превенција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 25 Nov 2019 13:31:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png превенција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Симптоми и превенција за сува кожа https://arhiva.vistina.com.mk/simptomi-i-prevencija-za-suva-koza/ Mon, 25 Nov 2019 13:30:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120421

Сувата кожа е обично привремен проблем што се појавува само за време на зимскиот период, но постојат случаи и кога тој проблем трае цел живот. И иако кожата е обично најсува на рацете и долниот дел од нозете, ова може да биде различно кај секој човек. Симптомите на сува кожа зависат од вашата возраст, местото на живеење, времето кое го поминувате надвор и причината за проблемот. Доколку имате сува кожа, ќе забележите еден или повеќе од овие симптоми: · Затегнатост на кожата, особено по капење, туширање или пливање · Кожа која изгледа збрчкано и дехидрирано · Кожа која изгледа грубо наместо мазно · Чешање, кое понекогаш може да е многу силно · Слабо или интензивно лупење на кожата · Линии или пукнатини во кожата · Црвенило · Длабоки пукнатини кои понекогаш може да крварат Кога да појдете на доктор Повеќето случаи на сува кожа се подобруваат со мали промени и домашни лекови. Посетете го докторот доколку:
  • Состојбата на кожата не се подобри и покрај вашите напори · Сувата кожа е придружена од црвенило · Сувоста и чешањето ви го пореметуваат сонот · Имате отворени рани од чешање · Претерано ви се лупи кожата
Причини Иако причините за сува кожа (ксероза) речиси секогаш може да се пронајдат во околината, постојат и одредени болести кои можат да го променат изгледот на вашата кожа. Причини за сува кожа може да бидат:
  • Времето.Генерално, кожата е најсува за време на зимските денови кога температурата и влажноста се ниски. Зимските услови понекогаш ги влошуваат и веќе појавените проблеми со кожата. Вакви проблеми може да се појават и ако живеете во место каде температурите се високи но нивото на влажноста е ниско. · Греење. Парното греење, греалките, камините и печките на дрва го сушат воздухот и ја сушат кожата. · Топли бањи и туширања. Пречестото туширање или капење, посебно кога тоа долго трае а водата е премногу топла, ги руши липидните бариери на вашата кожа. Истото го прави и честото пливање, посебно во вода со високо ниво на хлор.· Изложеност на сонце. Како и сите видови на топлина, така и сончевата топлина ја суши кожата. Но штетата од ултравиолетовите зраци продира подлабоко од површинскиот слој на кожата (епидермис). Најголемата штета се случува длабоко во дермисот, каде колагенските и еластинските влакна се оштетуваат многу побрзо резултирајќи со длабоки брчки и попуштена и незатегната кожа (solar elastosis). Кожата оштетена од сонцето може да изгледа исто како сувата кожа. · Атопичен дерматит. Ова е најчестиот вид на егзема и обично најпогодени делови се лицето, страничните делови на вратот, деловите околу лактите, глуждовите и колената. · Псоријаза. Оваа состојба е карактеристична по брзото натрупување на тврди, суви и мртви кожни клетки кои создаваат дебели красти.  -Атопичен дерматит. Доколку имате склоност кон оваа болест, сувата кожа може да доведе до нејзино активирање, предизвикувајќи црвенило, пукнатини и воспаление. - Фоликулитис. Воспаление на фоликулите на влакната. -Целулитис. Ова е сериозна бактериска инфекција на кожните ткива каде бактериите навлегуваат во лимфниот систем и крвните садови. Овие компликациии се случуваат ако системите за заштита на кожата ви се нарушени. На пример, претерано сувата кожа може да предизвика пукнатини кои може да се отворат и да крварат со што им го отвораат патот на бактериите. Терапии и лекови Во повеќето случаи, сувата кожа се негува со хидратантни креми и со избегнување на чести и долги капења и туширања. Во некои случаи докторот може да ви препорача крема која содржи лактична киселина или лактична киселина и уреа. Понекогаш, сувата кожа може да доведе до дерматит и тогаш докторот препишува лосион со хидрокортизон. Доколку ви се појават пукнатини можете да ставате влажни облоги со средство кое би спречило инфекција
затегната. · Нанесете крема веднаш по капењето. По капењето, нежно избришете го лицето за да оставите барем малку влажност на него. Веднаш потоа нанесете крема за да ја “заробите” водата во клетките. · Употребувајте развлажнувач на воздух. Топлиот и сув воздух може само да го влоши лупењето на кожата. Изберете развлажнувач кој можете да си го дозволите и секогаш одржувајте го чист за да се заштитите од бактерии и габи. · Употребувајте материјали кои се добри за кожата. Природните материјали како памук и свила и овозможуваат на кожата да дише. Но волната, иако природна, може да ја иритира кожата. Кога ја перете облеката, употребувајте детергенти без бои и парфеми бидејќи и тие ја иритираат кожата. Доколку овие мерки и употребата на креми со хидрокортизон не ви помогнат, посетете доктор или разговарајте со дерматолог.    ]]>

