претставник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 05 Feb 2022 11:02:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png претставник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Андреа со песната „Circles“ ќе ја преставува Македонија на Евровизија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrea-so-pesnata-circles-kje-ja-prestavuva-makedonija-na-evrovizija-video/ Sat, 05 Feb 2022 08:00:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237797

На МРТ 1 вчеравечер, 04 февруари 2022 година во емисијата  „Стисни Плеј“ беше избран македонскиот евровизиски претставник, а победата ја однесе Андреа со песната „Circles“. Пред камерите се претставија шесте кандидати за кои народот имаше можност да гласа изминативе денови на специјалнокреираната платформа за гласање. Кали, Лара, Виктор, Јон, Андреа и Рис Флауер се релативно млади музички имиња, кои претходно беа избрани како финалисти на конкурсот кој го распиша МРТ. „Пред сè, благодарам Македонија! Ветувам дека ќе направам сè да ги оправдам вашите очекувања. Честитки за сите учесници во национланиот избор, бевте тешка конкуренција Оваа шанса за мене е одговорност, како професионална, така и лична. Поддршката од страна на публиката и медиумите ми даде голем поттик овие две недели. Александар Масевски, благодарам за Circles! Останува да продолжиме со полна пареа со подготовките за Евровизија и достојно да ја претставиме Македонија во Торино“ - напиша Андреа на социјалните мрежи. Изборот се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири. Тркатаза  прво место беше до крај незивесна и изедначена помеѓу Андреа и Виктор Апостоловски и неговата „Супермен“, но според правилата на гласањето, Андреа е претставникот на Евровизија бидејќи доби повеќе гласови од стручното жири. Музиката, аранжманот и продукцијата на евровизиската песна ги потпишува Александар Масевски, додека стиховите на песната се заедничко дело на авторот и изведувачот - Александар Масевски и Андреа Коевска. ]]>

Лила откри кој и е фаворит за Евровизија 2022: „Светско, а наше“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-otkri-koj-i-e-favorit-za-evrovizija-2022-svetsko-a-nashe-foto/ Thu, 03 Feb 2022 08:03:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237391

Овагодинешното издание на Евровизија 2022 година ќе се одржи во Италија. Неодамна МРТ објави дека од вкупно 47 композиции кои пристигнале се избрани максимални 6 композиции кои ќе земат учество во натпреварот, односно Националниот избор за Песна на Евровизија 2022. Во борбата за претставување на Македонија на „Евровизија 2022“, влегоа следните претставници и композиции: Калина Велковска – Кaly - „LOVE AND LIGHT“, Јон Ајдини – Yon Idy - „DREAMS”, Лара Иванова - „FLOWER OF SORROW”, Виктор Апостоловски - „SUPERMAN“, Андреа Коевска – Аndrea - „CIRCLES”, Борис Цветановски – Ris Flower - „FLYING TO BERLIN”. Победникот кој ќе ја претставува Македонија на Евровизија ќе се добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%. Гласањето трае до петок, 04.02.2022. Македонската водителка Лила Филиповска на својот „Инстаграм“ објави кој е нејзиниот фаворит за овагодинешното издание на Евровизија. Имено, таа откри дека навива за Лара Иванова. -Мојот фаворит за претставник за песна на Евровизија...Лара, млада, неверојатна талентирана и одлична песна, напиша Лила и ги повика сите да гласаат. Инаку, Лара освен англиска, има и македонска верзија за песната насловена како „Цвеќе на тагата“. Таа истакна дека победи на изборот и оди на Евровизија лично има желба да ја пее на македонски јазик. -„Со македонската оригинална верзија на песната, сакав да покажам дека може да се пее и на повеќе од еден јазик, како и дека и јас умеам да пеам и на двата јазици, но дека сепак мајчиниот јазик ѝ дава душа на нашата музика. Истото за мене претставува посебна инспирација за интерпретација на емоциите во секоја моја песна. Не ми е примарна цел, но би сакала секако да победам на Евровизија, но пред сè најважно ми е да добијам шанса достоинствено да ја претставувам Македонија и македонскиот јазик и музика. Ако публиката ми ја даде поддршката и довербата преку глас на платформата на МТВ, по шест години по настапот на Калиопи, лично имам желба да го продолжам паузираниот тренд и да запеам повторно на македонски јазик пред цел свет и Европа, без разлика дали во склоп на целата песна или во комбинирана верзија. Заедно со тимот ќе го слушнеме гласот на публиката и ќе одлучиме околу финалниот настап, секако доколку бидам избрана,” изјави Лара. Музиката на „Цвеќе на тагата“ (“Flower of sorrow) е на Роберт Билбилов, а аранжманот е на Дарко Димитров и Роберт Билбилов. Текстот на песната е на Робин Зимбаков. Гласањето за македонски претставник на Евровизија трае сè до 04.02.2022 година на следниот линк – https://evrovizija.mrt.com.mk/. Кој ќе биде наш претставник останува да видиме. фото: принтскрин/инстаграм/_lara.iv_/lilafilipovska
]]>

