превртена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 26 Dec 2020 07:55:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png превртена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Од плафонот кон подот: Кој и ја преврте елката наопаку на Хелена Роза? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-plafonot-kon-podot-koj-i-ja-prevrte-elkata-naopaku-na-helena-roza-foto/ Sat, 26 Dec 2020 07:52:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64097

Австралија е најдалечниот континент за нас, гледано одовде.  Најјужниот... Затоa и ја викаат „land down under“. И одовде изгледа како таму да е се првртено наопаку... како да стои на глава! Нов Зеланд е уште подолу, појужно. Ама иако е така, таму луѓето сепак не одат на глава, иако Божиќ и Нова Година им се „испревртени“ , па им паѓаат среде лето. Ама тоа не значи дека таму не доаѓа Дедо Мраз да дели подароци и не китат елка...
Таму, во тој дел од светот живеат и многу Македонци... најмногу, од оние што не се дома, велат. Меѓу мноштвото непознати, и некои познати... Како некогашната македонска ТВ водителка Хелена Роза, сестрата на поп пејачката Ребека на пример, која таму живее со својот сопруг, ќерката Кјара и синчето Тиан.
Иако е дури 22.000 км оддалечена од дома, Хелена направи се' и најде начин  како да ги изненади со подароци своите внуци, трите синчиња на Ребека: Маркијан, Доротеј и Макариј, кои беа пресреќни поради тоа, а сестра и  Беки (како што ја викаат Ребека), благодарна до плафон.
А кога сме веќе кај плафонот... Дали знаете дека најубав и најукрасен плафон на светот има токму Хелена?
Имено, сите новогодишната елка ја ставаат онака како што треба да стои, само таа нејзината ја става... наопаку!!? Превертена и накитена, нејзината елка  виси од плафонот со врвот надолу - кон подот! Вистински уникат! Како да е голем лустер , а не  новогодишна елка... Ама, има и зошто!
Кога имате мало дете, кое е толку активно и љубопитно, па се' што ќе види сака да го дофати, допре и растури, единственото решение е - ова! Ем ефикасно, ем свечено! Ем родителите мирни, ем домот украсен!
Е, сега, колку е практично за китење и оставање подароци под елката? Прашајте го Дедо Мраз! Ама тој и онака во домовите влегува низ оџак, нели?
   ]]>