пријатели – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Mar 2024 13:17:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пријатели – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Жал ми е што немам повеќе пријатели“: Ивана Николиќ проговори за кариерата и злите јазици (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/zhal-mi-e-shto-nemam-poveke-prijateli-ivana-nikolik-progovori-za-karierata-i-zlite-jazitsi-foto/ Fri, 01 Mar 2024 13:17:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340845

Пејачката и поранешна членка на групата „Ураган“, Ивана Николиќ проговори за непознати детали од својот живот и ја покажа својата друга страна. - Живеев во Ниш, а кога се преселив во Белград и почнав да работам, веќе немав време да одржувам контакти. Танцував во Ниш осум години и имам двајца пријатели од тој период. Сепак, најдолго се дружам со Мирослав Жикиќ, модел, кој сега е во Берлин и толку - вели Ивана и нагласува дека не е сигурна дали нејзините пријателства со жени прекинале поради љубомора, но се сеќава на настани кога таа влезе во јавниот свет и на музичката сцена: - Не знам дали жените беа љубоморни на мене, но некои пријатели кои многу ми значеа престанаа да контактираат со мене кога дојдов во Белград и се приклучив на групата.  Изгубив многу пријатели по патот до мојата кариера, но се чини дека така мора и тоа е процес на созревање.   Фото: printskrin/instagram/ivana_boom_nikolic
]]>

Фановите воодушевени: Рејчел и Рос од „Пријатели“ повторно се обединија пред камери, а снимката со реакцијата на актерката стана вирална (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/fanovite-voodusheveni-rejchel-i-ros-od-prijateli-povtorno-se-obedinija-pred-kameri-a-snimkata-so-reaktsijata-na-akterkata-stana-viralna-video/ Fri, 09 Feb 2024 07:31:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338131

Мега популарната серија „пријатели“ има фанови ширум целиот свет, а сега на нивно задоволство се појави реклама од повторното обединување на двајца од актерите и тоа за потребите на една реклама која треба да се прикажува на „Супер Боул“. Рекламата за достава на „Uber Eats“ започнува со Анистон на снимање на филм, на која Швимер ѝ приоѓа и се обидува да ја прегрне, но таа се однесува како да не знае кој е тој. Анистон ја глумеше Рејчел Грин во хит ситкомот, додека Швимер го играше Рос Гелер. Двајцата глумеа заедно во серијата од 1994 до 2004 година. „Дали сме се сретнале порано?“, го прашува таа и уште еднаш повторува од каде се познаваат. „Дај ми навестување“, вели Џенифер додека Швимер изненадено ја гледа и вели: „Па, работевме заедно 10 години“. „10 години?“, одговара збунетата Анистон. Швимер сè уште е изненаден што не може да се сети на него, прашувајќи ја: „Сè уште не знаеш, нели?“. Сепак, додека Анистон се оддалечува од актерот, таа иронично вели: „Како да би заборавила 10 години од мојот живот“. Фановите на „Friends“ се воодушевени од повторното обединување на актерите, а еден корисник на „Х“ напиша дека рекламата е „сè што некогаш му требало“. Покрај Анистон и Швимер, во рекламата се појавуваат низа познати личности кои забораваат едноставни нешта како Дејвид и Викторија Бекам. Рекламата за „Uber Eats“ ќе се емитува за време на Супербоулот на 11-ти февруари. фото: You Tube printscreen/ E! News/ Twitter/ gab]]>

Цеца и Богдан Срејовиќ го исполнија ветувањето: Еве што се случува на две години откако раскинаа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tsetsa-i-bogdan-srejovik-go-ispolnija-vetuvaneto-eve-shto-se-sluchuva-na-dve-godini-otkako-raskinaa-foto/ Mon, 05 Feb 2024 12:15:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337478