Еден од претставниците на Исланд на Евровизија позитивен на корона – настап нема да има! https://arhiva.vistina.com.mk/eden-od-pretstavnicite-na-island-na-evrovizija-pozitiven-na-korona-nastap-nema-da-ima/ Thu, 20 May 2021 10:12:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203466

Еден од членовите на исландската група претставници на Еврозизија е позитивен на вирусот корона. Поради ригорозните правила на годинашната Евровизија, целиот бенд ќе биде во изолација. Дади Фрејр, водачот на групата, се огласи на Твитер и ја потврди информацијата. - Членот Гагнамагниќ утрово доби позитивен тест. За жал, тоа најверојатно значи дека нема да учествуваме на пробата денес или утре во настапот во живо, но ќе се користи снимката од втората проба - стои во твитот. - Бевме исклучително внимателни во текот на целото патување, така што ова е големо изненадување. Ние сме многу задоволни од изведбата и сме многу возбудени што ја гледаме. Ви благодарам за целата љубов - продолжува Дади. „Ова е голем удар“, рече Рунар Фрајр Гисласон, член на исландската делегација задолжен за односи со јавноста, кој исто така ги потврди информациите за здравствената состојба на членот на бендот. Исландската делегација додава дека сите членови ја примиле вакцината Џонсон и Џонсон пред да заминат за Ротердам и наведува дека утрово, за време на тестирањето, било откриено дека еден од членовите на групата е позитивен. Исландската делегација е во изолација од саботата, кога Европската унија за радиодифузија објави дека еден член на таа делегација е позитивен на коронавирус, поради што Исланѓаните не се појавија на церемонијата на отворање. Потоа беше објавено дека полската делегација исто така е во изолација. Да потсетиме, Исланд требаше да настапи во втората полуфинална вечер, на 20 мај. - Секој се чувствува здраво! Ви благодариме за убавите пораки - стои во последниот твит на исландскиот пејач и лидер на групата.]]>

МРТВ го избра годинава да не претставува на Евровизија, а тој во своето прво обраќање не спомна ни „М“ од Македонија: „Знаеш ли за кого ќе пееш Василе“? https://arhiva.vistina.com.mk/mrtv-go-izbra-godinava-da-ne-pretstavuva-na-evrovizija-a-toj-vo-svoeto-prvo-obrakjanje-ne-spomna-ni-m-od-makedonija-znaesh-li-za-kogo-kje-peesh-vasile/ Thu, 16 Jan 2020 08:42:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129227

