презентер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 Jul 2023 07:12:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png презентер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Презентерот на временската прогноза на „Сител“, Спасе – Рола ја откри тајната на вечно младиот изглед на Бред Пит на Вимблдон: „К.. му е – двор му е“, јас да ви кажам! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prezenterot-na-vremenskata-prognoza-na-sitel-spase-rola-ja-otkri-tajnata-na-vechno-mladiot-izgled-na-bred-pit-na-vimbldon-k-mu-e-dvor-mu-e-jas-da-vi-kazham-foto/ Thu, 20 Jul 2023 07:06:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310846

На неодамношното тениско финале на Вимблдон, актерската ѕвезда Бред Пит беше уловен како седи во централната ложа за да ги гледа Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз како играат во возбудлив меч од пет сета. Фотообјективите и камерите ги споделија кадрите од поранешниот сопруг на Анџелина Џоли, а во фокусот на коментарите и написите беше ставен неговиот младешки изглед. Актерот кој има речиси 60 години изгледа како да е дупло помлад. Неговиот „ forever young look“ ги зачуди сите. Мажите љубоморно вретеа со глава дека има тука нешто, дека нешто направил со себе со помош на естетската хирургија, а жените фасцинирани и опчинети, вљубено не го симнуваа погледот од „вечното момче“. Тоа беше така насекаде низ светот, па и кај нас. И додека социјалните мрежи и порталите не го симнуваа од насловниците, се најде човекот кој јавно ја откри тајната на вечно младиот изглед на Бред Пит на Вимблдон. Презентерот на временската прогноза на „Сител“, Спасе Јовановски, попознат по прекарот Спасе - „Рола до бола“  го демистифицираше „до коска“  изгледот на „младичот“ од Холивуд, објаснувајќи дека нема зошто да му се чуди цел свет дека изгледа како „вчера да излегол од пубертет“, а не како да утре да ќе чека да шета внучиња!   Впрочем Спасе - Рола има своја теорија која донекаде  и „држи вода“ иако никој со сигурност не може да тврди дека „фраерот од филмското платно“  не паравел „фејс лифтинг“, ако не повеќе, барем еднократно?! Ама затоа пак, нашиот временски презентер е убеден дека глумецот е „природен фраер“ или што би кажале „шизик натурале“  дури и на шест банки, па еве ја неговата теорија за тајната на еликсирот на вечната младост на Бред Пит. „Па наслови, па чудења па теории на заговор..."КАКО БРЕД ПИТ ИЗГЛЕДАЛ ОДЛИЧНО НА 60 години? А како да изгледа? Што мука има видено Бред Пит у животот свој, освен што го остаи Анџелина Џоли? -  Да не мислел на неплатени сметки!? -  Дали ќе стигне плата од први до први!? -  Да не отплаќа кредит!? -  Да не е у дугови!? -  Да не нема пари за да им приушти на децата што сакаат! Не... К.р му е - двор му е,  ја да ви кажам! Увек опкружен со убави жени, убава храна, вино, море, шетање, тинтрање... Едноставно, роден под среќна ѕвезда! Не моеш да го споредиш Бред Пит и Јовче од некое село, зашо не се „држи“!  За што да се држи, за паризер и кришка вчерашен леб? Ајде ќе ве молам... Што? Благодарам!“ - споделил Спасе на својот Фејсбук... Чисто онака, на останатите да не им е мака... Барем за утеха на оние што наместо како Бред Пит, изгледаат како... кит! Фото: Твитер/Brad Pitt Online/Фејсбук/Rolla Do Bolla]]>

Презентерот на временската прогноза на ТВ Сител се пофали дека е најдобриот на сите времиња, ама брзо го „приземјиа“: Кој му го „спушти“ на Спасе – Рола… „до бола“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prezenterot-na-vremenskata-prognoza-na-tv-sitel-e-pofali-deka-e-najdobriot-na-site-vreminja-ama-go-prizemjia-koj-mu-go-spushti-na-spase-rola-do-bola-foto/ Sat, 14 Jan 2023 08:32:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145492