Цеца и Богдан Срејовиќ пред точно две години ја раскинаа емотивната врска. Двајцата за ова ја информираа јавноста со соопштение во кое истакнаа дека ќе останат пријатели засекогаш. И навистина е така. Имено, тие и денеска се следат на Инстаграм, а доколку се видат на некој настан срдечно се поздравуваат. Навистина, не се гледаат намерно, но дефинитивно има случајни средби. Цеца и Богдан се сретнале неодамна на премиерата на филмот „Недеља“, а претходно на друг настан. Инаку, Богдан сега е во врска со Јована Љубисављевиќ, а емотивниот статус на Цеца никој не го знае.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Bogdan Srejovic (@bogdansrejovic)

Да потсетиме, пејачката неодамна се пошегува, а наедно призна дека преферира помлади момци. фото: You Tube printscreen/ Paparazzo Lov]]>

Мачка има нова „мачка“: Бившиот сопруг на Тамара Тодевска, Александар Димитровски и Едина Муса се блиски пријатели отсекогаш или нови љубовници засекогаш? https://arhiva.vistina.com.mk/machka-ima-nova-machka-bivshiot-soprug-na-tamara-todevska-aleksandar-dimitrovski-i-edina-musa-se-bliski-prijateli-otsekogash-ili-novi-lubovnitsi-zasekogash/ Wed, 10 Jan 2024 11:17:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334267

Новата 2024 година започна интересно... И мошне љубовно? Или сепак тоа е само старо пријателство, кое навидум само изгледа како да е нова љубов? Како и да е,  една заедничка фотографаија објавена на Инстаграм и тоа кај обата субјекта предизвика ерупција од муабети, претпоставки, озборувања и нагаѓања и во естрадните и во спортските кругови, па и кај пошироката јавност. На неа бившиот сопруг на пејачката Тамара Тодевска, Александар Димитровски - Мачка и нашата кошаркарска, бодибилдерка  и мис фитнес убавица Едина Муса, заедно еден до друг во прилично интимна атмосфера, па и поза, може да се каже. Зашто спуштената рака на русокосата под масата во ресторанскот дел на најпознтиот белградски кабаре клуб во стилот: „Допрни ми колено“... или што ли веќе друго, колку што е јавно дозволено, во многу што наликува дека не е во прашање само обичен пријателски обед. Впрочем и изразот на лицата на обајцата кои блескаат од среќа, кажува дека можеби тука има „некоја тајна врска“... Колку и да не е потребна квалификација, коментар или наслов на сликата, како што и самата Едина напишала во описот, некако очигледно е дека во „пописот на претпоставки“ онаа љубовната варијанта најверојатно ќе се оствари и излезе дека е точна. Тамара веќе оддамна јавно го покажа новиот љубовник со кој изглед среќна, па тогаш зошто и Мачка не би имал нова „мачка“? И тоа каква, ако навистина  Александар Димитровски и Едина Муса се повеќе од само блиски пријатели отсекогаш, односно  нови љубовници... засекогаш? Како и што впрочем русокосата убавица во својата новогодишна желба посакува евентуалната љубов да трае до крајот на животот,  во дополнително објавеното стори на Инстаграм! Мчка и Едина ги спојува спортот, односно кошарката во која се или биле активни обајцата, па затоа и претходно во Белград заедно беа на дерби натпреварот помеѓу кошаркарските ривали Црвена Звезда и Партизан. Патем обајцата слободни, без љубовно - брачни обврски, што значи дека покрај  кошарката  слободно можат да ги разменат не само спортските интереси туку и споделат чувствата и емоциите. Впрочем, Александар и Едина и новата 2024 година ја дочекаа заедно во родната Гевгелија на Мачка. Како и да е, набргу времето ќе покаже дали Александар Димитровски - Мачка и Едина Муса се блиски пријатели уште од некогаш или нови љубовници, чија љубов ќе трае... можеби засекогаш? Фото: Инстаграм/machka777/edina_musa

Избегнувајте ги овие три типови на “пријатели“, еве зошто не ви се потребни во животот https://arhiva.vistina.com.mk/izbegnuvajte-gi-ovie-tri-tipovi-na-prijateli-eve-zoshto-ne-vi-se-potrebni-vo-zhivotot/ Mon, 04 Dec 2023 12:32:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329806

