сретнаа па се впуштија во ноќна проетка две дами познати македонски дами... Две уметнички легенди кои Македонија ја задолжиле со она што зад себе го оствариле, оставиле и се' уште го правата... И во музиката и во театарот. Едната родена битолчана, другата по потекло од Кичево, обете со скопски адреси на живеење. Двете бисер грла, гласишта, вокали за медал, итерпретаторки какви се раѓаат еднаш во сто години... Олгица Христовска и Калиопи Букле двете врвни, вонсериски македонски музички ѕвезди и повеќе од тоа. Олгица и актерка, Калиопи и автор и над сето тоа, двете одлични пријателки. И додека месечината таа вечер на Широк Сокак „тивко, полека заоѓаше“ зад облаците и одново се појавуваше да блесне и осветли небото над хоризонтот, двете ѕвезди блескаа во муабетот при својата  битолска средба. Ѕвездите можеби секогаш немаш прилика, не можеш да ги видиш, но тие сепак, секогаш се тука околу тебе... Така е и со вистинските пријатели. Или како што и самата Калиопи напишала покрај фотографијата со која ја овековечила нивната средба: „Битола ноќе со мојата Олгица... Луѓето секогаш доаѓаат во нашиот живот поради некоја причина, но од нив засекогаш остануваат само оние, кои доаѓаат со вистинската причина и кои ја кажуваат дури и најсуровата искреност, за која ризикуваат да ве изгубат... Јас таквите ги нарекувам  ријатели ... пардон - семејство“! И навистина во изминативе повеќе од три децении колку што трае нивната дружба, двете македонски ѕвезди се' повеќе од пријателки, речиси семејство, иако не се... Ама како да се! Како сонце и месечина! Затоа и во таа битолска ноќ, нивната средба, дружба и прошетка по „месечина под ова небо што ги покрива“, беше толку пријатна и емотивна... Се' додека двете „тивко, полека, не зајдоа“ во ноќта од муабети, насмевки и добро расположение, за уште поубави спомени! ]]>

Лепа Брена и Зорица Брунцлик беа добри пријателки, но сега не сакаат очи да си видат https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-brena-i-zorica-brunclik-bea-dobri-prijatelki-no-sega-ne-sakaat-ochi-da-si-vidat/ Wed, 11 Nov 2020 10:58:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175577

Фолк sвездите Лепа Брена и Зорица Брунцлик беа добри пријателки многу години. Нивните семејства се дружеа, одеа да се посетуваат едни со други, а потоа сè се расипа во 2015 година. Според Зорица, Лепа Брена не сакала контакт со неа откако го напушти жирито на „Ѕвездите на Гранд“ пред 5 години. „Во каква врска сме? Ние воопшто не се поврзуваме. „Во моментот кога заминав, комуникацијата престана, бидејќи дефинитивно нема љубов без болка“, рече Брунцлик во „Ексклузив“ минатата година. Пејачката откри и дека нејзината колешка наводно ја избегнувала на настани.
 
View this post on Instagram
 
❤️❤️😍

A post shared by Zorica Brunclik (@zoricabrunclik_official) on

„Прашајте ја зошто не зборува со мене. Се сретнавме на разни настани и таа вешто ме избегнуваше. Јас не сум нејзино ниво, иако и испратив кошница со цвеќиња за нејзиниот концерт. Не можам да се смирам со некој со кого не сум се расправала и не сум заинтересирана да и пријдам и да ја прашам: „Еј, зошто не зборуваме?“ Уморна сум од тоа “, вели Брунцлик. Лепа Брена се држи до својот слоган „Јас го гледам мојот бизнис“, па затоа не ги коментираше зборовите на Зорица.]]>

Зошто жените споделуваат со пријателките детали за интимните односи? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-zenite-spodeluvaat-so-prijatelkite-detali-za-intimnite-odnosi/ Tue, 04 Aug 2020 12:30:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161737

Жените разговараат со пријателките за сѐ, па дури и за најинтимните детали од постелата и со тоа треба да се помирите. Ако пријателките на вашата сопруга или девојка ве гледаат чудно и се смешкаат загадочно, можеби треба да размислите каков впечаток сте оставиле претходната ноќ. Додека пиеле кафе, онака опуштено таа најверојатно ги известила до детал за она што ја воодушевило или пак и’ пречело додека водевте љубов? Но зошто жените говорат за интимните детали? Некогаш сакаат да се пофалат, некогаш да се пожалат, а кога сексот ќе се наметне како тема, тие без никакво ограничување се доверуваат меѓусебно. Истражувањето на веб порталот „Match“ покажува дека дури 57 отсто од жените им се доверуваат на пријателките за деталите од нивниот интимен живот. Ова не би требало да ве лути, затоа што во женскиот круг дамите се чусвтвуваат поопуштено, сексот престанува да биде табу тема и доаѓа до размена на искуства, што може и да ви користи. Таа ќе дознае некои нови работи и ќе се обиде да ги проба со вас. Покрај тоа, ако навистина сте добри во кревет, ќе ве посакаат и нејзините пријателки. Истражувањата покажале дека жените повеќе говорат за сексот на почетокот на врската, а подоцна тоа го сметаат за непристојно. извор: Курир.мк]]>