Пејачот Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на годинешниов избор за песна на Евровизија во Ротердам - Холандија. За изборот на Гарванлиев одлучи МРТ зад затворени врати, што стана пракса на јавниот сервис изминативе две години години. Песната, со која ќе настапи струмичанецот, како ни нејзиниот композитор или авторски тим не се избрани. За тоа допрва ќе се одлучува. Веста беше обзнанета (дали случајно?) на  празникот „Василица“ - именденот на пејачот! Како што добро упатените тврдат дека не случајно што и лани како придружен вокал на Тамара, така и годинава како главен изведувач, Гарванлиев е избран да не претставува на Евросонг. Заслуга на струмичкото лоби, политичката припадност или блискост со власта или некое „друго лоби“ -  нема да навлегуваме, како што не навлегуваме ниту во вокално - сценските квалитети на пејачот, кои несомнено ги поседува! Сепак, при изборот индикативни се две нешта: Зошто и дали мораше токму тој, од морето многу попознати и поискусни македонски естрадни ѕвезди, зашто Гарванлиев и по популарноста и по музичките остварувања во однос на многумина од нив е речиси анонимец. Конечно, ако баш мораше да биде некој од ланските „бек вокали“ и Антонија Гиговска и Александра Јанева кај нас се многу попознати и попопуларни од него! Ако  пак некој „петти кец“ е во игра, тоа е веќе нешто друго! Нејсе, по објавувањето на веста дека тој е нашиот годинешен евровизиски претставник, Васил се огласи на социјалните мрежи, со своето прво обраќање во јавноста, а во него втората индикација. Со многу возбуда, дузина  убави зборови и грст благодарници што е избран, струмичанецот ги спомна сите: Од МРТВ, преку соработниците до семејството, ама Васил Гарванлиев  во своето обраќање до јавноста, не спомена само едно нешто: „Ниту „М“ од Македонија! Во типично „северџански“ манир, карактеристичен за излагањата на власта и нејзините поданици, во содржината на текстот, во неговите зборови никаде го нема името на земјата која го праќа да ја претставува. Гарванлиев, името Македонија го замени со зборовите „нашата земја“ или „мојата таковина“, без да и го изусти името. „Па добро бре Василе, знаеш ли за кого ќе пееш?“ Еве го неговото обараќање во целост: „Оваа година не можеше да ми започне со поубава вест. Почитувани пријатели, соработници и поддржувачи на мојата музика со особена чест (и многу возбуда) сакам ве исвестам дека оваа година ја имам можноста, задоволството, и одговорноста да ја претставувам НАШАТА ЗЕМЈА на најголемиот музички фестивал - Евросонг во Ротердам. Оттука, сакам да се заблагодарам на целиот тим од МРТВ кој ме изгласа и одлучи да ми ја даде довербата токму јас да ја имам оваа чест но и одговорност истовремено.
Од кога паметам за себе, музиката e сѐ што правам, за што постојам, а многу често беше и е единствената светла точка во мојот живот. И покрај тоа што имам долгодишно искуство на меѓународни сцени свесен сум за предизвикот и одговорноста што претстојат за време на овој глобален настан, особено после успешниот пласман со Тамара минатата година. Сакам накратко да се oбратам на сите тие кои сонуваат и не се откажуваат од нивните амбиции. Патеката не секогаш е лесна, но еден ден секој чекор изоден напред со вложен труд и искрена љубов кон тоа што го правите ќе вроди со плод. Не се откажувајте никогаш! Од сѐ срце благодарам на моето семејство и на моите соработници кој ме поддржуваат уште од самиот почеток, па дури и тогаш кога моите идеи им звучеа луди и апсрурдни. ВЕ САКАМ! Драги мои, подготвен сум за ова ново “патување” со отворено срце и искрена приказна, овој пат ветувам дека ќе дадам се од себе за МОЈАТА ТАТКОВИНА, за сите нас!!! Се гледаме во Ротердам“ - напишал Гарванлиев на Фејсбук.

Еве што му порача Тамара Тодевска на претставникот на Шведска по промената на гласовите на Евровизија https://arhiva.vistina.com.mk/eve-shto-mu-poracha-tamara-todevska-na-pretstavnikot-na-shvedska-po-promenata-na-glasovite-na-evrovizija/ Fri, 24 May 2019 07:30:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89428

Во саботата заврши 64-то издание на Избор на песна на Евровизија, на која победи Холандија. Тамара Тодевска со песната „Proud“ не претставуваше на овогодинешното издание. Според гласањето во саботата, Македонија го освои второто место од жирито, а осмото место од публиката. Веднаш под Македонија, на тебелата се најде претставникот на Шведска односно Џон Лундвик.
Меѓутоа, само неколку дена по финалето, Европска радиодифузна унија потврди грешка во гласањето на белоруското жири. По промената на гласовите на жирито, Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска се најдоа на прво место според гласовите на жирито и според гласовите на публиката на седмо место. Нашата претставничка се огласи на социјалните мрежи и истакна дека е пресреќна, но се и заблагодари на целата поддршка.
Исто така на својот Твитер профил, Тамара на шведскиот претставник му порача „Двајцата сме победници, вие бевте фантастични“.
За потсетување, ова е најдобриот пласман на Македонија на Евровизија.]]>

Со песната „Дома”, 13-годишната Марија Спасовска од Скопје ќе ја претставува Македонија на детската „Евровизија 2018″ https://arhiva.vistina.com.mk/so-pesnata-doma-13-godishnata-marija-spasovska-od-skopje-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-detskata-evrovizija-2018/ Tue, 16 Oct 2018 12:37:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53212

Со песната „Дома”, 13-годишната Марија Спасовска од Скопје, ќе ја претставува Македонија на детската „Евровизија 2018″ што е закажана за 25 ноември во Минск, Белорусија. Песната испраќа топла и хумана порака до сите деца во светот, со музика и аранжман на Дарко Димитров, текстот е на Елена Ристеска и Дарко Димитров. Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“. Лани, на манифестацијата која се одржа во Тбилиси, Грузија, Македонија ја претставуваше Мина Блажев. Тогаш, од 16 земји учеснички, завршивме на 12 – то место.]]>