Животот е премногу краток за да го поминете со луѓе кои не го заслужуваат вашето време и енергија. Постојат одредени „типови“ на луѓе кои едноставно не треба да бидат добредојдени во вашето опкружување доколку сакате да живеете среќен живот. Ако сакате да извлечете максимум од овој живот, опкружете се со луѓе кои развиваат позитивни вредности во вас. Обрнете внимание на овие типови на луѓе, бидејќи можете да се спасите од многу лоши искуства. 3 типа на луѓе кои треба да ги избегнувате во животот: 1. Манипулатор Поради некоја причина, нешто кај нив силно мириса на лажно, но тие се толку убедливи што честопати го измамуваат вашето инстинктивно расудување. Нивната цел е да влезат во вашиот живот, да ја заслужат вашата доверба, а потоа да ве искористат за што сакаат, што и да е тоа. Тоа може да се вашите пари, секс, вашата популарност или едноставно сакаат да „вртат некого околу малиот прст“. Клучот е да и верувате на вашата интуиција. Ако имате чувство дека таму „нешто смрди“, обично има добра причина за тоа. 2. Силеџија Зборот зборува сам за себе. Оваа личност добива чудна форма на исполнување гледајќи како другите луѓе страдаат. Омаловажувајќи ги другите, таа развива чувство на самопочит и потврдување на сопствената супериорност. Луѓето се насилници затоа што поради некоја причина страдаат длабоко во себе. Ако можат да направат некој друг да се чувствува лошо, тој ќе се чувствува помалку лошо за себе. Клучот за справување со вакви луѓе е да не сфаќате ништо што тие велат или прават сериозно. Тие водат битка со себе, не со вас. 3. Его-манијак Ова е личност која се дружи само со вас затоа што придонесува за сопствената слика за себе. Тие сакаат да се сметаат за личност со одреден статус во очите на другите и ако мислат дека дружењето со вас ќе им помогне да го подобрат својот социјален идентитет, никогаш нема да ја напуштат вашата страна. Се додека не решат дека дружењето со вас повеќе не му служи на нивното его. Тие навистина не се заинтересирани за пријателство. Тие се заинтересирани да го зголемат својот личен идентитет преку вас. Сакајте се доволно за да не дозволите таквите луѓе да бидат дел од вашиот живот. Нека вашата интуиција биде вашиот компас кој ќе ви помогне да донесувате одлуки во животот. Ако вашиот внатрешен механизам за расудување ви покажува црвено, не ги игнорирајте тие чувства. Животот е премногу краток за да го поминете со луѓе кои не го заслужуваат вашето време и енергија. извор:курир.мк фото:freepik]]>

Илина Арсова искрено по разделбата со Џамбазов: „Тој одбра да не бидеме во контакт“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ilina-arsova-iskreno-po-razdelbata-so-dhambazov-toj-odbra-da-ne-bideme-vo-kontakt-foto/ Thu, 02 Nov 2023 11:04:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325026

Алпинистката и уметница Илина Арсова веќе одамна не е во врска со македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов. Таа повеќе од една година е во Америка на докторски студии, па далечината си го направи своето, а Илина полека се навикна на животот во Тенеси. Но, нејзината љубовна врска со Џамбазов  и по разделбата сѐ уште буди интерес во македонската јавност, а  можеби и поголема љубопитност по нејзиното заминување во САД. Тогаш за крајот на нивната врска  за еден македонски портал Игор, прв се отвори и потврди дека повеќе не се заедно но и дека едноставно виновник за тоа не постои. - Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“, изјави тогаш Џамбазов. За истиот медиум сега и Илина си ја отвори душата и проговори за нивната љубов. Таа најпрво раскажа интересни нешта за животот во Америка, но и за моментите кога ја фаќа носталгија за домот и пријателите, бидејќи откако во август минатата година замина во Америка, Илина досега не е вратена во Скопје. Таа сега ужива во природните убавини и многубројни национални паркови во САД и е задоволна  од сопствениот напредок, од она што досега го сработила како професор на одделот за кинезиологија, рекреација и спорт. А, на прашањето за сегашниот однос по разделбата со Игор таа одговорила: „Тоj одбра да не бидеме во контакт. Не сум сигурна дали тоа ги олеснува или ги прави работите потешки. Не е лесно да немаш чувства кон оној што си го сакал и си бил во врска речиси три години. За нашата разделба немаше виновник, така што и нема причина да не бидеме пријатели“. Па, така секој си тргна по свој пат и двајцата се посветија на своите кариери, на  она што повеќе ги исполнува и прави среќни, а  некогашната  љубов остана заглавена во спомените. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Илина Арсова]]>

