пресс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Feb 2024 12:42:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пресс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ѓорѓе Давид ја одржа најавената прес конференција за медиумите во Белград: „Видов жена во сино бел капут, а потоа човек чија глава беше отворена“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gorge-david-ja-odrzha-najavenata-pres-konferentsija-za-mediumite-vo-belgrad-vidov-zhena-vo-bel-kaput-a-potoa-chovek-choja-glava-beshe-otvorena-video/ Fri, 02 Feb 2024 12:21:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337326

Музичарот и член на жирито на регионалното музичко натпреварување, талент шоуто „Ѕвездите на Гранд“, рокерот Ѓорѓе Давид  во Белград организираше ПРЕСС конференција за медиумитево врска со страшната несреќа што се случи во Македонија. Тој кажа дека бил во болница и во полиција. „Имам два конци на левата рака поради исекотини од возачкото седиште кои пукнаа. Фала му на Бога, имав силен автомобил, бидејќи да немав, којзнае што би се случило“, рече Ѓорѓе. Тој откри и некои детали од страшната несреќа во која загина жена и призна дека се се случило во дел од секундата. „Таму бев десетина дена, имав обврски во вид на вештачење, земаа траги од кочници и слично, имав голема помош од самиот старт од двајца луѓе. Имам адвокат кој ме застапуваше таму, го имам и овде во Белград. Ќе морам еднаш месечно да се јавувам во Обвинителство или кога ќе наредат, тоа е сега моја обврска“, рече тој и додаде: „Три четири дена пред немилиот настан се одеше одлично, бев среќен и горд на себе и бендот, се јавував дома… Во саботата наутро кога тргнав имаше ненормално невреме и снежна бура која беше доста изненадување. Стигнавме во Скопје, пиевме кафе, вечерта околу 7:15 заминав за Белград, некаде околу 2.5 километри пред граница се случи таа ситуација. „На таа приказна и претходеше тоа што девојката влегла на спротивната лента на автопатот и директно се судрила со автомобил каде сите се повредени, не знам кои се последните информации. Лицето кое било во автомобилот кој возел во погрешен правец, мајката на девојката која била зад воланот, жената излегла од тотален шок, не знам што се случило и како. Таа беше неповредена или со полесни повреди. Јас потоа влегов во магла, ја намалив брзината и во еден момент ми се причини дека нешто не е во ред. Се' се случи во дел од секунда. Јас тргнав да свртам десно, да излезам од автопатот, за да ја одбегнам таа несреќа, па приметив жена во бел капут и се случи тоа што се случи. Кога застанав со автомобилот, излегов, тоа што го видов беше страшно. Не знаев што се случува. Видов човек на кој главата му беше отворена, мислев дека удрив во него. Мене ме однесоа во болница, а потоа ми кажаа дека сум удрил во жена“ - рече Ѓорге Давид. Фото: Јутјуб/Пинк.рс]]>

Теа Таировиќ на еден ден во Скопје: Фолк ѕвездата одржа прес конференција пред големиот скопски концерт (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tea-tairovik-na-eden-den-vo-skopje-folk-zvezdata-odrzha-pres-konferentsija-pred-golemiot-skopski-kontsert-video/ Thu, 23 Nov 2023 12:53:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328284

