придружни вокали – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Apr 2022 12:44:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png придружни вокали – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Code 369“ ги пуштија да летаат нивните музички – „Пеперутки“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/code-369-gi-pushtija-da-letaat-nivnite-muzichki-peperutki-video/ Thu, 07 Apr 2022 12:44:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245664

Битолската група „Code 369“ го промовира ше видеото за песната „Butterflies“. Како што им ветија на своите фанови, многу музички изненадувања им подготвуваат овој период.  Изминатиов период деновите ги поминуваа во студио, снимајќи го новиот материјал. Видео записот е снимен на сцената во Центарот за култура Битола, а автор на видеото е Дејан Трајчевски од Encore media продукција. Песната е снимена и продуцирана од Даниел Митревски во Studio Atelier, мастеринг – Славко Ристевски, Prosound Production Studio. -„Пеперутки“ е сага и инспирација за секој уметник кој сака да биде слободен, да создава и да ја сподели својата креативна моќ за доброто на сите. Во време на  сериозни закани за општеството и човештвото воопшто, уметноста како да го изгубила своето значење и ако не е излишна, тогаш се игнорира. Ако има нешто што навистина ги поврзува сите луѓе, тоа е уметноста“ - велат членовите на бендот кој настана со распаѓањето на некогашните „Памперс“. Во „Код 369″ постои две години и во него членуваат Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Коста Стеваноски (бас-гитара, клавијатури). Оваа песна  е првото официјално видео од албумот „Stages of love“, кој „Code 369“ ќе го промовираат наскоро. Битолчаните после промоцијата на видео записот „Пеперутки”, настапија во Скопје, во МКЦ. „Оваа сезона планираме концерти, работа на новите материјали и секако издавање на албумот, концертот во Скопје е само почеток на сето тоа”, истакнаа од Код 369“, а нивните „Пеперутки“ проследете ги во видеото во продолжение. ]]>

Ана Петановска и Рената Кралевска се придружните вокали на Андреа за „Евросонг 2022“ во Торино https://arhiva.vistina.com.mk/ana-petanovska-i-renata-kralevska-se-pridruznite-vokali-na-andrea-za-evrosong-2022-vo-torino/ Fri, 25 Mar 2022 13:05:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244404

Во пресрет на 66-тото издание на Евровизија, македонската претставничка Андреа ги засилува подготовките за Торино. На сценските движења работи со Билјана Пашариковска. „Ова е многу личен проект и одлучивме луѓето кои ме познаваат најдобро да бидат дел од него. Билјана е човек кој не само што ми помага да ја почувствувам сцената како мој дом, туку ми дава и поддршка и стабилност. За сценскиот настап не би откривала многу, освен дека акцентот е ставен на мојата автентична експресија и движењата само ја поддржуваат“ – изјави Андреа. Младите вокалистки Ана Петановска и Рената Кралевска ќе бидат придружни вокали на Андреа во Торино. Ана Петановска е матурантка во гимназијата Јосип Броз Тито. Професионално со музика се занимава 5 години, а од својата најрана возраст активно е музички ангажирана преку учество во бројни музички натпревари. Минатата година беше учесник на Аларм фестивал и настапуваше на Василичарскиот концерт со Македонската Филхармонија. Инволвирана е во бројни проекти и соработки, како во албумите на нејзиниот брат Стефан Петановски, Eros и Architect of Reality. Нејзината последна песна Haya е објавена во февруари годинава.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Andrea (@andreamusic20)

Рената е македонски пејач и автор со бројни национални и интернационални достигнувања во кариерата. Во сите свои проекти се потпишува како автор, вклучувајќи и песни за други македонски и странски изведувачи. Во 2010 како ексклузивец на македонската продукција Sky Eye entertainment објавува шест песни продуцирани од Зоран Алексиќ, а првиот сингл Time Time е објавен од најголемата дистрибутивна компанија во светот Radio Express Los Angeles. Нејзиниот последен сингл Queendom е продуциран и издаден во Шведска. Моментално студира соло пеење на отсекот за популарни жанрови при Музичката Академија во Скопје. Што се однесува до стајлингот за сценскиот настап во Торино, Андреа ја продолжува соработката со Цаци Паковска, која го искреира изгледот на Андреа за официјалниот видеоспот за Circles. „Комплетно ме разбира и знае точно што сакам без да и кажам. Со оглед на нејзиното искуство, сметам дека Цаци е најсоодветен избор за едно вакво важно претставување пред Европа и светот.“ – истакна нашата претставничка. Добар тренинг за она што ја очекува Андреа во Торино се и промотивните настани, а по гостувањата во Црна Гора и Романија, следни на агендата се Лондон, Тел Авив и Мадрид. „Мразот го скршив во Романија каде за прв пат ја испеав песната во живо. Тремата ја победив и сега само преостанува да вежбам и да излезам на 12-ти мај како најдобрата верзија од себе.“ – искрено вели Андреа. Евровизија годинава ќе се одржи во две полуфиналиња на 10-ти и 12-ти мај и едно финале на 14-ти мај, а Андреа настапува во втората половина на второто полуфинале на 12-ти мај.  ]]>

