пресвета богородица-пречиста – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 04 Dec 2019 07:25:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пресвета богородица-пречиста – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Денес е Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста https://arhiva.vistina.com.mk/denes-e-vovedenie-na-presveta-bogorodica-prechista/ Wed, 04 Dec 2019 07:23:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122112

Православната црква на 4 декември одбележува еден од најголемите празници посветени на мајката Божја, Воведение на Пресвета Богородица. Овој ден во црквениот календар е обележан со црвено и претставува спомен на денот кога Пресвета Богородица е предадена на службата на Бога. Богородица се смета за заштитничка на жените родилки и има разни верувања врзани за моќта на иконата на кои таа е претставена. Според народните верувања, сточарите го слават Воведение како Богородица како би им ја заштитила стоката од ѕверови, а во некои делови врз основа на времето на тој ден се претскажувал родот на посевите, ведрото небо ветува добра жетва. Во поедини делови обичај е после службата да се остане во црква, каде треба да се појават сите млади кои се венчале оваа есен, а во некои села сите жени кои немаат деца, одат во манастир за да се молат цела вечер да добијат пород. На денешниот празник, добро е да се отиде на служба во црква. Постот е задолжителен. Но овој празник и денес е актуелен со тоа што укажува на потребата родителите да се заложат за правилно воспитување на своите деца, за осознавање на вредностите на верата, но и за одбрана од негативните пороци кои што денес ја уништуваат младината. Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат. Утре не треба да се започнуваат важни бизниси, ни да се користат ножеви и ножици или други сечила.
]]>