Пејачката Теа Таировиќ вчера, среда, 22 ноември  околу 14.30 часот одржа прес-конференција по повод концертот што ќе се одржи на 16-ти декември во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје. Според кажувањето на официјалниот ПР на ивентот, водителката Ева Јовановска, Теа за рекордно време речиси ги распродала билетите за концертот, врз основа на што може да се заклучи дека има  многу голема заинтересираност за настапот на атрактивната фолк  пејачка во Скопје. „Во врска со концертот подготвуваме се што е поврзано со Теа Таировиќ, што се очекува од името на Теа Таировиќ. Во Белград имавме спектакл на Ташмајдан, ништо помалку нема да се случи во Скопје. Мислам дека за шест месеци јас и мојот тим напреднавме многу и дека ви подготвивме секакви работи, бидејќи знам колку е страсна македонската публика, колку се страсни луѓето и колку ги сакаат моите песни. . Многу сум приврзана за Македонија, бидејќи пред се, овде секогаш сум добро примена, луѓето ме пречекуваат како да сум нивен роднина и моите први настапи меѓу другото беа и во Македонија. Мојот прв настап беше во Охрид и добро се сеќавам на секој детал“ - изјави Теа. Таа рече дека и е жал што Војаж не настапил на нејзиниот концерт на Таш, сега најавувајќи го како специјален гостин на настапот во Скопје. „На Ташмајдан ми недостигаше што на концертот не гостуваше момчето со кое направив дует, Војаж, но затоа ќе гостува на концертот во Скопје, каде заедно ќе ја пееме нашата песна „Балерина“. Тоа ќе биде наш прв заеднички настап, ни помалку ни повеќе туку концертен“ - изјави пејачката. Теа се осврна и на нејзината песна „Израел и Палестина“, чии зборови беа сменети поради актуелните случувања во светот. „Сама го напишав текстот на песната „Израел и Палестина“, а  ми помогна Саша Лазиќ. Песната „Израел и Палестина“ е обична љубовна песна, која зборува само за љубовта и за ништо друго. Мора да признаете дека и покрај сите овие случувања, римата во песната е одлична. Никогаш не можам да бидам поврзана со актуелните настани, мислам дека тоа е нелогично и токму затоа, за да го поддржам тоа што го кажав, го сменив текстот на песната, за луѓето да сфатат дека зборовите во песната се само заради рима и дека песната не  го губи својот контекст дури и да ставиш „Шпанија и Аргентина“ - рече фолкерката . Пејачката откри дека на концертот во Скопје ќе отпее и песна од нејзиниот омилен пејач, Тоше Проески. „Познато е дека многу ги сакам македонските песни и за мојот концерт планирам да ја подготвам изведба на мојата омилена песна на еден од најголемите естрадни уметници кој за жал веќе не е меѓу нас, а тоа е Тоше Проески. Една негова песна ќе биде ставена на мојот репертоар и можам да кажам дека ми е вокално секако тешко да ја изведам на пробите, но и заради тоа што ми е многу емотивна, но се надевам дека ќе ги надминам емоцииите до концертот во Скопје – појасни Таировиќ. Теа Таировиќ одговараше и на останатите бројни прашања на македонските и српските новинари чии претсавници на медиумите за оваа прилика специјално дојдоа дури  од Србија. По прес конференцијата која беше одлично организирана следуваше коктел-кетеринг дружење меѓу новинарите, пејачката даде неколку ексклузивни изјави и интервјуа, а подоцна беше гостинка и на снимањето на некои од најгледаните македонски ток шоу емисии како „Голден карпет“, на пример.
Фото: Вистина.ком.мк/Instagram/miroslavkacarov Видео: Informer.rs]]>

„Макфест 2023“ годинава најавува: Македонската музичка „прва лига“, неколку домашни суперѕвезди и музика за сите вкусови и возрасти https://arhiva.vistina.com.mk/makfest-2023-godinava-najavuva-makedonskata-muzichka-prva-liga-nekolku-domashni-superzvezdi-i-muzika-za-site-vkusovi-i-vozrasti/ Tue, 12 Sep 2023 11:25:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317617