Него го гледате речиси секоја вечер во информативните изданија на „ТВ Сител“, иако не е ниту информативец, ниту новинар... Да, порано бил и тоа естраден, во некогашниот магазин „Македонски свет“. Денес, Спасе Јовановски е познат како еден од презентерите на временската прогноза на ТВ Сител. Естрадниот свет и неговите кругови повеќе го познаваат како „помошникот“ на Лила Филиповска, момчето кое многу често и дома и на патувањата ја придружува, и и' придржува - од чантата, до наметката или чадорот, и прави друштво, и помага, и служи како рамо за плачење или потпирање... Некои безобразно тоа го нарекуваат „потрчко“ или на македонски: момок, измеќар и слично, иако блиските нему и на водителката тврдат дека Спасе со уметнички прекар „Рола до бола“ и Лила се само најдобри другари. Нејсе, кој во што сака може да верува, ама Спасе -„Рола“ е вистински шмеќер на ТВ екранот. Така барем самиот си се пофали на социјалните мрежи, споделувајќи колаж фотографии од пред екранот каде ја презентира временската прогноза и кажува какво било денес и какво ќе биде времето утре и во наредните денови. Арно ама, Спасе како да заборавил дека ниту Сител не е единствена телевизија, ниту пак тој е единствениот презентер на времето што се појавил на неа. Покрај него сега тука се уште и неговите колеги Анкица Јосифовска - Ангелковска и Љубиша Ристески, но нив Спасе по се изгледа и не ги есапи за сериозна конкуренција, па се самопрогласи за „најшмеќер“ на сите времиња. Сепак, дека и пред самопрогласениот „папа имало папа“, го потсетија некои од неговите пријател(к)и на Фејсбук. Имено, во еден од коментарите на неговото „самобендисано крунисување“, се најде некој што на „шмеќарот му го спушти“ или поточно, „го спушти на земја“. Една фотографија од легендарниот „дедо Трајко“ односно  (без)временскиот, за жал сега веќе покоен презентер Трајче Андонов, го замолкна најмладиот меѓу актуелните на ТВ Сител. Покрај истата беше напишано: „Грешка си Спасе“, што беше доволно пријателката да му го... „спушти“ на Спасе - Рола... онака елегантно - „до бола“!    ]]>

Антониа Гиговска пати од несоница, Спасе – Рола тргна да и го реши проблемот, па и презентерот на временската прогноза на „Сител“ заврши буден! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-pati-od-nesonica-spase-rola-trgna-da-i-go-reshi-problemot-pa-i-prezenterot-na-vremenskata-prognoza-na-sitel-zavrshi-buden-video/ Wed, 26 Oct 2022 07:24:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272820

Антониа Гиговска последниве недели е во фокусот на вниманието на јавноста и тоа не заради песните и музиката, туку заради сето она што и се случува на приватен план. А кога температурата се крева околу тебе и тебе ти станува жешко, па пејачката за да не „прокува“, реши лефтерно да се облече како да сме среде јули или август, а не на прагот на ноември. „Инаку секогаш го грешам времето, така што лето ми е денес... Барем така се чувствувам“ - споделила Гиговска додека се возела во својот автомобил, слушајќи една позната песна од српската турбо естрада во чии стихови и нашата пејачка веројатно се пронашла себе си и моменталната состојаба заради која тема број еден и во чаршијата и во естрадните кругови и во медиумите: „Што уште треба да се случи“? И се случи... Времето е рака на срце, прилично сончево и топло за доцна есен, ама на Антониа веројатно и било повеќе од „жешко“ и заради сите споменати нешта. Несоница, инсомнија, што ли да е, ама пејачката никако да заспие, па јавно се пожали: „Не иде сон, еј...“! Арно ама како речиси за се' има лек така и за „оваа нејзина болка“  лекот го имаше оној кој нема проблем со времето, зашто тој е тој што го предвидува или поточно прогнозира и презентира. Спасе - Рола Јовановски, презентерот на временската прогноза на „Сител“, познат уште и како близок пријател на Лила Филиповска, а отсега галиба и на Антониа Гиговска. Токму тој беше човекот што тргна на пејачката да и го реши проблемот, па „временскиот понуди временско решение“ како да ја фати сон: Со пуштање на музика со звуците на дождот! Не Сара Мејс со „Врне, врне“, туку со саунд од вистински капки дожд наместо приспивна песна, обидувајќи се да и „открие нови хоризонти на пејачката“! Арно ама, како секој лек на секого не делува и секоја магија секого не фаќа, така и оваа на Спасе -Рола, наместо да ја заспијат уште повеќе ја расонија Антониа! Дали после крахот на љубовта и долгата врска, „грижата на совест“ и толкава што сон не ја фаќа, или едноставно зарадаи природата на работата се навлече на тоа да биде „ноќна птица“, знае само таа самата. Ама затоа „откривачот на нови хоризонти“ не знаеше дека наместо да и го реши проблемот на пејачката и тој ќе стане дел од него. Па наместо во пижами и презентерот на временската на “Сител“ влета во панталони и јакна и појде на ноќно возење да и прави друштво на Антониа во ноќната обиколка на градот ... Правдајќи се со зборовите: „Ме собра од спиење, џумбус да париме“! Така ти е тоа обично кога сакаш да делиш совети за несоница и да се правиш умен, наместо во мирен и спокоен сон и ти ќе завршиш буден... И тоа со Антониа до сабајле и ти како дел од нејзиното гајле! ]]>

