претстава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 15 Jan 2024 13:13:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png претстава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Падот на Масада“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски в среда во Драмски театар https://arhiva.vistina.com.mk/padot-na-masada-od-venko-andonovski-vo-rezhija-na-dejan-projkovski-v-sreda-vo-dramski-teatar/ Mon, 15 Jan 2024 13:13:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335005

Во среда, 17 јануари 2024 година, во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската претстава “Падот на Масада” од авторот Венко Андоновски а во режија на Дејан Пројковски. Улоги: Александар Степанулески, Јелена Жугиќ, Рубенс Муратовски, Филип Трајковиќ, Емилија Мицевска. Асистент на режија: Дамјан Димовски Сценографија: Валентин Светозарев Костимографија: Валентин Светозарев Музика: Горан Трајковски Инспициент: Гоце Бојчев Суфлер: Жаклина Цветковска “Падот на Масада” ќе биде претстава за луѓето што сакаат да летнат, но нозете им се длабоко заглавени во калта на историјата и идеалите. Луѓе на кои сонот и фантазијата им се единствениот сигурен простор, нивната слободна територија. Живот или идеал ? ова прашање е за сега и секогаш. …Паѓа ѕвезда, замислив желба, да падне на меко…„Падот на Масада“ ќе биде претстава која ќе зборува за убиството и самоубиството. Вреди ли да се даде животот за идеја, и да се изврши самоубиство? Вреди ли да се бориш за татковина, ако притоа своите деца ги оставаш без татко? Ако животот е само еден дали чинот на самоубиството за идеал може да се нарече херојско дело ? Секоја сцена се преиспитување за оваа одлука на Јудејците, за едно од најголемите самоубиство во историјата на човештвото.Претставата го поставува прашањето: колку имаме право на самоубиство (зашто „самоубиството е силна желба за живот ама на друг начин“ . Колку имаме право со себе да повлекуваме и други во самоубиствените чинови, без разлика колку тие од историска или идеолошка дистанца изгледаат како величествен чин на хероизам. Можеби некогаш тоа било највозвишен чин, но во денешниов егоистичен свет изгледа бесмислено да се посегнува по сопствениот живот заради возвишена идеја која нуди подобар свет.Зошто – бесмислено? Затоа што сите големи идеи за подобар свет доживеаја пораз од нивните „верници“, меѓу кои има и „предавници“ кои повеќе сакаат да лежат на земја и да ја гледаат убавината на облаците на небото, одошто да гинат за бесмислени и однапред пропаднати мега-историски наративи. …ЧОВЕК ЗВУЧИ ЛИ ТОА ГОРДО ? Претставата како главна тема ќе го носи прашањето што е поважно денес – човекот или Големата Идеја? Ниедна идеја не родила човек, а живиот човек секогаш раѓал идеи. “Падот на Масада” ќе биде претстава за дното на човечките души и колку човекот всушност може да паѓа, и сето тоа само поради идеалите при тоа борејќи се во баналната тиранија на светот каде што е важно само да се проживее уште еден ден во општествениот синџир на исхрана. Во кој момент човекот престанува да биде човек? Како и зошто почнува човекот да станува животно. Идеалот или сопствениот живот ? – Дејан Пројковски извор:република]]>

Во МНТ премиера на претставата „Божествена рапсодија“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-mnt-premiera-na-pretstavata-bozhestvena-rapsodija/ Fri, 22 Dec 2023 13:09:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332141

Во Македонскиот народен театар вечер со почеток од 18 часот ќе биде премиерно изведена претставата „Божествена рапсодија“. На сцената настапуваат членовите од инклузивен ансамбл на возраст од 10 до 55 години, актери кои досега успешно соработуваат во поставување на заеднички претстави како „Шумска бајка“, „Други приказни за Алиса“ и „Дрво низ времето“, односно членови кои го формираа првиот инклузивен градски хор, чија цел е да ја користи музиката и песната како алатка за комуникација и интеграција. Во претставата играат Елизабета Петковска, Ена Митревска, Коста Аризанов, Марио Мицкоски, Стефан Трпковски, Матеј Аларов, Оливер Блажевски, Ирина Прокопиева, Филип Ангеловски, Иво Веиќ, Нана Танеска, Ена Ковачевска, Ивана Полизовски, Данаја Ефтимова, Мартин Манчевски, Матеј Петровски, Ана Јовановска, а режијата е на Колектив Ветерница. Проектот е во продукција на Трисомија 21 Скопје, поддржано од Министерството за култура, Македонски народен театар и Колектив Ветерница со цел истражување на нови форми на современ инклузивен сценски израз. (МИА) фото:МИА]]>

Театарска претстава „Животинска приказна“ во „Јавна соба“ https://arhiva.vistina.com.mk/teatarska-pretstava-zhivotinska-prikazna-vo-javna-soba/ Mon, 22 May 2023 06:27:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303236

Претставата „Животинска приказна” во режија на Александар Јовановски, денеска, понеделник 22 мај 2023-та,   премиерно ќе се одигра во „Јавна Соба“. „Животинска Приказна” е сублимација на „Домашен живот” и „Зоолошка приказна”, две дуо драми од Едвард Олби кои во својата беспрекорна корелација го доловуваат недостатокот на комуникација – главното нешто кое ги одвојува луѓето од животните. Претставата говори за удобноста во која луѓето запаѓаат дур го живеат својот живот, заборавајќи на необврзувачката задача да се биде човек во вистинска смисла… човек кој е обичен следбеник на животното. Иако блиски, ликовите во Животинска приказна, секој на свој начин се сосема оддалечени од животното во себе, губејќи ги основните пориви кои го движат моторот на животот или пак се нурнуваат во нив, давејќи се во длабочината и така сосема го забораваат вистинското животно во себе. Ликовите во претставата ги толкуваат актерите Никола Кузелов, Ања Митиќ и Виктор Велевски. Билети за претставата можат да се набават на: https://www.bileti.mk/e/zivotinskaprikazna.]]>

МНТ ги отвора вратите за сите граѓани, бесплатно гледајте ја претставата „Само глас“ https://arhiva.vistina.com.mk/mnt-gi-otvora-vratite-za-site-gragani-besplatno-gledajte-ja-pretstavata-samo-glas/ Wed, 22 Mar 2023 13:11:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294608

По повод Светскиот ден на театарот, 27 март, Македонскиот народен театар ги отвора вратите за сите граѓани. Публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во која играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски. Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани светската порака од Самиха Ајуб, египетска актерка, и македонската порака од Теута Ајдини-Јегени, актерка. Билетите се подигнуваат на денот на изведбата од 14:00 часот на билетарницата на МНТ. извор:курир.мк]]>

МКЦ со хип-хоп претставата „Црнила Ремикс“ на меѓународна сцена https://arhiva.vistina.com.mk/mkc-so-hip-hop-pretstavata-crnila-remiks-na-megjunarodna-scena/ Thu, 04 Aug 2022 10:39:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261508

Театарски хип-хоп проект на МКЦ Скопје – „Црнила Ремикс“ е дел од официјалната селекција на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“, кој од 5 до 9 август ќе се одржи во Ниш, Србија, на сцените во Нишката тврдина. Во рамки на популарниот „Нишвил џез фестивал“ од 2017 година како посебна програмска целина постои Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“, на кој оваа година ќе бидат прикажани продукции од Франција, Швајцарија, Србија, САД, Хрватска, Бугарија и Македонија. Програмската селекција на овој фестивал е базирана на продукции кои ја користат музиката како еден од главните драмски елементи во креирање на самата претства, а целата програма се прикажува исклучиво на отворени сцени низ градот. -Ќе погледнеме од многу мали трупи како француската Les Nouveaux Ballets du Nord-Pas de Calais од Лил која ги комбинира техниките на театар, кукларство и танц, или пак хрватската трупа CIrk од Загреб која спојува театар, филм, циркус и визуелни уметности, или вашата Црнила Ремикс која ни доаѓа како претстава-концерт. Тука се и најдолговечните Мимарт театар (1984) – танцов и физички театар, и Дах театар (1991) – лабораториски театар поврзан со работата на Јержиј Гротовски и Еуџенио Барба, па се до светски познатата театарска трупа ЛаМама од Њујорк (1961) која ја негува работата на експерименталниот театар, потенцираше Маја Митиќ, уметнички директор и селектор на Нишвил меѓународен џез театар фестивал. Со гостувањата на фестивалот Егзит во Нови Сад и клубот Мочвара во Загреб во 2019 година „Црнила Ремикс“ ги започна своите меѓународни активности, а проектот беше дел и од хибридната меѓунардона програмска соработка реализирана за време на пандемијата во 2020 година меѓу МКЦ Скопје и Кино Шишка од Љубљана – Cross Stream. За потсетување, „Црнила Ремикс“ е урбано читање на класичното дело на Коле Чашуле, работено по идеја и режија на Јордан Симонов, со оригинален препев и музика на Дарко Димитриески и Павле Димковски од колективот Зад Аголот. Членови на Организацијата се: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски Хонда, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски. Оваа музичко – драмска продукција имаше свои премиери во 2019 година на меѓународниот театарскиот фестивал МОТ и музичкиот фестивал Здраво млади, а покрај театарска и концертна верзија, овој проект во 2020 го доби и својот трет формат – аудио запис на винил. Извор: Курир]]>

На „Скопско лето“ претставата на МНТ „Нема да биде крај на светот“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-skopsko-leto-pretstavata-na-mnt-nema-da-bide-kraj-na-svetot/ Wed, 22 Jun 2022 12:24:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255643

Според авторот Аднан Лугониќ, флоскулата „крај на светот“ никогаш не била позастапена, како во медиумите така и во секојдневните, обични разговори. Стравот од генералното пропаѓање на планетата како да ги направи неважни сите оние мали, индивидуални „краеви на светови“. Оваа драма и оваа претстава се занимаваат токму со тоа – рушењето на интимните светови. Таа 2018 година кога се создаваше текстот, крајот на светот го препознавав на секој чекор – додека шетам по улица, седам во кафеана или парк, се возам во автобус или воз, додека еуфорично скокам на концерт, танцувам во клуб или просто додека стојам и набљудувам. Крајот на светот ми се чинеше како постојан процес што оди паралелно со изградбата и напредокот, објаснува авторот за претставата. Според авторот, секој од нас носи некој свој „крај“. И тој, како што вели, не е ни малку поневажен од општиот крај на светот. А историјата нѐ учи – светот секогаш ќе постои во некаков облик, со или без нас. И затоа, додека сѐ уште можеме, да зборуваме повеќе за нас – за нашата сила, онаа индивидуалната, но и за потребата од другите со цел да се изгради некој нов, појак, интимен свет во кој нема да ни биде страв да зборуваме за кршењата. Тие се тука за да ни дадат сила секогаш да почнуваме од почеток, додава Лугониќ. Утре пак, исто така на малата сцена на МНТ ќе се одржи театарската претстава „Торонто Експрес“, а во петок во рамки на фестивалот, ќе се одржи претставата „Последната лента на Крап“. извор:република.мк]]>

Лидија Вукичевиќ се соблече, па покажа дека изгледа како девојче: „Чекајќи го министерот“, самата себе си најдобро си угодува (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lidija-vukichevikj-se-sobleche-pa-pokaza-deka-izgleda-kako-devojche-chekajkji-go-ministerot-samata-sebe-si-najdobro-si-ugoduva-foto/ Mon, 11 Apr 2022 09:18:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245917

Во Центарот за култура – Битола а во рамки на голема турнеја низ Македонија гостуваше претставата „Чекајќи го министерот“. Главната улога ја толкуваше познатата Лидија Вукичевиќ а покрај неа играат Семир Гичиќ и Сашо Ристовски. Покрај македонскиот актер во претставата, екипата на претставата се потруди сценариото да го адаптира на публиката. Па Лидија која игра келнерка што има желба да стане пејачка, во претставата ги пееше „Македонско девојче“ и „Елено, ќерко Елено“. А покрај неколкуте отпеани песни во репликите се најде и популарниот стих „Уметница мора бити здрава“ од евровизиската песна на Констракта.   После изведбите во Штип, Охрид и Битола, претставата следно гостува во Кичево (11.04), Пробиштип (12.04), Куманово (13.04), Кавадраци (14.04) и Велес (15.04). Меѓу две претстави, атрактивната српска актерка реши да си даде оддишка на душата, па го расоблече телото и во бикини го помина ионака тмурниот и дождлив ден покрај  затворениот базен во рамките на хотелскиот спа центар. Црно мини бикини и неколку провокативни пози со кои сексапилната глумица покажа дека иако е влезена во шестата деценија се' уште изгледа како млада девојка. Патем, сексапилот со кој зрачи создава таков еротски набој што ретко кој може да и одолее на нејзината фатална привлечност, иако Лидија упорно тврди дека и понатаму е соло... И сама себе си најдобро си угодува... „Чекајќи го министерот“! Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски/ Инстаграм принтскрин/    ]]>

На 26 март: Премиера на претставата „За нашиот Горан“ во МНТ https://arhiva.vistina.com.mk/na-26-mart-premiera-na-pretstavata-za-nashiot-goran-vo-mnt/ Mon, 21 Mar 2022 13:48:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243810

На 26 март, сабота, во 12 и во 14 часот на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одигра премиерата на претставата „За нашиот Горан“  каде што улогите ги толкуваат децата од актерската школа на Весна Петрушевска. Во претставата ќе има одломки од „Лонг плеј“ и „Демонот од Дебар маало“, пиеси на еден од најголемите македонски драматурзи Горан Стефановски.
Горан беше мој професор, мој омилен драмски автор и мојата дефиниција за бескрајно талентиран и племенит човек. Децата од мојата актерска школа се крајно посветени на ликовите кои ги играат во различни сцени од нколку пиеси на Горан. Првпат ќе се слушнат на сцена неговите генијални текстови од книгата „Стапица”. Таа книга ги содржи сите тајни на драмскиот занает и на приодот кон создавање и градење лик, изјави Петрушевска за „Република“.
Претставата „За нашиот Горан“, е предизвик во вистинска смисла на зборот за еден актер, а за малите актери мисловен и актерски предизвик и задача.
Горан е нашиот идентитет, нашиот најдобар драмски писател. Театарот немаше да биде ист ако не постоеше Горан. Горан е љубов, вели Петрушевска.
Петрушевска е режисер на претставата, а таа го направи и изборот на музиката и адаптацијата на сцените.
Горан е често име на нашите простори изведено од именката гора, но исто така со значение голем и силен. Таква е нашата љубов кон Горан: силна,огромна, истрајна и посветена. Можете лесно да паднете во неговата стапица на зборови. Децата од актерската школа лесно го разбираат и нивниот поттекст е прецизно точен. Јас сакам секое дете да знае барем по еден монолог на Горан. Така живее само онолку колку го зборуваме. Ние немаме друг Горан. Имаме само еден! Храбар, бескрајно талентиран,точен, шармантен и полн со љубов, се вели во најавата за претставата.
Кореограф е Надја Лукановска, графички дизајнер е Александра Гатовска, а продуцент е Виолета Дамевска. Претставата е во продукција на КМК Продукција. Следна изведба на претставата „За нашиот Горан“ е на 9 април во 12 часот во МНТ.]]>

Претставата „Дневна доза мазохизам“ во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/pretstavata-dnevna-doza-mazohizam-vo-mkc/ Thu, 03 Feb 2022 13:57:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237567

На 08 февруари (вторник), со почеток во 20 часот во МКЦ ќе биде одиграна театарската претстава „Дневна доза мазохизам“.
Истражувајќи ја опсесијата како генетски код врз кои се создаваат односите помеѓу луѓето и опседнатоста како пракса која се артикулира во секојдневието, новиот театарски проект на „Пресврт“, „Дневна доза мазохизам“ го разложува човековиот емотивен распад преку конфликтот кој се наоѓа во обичните ситуации. Заслепени од виртуелниот идеал, често луѓето се наоѓаат на крстопатот помеѓу она што е и она што посакуваат да биде, како што му се случува и на Тома чие несовпаѓање со светот длабоко се истакнува преку неговата привлечност кон младата „инфлуенсерка“ Софија која пак се бори со сопствениот наметнат калап на своите обожаватели.
Текст:Дина Вукелиќ Режија:Лука Ибрахим Кортина Играат:Дарко Ристовски, Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Јанка Лефкова, Димитрија Доксевски, Ава Хусеини, Ѓорѓи Јолевски, Амернис Нокшиќи Сценографија: Мартин Манев Костимографија: Ирина Тошева Кореографија: Наталија Теодосиева Превод на текст: Горјан Милошевски Видео проекции: Кирил Манчевски Продуцент: Петар Антевски
Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и oнлајн преку bileti.mkc.mk
Изведбите на претставата „Дневна доза мазохизам“ се организираат согласно актуелните протоколи за организација на настани. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура.
]]>

Скопската премиера на „Нема да биде крај на светот“ во МНТ е помесетна за сабота https://arhiva.vistina.com.mk/skopskata-premiera-na-nema-da-bide-kraj-na-svetot-vo-mnt-e-pomesetna-za-sabota/ Tue, 23 Nov 2021 14:02:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228522

Скопската преиера на претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ наместо во среда, е презекажана за в сабота, на 27 ноември, информираат од Македонскиот народен театар (МНТ).
Поради тешката сообраќајна несреќа која се случи на 23 ноември 2021 година, 23, 24 и 25 ноември се прогласени за денови на жалост. Премиерата и репризните изведби на претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ, кои беа закажани на 24, 25 и 26 ноември 2021 г. се откажуваат. Новиот термин на премиерната изведба се закажува за сабота на 27 ноември со почеток во 20 часот, а репризните изведби кои беа закажани за 25 и 26 ноември се откажуваат – средствата од билетите за овие изведби на публиката ќе и бидат рефундирани, соопштија од МНТ.
Од МНТ изразуваат длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите. Скопската премиера на „Нема да биде крај на светот“ е во рамките на 46. издание на Млад отворен театар (МОТ). Премиерната изведба на претставата беше на 18 септември во Сараевскиот ратни театар – САРТР. Во претставата играат Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ на македонски и на босански јазик. Претставата е во продукција на Перипетија продукција – Скопје во копродукција со МНТ и Сараевскиот ратни театар – САРТР. Како креативни соработници се потпишуваат: костимографката Ивана Каранфиловска-Угуровска, сценографот Ангел Петровски, изборот на музиката и адаптацијата се на Оливер Митковски, (во претставата се користи и композицијата „Магдалена“ од Димитар Масевски), а соработник за македонски јазик е Ѓорѓи Јолевски.]]>