Што и да е, дај Боже да помине: Зоки – Фаци по втор пат опериран од канцер, пријателите му испратија поддршка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/shto-i-da-e-daj-bozhe-da-pomine-zoki-fatsi-po-vtor-pat-operiran-od-kantser-prijatelite-mu-ispratija-poddrshka-foto/ Fri, 27 Oct 2023 07:25:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324126

Македонски естраден новинар и познат ТВ водител, кој последниве годинни работи и како локал менџер Зоран Василевски, попознат под прекарот Зоки – „Фаци“ повторно заврши в болница. Поточно на клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија каде одново му беше извршена операција за отсранување на рецидивот од опаката болест - канцерот која пред две години за прв пат му се појави. Тогаш многумина помислија дека Фаци решил да направи на себе некаква естетска корекција, па дури некои и нагаѓаа дека решил да ги зголеми усните, други велеа дека се работи за корекција на носот, трети глава даваа дека е во прашање „сосема трет орган“, испадна дека никој од љубопитните душегрижници, за жал не бил во право. Зоки завчера, (25 октомври 2023) бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, на Одделот за пластична и реконструктивна хирургија. По оперативниот зафат  вели дека се чувствува добро, и раскажува детали за неговата борба со канцерот. „Дечки мои, преживеав уште една голема битка, благодарам од срца на целиот тим на др. Џонов и неговиот асистент Благоја Србов, како и сите вработени во пластична хирургија, чувајте се, канцерот не е зезање, се надевам дека го победив уште еднаш...“ - напиша Зоки покрај споделените болнички фотографии на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на лекарите, но и на сите кои му испратија убави зборови на поддршка, а ги имаше стотици. А, поддршката стигна од најблиските, другарите, пријателите, соработниците... Две мисици му испратија букети цвеќе во болница. Емилија Розман и Слаѓана Цветковска. „Ти праќам многу позитивна енергија и ти посакувам брзо опоравување“ - напишала Розман на картичката прикачена за цветниот букет. „Почитуван Зоки, ти посакувам брзо оздравување“ - напишала на својата картичка со букетот некогашната манекенка Слаѓана Цветковска која сега е мажена и живее во Катар. Зоки - Фаци како медиумски лик има не само пријатели, туку и обожавател(к)и, па неколку од нив му испратија пораки за брзо оздравување со сокче и чоколадни бомбони и како што една од нив и напишала: „Како што вели песната на Владо Јаневски - 'Што и да е, ќе помине'...“! Секако тука се и соработницците, особено оној кој во последно време е нераздвоен со фаци во нивниот ммногу гледан и популарен подкаст „Без лимит“, Јутјуберот и водител, Стефан Лазаров, која на својот компањон му посака  многу здравје: Патем, Лазаров имаше доблест да го откаже најнобвото издание на ниовниот заеднички подкаст, кое без Зоки Фаци не сакаше да го реализира, а тоа јавно и го обзнани. „Дечки, подкаст нема да има вечер, Зочко е во болница и правиме пауза...“ - споделил Лазаров! Oваа 2023 година Зоки посакува што побргу да ја заборави, зашто живот му го обележа со најнемилите можни настани. Најпрвин почина неговата мајка, а неполни 40 дена  по неа и неговиот вујко. Не помина долго време потоа  кога Фаци  како капак на се' дознава дека има рецидив, дека канцерот повторно му се вратил...  И ние како и тој самиот, се надеваме дека овој пат ќе ја добие битката со опаката болест засекогаш, дека на неговите неволји ќе има крај... Како годинава, така и воопшто во неговиот живот. Фото: Инстаграм и Фејсбук/zokifaci/_lazarovv    ]]>