Наташа Алексоска секогаш ја гледате закопчана до грло, а вака изгледа презентерката на временската прогноза на МТВ, на плажа во бикини (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-aleksoska-sekogash-ja-gledate-zakopchana-do-grlo-a-vaka-izgleda-prezenterkata-na-vremenskata-prognoza-na-mtv-na-plaza-vo-bikini-foto/ Sat, 01 Aug 2020 08:01:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97483

Презентерката на временската прогноза на МТВ, атрактивната Наташа Алексоска ја гледадате секоја вечер. Секогаш  дотерана, стокмена, елегантна,  Наташа оддава впечаток на одмерена жена која со задоволство и рутинска леснотија си ја работи работата.
МТВ може да се каже дека е нејзин втор дом, зашто тука ја започна кариерата во добропознатите детско-образовни емисии и програми како „Зимско-рекреативната програма“, „Ѕвон“, „Пулсирања“... По краткиот излет во А1 ТВ, по нејзиното згаснување Наташа се врати „дома“!
Настана познатотот трио „Метео“, кое всушност од А1 се пресели во МТВ,  во кое покрај Наташа беа уште и Глигор и Ирена, кои по неколку години заминаа. Ирена продолжи да ја работи истата работа во „Телма“, додека Глигор нешто слично на скопскиот аеродром.
Наташа најчесто е закопчана „до грло“ кога на гледачите им соопштува какво било денес времето, а какво ќе биде утре или во наредните неколку дена. Сексапилот и телесниот потенцијал кои ги крие во себе, некако остануваат затскриени под облеката, ама и под велот на мистеријата. Презентерката не е од оние личности кои сакаат приватно да се експонираат и надвор од работата, па за неа и нејзиниот приватен живот, кој го чува како бисер затворен во школка, знаат само најблиските. И малкумина околу неа...
Приватно Наташа е и сопруга и мајка. Во брак е со спортскиот новинар Роберт, со кого ја имаат прекрасната ќеркичка Луна.
Деновиве семејството го минува летниот одмор на море. Во Турција, во познатото летно одморалиште и многупосетувана дестинација - Аланија!
А, токму летниот одмор, морето и плажата се место каде може да се види и другото лице на убавината.
Па, не е тешко да се прогнозира дека, ако ТВ презентерката на временската прогноза на МТВ е привлечна и атрактивна кога е закопчана до грло, дека соблечена во бикини го покажува сиот свој сексапи и раскошен телесен потенцијал.
А, Наташа има што да покаже! Тоа добро се гледа и на телевизија, ама уште подобро на летните фотографии од море!
Сепак, семејството е во прв план и кога презентерката е во бикини! Одморот си е одмор, ама љубовта треба и мора да се сподели со саканите, каде и да си!
Другото е само личен фокус на нештата...
...„Оптичка илузија“ за гледачите на временската прогноза на националниот сервис!        ]]>