Фановите збунети: Македонија нема да има претставник во „Ѕвездите на Гранд“? https://arhiva.vistina.com.mk/fanovite-zbuneti-makedonija-nema-da-ima-pretstavnik-vo-dzvezdite-na-grand/ Thu, 17 May 2018 06:36:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27461

Секоја сезона во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ има претставници од просторите на бивша Југославија. Оваа година како македонски претставници се претставија Ивона Јовановиќ, Мартинијан Кириловски и Огнен Здравковски. Во неколку круга тие успееја да го воодушеват жирито со својот талент и интерепретација. Но, изгледа тоа не беше доволно, па Ивона прва го напушти музичкото шоу и замина од сцената на Гранд. Деновиве се снимаа последните кругови пред супер финалето. А за жал, во петиот круг испаднаа и двајцата македонски претставници кои останаа во „Ѕвездите на Гранд“. За жал, Мартинијан и Огнен испаднаа во петиот круг и не се пласираа во супер финалето. Така да, оваа година Македонија нема да има македонски претставник во самиот финиш. Македонските пејачи на социјалните мрежи објавија дека  за оваа година завршиле со натпреварувањата. Но, кој знае можеби следната година ќе се пријават и ќе им донесат победа на Македонија. 

И последните двајца Македонци кои останавме во " Ѕвезде Гранда " официјално испаднавме во 5 круг, односно во ТОП 40 ( ТОП 20 - МАШКИ и ТОП 20 - ЖЕНСКИ ) . Ви благодарам од се срце што ми дававте неизмерна поддршка во текот на натпреварувањето. Ве обожавам! ❤ ----------------------------------------------------------------------------- I poslednja dva Makedonca koji smo ostali u " Zvezde Granda " , oficijalno smo ispali u 5 krugu, ustvari u TOP 40 ( TOP 20 - MUSKI i TOP 20 - ZENSKI ) . Hvala vam iz sveg srca shto ste mi davali poddrsku tokom takmicenja. Obozavam vas! ❤ #zvezdegranda #grandproduction #jelenakarleusa #acalukas #anabekuta #draganstojkovicbosanac #vikimiljkovic #marijaserifovic

A post shared by Martinijan (@martinijankirilovski) on

„Еye Cue“ со „Lost and found“ ќе ја претставуваат Македонија на годинешниот Изборот за песна на Евровизија во Лисабон https://arhiva.vistina.com.mk/eye-cue-so-lost-and-found-kje-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-godineshniot-izborot-za-pesna-na-evrovizija-vo-lisabon/ Tue, 13 Feb 2018 14:22:57 +0000 http://vistina.mk/?p=12649

Комисијата одлучи дека песната „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови. Комисијата според правилата, едногласно заклучи дека: одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Еye Cue“ којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Иванов На ден 10.02.2018 година во просториите на МТВ се одржа селекција на пристигнатите песни по распишаниот јавен повик за: Песна којашто ќе ја претставува Македонија на Евровизија, Лисабон 2018 година. Комисијата беше во состав: Мери Попова – координатор на проектот Евровизија 2018 и уредник на Културно уметничка програма на МТВ1 , Каролина Петковска - Уредник на Редакција за Контактно забавни емисии во МТВ1, Александра Јовановска – уредник и водител на музичка емисија во МТВ1, Авни Ќаили – уредник на Културно уметничка програма на МТВ2, Бранка Костиќ Марковиќ – музички новинар и критичар, Андријана Јовановска – музички новинар во „Репортер.мк“, Марко Марк – музички новинар во „Канал 77“ и водител во ТВ „Телма“ и Антонио Димитриевски - главен и одговорен уредник на порталот „Вистина.мк“ и продуцент на музичката манифестација „Македонски радиски фестивал  - МАРС“. Во процесот на подготовка за селекција, МТВ покани уште десет други личности коишто професионално се занимаваат со македонската и светска музичка сцена и случувања, но истите поради лични и субјективни причини не беа дел од селекционата комисија. Од пристигнатите 382 композиции на меѓународниот повик за Избор на песна за Евровизија, комисијата по пат на елиминација во три круга, на крајот селектираше 12 композиции. Секоја од композициите во последниот круг од страна на комисијата беше рангирана и бодувана според евровизискиот принцип на гласање.
По пребројувањето на гласовите, комисијата одлучи дека песната „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови. По повторното преслушување, комисијата според правилата, едногласно заклучи дека: одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Еye Cue“ којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Ивановска. Комисијата е едногласна во ставот дека: одбраната композицијата има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ. МРТ како носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија го прифати ставот на комисијата и упатува честитки до авторскиот тим и групата „Еye Cue“. Извор: МРТ]]>