Како што најавија организаторите, годинешново 38-мо издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2023“ во Штип, според списокот на музички имиња и квалитетот на песните кои ќе ги изведуваат, ветува уште посодржајна и поатрактивна музичка понуда од минатата година. Ако фестивалот лани направи крупен исчекор од  „неколкугодишната летаргија“, годинава се очекува тој со крупни чекори „од седум милји“ да  зачекори кон изданијата од своите најдобри денови во долгата и богата историја. За тоа гаранција даваат најнапред избраните композиции во обете фестивалски вечери. Првата вечер на млади надежни имиња и фестивалски дебитанти  воедно има и натпреварувачки карактер, зашто половината најдобри од неа ќе се најдат на сцената на “Макфест 2023“ и во следната, ревијална вечер, рамо до рамо со поголемите, попознати и веќе етаблирани естрадни имиња. Некои од нив како Драгана Јовановска, Тијана Периќ, Бранкица Свирков - Бани (во дует со Томе Токи), Марија Груевска, Александра Трајческа... веќе имаат големо естрадно искуство, зашто некои од нив учествувале на поголеми и помали домашни и регионални музички, талент, шоу натпреварувања и фестивали, па поединци дури имаат и фестивалски победи или освојувале друг тип награди. Како и да е, севкупно и првата вечер ветува одличен сценски настап, потенцијални хитови и балади, интересни дуети и избор на најдобрите кои ќе ја комплетираат втората, ревијална вечер. Во неа пак годинава ќе имаме вистинска македонска музичка „прва лига“ засилена со неколку македонски суперѕвезди. Некои од нив пред извесен број години учествувале на „Макфест“, некои за прв пат се на сцената на домот на културата во Штип, но сите заедно се едни од најголемите македонски музички имиња, со бројни настапи, концерти, турнеји и секако... дузина хитови зад себе што и денес ги пејат и повозрасните и помладата публика, радиостаниците  со години не престануваат да ги вртат во радиоетерот. Музички и продукциски, уметничкиот директор Роберт Саздов и неговиот тим соработници како што самиот изјави, направија се' звукот на „Макфест“ да биде уште поблизок до актуелните, светски, музички трендови  од друга страна, со свеж  звук и модерна продукција блиски до младата публика, да не се заборави и онаа повозрасната, која ќе може да ја препознае песната блиска до нејзиниот вкус и сензибилитет. Со еден збор на „Макфест 2023“ ќе има музика за сите вкусови и возрасти. Со таа цел и во тој дух е создаден и годинешниот слоган, односно годинешното мото на фестивалот:  „38 години Макфест – „Фестивалска симфонија за цела Македонија“! Како дел од фестивалскиот редизајн е и новата официјална музичка шпица на „Макфест“, која после цели 32 години ќе ја доживее својата замена, а нејзин автор е токму уметничкиот директор на фестивалот, реномираниот македонски  композитор и музичар, Роберт Саздов. Организационо-извршната и продуценстка екипа  предводена од Александар Арсовски, организатор и координатор на Макфест од општина Штип,  исто така има полни раце работа, сакајќи фестивалот покрај музичките, да го надополни и со иновативни визуелно-сценски содржини, кои ќе ја збогатат комплетната аудио-визуелна слика на „Макфест 2023“ за комплетно уживање и на публиката во салата и на ТВ гледачите. Претходно за сите детали и поединости, претставниците на македонските медиуми ќе бидат известени и информирани на ПРЕСС конференцијата со мини коктел, која е планирана да се одржи во првата половина на месец октомври во еден елитен хотел во Скопје. На неа ќе бидат презентирани и најмалите ситници околу учесниците, композициите, водителите, презентерите, жирито, црвениот тепих, фоајето, сцената, бекстејџот... И секако директниот ТВ пренос на МРТ од двете вечери, но и директниот „лајв стриминг“ на Интернет  и социјалните мрежи на уште неколку интернет канали и платформи на кои сите случување пред почетокот, за време на одржувањето и по завршувањето на „Макфест 2023“ ќе бидат директно емитувани, а изјавите, разговорите, интервјуата... на фестивалските  протагонисти преку снимки, поткасти и емисии и одложно емитувани. Се на се',  на годинешниов „Макфест 2023“  кој ќе се одржи на 20 и 21 октомври во Центарот за културата „Ацо Шопов“ во Штип очекувајте едно многу поинакво издание на најпознатиот фестивал во Македонија. Фото: Архива  ]]>

