прес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Apr 2022 13:13:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Меморија“ со ПРЕСС конференција го најави големиот концертен спектакл под отворено небо на 11-ти јуни на стадионот на АРМ во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/memorija-so-press-konferencija-go-najavi-golemiot-koncerten-spektakl-pod-otvoreno-nebo-na-11-ti-juni-na-stadionot-na-arm-vo-skopje/ Wed, 13 Apr 2022 12:06:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246243

Пет години по големиот повратнички концерт во сега веќе непостоечката „Метрополис арена“, култната македонска поп-рок група „Меморија“ најавува нов концертен спектакл. По овој повод членовите на „Меморија“,  денес, среда, 13 април 2022 година во градската кафеана „Пелистер“ на градскиот плоштад  „Македонија“  во Скопје, со почеток во 12 часот напладне ја одржаа својата прва прес конференција. На неа пред претставниците на медиумите беа соопштени сите детали и поединости за најавениот концерт, кој ќе биде збогатен со специјални гости, како и проследен со специјални светлосни и визуелни ефекти. Овој пат концертот ќе се одвива под отворено небо, каде за прв пат „Меморија“ ќе свири целовечерен  солистички настап на еден стадион, за што е одбран стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје, каде на 11-ти јуни 2022 год. ќе се одржи најголемата рок ен рол концертна журка во живо годинава. Прес конференцијата пред бројните новинари од различни македонски медиуми ја отвори и водеше новинарот и ТВ водител Антонио Димитриевски и самиот еден од основачите и некогашен, долгогодишен член на бендот под чија палка ќе се одвива целиот ПР за најавениот концертен ивент. „Замислена како своевидна „концертна матурска рок ен рол забава на генерациите“... И на оние некогашните, кои паметат многу посреќни времиња и овие сегашниве кои ги живеат најубавите години од својата младост, но и оние чии тинејџерски години допрва доаѓаат, концертот на „Меморија“ ќе биде многу повеќе од само обичен „Open air“ рок концерт. Сплотена енергија на неколку генерации како знак на заедништво и верба во вистинските вредности. И музички и човечки!“ - рече во својата најава Димитриевски по што збор земаа членовите на групата, овој пат осумммина на број: Перо - бас, Цале - тапани, Мичо- гитара, Бане-гитара, Поце - вокал, Ристо-вокал, Валентино-клавијатури и Давор (Јордановски) - клавијатури, кој како некогашен член, специјално му се приклучи на бендот за оваа прилика, доаѓајќи од Канада каде живее и работи последниве години. Покрај нивните најголеми хитови како „Нена“, „Одам засекогаш“, „Оган под ѕвездите“, „Нашите слики“, „Зошто Боже“, „Дирлада“, „Снежо-Снежана“... кои одново ќе ги слушнеме од големата концертна сцена, на неа  како специјални гости ќе се појават уште неколку култни македонски бендови и музичари... Некои кои се’ уште постојат и градат кариера, некои кои односво специјално ќе се соберат за оваа прилика. „Покрај членовите на „Меморија“ за  скопската и македонската публика воопшто, заедно со нас на сцената ќе свират и пејат уште и Ружица и Ивица од „Ареа“, Венко и Сеад од „Конкорд“, публиката ќе има можност да го види и слушне во живо, музичкиот видео омаж за скопјанецот Аки Рахимовски, со можност за уште неколку специјални изненадувања што засега се чуваат во тајна“ - потенцираше лидерот Петар Георгиевски - „Камиказа“. Секој од членовите имаше свое обраќање каде остави парче сеќавање на минатиот, повратнички во „Метрополис арената“ и свое видување низ куса приказна за следниот голем концерт, на стадионот на АРМ на 11-ти јуни во Скопје, по што тие одговараа и на новинарските прашања. За крај, двата вокали на „Меморија“, Апостол Поце Икономов и Ристо Sамарџиев, заедно со гитаристот Мичо Божиков во акустична - анплагд верзија ги изведоа за присутните новинари и гости во градската кафеана „Пелистер“ можеби двете легендарни балади на групата: „Нашите слики“ и „Оган под ѕвездите“. Продажбата на билетите за концертот на „Меморија“ стартува денес, среда 13-ти април од 18 часот преку „Купи карти за се“ online на https://www.kupikartizase.com #memorija2022 и во Југотон -ГТЦ во Скопје. ]]>