7 златни правила кои ќе ви го одбранат телото од настинка https://arhiva.vistina.com.mk/7-zlatni-pravila-koi-kje-vi-go-odbranat-teloto-od-nastinka/ Wed, 15 Nov 2017 11:45:03 +0000 http://vistina.mk/?p=3729

Во текот на студените месеци нашиот имунитет слабее, односно стануваме поподложни на разни инфекции, најчесто на грлото и носот. Но, за навремено да ги избегнеме настинките, потребно е да реагираме што побрзо и да го разбудиме телото со сојузниците од природата, како и со задолжителното вежбање. На кој начин треба да делувате превентивно и на време да ја спречите настинката, прочитајте во продолжение.

1. Дополнително внесување пробиотици

Пробиотиците се живи микроорганизми кои, внесени во доволна количина, благотворно делуваат на организмот, ги подобруваат својствата на неговата автохтона дигестивна микрофлора. Наједноставно кажано, пробиотиците се добри бактерии. Добрите бактерии во цревата играат важна улога во јакнењето на имунолошкиот систем. Со други зборови, истражувањата покажале дека константното земање пробиотици помага во заштита против настинката. Личностите кои земале пробиотици имале за 27% помал ризик од развој на инфекции.

2. Дополнително земање цинк

Многумина како додаток во исхраната земаат цинк за што побрзо да ја победат настинката, но поголема улога на овој минерал е неговото превентивно користење додека настинката сѐ уште не се развила. Резултатите од бројни студии покажале дека земањето цинк како додаток во исхраната најмалку пет месеци во континуитет го намалува ризикот од настинка, а доколку се разболите, цинкот ќе ги олесни симптомите и ќе го скрати траењето на настинката. 2-zashtite-se-nastinkite-samo-shto-ne-pristignale-7-zlatni-pravila-koi-kje-go-odbranat-teloto-od-nastinka-www.kafepauza.mk_

3. Сад за миење на носот

Додека за хигиената на усната шуплина уште одамна зборувавме, кога станува збор за носот, мораме да признаеме дека доста заостануваме. Всушност, носниците се најголеми собирачи на бактерии и вируси, кои со несоодветната хигиена поттикнуваат бројни воспаленија во телото, а најчесто инфекција на душните патишта. Затоа е исклучително важно секојдневно да го миете носот. За таа намена постои посебен сад со долго грло во кое е потребно да ставите малку однапред подготвена течност. Потребно е да зовриете половина литар вода, да ја оладите и во неа да додадете една лажичка сол од продавниците за здрава храна. Добро измешајте ја смесата и мала количина, околу половина децилитар, ставете ја во садот и измијте ја едната, па потоа втората носница.