Во рамките на годинешниов „Струмица опен 2023“: „Боемска вечер со Живко Динев и пријателите“ https://arhiva.vistina.com.mk/308534-2/ Tue, 25 Jul 2023 06:01:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308534

Живко Динев, некогашниот член на „Браво бенд“, каде што беше бас гитарист и вокал,  по напуштањето на бендот заплови во соло водите со неколку авторски песни. По дуетот со Миле Кузмановски и песната за родната Струмица и кавер верзиите на грст познати песни со познати македонски музичари, харизматичниот Жика реши да направи еден поголем потфат. Имено во рамките на годинешното 12-то по ред издание на летниот отворен фестивал „Струмица опен 2023“, харизматичниот Жика ќе има своја, таканаречена „Боемска вечер со Живко Динев и пријателите“. Настанот е замислен како своевидно музичко дружење со познатиот музичар и неговите пријатели - специјални гости, познати и популарни имиња од македонската естрада: Миле Кузмановски, Сузана Гавазова и Коки - виолина (екс - Дуле и Коки) кои ќе ги забавуваат присутните со своите изведби. Придружна група таа вечер ќе бидат членовите на познатите „Арија бенд“ и уште некои музичари, а покрај несомнено загарантираната забава, кон целиот хепенинг ќе се придружат и петте околни ресторани, односно угостителски објекти кои се во кругот и тоа: „Шалом“, Хепинес“, „Елизабет“, „Бонита“ и „Вила парк“. Тие со својата богата угостителска понуда и услга, вечерта ќе ја збогатат служејќи ги присутните гости на масите со вкусни јадења, познати специјалитети и бројни пијалоци, додека на бината се изведуваат мноштво познати македонски и балкански боемски песни, од внимателно избраниот репертоар за таа вечер.  Онака како што и доликува на боемштината - со дружба, песна, закуска и пијалак, да се наздрави за радост, среќа и само убавини во животот. Во меѓувреме, Жика и екипта заедно со неговите гости како вистински професионалци сериозно си ја сфатиле работата па сите онака собрани колку и да го владеат музицирањето, тргнале да го обноват материјалот, зашто ако „повторувањето е мајка на знаењето“, увежбаноста и уиграноста до перфекција, се исто толку важни во музиката. „Боемската вечер со Живко Динев и пријателите“ во Струмица ќе се одржи  во градскиот парк (чешмичка) утревечер, на  26-ти јули (среда) со почеток во 20 часот и е дел од годинешната манифестација „Струмица опен 2023“. ]]>

„Ми недостигаа пријатели“: Српската пејачка се појави во емисија десет дена по породување (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mi-nedostigaa-prijateli-srpskata-pejachka-se-pojavi-vo-emisija-deset-dena-po-poroduvane-foto/ Wed, 17 May 2023 12:08:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302549

Пејачката Марија Микиќ се појави во емисијата на Огњен Амиџиќ недела и пол откако го роди своето второ дете. Таа откри дека водителот неодамна ја поканил во емисија, што многу ја изненадило. - Добро вечер! Ми недостигаше јавноста, работата, дружењето... Фала богу што се помина како што треба, и подобро отколку што треба. Кога ми се јави реков: „Па, се породив пред 10 дена“, ти рече: „Па? – низ смеа изјави Марија Микиќ. - „Добро ли си?“, ме праша, јас реков дека сум... Зошто да не! Навистина ми е драго што сум тука – додала пејачката. - Синот го доби името Милија, со ќерката од почеток знаевме дека ќе биде Ѓурѓа. Мојот син е многу сладок, родителите му се такви, па и тој - низ смеа изјави Марија Микиќ, која по породувањето изгледа речиси исто како пред бременоста. Фото: Принтскрин/Пинк]]>

