пресуда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 24 Jan 2024 10:31:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пресуда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сите се свртеа против Милан Поповиќ откако на Северина и беше одземено старателството- еве ја и неговата страна на приказната… https://arhiva.vistina.com.mk/site-se-svrtea-protiv-milan-popovik-otkako-na-severina-i-beshe-odzemeno-staratelstvoto-eve-ja-i-negovata-strana-na-prikaznata/ Wed, 24 Jan 2024 10:31:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336027

Врховниот суд во Хрватска целосно му го врати старателството над Александар Поповиќ на неговиот татко Милан Поповиќ, што значи дека ѝ е одземено на хрватската пејачка Северина Вучковиќ. По донесувањето на одлуката првпат се огласи Милан Поповиќ. -Врховниот суд е највисоката судска инстанца во Република Хрватска. Пресудата беше донесена со едногласна одлука на советот од 5 врховни судии. Одлуката е праведна и јас сум задоволен, но приказната сè уште не е завршена. Жупанискиот суд во Сплит и другите судии во овој случај му нанесоа ненадоместлива штета на нашето дете, изјави Милан Поповиќ за РТЛ, а потоа додаде: „Ќе продолжам да ги користам сите законски средства за да ги демаскирам сите кои учествувале во тоа и да бидат соодветно санкциониран за тоа. И за крај, оваа одлука не значи дека мајката нема да може да го види детето. Во тие 20 месеци кога детето живееше со мене, мајката не дојде да го земе детето повеќе од половина од терминот, а што е уште полошо, не ни бараше повеќе да биде со детето. Ова е само уште еден медиумски циркус на Северина Вучковиќ, сезона 156.“ фото: Instagram printscreen/ milan8popovic/ severina]]>

Шакира се спогоди со обвинителството и избегна тригодишна затворска казна (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/shakira-se-spogodi-so-obvinitelstvoto-i-izbegna-trigodishna-zatvorska-kazna-foto/ Tue, 21 Nov 2023 11:50:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327906

Пејачката Шакира се договори со обвинителите во понеделникот, избегнувајќи судење во Барселона под обвинение дека не платила 14,5 милиони евра данок на приход во Шпанија во периодот од 2012 до 2014 година. Како дел од спогодбата, таа го прифати обвинението и се согласила да плати 50 отсто од наводниот долг, што е околу 7,3 милиони евра. Се согласи и да плати парична казна од 438.000 евра за да избегне тригодишна затворска казна, рече судијата за време на сослушувањето. „Дали го прифаќате тоа и дали се согласувате со бараните казни?“, праша судијата Хозе Мануел дел Амо Санчез. „Да“, одговори Шакира, пренесуваат шпанските медиуми. „Спогодбата ја направив во интерес на моите деца. Не сакав тие да ја гледаат нивната мајка како си го жртвува здравјето во оваа борба“, изјави Шакира, која сега живее во Мајами. Облечена во розов костум, усогласен со розова чанта и очила за сонце, таа пристигна неколку минути пред 10 часот во придружба на своите адвокати, додека голем број медиуми чекаа пред судот во Барселона. Во четвртокот вечерта Шакира освои две музички награди Латино Греми во Севиља, град на југот на Шпанија. Претходно пејачката, позната по песната „Hips Don’t Lie“ (Колковите не лажат), најави борба против, како што рече, лажните обвинувања. Обвинителството побара затворска казна до осум години и враќање на даноците што тврди дека ги должи. Според обвинителството, Шакира поминува повеќе од половина од годината во Шпанија, па таму требало да плати данок. Исто така, се вели дека имотот во Барселона, кој го купила во мај 2012 година, служел како семеен дом. Во текот на годината, глобалната ѕвезда одржува бројни концерти низ светот, поминувајќи многу време во странство, а претходно во нејзината одбрана било наведено дека приходите ги заработува таму, како и многу светски уметници, а не во Барселона. Шакира живееше 11 години со поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона и шпанската репрезентација Жерар Пике, а двојката има две деца. Пејачката, чие целосно име е Шакира Изабел Мебарак Рипол, по разделбата се пресели во Мајами. Шпанските даночни власти гонеа и други познати личности под обвинение за затајување данок, меѓу кои хрватскиот фудбалер на Реал Мадрид, Лука Модриќ, неговиот поранешен соиграч од Португалија, Кристијано Роналдо и најдобриот светски играч, Аргентинецот Лионел Меси, кој тогаш играше за Барселона. Обвинети за основање фиктивни компании во ткн „даночни раеви“ или земји со ниски даноци за да избегнат плаќање даноци во Шпанија, сите се изјаснија за виновни, го платија потребниот износ на даноците и платија казни. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и сегашен тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, пак, одби да се спогоди и на крајот на суд го доби спорот против шпанската даночна управа. Врховниот суд на Шпанија минатиот месец ја потврди ослободителната пресуда за него. фото:EPA/Getty Images]]>