Водителката на Дневникот на РТС, Ивона Пантелиќ по борбата со канцерот се врати на екраните (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-na-dnevnikot-na-rts-ivona-pantelikj-po-borbata-so-kancerot-se-vrati-na-ekranite-foto/ Wed, 17 Apr 2019 10:18:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83530

Презентерката Ивона Пантелиќ ја доби битката со злокобната болест и сега вели дека секој што се соочил со здравствен проблем морал да најде начин да се ослободи од него, па таа исто така. На Ивона и бил дијагностициран канцер на дојката и вели дека значи многу за нејзиното враќање на работа. - Добро сум, сè е во ред, и се надевам дека ќе остане така. Ова значи многу за мене, сега кога работам и мислам дека е добро. Секој треба да најде начин да излезе како победник во борбата со проблемот“ - вели Ивона.
Ивона, на наговор од колешка од РТС, направила превентивен рутински преглед на мобилниот мамограф, по што таа била упатена на контролен ултразвук, кој покажал дека има рак на дојката. Откао дознале за нејзината болест, но и за време на хемотерапијата, нејзините колеги биле за цело врема заедно со неа. „За среќа,  имав многу разбирање на работа и не можам да кажам ништо друго освен дека дека беа прекрасни. Навистина ми значеше нивната поддршка“ - рече таа.
„Луѓето не треба да се игнорираат себе си и своето здравје и не треба да се плашат од какви било испитувања. Тие треба да одат на лекар, но и да се потпрат на нивните инстинкти, па затоа да не ги игнорираат интуицијата и сигналите на телото и организмот. Има се повеќе и повеќе превентивни прегледи и ова е најлесниот начин да се провери вашето здравје“ - советува Ивона. Периодот по операцијата и хемотерапијата не бил едноставен, но Ивона не го изгубила веселиот дух.
„Мојот став кон сè не беше тоа што се видов себеси како жртва и не бев депресивна. Како резултат на тоа, другите луѓе не ме гледаа низ оваа призма, но сепак треба да се разбере секоја ситуација. Се разбира, ведриот дух е многу корисен. Тој, ако не е пресуден, тогаш сигурно е многу важен во вакви ситуации“ - нагласува водителката.]]>

Татјана Стојановска, денес една од најдобрите ТВ презентерки на јавноста и стана позната по нешто сосема друго! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-stojanovska-denes-edna-od-najdobrite-tv-prezenterki-na-javnosta-i-stana-poznata-po-neshto-sosema-drugo-foto/ Thu, 17 May 2018 06:48:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27460

Таа важи за една од најдобрите и најискусни македонски ТВ презентерки... Годините минуваат, телевизиите  се менуваат, но не и таа... Нејзиниот физички изглед како да застанал во времето... Или како што знаат некои да кажат, таа поседува „замрзната убавина“.
Татјана Стојановска кариерата сепак ја започна како нешто сосема друго... Тогаш нејзиниото хоби, манекенството ќе и биде влезна врата во јавната работа, во она што подоцна ќе почне да го работи и ќе и стане и остане нејзина професија се' до ден - денес.
Тогаш, таа 1992 година, или народски кажано, пред повеќе од четрврт век, убавата и згодна, долгонога, црномуреста скопјанка ќе ги освои срцата и на жирито и на публиката.
Со тоа, и пошироката јавност ќе ја запознае тогаш новата Мис на Македонија 92, националниот избор кој во тоа време го организирашеединствената и многу популарна естрадна ревија во Македонија, ревијата „Екран“!
По оваа титула, убавицата со црна виткана коса ќе се појави и претставува Македонија уште на неколку домашни и интернационални избори како:  Мис на планетата 1993, Изборот за Мис на светот...
...од каде и што ќе понесе некоја од титулите!
Подоцна македонската убавица, манекенка и фотомодел модната писта, фотосесиите  и рекламите ќе ги замени со ТВ камерите, пред кои ќе остане се' до денес.
Презентерското столче на вестите и водителството ќе и станат животна определба, а изборите за мис и манекенските денови на Тања, како што ја нарекуваат колегите, ќе и останат само драг спомен и сеќавање на младоста и времето.
Она време, кога убавината од Бога дадена и од мама наследена ќе и ја отвори вратата на животот и професијата, во која се' уште „турка“ онака како и што изгледа: Одлично!]]>