претепан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Dec 2023 08:45:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png претепан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонскиот рапер заврши со ќотек и модро око? Слаткар навистина претепан, па најави детали како ја заработил големата модринка или само „глуми маркетиншко лудило“ пред Нова Година? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-raper-zavrshi-so-kotek-i-modro-oko-slatkar-navistina-pretepan-pa-najavi-detali-kako-ja-zarabotil-golemata-modrinka-ili-samo-glumi-marketinshko-ludilo-pred-nova-godina-video/ Wed, 27 Dec 2023 08:12:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332552

Марко Маринковиќ кого јавноста, особено онаа естрадната многу повеќе го знае под уметничкиот прекар Слаткар(истика), вчера се појави на својот Инстаграм профил со модро око! Раперот најприн објави фотографија на која се сликал со голема модринка под левото око, а во описот на фотографијата напишал: „Паметните луѓе простуваат... Ама јас сум глупав во последно време“! Засега никому не му е јасно кој вака го „нашминкал“ Слаткар,  но оние што умеат да читаат меѓу редови, од неговата порака веднаш сфаќаат дека раперот нема да седи мирен додека не го возврати ударот. Кога и како, со која тактика, знае  само желниот за одмазда, Слаткаристика! Она што сака да биде познато срамежливо го најави во второто, овој пат видеообраќање, во кое Марко Маринковиќ појаснил дека вака го „унередил“ некој, со кој очигледно добро се познава. Што е причината не кажа, ама затоа најави дека денес, среда 27 декември после 14.00 часот ќе ги соопшти деталите. Во меѓувреме во споделеното видео само кусо објаснил што се случило: „Ме нападнаа едни к*њи, еден ку*тон што глуми Дон... Самата истрага уште е во тек, ама мислам дека утре (за денес) после 13 или 14 часот ќе можам сите детали да ги изнесам“ - сподели раперот, иако во неговата веродостојност многумина „со искуство“ веднаш се посомневаа, тврдејќи дека Слаткаристика одбрал добра тактика да „глуми маркетиншко лудило“ пред Нова Година, како најава со кревање џева за нешто што допрва на музички план од него следува! „Ѓаволот лежи во деталите“ - велат, а упатените тврдат оти деталите кај Слаткаристика укажуваат дека има модринка на окото без видлив подлив и испукани капилари!!? Па сега вие видете дали раперот навистина бил претепан или само сака да ве насамари, да ја лапнете јадицата и да загризете на неговата „евтина приказна“ од улицата? Впрочем, да почекама до рано попладне и да видиме дали навистина Слаткар некој со тупаница го „нашминка“ или се' е само (не)вешт трик и „уметничка шминка“?
Фото и видео: Инстаграм/slatkaristika.official]]>

Познатиот фолк пејач брутално претепан во Нови Пазар: Лепи се степал со комшијата за паркинг место, па го извлекол подебелиот крај https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-folk-pejach-brutalno-pretepan-vo-novi-pazar-lepi-se-stepal-so-komshijta-za-parking-mesto-pa-go-izvlekol-podbeliot-kraj/ Tue, 04 Apr 2023 09:07:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296503

Познатиот пејач Реџеп Реџеповиќ попознат како Лепи е претепан во Нови Пазар, а како што пренесуваат локалните медиуми, немилиот инцидент се случил во неделата навечер, на 2-ри април 2023 година. Причина за расправијата која резултирала со физичка пресметка е паркинг место, пренесува српски Телеграф. Имено, пејачот се скарал со соседот кој ќе се паркира на слободното паркинг место, по што најпрвин паднале навреди, а набргу потоа започнала и тепачката во која Лепи очигледно го извлекол подебелиот крај. Инаку, Реџеп Реџеповиќ Лепи се прослави со хит песната „Иза облака“ која беше објавена далечната 2011 година, а денес има речиси четири милиони прегледи на Јутјуб. Фото: Јутјуб принтскрин]]>

