пријателите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 10 Jun 2021 12:11:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пријателите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Last Expedition“ и пријателите од силната љубов кон место во кое живееме ја создадоа – „Мајка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/last-expedition-i-prijatelite-od-silnata-ljubov-kon-mesto-vo-koe-ziveeme-ja-sozdadoa-majka-video/ Thu, 10 Jun 2021 12:11:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206560

Во море на патриотски и навивачки песни, една тема побудува особено внимание. „Мајка“ – новата песна на „Last Expedition“  и пријателите се издвојува според исклучителен сензибилитет, каков ретко се забележува во денешно време.„Мајка“ се роди едно утро, спонтано, од силната љубов кон место во кое живееме – вели Енис Хаџиќ - Енко, лидерот на култниот македонски бенд.
Песната е истовремено химна, класика и оперска арија, а всушност е рокенрол. „Свири 'Експедишн' во полн состав, а гостуваат пријателите, еден куп. Најпрвин Дино Имери, еден од нашите најдобри пијанисти, потоа тенорот Христо Арсовски, попознат како Ричи Мерцедес, познат автомеханичар, еден неверојатно талентиран самоук оперски пејач, кој подготвува таков албум, и Kaly, која оперскиот дел го има во женска верзија. Секако, тука е и голем, 20-член хор на наши другари, кои се дел од песната. Затоа „Мајка“ е дело на сите нас – „Ласт Експедишн“ и пријателите –вели Енис Хаџиќ. За песната е реализирано лирик-видео, со преубава зајдисонце фотографија на Дарко Стојановски, забележана на Преспа. Дека сето тоа звучи изгледа одлично без сомнение, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=BTRahAeLDXY
]]>

Албумот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите ќе го објави престижната британска етикета „Лин Рекордс“ https://arhiva.vistina.com.mk/albumot-makedonisimo-na-simon-trpcheski-i-prijatelite-kje-go-objavi-prestiznata-britanska-etiketa-lin-rekords/ Mon, 13 Jul 2020 11:10:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158529

Албумот на врвниот македонски пијанист со светскоо реноме Симон Трпчески и пријателите, насловен „Македонисимо“, ќе излезе на 28 август под престижната британска етикета „Лин Рекордс“, соопшти Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Тој беше најавен со синглот „Не си го продавај, Кољо, чифликот (Омаж за Брамс)“. Албумот е фузија на фолк и класична музика, која ги дефинира неверојатните ритми и прогонувачки мелодии на мојата татковина Македонија,  вели Трпчески во изјавата за македонските медиуми. По идеја на Трпчески, композитор е Панде Шахов, а во изведбата учествуваат и Александар Краповски на виолина, Бугаринот Александар Сомов на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, а зад удиралките е Влатко Нушев. Светската премиера на проектот се случи на фестивалот во Лудвигсбург, Германија, во мај 2017 година. Трпчески во моментов е во Софија и заедно со Краповски и Сомов го започнува снимањето на материјалот со дела од Шостакович, а во тек се и завршните подготовки за снимање оркестарско цеде за оваа еминентна етикета“, додава „КултурОп“.]]>