Актерот Кевин Спејси плачеше на цел глас откако го ослободија од сите обвинувања за сексуален напад (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/akterot-kevin-spejsi-placheshe-na-tsel-glas-otkako-go-oslobodija-od-site-obvinuvana-za-seksualen-napad-foto/ Thu, 27 Jul 2023 10:46:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311758

Еден од омилените актери во светот е приведен под сомнение дека сексуално злоставувал дури единаесет мажи во периодот од 2005 до 2013 година години. Актерот Кевин Спејси денеска беше ослободен од обвиненијата за сексуален напад и злоупотреба. По четиринеделното судење тој им се обрати на новинарите по излегувањето од судницата. Пресудата е донесена на важен ден за него, а на суд дојде со посебен детаљ. Кевин Спејси изјави дека има многу да „обработи“ откако денеска беше ослободен од обвиненијата. Тоа е проследено со многу размислување. Тој рече дека е исклучително благодарен на поротата што одвои време внимателно да ги испита сите докази и факти пред да донесе одлука. „Понизен сум од денешната пресуда“, рече тој. Кратката изјава ја заврши со благодарност до вработените во судот, обезбедувањето и неговиот адвокатски тим. Тој рече дека тоа е сè што сака да посочи и не одговори на прашањата на новинарите. Еден од најпознатите актери се расплака по читањето на пресудата, а потоа ги прегрна својот адвокатски тим и долгогодишниот менаџер. Тој им се заблагодари на вработените во судницата и замина да разговара со својот адвокат Патрик Гибсон. Набргу по изрекувањето на пресудата тој ја напушти судницата. Спејси ветил дека ќе ја исчисти дамката од неговото име, а некои забележале дека тој дошол на судењето со огромен сребрен прстен со натпис: „И ова ќе помине“. Спејси беше пречекан од новинари од целиот свет, но и од неговите верни обожаватели. Некој од толпата извика: „Кевин“ и „Куќа од карти“. Пресудата е донесена на неговиот 64-ти роденден. Сега е само прашање дали Холивуд повторно ќе му ги отвори вратите или прерано ќе се пензионира. фото:HUGO PHILPOTT / UPI / Profimedia]]>

Халид Муслимовиќ ја клеветеше својата поранешна љубовница, а сега ги трпи последиците (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/halid-muslimovik-ja-kleveteshe-svojata-poraneshna-lubovnitsa-a-sega-gi-trpi-posleditsite-foto/ Fri, 12 May 2023 10:33:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301742

Пејачот Халид Муслимовиќ јавно и се извини на својата поранешна љубовница Соња Башиќ, бидејќи пред неколку години за медиумите изјави дека таа живее од социјална помош во Австралија, и дека е дилер на дрога, за што и е осудувана. Со одлука на Окружниот суд во Приједор, Халид е ослободен од паричната казна, но е должен јавно да и се извини на жртвата, што и го направил. - Според пресудата на Окружниот суд во Приједор од 02.04.2023 година, иако бев ослободен од паричниот надоместок од 5.000 конвертибилни марки, казната за клевета што тужителот ја побара врз основа на сатисфакција за предизвиканата душевна болка и бидејќи таа не докажа дека сум клеветил во тој дел, тужителката е отфрлена - започнал Халид. Халид потоа упатил јавно извинување до Соња Башиќ за изнесување неточни информации. - Како што наведов во текот на постапката, и она што го слушнав од испитаниот сведок и други лица од Австралија кои ја познаваат тужителката, дека е осудена како дилер на дрога, дека е на социјална помош во Австралија и дека три пати фалсификувала документи во наредба да се земе заем од туѓи имиња, а според правосилната пресуда упатувам јавно извинување до Соња Башиќ, бидејќи од моја страна пренесов нешто што не е точно - изјави Халид. Фото: Принтскрин/Јутјуб Илиустарција/Александар Јовановиќ Циле  ]]>

Одбиена жалбата на Амбер Херд за повторно судење против Џони Деп (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/odbiena-zalbata-na-amber-herd-za-povtorno-sudenje-protiv-dzoni-dep-foto/ Thu, 14 Jul 2022 08:41:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258580