Бјелогрлиќ се’ уште е во полиција, претепаниот режисер даде изјава: „Дивјачки ме нападна одзади, беше тоа напад на пијан и дрогиран човек“ https://arhiva.vistina.com.mk/bjelogrlikj-se-ushte-e-vo-policija-pretepaniot-reziser-dade-izjava-divjachki-me-napadna-odzadi-beshe-toa-napad-na-pijan-i-drogiran-chovak/ Mon, 23 Aug 2021 09:59:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216381

Според последните информации, Драган Бјелогрлиќ се' уште се наоѓа во полициската станица во Ниш, каде што е приведен и дава изјава, дознаваат српски  „Новости“. Да потсетиме, актерот Драган Бјелогрлиќ беше приведен под сомнение дека рано утрово околу 4 часот наутро физички го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ во хотелот „Амбасадор“ во Ниш и го удрил неколку пати во пределот на главата. „Ме нападна дивјачки. Тоа е напад на дрогиран и пијан човек. Ме претепа затоа што мислеше дека „Дара од Јасеновац“ не требало да се снима и затоа што ја открив неговата корупциска афера“ - изјави Антонијевиќ за „Новости“. „Ми пријде одзади. Јас дури и не го видов додека не почна да ме удира. Седеше со Катарина Радивојевиќ. Беше пијан. Добро сум изудиран. Бев негова боксерска вреќа за удирање. Има снимки од камерата. Нема што да кријам“ - додаде режисерот. Фото: Блиц.рс/Јутјуб принтскрин/ Инстаграм принтскрин/draganbjelogrlic_
]]>

Брутално претепан победникот на Евровизија: Пејачот објави слики од крвавото и осакатено лице! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/brutalno-pretepan-pobednikot-na-evrovizija-pejachot-objavi-sliki-od-krvavoto-i-osakateno-lice-foto/ Fri, 13 Aug 2021 07:02:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215076

Фронтменот на италијанската група „Манескин“, која победи на овогодинешната „Евровизија“, Дамиано Давид, со својот ексцентричен изглед го привлече вниманието на целиот свет и го полуде женскиот пол. Дамиано брзо доби огромен број обожаватели, но сега истите тие фанови се многу загрижени. Имено, пејачот објави фотографии на својот Инстаграм профил на кои јасно се гледа неговото крваво лице полно со рани, па следбениците се исплашија да не дошло до тепачка и уште некои посериозни повреди. Сепак, има и други кои веруваат дека ова е само начин на Дамиано да привлече дополнително внимание и дека овие „рани“ се најобична шминка од снимање на нов спот.  ]]>

Шабан Шаулиќ пред да загине два пати и гледал на смртта в очи, а не била ни болест ни сообраќајка https://arhiva.vistina.com.mk/shaban-shaulikj-pred-da-zagine-dva-pati-i-gledal-na-smrtta-v-ochi-a-ne-bila-ni-bolest-ni-soobrakjajka/ Mon, 18 Feb 2019 10:38:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=73298

