преживее – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Dec 2019 13:16:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png преживее – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што да направите за вашата врска да ги преживее празниците? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-da-napravite-za-vashata-vrska-da-gi-prezivee-praznicite/ Mon, 30 Dec 2019 13:15:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=126593

Празниците може да бидат многу стресен период затоа што сакаме сè да биде точно онака како што сме си замислиле. Си ветивте себеси дека оваа година празниците ќе бидат прекрасни. Ќе пронајдете совршен подарок за вашиот партнер, ќе одвоите повеќе време за вашата посилна половина и ќе создадете убави спомени кои долго ќе ги паметите… Но, празниците сè уште не се започнати, а вие веќе се скаравте околу украсувањето на елката? Иако кавгата околу украсите нема да ја расипе врската, може да го уништи убавото расположение за време на празниците. Немојте да правите големи промени што не се функционални за вас, само затоа што така прават другите парови. Тие се уникатни и сакаат да бидат такви какви што се.

Не заборавајте да разговарате

Тоа е навидум смешен, но многу важен совет. Во целиот стрес, потсетете се дека вашиот партнер (сè уште) нема способност за телепатија, па не може да предвиди што се случува во вашата глава. Затоа гласно кажете му што сакате, а што не. Избегнувајте проблеми и не си замерувајте меѓусебно за ситници, бидејќи од тоа може да произлезе голем проблем што ќе започне кога партнерот ќе заборави да отиде во продавница.

Вежбајте трпеливост и прилагодување

Колку побрзо ќе сфатите дека нема сè да оди според вашите планови, толку е полесно ќе ви биде. Искористете го периодот како можност за вежбање трпеливост. Се разбира, свекрвата (повторно) ќе има свои предлози за божиќна вечера, а украсувањето на дневната соба ќе трае подолго отколку што очекувавте. Но сепак, не дозволувајте тоа да ви го расипе расположението. Исто така, бидете подготвени да ги прилагодите вашите планови, што не значи дека нема да имате убаво поминато време. Дури и ненајавените гости, подготвувањето поинаков десерт и доцната вечера се работи кои навистина може да ве изненадат.

Одвојте време за себе

Во целата празнична бркотница, одвојте малку време и за вас. Договорете се да излезете во вашето омилено кафуле или одредете ден во неделата кога ќе ги исклучите телефоните и заедно со партнерот ќе гледате божиќни филмови. Не мора да повторуваме дека сите имаме прилично збиен распоред, но знаете како велат: Имаме време само за тоа што самите ќе избереме да го направиме.]]>