Адвокатите на актерката побараа ново судење по тврдењата за „несоодветна услуга на поротата.“ Судот во Вирџинија го одби барањето на Амбер Херд (36) за неправилно судење во нејзината правна битка со поранешниот сопруг Џони Деп (59). Имено, нејзината жалба е одбиена бидејќи не била поткрепена со „легитимни причини“. Адвокатите на актерот Џони Деп претходно изјавија дека „нема легитимна основа“ за жалбата на неговиот поранешен партнер за ново судење во случајот за клевета од милиони долари. Адвокатите на Херд побараа повторно судење по тврдењата за „несоодветна услуга на поротникот“, велејќи дека исходот не бил поддржан од доказите презентирани за време на шестнеделното судење во Ферфакс, Вирџинија, но тоа барање на крајот било одбиено. Да потсетиме, Деп ја тужеше својата поранешна партнерка за напис од 2018 година што таа го напиша за Вашингтон пост. Опишувајќи ги своите искуства во текстот, таа тврди дека како жена преживеала семејна злоупотреба. Адвокатите на Деп рекоа дека текстот лажно го обвинува актерот дека е насилник. Судот во Вирџинија, иако ја отфрли нејзината жалба, нагласи дека Херд сепак може да поднесе жалба на пресудата. Фото:Принтскрин/Ројтерс/Поол/Том Бреннер]]>

За ова долго ќе се зборува, Амбер Херд му зададе удар на Џони Деп (Фото) https://arhiva.vistina.com.mk/za-ova-dolgo-kje-se-zboruva-amber-herd-mu-zadade-udar-na-dzoni-dep-foto/ Thu, 09 Jun 2022 09:59:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253572

Џони Деп вчера креираше профил на ТикТок, на кој набрзо го објави првото видео, заблагодарувајќи им се на своите фанови за поддршката што му ја покажаа во последните два месеци. Набргу потоа, Амбер Херд проговори преку менаџерот и одговори на видеото на Деп. „Додека Џони Деп вели дека „оди напред“, правата на жените одат наназад“- рече таа, пренесуваат странските медиуми. „Пресудата им порача на жртвите на семејно насилство дека треба да се плашат да застанат во одбрана и да зборуваат гласно“- додаде таа. Да потсетиме, Херд по пресудата изречена на 1 јуни јавно објави дека е многу разочарана од развојот на ситуацијата. „Разочарувањето што го чувствувам денес е невозможно да се опише. Скршена сум што планината докази не беше доволна за да се спротивстави на непропорционалната моќ и влијание на мојот поранешен сопруг“- рече Херд во изјавата објавена непосредно по читањето на пресудата во Вирџинија. „Уште повеќе сум разочарана од тоа што значи оваа пресуда за другите жени. Тоа е назадување... Ја нагласува идејата дека насилството врз жените не треба да се сфаќа сериозно“- изјави таа. Фото:Принтскрин/Јутјуб/мирамах]]>

Џони Деп ќе и го прости долгот на Амбер Херт од 8 милиони?! Адвокатите на актерот навестија целосен пресврт (Видео) https://arhiva.vistina.com.mk/dzoni-dep-kje-i-go-prosti-dolgot-na-amber-hert-od-8-milioni-advokatite-na-akterot-navestija-celosen-presvrt-video/ Thu, 09 Jun 2022 09:39:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253642

Адвокатите на Џони Деп сугерираа дека актерот би можел да се откаже од отштета од 8 милиони долари што требаше да му ја плати неговата поранешна сопруга Амбер Херд, по поразот во судењето - сега кога неговата репутација е вратена. Адвокатите на Деп се појавија во неколку емисии за да ги негираат тврдењата на Амбер Херд дека судењето било нефер. Камила Васкез и Бенџамин Чу се појавија во шоуто „Денес“, „Добро утро Америка“, а потоа и на мрежата „Право и Криминал“ која го следеше судењето без прекин. Тие рекоа дека Џони е среќен што победил и дека „вака не се смеел шест години“ - од кога почнале неговите проблеми со Херд. Тие, исто така, го осудија тврдењето на актерката дека го изгубила судењето затоа што е помоќен и попопуларен од неа, велејќи дека е целосно невистина дека социјалните мрежи играле улога и тврделе дека поротата едноставно не ја сакала затоа што таа - за разлика од Џони - „не презеде одговорност за ништо“. Адвокатите сугерираа дека актерот може дури и да се откаже од отштетата од 8 милиони долари што судот и нареди на Амбер да му ја плати. Нејзините адвокати рекоа дека таа не може да си го дозволи тоа и ги открија плановите за жалба. На прашањето дали ќе се откаже од пресудата или не, адвокатите на Деп рекоа: „ За г-дин Деп ова никогаш не беше за пари. Се работеше за враќање на неговиот углед и тој го направи тоа“. „Моето чувство е дека сето ова имаше многу врска со одговорноста. Џони имаше свои проблеми, беше многу искрен за проблемите со алкохолот и дрогата, беше искрен за некои несреќни текстови што ги напиша и мислам дека тоа беше остар контраст со Амбер Херд, која не изгледаше така, или барем жирито можеби ќе сфати дека таа не е одговорна за ништо“ -рече Чу. „Таа имаше одговор за се и не презеде одговорност за ништо. Мислам дека тоа направи разлика“- додаде тој. Васкез објасни дека „клучот за победата беше да се фокусираме на фактите и доказите и можноста Џони да ја каже вистината за прв пат“. „Пресудата зборува сама за себе“- заклучил Васкез за „Добро утро Америка“. Фото:Принтскрин/Профимедиа/Твитер]]>

