презакажан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Apr 2020 13:16:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png презакажан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Славеничкиот концерт на „Електрични оргазам” поместен за 24-ти јуни на стадионот на АРМ https://arhiva.vistina.com.mk/slavenichkiot-koncert-na-elektrichni-orgazam-pomesten-za-24-ti-juni-na-stadionot-na-arm/ Wed, 08 Apr 2020 13:16:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143971

Славеничкиот концерт на „Електрични оргазам” ќе се реализира на отворено и тоа на 24-ти јуни на стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот “Скопје Гори“ на кој ќе настапат легендарните “Placebo“. “Електрични Оргазам“ ќе настапат на голема бина и уште поголема продукција, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд. Сите оние што веќе имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за концертот на 24-ти јуни.]]>

„Скопје филм фестивал“ презакажан за во септември https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-film-festival-prezakazan-za-vo-septemvri/ Wed, 11 Mar 2020 15:58:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138950

„Скопје филм фестивал“ денеска соопшти дека е променет терминот на одржување, односно 23-тото издание на овој фестивал наместо во април, годинава ќе се одржи од 9 до 17 септември. Ова одложување, како што информираат организаторите, е во согласност со препораките од Министерството за здравство. Во своето соопштение организаторите најавија дека се одложува и одржувањето на ревијата филмови „Скопје филм класик“, која требаше да започне на 18 март годинава, а која Фестивалот ја организира во соработка со Кинотека на  Македонија. За датумите на одржувањето на ревијата „Скопје филм класик“ јавноста дополнително ќе биде информирана.
]]>

Заради временските неприлики „Ентерфест“ презакажан за крај на летото https://arhiva.vistina.com.mk/zaradi-vremenskite-nepriliki-enterfest-prezakazan-za-kraj-na-letoto/ Sat, 26 May 2018 07:19:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=28852

Заради лошите временски услови, првото издание на фестивалот „Ентер-фест“, кое што требаше да се одржи од 29 мај до 2 јуни, се презакажува за крајот на летото, односно од 29 август до 2 септември. Веста ја споделија организаторите, нагласувајќи дека сите купени влезници ќе важат и за новиот термин. „Бидејќи Вашиот и нашиот фестивал се оддржува на просторот околу Арената Борис Трајковски, временските услови се доста неповолни и паѓа дожд скоро секоја вечер, приморани сме Ентер Фест да го презакажеме за 29.08.2018 до 02.09.2018. Сите купуени влезници ќе бидат валидни за новиот термин на фестивалот. Се гледаме на најголемата ЖУРКА НА БАЛКАНОТ“ - порачуваат во своето известување организаторите. Се надеваме дека новиот термин нема многу да влијае врз потврдениот список со четириесетина изведувачи за петте фестивалски вечери, а учеството го откажа само ар-ен-би дуото ДНК. Инаку, посетителите на „Ентер-фест“, кои можат да присуствуваат на сите пет вечери со блок-влезница по цена од 990 денари, ќе се забавуваат со музика од најголемите домашни и регионални музички имиња, меѓу кои: Тамара Тодевска, „Ај кју“, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Бени и „Нон топ“, „Визија“, „Конкеринг лајон“, Дани, „Кепурдат“, Кристина Арнаудова, Викторија Лоба, „Темпера“, „Фолтин“ и оркестарот Агушеви, како и Ера Истрефи, Дадо Топиќ, „Ван Гог“, „Дивље јагоде“, „Елементал“ и многу други.
Настанот ќе се одвива на две сцени, надвор и внатре во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а влезниците за сите пет фестивалски денови се во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс.]]>