Од некогашните „Памперс“ (п)остана „КОД 369“ кој уште на почеток повикува – „Остани до крај“ (Лирик Видео) https://arhiva.vistina.com.mk/od-nekogashnite-pampers-p-ostana-kod-369-koj-ushte-na-pochetok-povikuva-ostani-do-kraj-lirik-video/ Mon, 01 Nov 2021 13:40:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225455

КОД 369 се македонски бенд од Битола формирани во 2020 година. Бендот се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Коста Стеваноски (бас гитара, клавијатури). КОД 369 се продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на Памперс (Ирена Димовска, Даниел Митревски и Иле Лулевски). Во музиката на КОД 369 се внесени нови музички моменти на фанк, џез и класични инструментализации кои проткајуваат во препознатливата рок основа и влијанија на современата музика од доменот на поп и рок. Нивната музичка мисла секогаш се наоѓа на границата помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музика, задржувајки ја свежината, слободата и авангардните идеи на првата категорија и прифатливоста на втората. Во нивните текстови може да се препознаат универзалните човекови и книжевни вредности, љубовта како движечка сила и моќта на индивидуата како двигател кон своето најдобро јас. Албумот Stages of Love е првиот албум кој го создадоа и снимија како КОД 369. Првиот сингл со наслов „Остани до крај“ е истовремено амбиентален и подвижен, искажувајки ги турбуленциите на емоциите. Стиховите се стремат да ja величаат љубовта на долги патеки. Слушнете ја дебитантската „Остани до крај“, проследена со лирик видео на бендот: ]]>

Луна Џогани јавно и поласка на Антониа Гиговска: „Цел ден, браво“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/luna-dzogani-javno-i-polaska-na-antonia-gigovska-cel-den-bravo-foto/ Tue, 13 Aug 2019 07:04:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101753

Младата македонска пејачка Антониа Гиговска учествуваше во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички – алл старс“. На сцената на „Пинк“ таа уште еднаш го покажа својот талент за пеење и музика, а на многумина им беше фаворит за победа. Иако Гиговска не го освои првото место многумина ја нарекоа и морален победник. Токму учеството во „Пинкови ѕвездички – алл старс“ и отвори нови врати кон музичкиот пат.
 
View this post on Instagram
 
One of my favourite perfomances.. TAG @ladygaga ⚡

A post shared by Antonia Gigovska (@antoniagigovskaa) on

Имено, Антониа и ги снимаше придружните вокали на победничката на „Задруга 2“, Луна Џогани која одлучи по победата на шоуто да започне музичка кариера. Луна пред некое време беше во Скопје каде што ја сними својата песна која ќе излезе на 15 август, а во неа учество има и македонското девојче. Антониа досега неколку пати истакна дека не и пречи тоа што снимила придружни вокали на реалити ѕвездата и дека таа само професиоанално си ја завршила работата.
Од друга страна, Џогани имаше само пофални зборови за Антониа и нејзините вокални способности. Меѓутоа, деновиве Луна не се штедеше повторно да и поласка на Гиговска и тоа на социјалните мрежи. Имено, на „Инста стори“ , Луна ја сподели песната од Антониа – „Могли сме од двоје“, а во описот на видеото напиша: „Цел ден – браво Антониа“ и поласка Луна на македонското девојче истакнувајќи дека цел ден ја слуша нејзината песна.
За потсетување, многумина ја споредија нејзината нова песна со песната „Ране“ на Анастасија Ражнатовиќ. Имено, во интервју за „Бекстејџ“, Гиговска истакна дека подготвува нова песна која ќе излезе во блиска иднина.]]>

За придружни вокали Ивана Петерс и земала на Луна 10.000 евра, а колку заработи Антониа Гиговска за истата работа? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-pridruzni-vokali-ivana-peters-i-zemala-na-luna-10-000-evra-a-kolku-zaraboti-antonia-gigovska-za-istata-rabota-foto/ Wed, 17 Jul 2019 10:36:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98006