Шабан Шаулиќ нè напушти на возраст од 68 години, но секогаш ќе остане во срцата како крал на народна музика. Неговиот живот бил исполнет со разни ситуации и анегдоти, меѓу кои и неколку исклучително опасни. Една од нив се случила на една гастарбајтерска свадба во Германија, кога вооружени напаѓачи одеднаш влегле во ресторанот за да ги ограбат гостите, додека тој пеел. „Неколку напаѓачи штом влегле веднаш почнале  да пукаат од "Хеклери" (автоматски пиштоли). Во салата испукаа неколку куршуми. Завладаа молк и тишина. Бевме потполно шокирани“ - своевремено ќе раскаже Шабан. Тој објаснил дека еден од напаѓачите тогаш викнал: "Сите легнувајте долу, на земја. Извадете ги паричниците, часовници и телефоните“. Четворицата од нив,  ги контролирале гостите, додека останатите стоеле пред влезот пред да избегаат што побрзо. Напаѓачите ги опколиле Шабан и неговите колеги, а потоа му рекле дека тој може да стане. Човекот застана зад мене и рече: "Кралу, ти  седни! Нема причина да лежиш... седи и уживај, тебе те почитуваме“.  Си помислив: “Ако седнам, ќе добијам куршум во грбот... но седнав“. Јас дури и не им се заблагодарив, се исплашив, беа наоружани“, се сеќавал Шабан подоцна. Најлошото нешто сепак го мдоживеал кога, пред 15 години, во еден темен премин во Виена, дрогирани тинејџери го изболе со нож и го претепале со метален боксирач. „Беше страшно. И гледав на смртта во очи. Онака, избоден и крвав, се качував, и денес се сеќавам, по 73 степеници, и некако и се јавив на пријателката која, за среќа, веднаш се јави во брза помош. Додека ме хоспитализираа, рекоа дека ќе сум умрел само половина час подоцна, бидејќи ќе искрварев. Никогаш не дознав што всушност се случи, иако се говореше дека газдата на некое кафуле ми го наместил сето тоа, зашто не пеев кај него, туку кај неговиот конкурент. Слушнав дека платил 3.000 тогашни марки за да ме претепаат и да ме прободат со нож“ - раскажуваше своевремено кралот на фолк музиката.]]>

Се обидел да спаси девојка од силување: Пејачот на „Ѕвездите на Гранд“ прободен со нож https://arhiva.vistina.com.mk/se-obidel-da-spasi-devojka-od-siluvanje-pejachot-na-dzvezdite-na-grand-proboden-so-noz/ Tue, 14 Aug 2018 08:12:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=42828

Откако слушнал викање на беспомошна девојка познатиот пејач се обидел да го одвлече вниманието на напаѓачите. Душан Милаовиќ некогашниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ бил избоден и претепан утрово околу 3 часот. Моментално се наоѓа во болница во Ниш каде што му се санираат раните. https://www.youtube.com/watch?v=j6KBjsKTm58 „Излегов во паркот и слушнав како едно девојче бара помош. Отрчав до тоа место и видов дека девојчето има околу 10 години. Зад шумата излегоа двајца постари мажи околу 40 години. Двајцата скокнаа на мене, а зад нив излезе уште една девојка. Почнаа да ме удараат, а јас изгубив свест. По повредите гледам дека ме касна и нивното куче, вели Милатовиќ. Милатовиќ не е само познат по тоа што учествувал во „Ѕвездите на Гранд“, туку и се занимавал со кошарка 15 години.]]>

Српскиот пејач Дарко Лазиќ претепан, а и пукале во него, но го промашиле (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskiot-pejach-darko-lazikj-pretepan-a-i-pukale-vo-nego-no-go-promashile-foto/ Thu, 02 Aug 2018 08:54:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41294

Пејачот Дарко Лазиќ вчеравечер  околу 22:40 часот бил физички нападнат и претепан во населбата Умчари крај Белград, кога засега непознати лица од непозната причина го нападнале, потоа пукале од огнено оружје, и на крај го претепале, јавуваат српските портали. Како што истакнуваат медиумите, Дарко Лазиќ сепак не бил ранет, иако било стрелано кон него, но, за среќа двата куршуми кои биле испукани во негов правец, го промашиле пејачот. Лазиќ со видливи телесни повреди е пренесен во болница, каде му е укажана медицинска помош.
Како што се дознава, Лазиќ во Умчари тргнал на приватна забава, каде требало да пее на една роденденска прослава. Но, тој и неговиот возач биле пресретнати од автомобил “Ауди А4 - караван” со темна боја,  во кој се наоѓале 4 или 5  наоружани лица. Напаѓачите најпрвин  го испрскале со спреј - солзавец, а потоа и физички го нападнале. Го удирале по телото и главата, рацете и нозете, а неговиот возач добил удар со кундак од пиштол по главата. Полицијата го истражува инцидентот, како и причините и сторителите.]]>