преспа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Aug 2023 08:04:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png преспа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Светски признатата македонска пејачка Тања Царовска со шокантен Фејсбук статус откако се „отру од смрдеата“ од фабриката на браќата Заеви: „Го дишат ли Зоран и Вице истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа и Ресен“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/svetski-priznatata-makedonska-pejachka-tana-tsarovska-so-shokanten-fejsbuk-status-otkako-se-otru-od-smrdeata-od-fabrikata-na-brakata-zaevi-go-dishat-li-zoran-i-vitse-istiot-vozduh-shto-go-dishat-bebin/ Fri, 04 Aug 2023 07:54:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312617

Тања Царовска позната македонска пејачка која со години живее и работи надвор од Македонија, во Англија. Таму каде што е најтешко да се успее, особено ако не си „нивен“ туку дојден од таму некаде, долу од Балканот. Но за нејзиниот светски признат вокал и музички способности сведочат достигнувањата и делата. Царовска соработувала со голем број познати светски музичари и продуценти, како: Габриел Јаред, Џејмс Хорнер, Џон Дебни, Џоселин Пук, Дејвид Фостер, итн. Исто така, таа учествувала на албумот „Импресии“ на американскиот музичар Крис Боти што ја добил наградата „Греми“ во 2013 година. Таа ја пее песната „По друм одам мајче“ во филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски, а соработувала и со Дуке Бојаџиев на неговиот проект „Сон, верба, љубов“. Царовска пее со Џош Гробан во песната „Сети се на мене“ (Remember Me), која е дел од филмскиот мегахит „Троја“ со Бред Пит и Орландо Блум во главните улоги.  За оваа песна, Царовска била номинирана во категоријата: „Најдобра оригинална песна напишана за филм“ во 2004 година (World Soundtrack Awards), заедно со Џејмс Хорнер (музика), Синтија Вејл (стихови) и Џош Гробан (изведувач). Исто така, таа е главниот вокал во музиката за филмот „Христовото страдање“ на Мел Гибсон, со Моника Белучи, кој заработил дури 622 милиони долари и е комерцијално најуспешниот филм со тематика за христијанството и еден од филмовите со најголема заработка во историјата, воопшто. Летово  Тања Царовска која е по потекло од битолско-преспанскиот крај престојува дома, во Македонија. Сакајќи да побегне од летните жештини кои се уште поизразени на асфалтно-бетонската џунгла во македонската престолнина, пејачката заминала на село... Во родната Преспа, близу Отешево, планинско место на надморска височина од 900 метри каде воздухот (треба да) е толку чист, што своевремено била изградена болница за лечење пациенти од белодробни заболувања. Ама тоа било некогаш, денес, природната воздушна бања е претворена во гасна комора, во која смрди до неможење да дишеш. Шокирана и револтирана од она што таму се случува и го затекнала, Тања Царовска споделила статус на својот Фејсбук профил посочувајќи ја состојбата, ама и причините и виновниците заради кои природата е  доведена до состојба на отровно умирање. „Ќе си легнував. Ама не можам да спијам, зашто надвор не се дише, откако отворив ме запече грло и очи. Не драги луѓе, не сум во Скопје. Во Преспа сум. Во село на 8 километри од Ресен, на надморска височина од скоро 900м, а близу Отешево, местото каде што се лекуваат пациенти во специјализираната болница за белодробни заболувања заради чистиот воздух. Кога бев мала овде мирисаше на трева, сено и лепешки, со воздух кој беше толку чист што просто го чувствуваш на лицето како те лади и “бања”. Рај за сетилата! Но, од пред неколку години, славните браќа Заеви ја купија фабриката за глина “Слога” во Ресен. Од тогаш градот труе, а еве, и околните села. Кога нема силен ветер, а најчесто нема – смрди до неможење да дишеш! И тоа баш навечер, после почнувањето на третата работничка смена во Слога. Со ова би сакала да отворам неколку големи прашања – на што гориво работи фабриката? Или поточно – што се гори во неа? Ресенчани и Преспанци – зошто молчите? Не ви пречи ли да дишете отров? Или ако има некаков отпор а не знам – ве молам упатете ме, да се придружиме сите! Има ли новинари кои би сакале ова да го истражат??? И последно прашање – браќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа? Ај добра ноќ, одам да повраќам од воздухот. Нај, најсериозно! Преспа еееј, воздушната бања!!! (А ко се пакував во Скопје за навака – го гледам прочистувачот за воздух и си викам: Е, барем ова за таму не ми треба!“  - напишала и споделила пејачката. Затоа пак газдите Заеви или поточно, бившиот премиер и екс-СДС лидер Зоран, „мува не го лази“, зашто ужива некаде таму надвор со своето семејство, дишејќи свеж, морски, медитарнски воздух  на Јадранот. Од Истра во Хрватска до Италија, од каде неговата ќерка Александра споделуваше фотографии на социјалните мрежи. Преспа секако не им е интересна за летување, зашто таму квалитетот на воздухот знаат каков е оти тие „го контролираат“ со својот „отровен бизнис“ на сметка на здравјето на локалното население и еко катастрофата на природата. Фото: Фејсбук/Tanja Xena Tzarovska /  ]]>

