престилка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 Feb 2022 11:01:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png престилка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нивес Целзиус одново разголена во кујната: Порочна домаќинка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nives-celzius-odnovo-razgolena-vo-kujnata-porochna-domakjinka-foto/ Thu, 03 Feb 2022 11:01:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237459

На Нивес Целзиус и тргна со готвењето. Или барем со разголувањето во кујната. Таа на социјалните мрежи објави уште една фотографија на која позира во бордо латекс престилка без градник, а од страните како две големи зелки се преливаат нејзините бујни природни гради. Во онаа третата, вистинска зелка, „сочната цицлеста“ готвачка го забила ножот, па порачала дека не е  „Очајна домаќинка“, како што самата напишала во описот на фотографијата. Очајна - никакако, ама затоа порочна или поточно, пожелна и жешка домаќинка, „жив оган“ во кујната, се подразбира... Впрочем кога Нивес ја подготвува запршката, мажите најчесто се фаќаат за дршката... Од тавчето,  случајно да не загори! Фото: Инстаграм принтскрин/nivescelsius]]>

Наум Стоилковски „си набави“ парче од запленетата брендирана облека на Боки 13: Портпаролот седна да се „шиша и бричи“ во Луј Витон на Боки Тредичи (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/naum-stoilkovski-si-nabavi-parche-od-zaplenetata-brendirana-obleka-na-boki-13-portparolot-sedna-da-se-shisha-i-brichi-vo-luj-viton-na-boki-tredichi-foto/ Fri, 03 Jul 2020 08:23:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156876

Бојан Јовановски заедно со Катица Јанева се се' уште неправосилно осудени за аферата „рекет“ на 9 односно 7 години затворска казна. Жалбите до повисоките судски инстанци ќе ја донесат конечната разрешница, додека во исто време на Боки 13 му се товарат нови дела за крими-приказната со т.н. „Меѓународен сојуз“. Во меѓувреме, како што е  познато судот му ја конфискуваше целокупната брендирана гардероба, накит, обувки, мебел, уметнички слики... што претходно му беа запленети на самонаречениот газда на некогашната 1ТВ. И многумина колекционери на брендирани парчиња веднаш почнаа да се прашуваат каде ли ќе заврши скапата роба од гардероберите на Боки 13, ќе има ли аукција, лицитација, ќе се продава ли, ќе може ли да се купи на јавно наддавање, на оглас или некако поинаку...? И додека трендсетерите се мислат и распрашуваат како да дојдат до некое скапо брендирано парче од гардеробата на Боки 13, некогашниот колега- новинар, денес еден од актуелните портпароли на  ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, веќе го носи на себе. Корпулентниот Наум и Боки ниту оддалеку сега не носат ист конфекциски број, ама затоа Наум се потруди да носи иста марка. Како дошол и од каде се снашол па ја нашол марамата на Боки 13, која сега ја искористил како „фенси“ престилка, само Наум знае!? Исто како што Боки рече дека знае каде завршија торбите со парите од „Рекет“, така и Наум знаел како да дојде до брендирано парче од Боки. Само што „браќата - муртинци“  торбата уште не ја покажале, а потпаролот веќе седна да се „шиша и бричи“ во Луј Витон престилката на Боки Тредичи! И тоа не било каде, туку карши еден изборен штаб на СДС. Колку за инает, да пукнат од бес! Патем, додека се средуваше, ги почна своите „берберски муабети“ во кои тргна да ги боцка и зајадува комшиите од спротива, само онака како што Наум знае: Не знаеме дали имало реакција од каршија, ама затоа знаеме две работи: - Како прво, фризурата - топ, косата саглам потсрижана, брадата по пропис фазонирана, зашто берберот има визија како треба неговиот најпознат муштерија да го среди за на телевизија. - Како второ, со оваа наша  божемна или таканаречена „кромид приказна“, само сакавме да го потсетима бившиот колега на времето кога беше човек од нашата фела, па меѓу сето останато ги правеше неговите „кромид вести“ во порталот „Република“ за нивната читателска публика... И на сето ова се надоврзуваат уште два важни повода, кои не се „кромид вести“: Ден денешен - Свети Наум Охридски, за сите празник, нему ем именден, ем и роденден... Епа, нека му се за многаја лета!  ]]>

Миро Кацаров на прашка пролет во љубов без лимит: Македонски домазет, најдобар на свет! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/miro-kacarov-na-prashka-prolet-vo-ljubov-bez-limit-makedonski-domazet-najdobar-na-svet-foto/ Mon, 11 Mar 2019 08:43:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=76812

Познато е дека водителот на најпопуларниот и најгледан ТВ магазин „Бекстејџ“, е во љубов... на дистанца! Зашто, неговата девојка не е Македонка и не е во Македонија, туку неговата драга живее по Прага.
Затоа Миро Кацаров секоја прилика ја користи да и оди на гости или да ја покани таа да дојде кај него. Овој пат  „Миро - Де Ниро“ украде некој слободен ден, па го фати првиот лет и се упати кон чешката престолнина... На прашка пролет! А таму, го пречека таа - неговата љубов, неговата „красиваја дјевушка“, атрактивната Наталија, родена Украинка која со години живее и работи како маркетинг менаџер во Прага.
Времето лимитирано за љубов без лимит... Па затоа решија да го искористат на најрационален и најдобар можен начин - дома! За одблизу „да се видат“, подобро да се запознаат, да се убедат во можностите, способностите и квалитетите на партнерот! Па ако го бива... може сериозно да се подразмисли!?
Домаќинката за нас е непозната, ама затоа зетот... и тоа како го знаеме! А информациите од Прага велат дека ептен се покажал... Најмногу во кујната! Не дознавме само дали специјалитетот бил македонски, ама сеедно... Госпоѓица Еремина си најде достојна замена. Доби обилна и вкусна порција и проверен кандидат за маж!
А наш Миро  - „Де Ниро“, доби престилка, титула кујнски шеф и грст комплименти дека е... македонски домазет, најдобар на свет!
До душа со мало предупредување, да не и ја пресоли порцијата, што Миро внимателно го испочитува. Не дознавме само дали доволно и го з(а)биберил... јадењето!?  ]]>