презирем самоќу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Jul 2022 12:46:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png презирем самоќу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Мирковиќ (екс Фрајле) со нова песна – „Презирем самоќу“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-mirkovikj-eks-frajle-so-nova-pesna-prezirem-samokju-video/ Tue, 05 Jul 2022 12:46:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257227

Со секоја нова песна, откако ја стартуваше соло кариерата, кантавторката Марија Мирковиќ (екс Фрајле) потврдува дека ужива во слободата на создавање песни, која ѝ дава можност на публиката да ѝ понуди и поинаков музички израз. Овој сингл можеби не е во мој стил, но конечно можам да експериментирам и да пробам нешто сосема поинакво, вели Марија за новата песна „Презирем самоќу“, која ја потпишува како текстописец, додека автор на музиката и аранжманот е Бранимир Михаљевиќ. „Презирем самоќу“ е песна во која зборува дека знае што сака, а што не, и има поразличен музички израз. - Иако песната стилски е поинаква од сите кои досега сум ги објавила, ми легна од прва. Има некој бит и грув кој ми е одличен. Дојдов кај Бранимир, ја пуштивме матрицата, го доработив текстот и за два часа ја снимивме песната. Не ја снимив само затоа што е модерна и за да ми донесе поголема популарност. Иако нема да се бунам и ако се случи тоа, вели Марија низ насмевка. Нејзиниот ѕвонлив и чист глас совршено се вклопува во модерниот звук, а во спотот Марија ја покажа сета своја љубов и умешност во боречките вештини, кои маестрално се овековечени од режисерката Сандра Михаљевиќ, со која работеше и на претходните две видеа - во кои дестинации за снимање беа Венеција и Истанбул. Сега акцент е ставен на видеоефектите и танцот со кој се симулира „спортската љубов“ на Марија. Ова видео инаку е снимено во Загреб. Марија својата кантавторска кариера трпеливо ја гради нешто повеќе од една година, а огромна поддршка добива и од бендот со кој работи со години; уште како членка на Фрајле - за кои, пак, ги напиша некои од најпознатите хитови; и кој и денес е тука за неа. Откако ја напушти групата Фрајле оствари мошне успешни музички соработки, па со Алка Вуица создава позитивни и енергични песни во кои се препознаваат сите жени, соработува со тенорот Мате Гргат, а групата Камби со хитот „Заљубљен“ беше најголемо изненадување на минатогодишниот фестивал „Дора“. Музиката оствари низа номинации меѓу кои оние за Златно студио, Хит на годината, а прогласена е и за најстримувана песна. Марија сега ужива во градењето соло кариера, а новата песна и спот - „Презирем самоќу“, се доказ дека и публиката ќе ужива во музиката која ја создава оваа исклучително талентирана и сестрана кантавторка. ]]>