По повод 120 години Илинден: Дерик Меј и најдобрите македонски диџеи на плажата „Дупени“ во Преспа https://arhiva.vistina.com.mk/po-povod-120-godini-ilinden-derik-mej-i-najdobrite-makedonski-didhei-na-plazhata-dupeni-vo-prespa/ Mon, 31 Jul 2023 08:52:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312188

Станува збор за проектот „120 Години Илинден“ каде главни протагонисти се легендарниот диџеј Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија. Настанот ќе се одржи на 2 Август на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро, каде пред неколку илјадната публика ќе биде претставено комплетно различно музичко доживување во уникатниот летен амбиент и неповторлива атмосфера. Пред публиката своите сетови ќе ги претстават најдобрите македонски диџеи: Браќата Узун, Стојче, ДЏ Маци, Томи Бојаџи, Дејан Декс, Фирма како и Монго и Омару. Ѕвезда на вечерта е легендарниот американски диџеј Дерик Меј, пионер на електронската музика и еден од основачите на техното, кој остави низбришлива трага ширум светот и во Македонија со неговите револуционерни продукции и изведби. Сите негови настапи во Македонија, без исклучок, се незаборавни по многу нешта а името Derrick May стана синоним за добра музика и забава.]]>

Андријана Јаневска на плоштадот Гоце Делчев во Пустец – Мала Преспа на Илинден го отвора „Македонското културно лето 2020“ во Албанија https://arhiva.vistina.com.mk/andrijana-janevska-na-ploshtadot-goce-delchev-vo-pustec-mala-prespa-na-ilinden-go-otvora-makedonsko-kulturno-leto-2020-vo-albanija/ Sat, 01 Aug 2020 09:27:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161563

Со концертот на Андријана Јаневска, што ќе се одржи на плоштадот „Гоце Делчев“ во центарот на Пустец, Мала Преспа, на 2-ри август ден Илинден, започнува традиционалната манифестација „Македонско културно лето“. Организатор на оваа значајна манифестација е Здружението „Сонце“ – Скопје. – Поради новонастаната состојба со пандемијата со Ковид-19 бевме принудени да направиме измени на претходните планови за ова 13-то издание на фестивалот „Македонско културно лето“. Се потрудивме да ги спроведеме и почитуваме новите мерки и правила на однесување, како што се физичко растојание и заштита на здравјето, велат организаторите. Додаваат дека поаѓајќи од важноста од одржувањето на фестивалот во континуитет и покрај време на пандемија, одлучиле театарските претстави да ги заменат со концерти на отворено кои овозможуваат поголема безбедност со почитување на мерките за физичко растојание, што пак подразбира драстично намален број на посетители. Фестивалот „Македонско културно лето 2020“ ќе трае до седми август, а сите настапи кои почнуваат во 19 часот ќе бидат на плоштадот во Пустец. Неговото одржувањето годинава е поддржано од Министерството за култура,  Град Скопје, компанијата „Кромберг и Шуберт“, градоначалникот на општина Пустец и ЕВН Македонија.]]>