По пресудата во полза на Џони Деп, Амбер Херд е банкрот – за неа нема враќање во Холивуд https://arhiva.vistina.com.mk/po-presudata-vo-polza-na-dzoni-dep-amber-herd-e-bankrot-za-nea-nema-vrakjanje-vo-holivud/ Fri, 03 Jun 2022 08:50:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252993

Холивудската актерка Амбер Хард, се соочува со кариерна и финансиска пропаст откако го загуби случајот за клевета од поранешниот сопруг Џони Дип, поради што мора да плати 8,35 милиони долари. Стручњаците сугерираат дека после овој судски спор „ за Хард нема враќање во Холивуд“, додавајќи дека драматичната шестнеделна судска битка ја остави актерката „премногу гадна за студио“, што ја става под знак прашалник нејзината понатамошна кариера, а со тоа и идната заработувачка. Амбер Хард во текот на судењето рекла дека нејзината кариера е тешко оштетена со овој случај, откривајќи како Дип ја туѓел и ја спречил да го исполни ветувањето дека ќе донира 7 милиони долари на Американската унија за граѓански слободи. Американската аналитичарка на холивиудската индустрија, Кетрин Арнолд, истакна дека Хард со спорот изгубила можна заработувачка од 50 милиони долари. Хард сега се соочува со низа проблеми по поразот на судењето. Што се однесува до нејзината кариера, малку е веројатно дека некој од холивудските шефови ќе ја земе предвид за некоја идна улога. Во финансиска смисла, актерката и сведоците алудирале на нејзините проблеми со парите, додека огромниот излив на поддршка што го доби Дип, може да доведе до тоа брендовите и компаниите да ја избегнуваат Амбер Хард во своите реклами. Сметката за отштета, најверојатно ќе ја примора актерката да го распродаде имотот вклучително и руралното скривалиште од 570.000 долари во долината Јука како и џипот што го задржала по разводот со Дип. Хард претходно изјави дека морала да се „бори“ за да ја задржи улогата во продолжението на суперхеројскиот филм Аквамен од 2018 година и дека во последните две години глумела само во еден филм. Британскиот стручњак за односи со јавноста, Марк Борковски, смета дека за хард нема враќање во Холивуд. „Нема враќање за Хард во Холивуд. Ако седите таму и снимате филм или размислувате за тоа да го глумите, дали ќе ја ангажирате? Погледнете ги сите оние негативби реакции околу Аклвамен 2 каде петицијата за Хард да биде исфрлена од филмот синоќа имаше четири милиони потписи. Судењето го „загадува“ секој маркетинг или ПР за нов филм“ – истакнува Борковски. фото:EPA?EFE]]>

„Мене во животот повеќе не ми е потребен татко“: Судот донесе одлука за вонбрачниот син на Мирослав Илиќ https://arhiva.vistina.com.mk/mene-vo-zivotot-povekje-ne-mi-e-potreben-tatko-sudot-donese-odluka-za-vonbrachniot-sin-na-miroslav-ilikj/ Fri, 27 May 2022 10:16:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252103