Здружение за унапредување на правата на музичарите – „Музика сега“ на прес конференција ќе ги соопшти своите ставови и барања https://arhiva.vistina.com.mk/zdruzenie-za-unapreduvanje-na-pravata-na-muzicharite-muzika-sega-na-pres-konferencija-kje-gi-soopshti-svoite-stavovi-i-baranja/ Mon, 08 Mar 2021 13:35:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193141

Драги новинари, пријатели, колеги. Потребна ни е вашата поддршка во овој тежок период за нас. Здружение за унапредување на правата на музичарите  ''Музика сега'' и во име на КТ на 6-те активни музички здруженија, ве кани на прес конференција закажана за утре во 13 во клуб-ресторанот МКЦ. Имаме интересни работи да соопштиме и најавиме активности. Благодариме и ве очекуваме во солиден број. П.С. Пресот ќе биде одржан по сите протоколи и бројот на присутни внатре во клубот ќе е ограничен. Ве молиме за поѕврда за присуство. Кординативното тело на шесте сродни музички здруженија, составено од: ЗУПМ - Музика Сега, Здружение на Естрадни Уметници – Скопје, Охридски Музички Еснаф, Естрада - Битола, Естрада – Струмица и Сојуз на професионални музичари- Скопје кои што имаат потпишано меморандум за соработка на 30.01.2021 година во Охрид, кој вклучува и заеднички настап пред релевантните фактори во државава, по повод последните случувања а особено за 5-от пакет мерки и предлог протоколите од страна на угостителите, ве покануваме Вас, ценети те претставници од медиумите на заедничка прес конференција, која ќе се одржи во вторник 09.03.2021 година, во просториите на клуб-ресторанот МКЦ во Скопје, во 13,00 часот. Барањата ќе бидат унифицирани и недвосмислени а ќе коренспондираат со моменталната ситуација во која се наоѓаат музичарите од цела држава бидејќи, независно на кој етникум и националност припаѓаме, сите ние сме во една моментно лоша и крајно незавидна состојба. Барањата содржат три основни точки: 1. Реакција по повод 5-от пакет мерки за финансиска помош претставен од Владата 2. Став и реакција за последниот предлог од угостителите до Комисијата за заразни болести, посебно точката, каде се бара настаните да се одвиваат без жива музика и предлагање предлог протоколи до Комисијата за заразни болести. 3.Барање за прием во Министерството за култура, за излагање на проблемите кој се соочуваат музичарите и предлози за нивно што побрзо надминување. Барањата ќе бидат адресирани до: Премиерот - Зоран Заев, Вицепремиерот - Фатмир Битиќи, Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за Култура, од кои очекуваме одговор најдоцна до крајот на неделата, односно 12.03.2021 година. Во спротивно, ќе бидеме приморани во време на пандемија нашите права да ги бараме по пат на протест, секако почитувајќи ги правилата и пртоколите при одржувањето на истите на јавен простор. Почитувани новинари и медиумски куќи, искрено се надеваме дека ќе бидете во можност да присуствувате на прес-конференцијата и ве видиме во што поголем број на истата. Со почит, КТ на музичките здруженија: ЗУПМ - Музика Сега, Здружение на Естрадни Уметници – Скопје, Охридски Музички Еснаф, Естрада - Битола, Естрада - Струмица, Сојуз на професионални музичари- Скопје.]]>

Раперката „Карди Би“ направи липосукција, па се сликаше сосема гола за новиот спот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/raperkata-kardi-bi-napravi-liposukcija-pa-se-slikashe-sosema-gola-za-noviot-spot-foto/ Wed, 05 Jun 2019 11:01:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91422

Како и Ким Кардашијан и раперката Карди  Би,  се приклучи на досегашната традиција на ставање голи голи фотпграфии на Инстаграм. Карди Би објави две сосема голи слики оваа социјална мрежа, каде што ги покрила градите и меѓуножјето со црна лента.
Фотографиите се во стилот на 90-тите години на минатиот век. На нив скандалозната раперка излегува од судница со неколку адвокати покрај неа.
Овие слики се само наслов на новиот сингл на Карди -  „Press“. Пред неколку дена, изведувачката ја сподели веста со своите обожаватели дека направила липосукција.]]>

Прес конференција: Познати се сите детали и се’ е подготвено за утрешниот концерт во чест на Тоше https://arhiva.vistina.com.mk/pres-konferencija-poznati-site-detali-i-se-e-podgotveno-za-utreshniot-koncert-vo-chest-na-toshe/ Thu, 01 Nov 2018 14:58:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=55778

