пресс конференција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 06 Oct 2023 07:34:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пресс конференција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Владо Јаневски повторно на „Макфест“: 30 години по „Чаирска романтика“ ѕвездата се враќа на фестивалот со „Златни години“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlado-janevski-povtorno-na-makfest-30-godini-po-chairska-romantika-zvezdata-se-vraka-na-festivalot-so-zlatni-godini-video/ Fri, 06 Oct 2023 07:34:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321308

Како што најавија организаторите, годинешново 38-мо издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2023“ во Штип, според списокот на музички имиња и квалитетот на песните кои ќе ги изведуваат, нуди мошне атрактивна музичка понуда. Покрај оние помладите или помалку афирмираните музички имиња кои ќе настапат во првата фестивалска вечер, втората најавува вистинска македонска музичка „прва лига“ засилена со неколку македонски суперѕвезди. Некои од нив пред извесен број години учествувале на „Макфест“, некои за прв пат ќе застанат на фестивалската сцената на домот на културата во Штип, но сите заедно се едни од најголемите македонски музички имиња со бројни хитови зад себе што и денес ги пејат и повозрасните и помладите, а радиостаниците  со години не престануваат да ги вртат. Едно од нив спаѓа меѓу најголемите македонски поп ѕвезди на сите времиња, човекот кој напишал и испеал десетици хитови и оставил зад себе дузина безвременски балади кои ги пеат неколку генерации. Или што би рекле пејачот за сите времиња и сите возрасти, „чаирскиот романтичар“ Владо Јаневски повторно ќе пее на  „Макфест“. Триесет (30) години по „Чаирска романтика“, ѕвездата во своите „златни години“ се враќа на сцената на најугледниот македонски фестивал на забавна музика и тоа токму со  песна насловена „Златни години“.   „Триесет години после „Чаирска романтика“ и „Еден бакнеж“ доаѓам повторно на Макфест... На 21-ви октомври со нова песна насловена „Златни години“... Се гледаме на „Макфест“! - ќе порача Владо во своето видео-обраќање на Инстаграм, како најава за неговото учество на фестивалот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Robert Sazdov (@robertsazdov)

Покрај него, меѓу останатите познати музички имиња како што е веќе најавено годинава ќе настапат уште дузина македонски музички ѕвезди, меѓу кои и: чуварите на македонската етно традиција, групата „Љубојна“, Андријана Јаневска, Ламбе Алабакоски, Бојана Скендеровски, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Таско... И уште  грст други познати имиња од „првата лига“ на македонската музичка сцена, кои ќе се појавата на фестивалската сцена за да создадат „музичка фестивалска симфонија за цела Македонија“ - како што гласи и годинешниот фестивалски слоган.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Makfest (@makfestfestival)

Се разбира истите засилени со шесте најдобри со највпечатливи песни и нивните изведувачи од првата фестивалска вечер, кои ќе им се придружат на оние во втората макфестовска ноќ на ѕвездите. Низ двете фестивалски вечери кои  и годинава директно ќе ги пренесува МРТ, публиката во домот на културата во Штип како и онаа покрај ТВ екраните и овој пат ќе ја водат фестивалските домаќини, познатата водителска двојка Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски. Но пред и за време двете фестивалски вечери на црвениот тепих, на сцената и зад неа - во бекстејџот ќе се појават и  неколку други познати македонски естрадни и јавни личности, во улога на фестивалски презентери. Сепак комплетниот список на учесници во обете фестивалски вечери, сите детали и поединости околу сцената, изведбите, правилата и пропозициите... и сето останато што ќе се случува на годинешниот „Макфест 2023“ јавноста ќе биде запознаена на официјалната ПРЕСС конференценија за медиумите и новинарите која ќе се одржи на 12-ти октомври, четврток, во 12.00 часот во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Се' на се, годинава не очекува еден малку поинаков, музички посвеж, помодерен и потрендовски фестивал, збогатен со големи музички имиња од македонската естрада, a од друга страна и избор на песни за сите генерации... Од оние што веднаш стануваат инстант хитови, до оние што ќе останат безвременски евергрини, какви што Макфест отсекогаш знаел да даде. Затоа и се очекува и оваа да биде една од оние макфестовски „златни години“!]]>

На пресс конференција промовирани деталите за музичкиот проект со патриотска содржина – „Македонијо во срце те носиме“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-press-konferentsija-promovirani-detalite-za-muzichkiot-proekt-so-patriotska-sodrzhina-makedonijo-vo-srtse-te-nosime/ Tue, 06 Jun 2023 12:55:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305168

Денес, 6-ти јуни 2023 година (вторник), точно напладне во познатиот скопски лоунџ бар- ресторан „Дион“ -ГТЦ, пред бројните новинарски екипи од мноштво медиуми се одржа прес-конференција по повод новиот музички проект насловен „Македонијо во срце те носиме“. Станува збор за проект во кој на едно место се ставени 12 познати македонски изворни и носоздадени народни песни со стихови со патриотска содржина во изведба на 12 познати македонски изведувачи и од светот на забавната и од народната музика. Меѓу учесниците се: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова, а на списокот песни се наоѓаат безвременските:  „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“... На прес-конференцијата во организација на продукцијата „Скендеровски“ која е и носител на овој проект, беа откриени сите детали, а на неа покрај конференсието, новинарката Александра Тимковска, говореа Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Огнен Здравковски, Марија Спасовска... кои како изведувачи се дел од проектот. „Целта на „Македонијо во срце те носиме“ е во овие турбулентни времиња кога често сме негирани како народ кој има своја историја, свое творештво, песни во кои се крие вистината на нашата земја да ги возобновиме најубавите македонски патриотски песни, да им го продолжиме векот и да ги приближиме до новите генерации. Неуморно се работи за да го зачуваме највредното, музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас“ - истакна Бојана Скендеровски. Човекот кој ја презема одговорноста овие песни да ги промени во ново аранжманско и преобличи во современо продуцентско руво, е познатиот композитор, аранжер и музички продуцент Николче Мицевски, кој истакна дека  целта  е македонската песна, како културна вредност и оставштина да ја пренесеме на новите генерации, со цел да не се изгуби битот, суштината, она есенцијалното што авторите или народниот творец го создал, а сепак песната да биде блиска на современите и модерни светски текови со кои младите од секоја генерација се опкружени. За секоја од 12-те песни кои ќе се појавуваат на секои десеттина дена во етерот, ќе биде изработен и видеоспот, како што рече Бојана Скендеровски, од кои дел ќе бидат во студиоска верзија, дел снимани надвор со кадри од природните убавини и богатото културно наследство на нашата прекрасна татковина Македонија. Прва од песните и изведувачитте ќе биде објавена стилизацијата на нумерата „Оган да го гори“ која ја изведува Ламбе Алабакоски. Освен деталите за студискиот материјал со наслов „Македонијо во срце те носиме“ од кој нема да се издава носач на звук, на прес-конференцијата беа соопштени и деталите за концертниот караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци и црвено жолтаата боја, а кој е предвиден да се одвива со осум концерти во осум различни градови низ Македонија некаде во почетекот на месеците септември и октомври, со тоа што завршниот концерт ќе биде во македонската престолнина Скопје“, информираше организаторот.]]>