Дејан Денесовски ја избра Кристина Димитриевска за партнерка во своето првенче – „Пред да заминеш” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dejan-denesovski-ja-izbra-kristina-dimitrievska-za-partnerka-vo-svoeto-prvenche-pred-da-zaminesh-video/ Tue, 21 Jul 2020 12:30:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159789

Младиот пејач Дејан Денесовски деновиве го промовираше неговото првенче, односно првата авторска песна со наслов “Пред да заминеш” која што ја претстави заедно со спот. Како што истакна овој ресенчанец во интервјуто за ИН ТВ, снимањето на видеото се одвивало на повеќе локации во Претор, а заедно со целата екипа која била вклучена во организацијата поминале одличен ден исполнет со убава атмосфера и позитивна енергија. „Снимањето помина добро, иако имав малку трема меѓутоа излезе се како што треба на крај. Преспа располага со многу убави места, се снимаше во комплекс - ресторанот, апартмани и плажа Галакси. Музиката е на Миле Наумоски од Скопје, аранжманот го наоправи мојот сограѓанин, познатиот композитор од Ресен,  Хари Котларовски, во чие студио и се снимаше песната. Видеото се снимаше со продукцијата на Охрид Скај која  е и генерален покровител на овој проект. Во спотот се појавува и македонската мисица, убавица и топ модел Кристина Димитриевска, за која сметам дека е девојка која зад неа има испишано историја како модел, а и самата е пејачка, па убаво е да се работи со такви луѓе“ - изјави Дејан, за гледачите на ИН ТВ. Неговите очекувања се оваа поп балада да биде добро прифатена од публиката бидејќи како што вели тоа е најбитно за еден пејач. Но, младиот музичар тука не запира. Во периодот што следи, Дејан најавува уште една авторска песна која веќе се подготвува. Во продолжение погледнете го видеото за баладата  на Дејан Денесовски „Пред да заминеш” и уживајте во природните убавини на Преспанското крајбрежје и сексапилот на раскошната убавица Кристина Димитриевска! https://www.youtube.com/watch?time_continue=65&v=YgSMRMVHMfc&feature=emb_logo Извор: Естрада+]]>

Каролина замина на село, а таму македонското девојче среде бавча (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/karolina-zamina-na-selo-a-tamu-makedonskoto-devojche-srede-bavcha-foto/ Fri, 18 Oct 2019 06:30:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113230

Кога е во прашање музиката таа е неприкосновеното македонско девојче кое ги воодушевува сите возрасни генерации. Но, освен музиката, Каролина Гочева е доста активна со изработка на нови фотосесии за брендовите чие заштитно лице е. Многупати сме пишувале дека ако не беше пејачка, Каролина сигурно ќе беше меѓу најуспешните модели, а тоа постојано го потврдува со перфектните модни фотографии кои ги објавува на своите профили на социјалните мрежи. Освен тоа постојано остварува нови соработки со познати модни брендови за кои изминатиот период покажа дека е совршено заштитно лице во нивните модни кампањи. Дека е жена полна со самодоверба, тоа се гледа во секоја приложена фотографија, полна со грациозност и став. Нејзиниот Инстаграм профил е преполн со модни фотографии и тоа за секое годишно време и прилика, а со старот на есента, Каролина замина правец на село, поточно во Јанковец- Преспа каде се изработуваше фотосесија среде овошната бавча со јаболки кои за среќа останале во Преспа по невремето кое ги зафати летово. Црвени јаболчиња, заби бели бисерчиња и есенски стајлинг прават феноменален спој од кој целта за одлична модна кампања е постигната.]]>

Благојче Стојаноски – Туше признава – “Ех, што љубам едно девојче” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/blagojche-stojanoski-tushe-priznava-eh-shto-ljubam-edno-devojche-video/ Mon, 19 Aug 2019 12:07:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102875

Познатиот Благојче Стојаноски - Туше изминатиов  период во соработка со ИН продукција снимаше два видео записи. Како што истакнува и самиот, снимањето поминало одлично но по малку и напорно бидејќи двата спота се снимале во еден ден.
Еден од видео записите е за неговата најнова песна “Ех, што љубам едно девојче”, додека пак вториот видео запис е за неговиот најголем хит “Зелени очи”, а обата се снимаа на неколку на локации во родниот преспански крај на Туше.
„По природа сум малку специфичен човек и овие места и локации ги најдов самиот, па во договор со Ване од ИН продукција, решивме дека местата се баш добри за снимање. Едноставно сакав ова нешто да биде поразлично. Мислам дека не згрешивме и се надевам дека гледачите ќе бидат преадоволни од тоа што ќе го видат“ - истакнува Туше.
Што се однесува до најновата песна на Туше,  “Ех, што љубав едно девојче”, автор на текстот е самиот тој, додека пак музиката е дело на неговиот близок колега од Сиднеј,  Роберт Митревски, додека пак зад аранжманот стои Славко Ристески од Прилеп.
Летниот период на Благојче беше и се' уште е исполнет со работна агенда, во која се вклучени бројни настапи низ целата земја, од кои најповеќе во охридскиот, преспанскиот и битолскиот крај.
Во меѓувреме, погледнете го видото сработено од Ин продукција за “Ех, што љубам едно девојче”. https://www.youtube.com/watch?time_continue=35&v=lpzJRmektIo]]>

„Црна крштевка“ https://arhiva.vistina.com.mk/crna-krshtevka/ Tue, 19 Jun 2018 08:35:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=33114

Е мој Зајко... кукурајко и целата таа свита околу тебе! Како не се погледнавте во огледало пред да го направите овој циркуз и не се запрашавте, како тоа токму вас ве најдоа она  што под 5 века турско, со години српско, бугарско... ниту еден Македонец не го направил, да го направите?
Да бидеш кројачот на судбината на својот народ, негов кадија и негов џелат! Слободно можевте да се соберете и на Змискиот остров Голем Град рано изутрина на Преспанско, за никој да не ви пречи и да не ви додева да си ја завршите договорената работа. Ама, сеедно, и вака на дива плажа како на свадба без сватови и крштевка без родители, си ја преземавте самите улогата:  да бидеш и невестата  и кумот на таканареченото „Северно копиле“ кое дома никој не го сака, ама на туѓунците и тоа како им треба. И тоа, а им требате и вие! Ама, само за една употреба... Како тоалетна хартија. Откако ќе си ја завршат работата –  на буниште! Зашто „Севернoто копиле “ никој не го сака, па дури ни жалната му мајка, во случајов  Македонија, која ја исмеваат и понижуваат заради него!
Убаво напишаа и кажаа токму тие, кои меѓу другите беа самопоканети сватови во првите редови на „црната свадба“.  Да, така наликуваше вашата „преспанска веселба“  на која пред белиот шатор на невестата на сила и го сменија името, ветувајќи и дека наскоро ќе влезе во куќа во која ќе тече мед и млеко, а таа ќе живее во раскошот наречен ЕУ!
Така наликуваше „трагичната крштевка“ на која прегрнати и гушнати со „кумот кој ти го тури... тоа лично име“ , насмеани од уши до уши го славевте прекрстувањето. Само, заборавате ли дека кој последен се смее – најслатко се смеe!? А, оној што наседнал на вицот, останува „насмеaн“... довека!
Ама едно е сигурно... Можете да го крстите и прекрстувате овој народ и оваа земја колку што сакате. Тоа е ваше, така сте одбрале. Пробувале и други, па ништо! Така ќе биде и овој пат. Зашто со сила убавина не бива. Со сила можеш некому нешто да му земеш, а не и да му дадеш. Најмалку име! Народот Македонски знае и кој е и што е... И кој му е идентитетот и како се вика и тој и неговиот јазик,  како се вика неговата земја. Географијата не оди заедно со битот, со исконот.  Територијата се менувала, ама името останало едно. И во Егејот и во Пиринот и кај нас... Македонија е Македонија, а не така како што вие ја свиткавте кичмата, па сакате да и ја свиткате и нејзината, прекрстувајќи ја како што им чини на другите. На оние, на кои им јадете од рака!
Затоа вашата „црна крштевка“ на “Северното копиле“ ќе заврши поразитално... Како за „кумовите“, така и за вас, кои ја прифативте и организиравте. Цела среќа, вратоврските беа симнати... И подобро што е така! Зашто, како што една стaра поговорка вели: „Човек дури на бесилка ќе увиди, колку вратоврската може да биде штетна работа“!  ]]>