пресвета богородица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Jul 2020 10:49:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пресвета богородица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Петровден без Галичка свадба – одложена за Пресвета Богородица на 28 август https://arhiva.vistina.com.mk/petrovden-bez-galichka-svadba-odlozena-za-presveta-bogorodica-na-28-avgust/ Mon, 13 Jul 2020 10:49:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158518

Советот на Месната заедница Галичник, заради заштита на јавното здравје донесе одлука да го одложи одржувањето на годинешната културно-сценска манифестација “Галичка свадба”, што традиционално се одржува кон средината на јули, за време на верскиот празник Петровден. “Разговаравме долго, го обезбедивме традиционалното покровителство на свадбата од претседателот на државата, се консултиравме со стручни лица од областа и со Комисијата за заразни болести, развивме сеопфатен протокол, но сфативме дека со оглед на моменталната епидемиолошка состојба, манифестацијата “Галичка свадба” не треба да се одржи на Петровден. Будно ќе ги следиме состојбите и препораките и се надеваме дека свадбата ќе ја одржиме наскоро. Прилагодувањето е одлика на умните и истрајните, на тоа не учи и природата. Со одредени прилагодувања на секојдневието, тоа ќе врви, ќе може да ги правиме нештата кои ни го прават животот вреден за живеење, а болеста ќе има малку или никакви шанси да не допре”, информираат од организацискиот тим на Месната заедница Галичник. Од организацискиот тим на манифестацијата потенцираат дека доколку се создадат сите неопходни услови, годинешната “Галичка свадба” може да се одржи за време на големиот празник Пресвета Богородица, односно на 28-ми август.
]]>

Успение на Пресвета Богородица – заштитничка и покров на христијанскиот род https://arhiva.vistina.com.mk/uspenie-na-presveta-bogorodica-zashtitnichka-i-pokrov-na-hrisgijanskiot-rod/ Tue, 28 Aug 2018 09:30:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44908

Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и покровителка на родот христијански. Од историјата на Црквата и искуството на многу светители знаеме дека, таа со своите мајчински молби пред својот Син, испросила милост за своите безбројни грешници, многу заблудени ги извела на вистински пат, на илјадници болни им го повратила здравјето, безброј луѓе ги избавила од опасности, многу нажалени утешила, ги охрабрила малодушните, омалаксаните ги поддржала и укрепила, и на сиот род човечки му измолила многу милости од Бога. Нејзините добри дела се безбројни и познати му се само на единиот Бог. Затоа ја славеле, ја слават и ќе ја слават сите човечки генерации, до крајот на вековите, како милосрдна Мајка која брзо нè услишува.

Покровителка и заштитничка на Света Гора Атонска

Кога апостолите по слегувањето на Светиот Дух врз нив се распрснале низ светот за да го проповедаат Евангелието Христово, посакала и Мајката Божја да и биде дадена област каде што и таа би проповедала. Имајќи ги предвид големите тешкотии кои се поврзани со службата на проповедниците, апостолите сакале да ја поштедат од таквите напори. Меѓутоа, Господ на чудесен начин и ја исполнил желбата на Неговата Мајка. Кога тргнала со брод во посета на воскреснатиот Лазар, кој бил епископ на островот Кипар, нејзиниот брод го зафатила бура и го однела во пристаништето на Света Гора Атонска, на којашто тогаш биле почитувани незнабожечки идоли. Кога таа со ногата стапнала на брегот, идолите во храмот испопаѓале, а демоните од нив објавиле дека во пристаништето стигнала Мајката на великиот Бог Исус. При тоа Господ Исус и открил дека Света Гора е нејзина држава, поверена на нејзината грижа и заштита. Таа својата грижа и заштита ја покажала во повеќе прилики. Кога еднаш настанал глад во лаврата на свети Атанасиј, сите браќа се разотишле по свој пат. Потиштен и Атанасиј тргнал да бара друго место. На патот тој сретнал една жена, која го прашала каде оди. „Која си ти?“ ја прашал Атанасиј, зачуден што гледа жена на Света Гора, каде што на жените не им е дозволено да влегуваат. „Јас сум онаа на којашто ти и го посвети твојот манастир. Јас сум Мајката на твојот Господ“, му одговорила таа. – „Се плашам да ти поверувам, извикал Атанасиј, бидејќи и демонот може да се претвори во светол ангел. Со што ќе ме увериш во вистинитоста на твоите зборови?“ – „Удри во оваа карпа со твојот стап, и ќе разбереш која сум јас, што зборувам со тебе. Само знај дека јас засекогаш останувам икономиса на твојата лавра“, му одговорила светата Пречиста. Атанасиј удрил со стапот по карпата, и карпата се затресла и напукнала како од гром удрена, и од пукнатата карпа избил извор на вода. Исплашен, Атанасиј се свртел за да и се поклони на светата Пречиста, но таа веќе исчезнала. Тој се вратил во својата лавра, и, на свое огромно чудење, ги нашол сите амбари преполни со жито.
                                         Пресвета Богородица и Св. Атанасиј

Му се јавила на едно болно девојче во Охрид

Во текот на зимата 1931 година, тешко се разболело девојчето на некоја бедна вдовица во Охрид. Цел месец не знаела ништо за себе и не изустила ниту збор. Секоја надеж за оздравување била изгубена. Тажната мајка веќе почнала да позајмува пари за да ја подготви за погреб. Една вечер мајката седела покрај постелата на болното дете и тивко плачела. Одеднаш, девојчето не отворајќи ги очите проговорило и рекло: „Не плачи, мамо, туку однеси ме утре во манастирот Калишта, па ќе оздравам. Тоа ми го кажа небесната Мајка, која е тука покрај мене!“ – Изненадената мајка сета затреперила. Утредента го однела девојчето во манастирот на света Богородица во Калишта, и ја вратила дома здрава.

Пресвета Богородица – пример за христијански добродетели

Таа е избран Божји сад, исполнет со сите добродетели: смирение, кротост, девственост, побожност, послушност, љубов кон Бога и кон сите Божји созданија. Затоа била удостоена со најголема чест: да послужи како мост помеѓу земјата и небото, како скала по која Бог ќе слезе на земјата и од неа ќе земе човечко тело и ќе се роди како човек. Таа за сите времиња останала пример за девствена чистота и на сите христијански добродетели, без кои невозможно е да се влезе во Царството небесно. Христијанските добродетели се облека на душата, која на душата и обезбедува влез во Христовото небесно царство. Извор: Бигорски.орг.мк ]]>

Вечерна богослужба за Успение на Пресвета Богородица кај Матка https://arhiva.vistina.com.mk/vecherna-bogosluzba-za-uspenie-na-presveta-bogorodica-kaj-matka/ Mon, 27 Aug 2018 13:41:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44887

Во пресрет на утрешниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот во Матка кај Скопје вечер ќе се одржи Вечерна Богослужба, духовна академија и сеноќно бдение. Духовната академија се одржува по повод празнувањето во манастирот Успение на Пресвета Богородица Матка, а предвидено е црковно пеење и читање на псалми. Утре, на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи Света Божествена Литургија со која ќе чиночалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан. Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Во манастирскиот двор ќе се одржува и традиционалната крводарителска акција.]]>