На еден ден пред одржувањето на големиот концерт во чест на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, денес, четврток 1-ви ноември во 14 часот во хотелот Парк - Скопје се одржа прес конференција и промоција на неговиот нов албум „Secret Place“.  На промоцијата присуствуваше и стариот пријател на Тоше и фондацијата Проески - англискиот композитор и продуцент Енди Рајт.
Токму тој побуди голем интерес кја присутните новинари кои како за време на официјалниот дел на промоцијата внимателно ги следеа неговите раскажувања за сеќавањата на Тоше, страите и новите песни и воопшто како дошло до реализацијата на целиот овој проект.  Исто така, по завршувањето на истата англискиот продуцент даваше интервјуа, и одговарапше на прашањата на претставниците на медиумите кои се интересираа за сите непознати детали.
Покрај претставниците на организаторот - фондацијата Проески и  Аворд продукција и гостинот од Англија, Енди Рајт, најголем интерес кај седмата сила предизвика и присуството на внукот на Тоше, Кристијан Ристески, кој беше мета на новинарите и фоторепортерите.
Инаку, на пресот беше најавен концертот кој ќе се одржи утревечер,  петок, 02 ноември  во ВИП Арена „Борис Трајковски“, како и објавена програмата и потврден конечниот список на изведувачите кои ќе ги изведат песните од репертоарот на нашата муазичка икона. На концертот премиерно ќе бидат прикажани два нови видео спота со песните од Тоше.
За оваа прилика организаторите најавија дел од најголемите домашни, регионални и балкански музички ѕвезди како:
Борис Новковиќ, Владо Калембер, Каролина Гочева, Александра Радовиќ, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак... кои, како што најави организаторот, се очекуваат да пристигнат во текот на денешното попладне, вечерва и утре рано изутрина во Скопје.  
Покрај нив највени беа и се појавија на прес конференцијата  уште и Антонија Гиговска, Александар Тарабунов, Александра Јанева... кои се дел од ѕвездите кои ќе настапат на концертот и ќе ги изведат песните од мјузиклот „Тајно моја“, а покрај нив од најавените македонски музички извдувачи па пресот присутен беше само Наум Петрески.
Внукот на Тоше  Кристијан Ристески  на концертот ќе ја изведе „We are blood“, песната која се наоѓа на новиот албум и деновиве  заедно со видеозаписот за неа, веќе  беше промовирана во радио и ТВ етерот.]]>

„Макфест 2018“ го одржа првиот прес: Познати песните и изведувачите и одреден редоследот https://arhiva.vistina.com.mk/makfest-2018-go-odrza-prviot-pres-poznati-pesnite-i-izveduvachite-i-odreden-redosledot/ Wed, 26 Sep 2018 10:35:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50035

Во пресрет на претстојното, 33. по ред издание на фестивалот „Макфест“, кое ќе се одржи на 4, 5 и 6 октомври во Штип, вчера, вторник 25 септември беше одржана прес-конференција, во чии рамки со влечење жрепка беше утврден и редоследот на настапи за двете полуфинални вечери.
„Фестивалот ’Макфест’ е гордост за Штип. Верувам дека годинава ќе постигнеме најдобро издание и фестивалот ќе блесне во сиот свој сјај“, рече на прес-конференција градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, а Владимир Дојчиновски, уметнички директор на „Макфест 2018“, објасни дека годинава нема да има телефонско гласање, туку дека победничките песни ќе се избират со медиумско гласање, гласање од стручно жири и со гласање на публиката во салата. Фотографија на Makfest. Вкупно 32 композиции, односно по 16 во двете полуфинални вечери, годинава ќе се натпреваруваат за награди во вредност од 5, 4 и 3 илјади евра за првите три места, како и оние од по 500 евра за најдобар аранжман, најдобра вокална интерпретација, најдобар дебитант и за најдобар сценски настап. Меѓу изведувачите има веќе докажани, но и нови имиња што допрва ќе се етаблираат на нашата музичка сцена, како што е најмладата учесничка Сара Гигова, чија „Љубовна бура“ ја има честа да го отвори фестивалот.
Во првата полуфинална вечер на 4 октомври ќе ги слушнеме и: Симона Попоска, Мина Блажев, Мартинијан Кириловски, Игор Узунов, Лена, Филип Пешевски, Пепа, Наталија Данаилова, Наташа Малинкова, Лина Пејовска, Горан Наумовски со Горан Папаз, Џокси, Димитар Андоновски со „Тајфата“, Кристијан Проданов и Ѓоко Танески. 
Следната вечер за влез во финалето ќе се натпреваруваат: Барбара, