претседателка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Dec 2023 10:32:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png претседателка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 РСБСП на годишен брифинг со медиумите: „Сообраќајната култура и етиката во сообраќајот за жал сѐ уште не се на задоволително ниво“ https://arhiva.vistina.com.mk/rsbsp-na-godishen-brifing-so-mediumite-za-zhal-s-ushte-soobrakajnata-kultura-i-etikata-vo-soobrakajot-ne-se-na-zadovolitelno-nivo/ Wed, 27 Dec 2023 10:31:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332630

Во текот на годинава заклучно ноември, на македонските патишта се случиле вкупно 106 сообраќајни незгоди со смртни последици, во кои животот го загубиле 114 лица, информираше претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Гордана Кожуваровска, на брифинг со медиумите.     Посочи дека се бележи намалување на бројот на сообраќајни незгоди со загинати лица во однос на претходната 2022 година во која се случиле вкупно 109 сообраќајни незгоди со 116 загинати лица. -Безбедноста во сообраќајот е императив на сите субјекти од областа на сообраќајот, но е значајна и за секој човек бидејќи секој на свој начин е учесник во сообраќајот. Секојдневно сме сведоци на голем број сообраќајни незгоди кои често имаат и несакани последици. За жал сѐ уште не можеме да речеме дека сообраќајната култура и етиката во сообраќајот се на задоволително ниво, порача Кожуваровска. Во делот на превенција, Кожуваровска вели клучно е да се работи на подигање на свеста на сите учесници во сообраќајот, како и на изградување на систем на општествени вредности во кој безбедноста и етиката во сообраќајот ќе заземат соодветно место. -Во 2023 година РСБСП реализираше голем број на превентивни и едукативни кампањи од кои како позначајни се издвојуваат „Зимска и новогодишна кампања“, кампањата „Возете внимателно за празникот на љубовта и виното“, кампањата за 8 март „Биди горда што возиш безбедно“, потоа кампањите „Стави појас“, „И јас и ти сите сме пешаци“, „Јас внимавам и безбедно возам“, кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот, кампања за матуранти „На матурска вечер без автомобил“, како и кампања „Да ја победиме сообраќајната некултура, изјави Кожуваровска. Кампањите биле поддржани и реализирани во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност Скопје, како и со општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата.  ]]>

Бившата хрватска претседателка стана глумица: Колинда Грабар Китаровиќ доби улога во новата хрватска ТВ сапуница (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bivshata-hrvatska-pretsedatelka-stana-glumica-kolinda-grabar-kitarovikj-dobi-uloga-vo-novata-hrvatska-tv-sapunica-foto/ Fri, 04 Dec 2020 09:39:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179533

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ прифати  да играше како специјален гостин улога во хумористичната телевизиска серија „Дар-Мар“, што се прикажува на хрватската телевизија Нова. Колинда има мала улога и таа го потврди својот ангажман за „Јутарњи лист“, но поради договорот со телевизиската компанија, не се осмели да открие многу детали. „Одлично се забавував на сетот, затоа се согласив на улогата“ - љубезно одговорила Грабар Китаровиќ, која неодамна ја загуби трката за втор претседателски мандат од Зоран Милановиќ. „Дар-мар“ е теленовела чие снимање започна летово под строги епидемиолошки мерки, а првата епизода беше прикажана на 5 октомври и веднаш постигна огромен успех во Хрватска. Заплетот на серијата е сместен во имагинарниот хрватски град Дизмово и ги следи животите на Божена, шефот на најмалата полициска станица во земјата, и нејзините колеги полицајци Бранко и Жељко, како и пензионираниот колега Миле.   Во серијата играат Ксенија Пајиќ, Синиша Ручиќ, Милан Штрљиќ и други, а досега се емитувани 35 епизоди. Улогата што Колинда Грабар Китаровиќ ја игра во оваа серија се уште не е позната, а епизодата во која таа игра треба да биде прикажана по Новата Година, во јануари 2021. Фото: Инстаграм принтскрин/kolindafan
]]>