По победата во „Задруга 2“, Луна Ѓогани реши да прави сериозна пејачка кариера. Парите веќе почна да ги троши во Скопје, во студиото кај Дарко Димитров.
Веднаш потоа Луна се врати во Белград, каде една позната српска пејачка и помагала во реализацијата на втората песна. Иако Луна не откри за кого се работи, сите наголемо тврдат дека во прашање е Ивана Петерс, која како што се пишува по фан групите на „Задруга“, „ја одрала“ новопечената пејачка со дури 10.000 евра за отпеаните придружни вокали во песната.
Имаше и од оние кои ја бранеа Ивана, велејќи дека таа е професионалец, пее секому за пари, па што не би и на Луна? И тука нема ништо спорно, се разбира.
Но, една друга дилема или поточно прашање е многу поинтересно за нас? Колку пари заработи нашата Антониа Гиговска која исто така и ги отпеа придружните вокали на „ријалити победничката“ во  студиото кај Дарко Димитров во Скопје?
Ги доби само трошките од богатиот колач или можеби ниту толку, па од студиото на Димитрови излезе само „со прстот в уста“ и тапкањето по раме дека... „ѕвездата е родена“?
Веруваме дека Антониа ќе ја отвори душата за јавноста... Барем онолку, колку што Луна или Дарко кон неа го отворија ќесето... ако воопшто го отвориле?!]]>

Тамара нема да пее сама за Македонија на евровизиската сцена: Покрај Антониа Гиговска ќе ја придружува уште една вокална двојка https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-nema-da-pee-sama-za-makedonija-na-evroviziskata-scena-pokraj-antonia-gigovska-vokalno-kje-ja-pridruzuva-ushte-edna-vokalna-dvojka/ Mon, 18 Mar 2019 13:49:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78038

Евровизискиот тим кој во мај ќе ја претставува Македонија на сцената на „Евровизија“ во Тел Авив полека се комплетира. Во петокот, 15 март 2019, објавивме дека Антониа Гиговска  и годинава повторно биде дел од Евросонг, вест која и самата пејачка ја сподели на приказните од својот Инстаграм профил.
Денес, понеделник 19 март 2019, од екипата на Тамара,  соопштија дека нејзина вокална поддршка покрај Антониа ќе биде уште една  македонска пејачка машко- женска двојка: Александра Јанева и Васил Гарванлиев!
Оваа информација и самата Тамара ја објави на својот Твитер профил.
Струмичанката Александра Јанева важи за еден од најдобрите женски вокали во Македонија од поновата генерација. По успехот на минатогодишниот хит „Еуфорија“ отпеан во дует со колешката Наташа Малинкова и соло синглот кој излезе пред него насловен „Ќе се вратам некој ден“, деновиве ја објави новата песна и видео  насловена „Срце отвори“.
Струмичкиот оперски пејач Васил Гарванлиев  македонската публика го памети уште како малото детенце кое ја пееше детската песна „Марионка“. Кон крајот на септември 2018 год. ја исфрли темата „Ѓердан“ и видеото за неа, моќна тема со интегриран македонски фолклор во неа.  ]]>

Скандал или шпекулација: Тапанарот на „Ај Кју“ нема да се појави на Евровизија, а ова се трите пејачки кои ќе ги придружуваат на сцената! https://arhiva.vistina.com.mk/skandal-ili-shpekulacija-tapanarot-na-aj-kju-nema-da-se-pojavi-na-evrovizija-a-ova-se-trite-pejachki-koi-kje-gi-pridruzuvaat-na-scenata/ Mon, 26 Mar 2018 07:01:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17546

Поп-групата „Ај Кју“ (Eye Cue) ќе ја претставува Македонија на годинашниот избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во Лисабон. Тие ќе настапат со песната „Изгубено и најдено“ (Lost and Found), за која музиката и текстот ги напиша Бојан Трајковски, додека за аранжманот беше задолжен Дарко Димитров. Песната на „Ај Кју“ беше избрана меѓу 381 композиција, кои пристигнале на меѓународниот повик, а во најтесниот круг влегле 12. Според комисијата која одлучуваше која песна е најдобрата, „Lost and found“ на „Ај Кју“ има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ.
Нешто подоцна, пред јавноста беше презентираната и промовирана евровизиската песна, како и спотот за истата, во кој се појавуваат тројцата членови на грушата, Марија Ивановска, Бојан Трајковски и Иво Митковски. Но во појавувањата и гостивањата на настани и телевизија, Марија и Бојан се појавуваа без тапанарот Иво.
Потоа, и на своите профили ги објавија и пејачките кои ќе настапат како придружни вокали на „Ај Кју“, осносно: Антониа Гиговска, Дина Јашари и Валери Димовска, но никаде Иво.
Токму тоа, наиде на реакции од јавноста на социјалните мрежи, кои се прашуваат дали колегите го „откачиле“ тапанарот. На објавата на Бојана Трајковски каде ги откри придружните вокали на сцената, еден од следбениците му напиша каде е Иво, а тој не се воздржа од коментар, туку му одговори дека е тука, а коментарот го дополни и со фотографија од долгогодишниот колега.
Едно е јасно, женската енергија ќе преовладува на евровизиската сцена од македонските претавници, а ние веруваме дека постои некаквов договор меѓу нив, како и тоа дека старите пријателства и работа не се раскршиле. https://www.youtube.com/watch?v=hJ8vStigz7k&feature=share]]>