Се коцкала во Вегас: Пријовиќ проговори за пороците и како изгледало нејзиното најлошо пијанство https://arhiva.vistina.com.mk/se-kockala-vo-vegas-prijovikj-progovori-za-porocite-i-kako-izgledalo-nejzinoto-najlosho-pijanstvo/ Thu, 15 Dec 2022 11:02:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280204

Пејачката Александра Пријовиќ денеска присуствуваше на прес-конференција по повод концерт во Новата 2023 година. Конференцијата се одржа во Белград, а пејачката на настанот дојде во прилично гламурозен стил. Прија на настанот пристигнала видно расположена, а уште на почетокот на разговорот истакнала дека на новогодишниот концерт со неа ќе биде и сопругот. Александра им открила на припадниците на седмата сила кога била во најлудото пијанство. - Секој од нас го имаше своето најлудо пијанство, вклучително и јас. Пивото ме натера да повраќам, но кога бев многу помлада. Навистина не сум алкохоличар (се смее). Овој бизнис го започнав многу рано, но не сум тип кој сака да излегува. Излегувањето секогаш го заменувам со прослави, каде што се опуштам. Сакам да пијам, односно да сркам. Сакам да пијам и пиво и ракија, но умерено. Пријовиќ проговори и за коцкањето. - Никој никогаш не ме прашал ова (се смее). Да ти кажам право. Отидов во Лас Вегас за прв пат во казино и можам да кажам дека многу ми се допадна. Кога дојдов во Белград, отидов неколку пати и потоа слушнав од новинар: „Ти се коцкаш“. Мене ми беше интересно, но не можам да го наречам коцкање затоа што сигурно секој од нас имал можност на ваков начин да си ја проба среќата. Имаше мали добивки, не сум голем коцкар, да вложувам големи пари. фото:Инстаграм принтскрин]]>

На прес конференцијата, тренерот на Војводина „очи извади од зјапање“ во бујните гради на портпаролката (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-pres-konferencijata-trenerot-na-vojvodina-ochi-izvadi-od-zjapanje-vo-bujnite-gradi-na-potparolkata-video/ Sat, 20 Jul 2019 08:43:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98449

Фудбалот не е она што некогаш беше, па не само што стана скап спорт и унослив бизнис, туку се повеќе станува и шоубизнис! Затоа фудбалските клубови се почесто се одлучуваат да имаат  атрактивни старлети за заштитни лица или маскоти на клубот, или сексапилни убавици за портпароли и лица за односи со јавност. Тоа оддамна го сфати цел свет, па полека го сваќаме и ние на Балканот, а први го сватија Србите. Така, фудбалскиот прволигаш „Војводина“ за своја портпаролка ја ангажираше сексапилната и атрактивна убавица, Беба Крузевиќ!
Убавината не може да остане незабележана, но понекогаш она што треба да го користиш како „мамец“ за привлекување симпатии, може да ти се врати како бумеранг „по глава“... Или во случајов-меѓу очи! Токму бујната предница сместена во отвореното деколте  на портпаролката на клубот, пред да ги привлече новинарите и јавноста, го излуди тренерот на екипата, Ненад Лалатовиќ, кој на прес - конференцијата губеше концентрација, зашто „очи извади од зјапање“ кон градите на Беба, која седеше до него.
Камерите го уловија поранешниот селектор на младинската селекција на Србија, како неколкупати на десетминутната прес-конференција ѕирка во градите на потпаролката, па нивниот прес стана главна приказна на насловните страници. Кој знае, можеби токму со ова е постигната целта, да се привлече вниманието на јавноста кон клубот. https://www.youtube.com/watch?v=69wIqCogsp4 Останува само „ФК Војводина“ од Нови Сад  да почне да победува уште на стартот на новата сезона во српското фудбалско првенство.  А, бујната портпаролка?
Откако фантастично си ја заврши својата работа, фановите и навивачите почнаа да масовно да ги „чешлаат“ нејзините фотографии на социјалните мрежи, па погледнете и вие дел од нив:
 ]]>