Сашко Коцев и Ранко Петровиќ имаа „блиска средба“: Годинава актерот не ја водеше, ама дали дефинитивно и се скара на „Златна Бубамара“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sashko-kotsev-i-ranko-petrovik-imaa-bliska-sredba-godinava-akterot-ne-ja-vodeshe-ama-dali-navistina-i-se-skara-na-zlatna-bubamara-foto/ Thu, 11 May 2023 08:26:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301438

„Златна Бубамара на популарноста“, една од ретките манифестации кои останаа да траат дваесет и кусур годино во континуитет... Забавно музичко шоу иницирано од градското радио „Бубамара“ кое доделува награди на најпопуларните во разни области, со естраден стендап на актерите - водители... Некогаш легендарниот Тони Михајловски, кој по долги години го наследи ништо помалку добриот Сашко Коцев, засилен со тогашните „чираци на сцената“  - Тино и Атанас... И така се до годинава (2023-та) кога „заменските водители“ без најава станаа главни, а главниот исто така без најава не се појави на сцената да ја води престижната „Златна Бубамара“. Имено најпопуларната манифестација годинава остана „осакатена“ за првиот нејзин шоумен - Сашко Коцев! Публиката тоа го дозна откако остана „фрапирано зачудена“ на своите столчиња упорно чекајќи водителот број еден да се појави на сцената, арно ама... „Заменските“ овој пат беа главни, терајќи го шоуто од А до Ш... до крај! Нагаѓањата зошто Коцев е „заменет“ тргна уште вечерта на самата манифестација откако публиката сфати дека него на „Бубамара“ ќе го нема. Официјално - поклопување на термините и зафатеност со промоцијата во Словенија на романтичната филмска комедија „Нешто слатко“ во која Сашко Коцев и Јелена Јованови ги играат главните улоги. По манифестацијата „сто муабети“ со „сто претпоставки“ се раширија во различни насоки, а приказните кулминираа по гостувањето на  прв водител на „Бубамара“ Тони Михајловски во едно домашно подкаст шоу, каде актерот директно го впери прстот во сопственикот и радио “Бубамара“ и извршен продуцент на манифестацијата, Ранко Петровиќ, обвинувајќи го дека му ја украл идејата за истата! На приказната за „држете го арамијата“ совршено се налепи годинешното „(не)оправдано отсуство“ на наследникот на Тони Михајловски, колегата Сашко Коцев, па јавноста почна сериозно да се прашува дали навистина „каде што има чад, има ли и оган“? Едни велеа дека ова е потврда оти Тони е во право, други дека му е криво, па сега споделува измислици, трети дека и на Коцев му завршил мандатот, оти и тој сфатил дека си има работа со „арамија на идеи“... И така во недоглед, се до вчера, 10 мај 2023, кога Сашко Коцев и Ранко Петровиќ имаа „блиска средба“... И тоа за газдата на домашен, за актерот на гостински терен - во просториите на „Радио Бубамара“. Како потврда дека можеби годинава не ја водеше, ама актерот сепак не и се скара на „Златна Бубамара“. Всушност, поводот за неговото радиоприсуство беше истиот оној  кој беше официјална причина за неговото „Златна Бубамара“ отсуство - филмот „Нешто слатко“, односно неговата македонска промоција во Скопје во киното „Синеплекс“ изминатиот викенд. Заедничката фотографија „во 6 очи“ потврдува дека Сашко и Ранко „не ја растуриле калимерата“, напротив... Или не барем кога им се професионалните релации и обврски во прашање. Дали догодина Сашко Коцев ќе се врати да ја води „Златна Бубамара“, веројатно зависи и од тоа „какви им се математиките“ на двајцата стари пријатели?! Конечно, „што ќе биде, нека биде“, како што вели еден од слоганите на изминатите „Бубамари“, иако... По сите коментари и процнки, најдобро е да биде како што си беше до сега, последниве години, се до годинава. Фото: Јутјуб/ Инстаграм/ Фејсбук принтскрин  ]]>