презир – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Jan 2021 08:51:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png презир – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тијана Дапчевиќ искрено за бракот и препреките: „Се сакаме, љубовта е единствената што има моќ“ https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-dapchevikj-iskrena-za-brakot-i-preprekite-se-sakame-ljubovta-e-edinstvenata-shto-ima-mokj/ Wed, 27 Jan 2021 07:22:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79325

Тијана Дапчевиќ секогаш била слободна и директна во откривањето на детали од својата приватност. Пред неколку години во медиумите се пишуваше дека нејзиниот брак е на стаклени нозе, но се случи со сопругот да ги надминат препреките и да продолжат понатаму. Во интервју за српскиот „Hello.rs“, Тијана одговара на тоа дали секоја жена мора во љубовта да го помине патот од обожавање до презир.
Секако дека не, не сум имала такво искуство никогаш, но сигурно дека има такви кои имале.
Што треба да се случи за Тијана да чувствува презир кон некого?
Ух, не знам, не сум дури ни сигурна дали воопшто тоа е возможно, зошто никогаш не ми се случило неколку толку да не го поднесувам, мразењето кон личноста да прерасне во презир. Не би  си го дозволила тоа никогаш, себе си, другата страна толку да ме поремети и повреди, да ја презирам. Главно, избегнувам било каква негативна енергија и луѓето кои ја шират, се трудам да бидам опкружена исклучиво со оние со кои ми е убаво, така што уживам, вели Тијана.
Со сопругот Милан сте во брак веќе повеќе од деценија. На кој начин ги преминувате сите препреки и бариери?
Се сакаме. Љубовта е единствено во што верувам и единствено што има „моќ“ да го одржи секој однос. Ако ја нема, не може да биде ништо друго. Покрај љубовта, важен е разговорот, ништо да не се турка под тепих и ништо да не се премолчува и претпоставува, само за да се зачува мирот во куќата, бидејќи потоа тоа од под тепихот станува превисоко за да се премине преку него.
Како гледате на денешната положба на жената во општеството, кога се очекува да бидат „супер жени“ (мајки, домаќинки, сопруги, жени со кариера), и дали сметате дека сте успешни на сите полиња?
Денес сите имаат секакви очекувања, не само од жените, туку генерално сите, но на тоа не треба да му се придава многу значење. Мислам дека секој треба да го прави она што го мисли дека е најдобро за него и да ги заобиколи коментарите на околината. Секоја жена е супер- жена ако е среќна и исполнета. Нема врска со тоа дали има кариера или не, дали се остварила во улога на мајка или не итн... Што и да сум посакала во животот да работам, на тоа сум била максимално посветена, бидејќи сметам дека ако нешто работиш, треба да го дадеш својот максимум за успехот да не може да изостане. Така што во целост сум задоволна со се' што досега сум постигнала. Но, полека, само што почнувам, завршува Тијана.
 ]]>

Тијана Дапчевиќ наместо со торта, се почести со – „Презир“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-dapchevikj-namesto-so-torta-se-pochesti-so-prezir-video/ Mon, 04 Feb 2019 09:56:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=70835

Не, немојте насловот да го сваќате погрешно... Тортата требаше да биде роденденска, но наместо со неа, македонската пејачка со српска адреса на постојан престој, себе си и своите обожаватели ги почести со нова песна, која го носи токму тој наслов - „Презир“. „Среќен да ми е роденденот“.  Наместо торта - нова песна од истите автори кои ја направија „Ресет“, зашто екипата што создава магија, не треба да се менува. Музиката и текстот ги направи Александар Делиќ - Динге, а Махир Сарихоџиќ го спакува сетоа ова во една прекраснотија“ - напишала тијана на својот Инстаграм профил повикувајќи ги своите фанови да ја преслушаат песната на најзиниот Јутјуб канал и да и пишат мислење.
Тијана за својот роденден на обожавателите им подари песна, која е дел од речиси сечија животна приказна. Безмалку секој од нас го минал тој дел на патот низ животот. Преслушајте ја и можеби ќе се пронајдете и вие себеси. Зашто не сте единствени, што го минале патот од обожавање до презир, од виорот на восхит до вртлогот на немир... Слушнете ја „Презир“ и погледнете го видеото. Можеби ќе ви пристори дека сте се погледнале во огледалото на својот живот! https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=JZYsS1dFLkM    ]]>