4. НЕ за шеќер, ДА за овошје

Шеќерот е еден од најголемите непријатели на имунитетот, напомнуваат нутриционистите. Доколку со секојдневната исхрана внесувате 199 грама шеќер (содржината на три лименки газиран сок) на белите крвни зрнца им треба и до пет часа повеќе за да ги победат бактериите. Јакнете го имунолошкиот систем и тоа со помош на изобилство од овошје и зеленчук и зачини кои во себе содржат природни облици на минерали, витамини и антиоксиданси., кои се најдобри за превенција во борбата со настинките кои ни доаѓаат. Изобилството од витамин Ц е неопходно во периодот кога има вируси, а можете да го пронајдете во портокалите и во сезонскиот зеленчук, како киселата зелка. Важно е од вашето мени целосно да ја исфрлите мрсната храна и да консумирате намирници кои содржат омега-3 масни киселини, односно оброци кои поминале минимална термичка обработка.

5. Зачини од кујната

Ѓумбирот е најдобриот природен сојузник во борбата со настинките, односно го поттикнува организмот да произведува дермицидин, заштитник од микроорганизмите. Освен тоа, ѓумбирот консумиран како чај го чисти грлото, додека како додаток во јадењето ја поттикнува циркулацијата и го грее телото. Циметот има противвоспалителни и антибактериски својства, заради што е пожелно да го воведете во секојдневната исхрана. За превентива кај настинките се препорачува консумирање на 1/4 лажичка цимет помешан со 1 лажичка мед наутро. Каранфилчето е уште еден пример за одличен зачин. Тоа ја чисти слузницата, помага при спречувањето на настинките и го поттикнува потењето на телото, содржи хранливи влака, фитостероли, калциум, железо, магнезиум, фосфор, бакар, витамини Ц, Е, К и Б6 и фолна киселина, заради што е важно да се користи како превенција против заболувањата.

6. Потење

Со потењето се ослободуваме од токсините и микроорганизмите, па затоа е препорачано вежбање во текот на зимските месеци и потребно е рекреацијата да ја надополните со жесток тренинг кои на телото ќе му овозможи дополнително потење. Идеална комбинација со рекреацијата е сауната, бидејќи високите температури го поттикнуваат растењето на ендорфините, природни телесни супстанци кои нè ослободуваат од болката. Топлината ја подобрува циркулација и го поттикнува создавањето на белите крвни зрнца.

7. Редовно вежбање и практикување јога пози кои го јакнат имунитетот

Вежбањето помага на повеќе нивоа кога е нашето здравје во прашање, а моменталното потење може да го спречи кивањето и настинката подоцна. Голем ефект за зацврстување на имунитетот има јогата, поточно положбата на телото позната како „асана“, која е поврзана со различни техники на дишење и медитација кои помагаат при намалување на хормонот на стрес кој го загрозува имунолошкиот систем. Јогата традиционално сите причини за лошиот имунитет ги пронаоѓа во лошото варење и работа на цревата кои се предизвикани од неправилната исхрана. Неправилното варење предизвикува собирање на токсините кои може да се манифестираат насекаде во телото. Јогата помага да ги зајакнете и стимулирате сите четири главни физиолошки системи кои се поврзани со имунолошкиот систем, нервниот систем и ендокриниот систем. Една од основните јога пози која е составен дел од поздрав на Сонцето, а помага за јакнење на имунитетот е „адхо мукха шансана“, односно во превод – куче кое гледа надолу. Позата можете да ја практикувате еднаш дневно во вашиот дом: 4-adho mukha shanasana
  1. Клекнете на постилка и спуштете го колковите на петите, испружете ги рацете во ширина на рамената далеку пред себе.
  2. Лесно подигнете ги колената во воздух, обидувајќи се да го задржите грбот целосно исправен. Обидете се да ги спуштите петите на подот. Рацете се рамни, главата е релаксирана, рамената се широки и оддалечени од увото, стомакот е вовлечен и активни се бедрата.
  3. Дишете длабоко и лесно само на носот. Задржете се во позата 5 длабоки вдишувања. Повторете повеќе пати со лесни паузи и одмор.
извор:кафепауза.мк]]>