Поранешната љубовница на пејачот Мирослав Илиќ, Мирјана Антоновиќ, откри дека судот донел одлука Мирослав дека е биолошки татко на нејзиниот син Девин. Девин Антоновиќ со години го тужеше пејачот заедно со неговата мајка, а пред неколку месеци отворено проговори низ што поминал поради сослушувањето и како гледа на целата ситуација со биолошкиот татко кој не го препознал. - Не чувствувам никаква разлика по завршувањето на судењето. Сигурен сум дека ова не е крајот. Го мразам целиот овој процес. Овој тип на публицитет најверојатно му одговара на Мирослав. Да не беше така, оваа фарса одамна ќе беше завршена. Сето ова е несфатливо - рече тогаш Девин и додаде: - Вистината е една и од неа не може да се избега. Повеќе не ми треба татко во мојот живот и благодарен сум што отсекогаш имав храбра и посветена мајка со челични нерви. Но, поради таквиот лош закон, каде што судството е врзано со лисици, страдаат многу мајки и деца. - Со Мирослав се видовме кога бев мал и убеден сум дека имаше можност повторно да се видиме и да разговараме очи во очи, за да не дојде до вакво деградирање на односите. Сето ова се случува поради другите, но и поради човечката слабост – заклучил Девин пред неколку месеци за „24седам“. Да потсетиме, Мирјана Антоновиќ се огласи и потврди дека судот во Белград пресудил дека пејачот Мирослав Илиќ е биолошки татко на нејзиниот син Девин Антоновиќ. - Драги мои трпеливи пријатели, денес е ден за славење. Донесена е судска одлука дека Мирослав Илиќ и Девин Антоновиќ се татко и син. Денеска од среќа плачевме и сме презадоволни. Им благодариме на нашите сведоци, на нашиот извршен адвокат Вилијам Паспаловски, на судијата кој донесе правична одлука, на медиумите кои следеа сè, честопати се смрзнуваа со часови и на сите вас кои со години не поддржувавте да истраеме под огромен притисок – напиша прво Мирјана. - Ова не е само наша победа, туку победа на сите мајки и деца на Србија. Тој што не му се допаѓа оваа одлука нека тужи, а ние имаме уште повеќе. Ќе продолжиме додека не се смени овој застарен закон за ДНК, кој е насочен против развојот на српските семејства и српското општество – додаде таа. - Отсекогаш сум сакала и верував дека правдата се уште може да се најде во Србија и многу ми е драго што не бев разочарана. Ти благодарам многу и твојата Мирјана неизмерно те сака – заклучи таа на Фејсбук. Да потсетиме, Мирјана долго време се обидува да докаже дека е татко на Девин, што тој упорно го негира. Антоновиќ редовно известуваше за своите следбеници на социјалните мрежи за деталите од судењето, тужбата, исто како и сега. фото:пинкови ѕвезди/bolestan_show_clip/милан илиќ рас србија]]>

Боки13-ка ја нарече судијката „хиена и слуга на Заев“: „Господ казнува, не ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/boki-ja-nareche-sudijkata-hiena-i-sluga-na-zoran-zaev-gospod-kaznuva-ne-ti-video/ Thu, 07 Apr 2022 11:59:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245655

Додека судијката Софче Гаврилова-Ефремова ја образложуваше одлуката за пресудата во случајот „Меѓународен сојуз“, првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 бурно реагираше нарекувајќи ја „слуга на Заев“. „Најголемата хиена, слуга на Зоран Заев. Оваа пресуда е доказ дека си слуга на Зоран Заев, но Господ казнува, не казнуваш ти“, рече Јовановски кој во случајот доби 9 години затвор. Судијката, пак, откако еднаш го опомена да не зборува, потоа нареди тој да се изнесе од судница. Со придружба на затворската полиција од „Идризово“, од каде тој беше спроведен и каде ја издржува затворската казна за „Рекет“, Јовановски ја напушти судница. Зборови не штедеше ниту неговиот татко, Миле Јовановски, во неговата изјава пред медиумите. „Дефинитивно денеска умре правдата во Македонија, умрено е обвинителството на госпоѓица Русковска, судството на господинот Џолев и неговите јастреби. Денеска одмазднички пресуди, без никакви докази, тие си ги местат како на нив им одговара. Значи, Македонија нема правда, од дон Заев само пипците уште му се останати“, рече Миле Јовановски. Тој во предметот се гонеше за помагање во делото перење пари и за неовластено држење оружје и за што беше прогласен за виновен и доби условна осуда од 2 години затвор кои нема да се извршат ако во наредните пет години не стори нови кривично дело. Во предметот, осудителна пресуда од четири години затвор доби и Јасна Ерцеговиќ која беше заменик-претседателка на Меѓународниот сојуз, како и асистентката на Боки, Христина Блажевска која беше осудена на едногодишна затворска казна. Поранешната пратеничка од СДСМ и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски, пак, доби ослободителна пресуда. ]]>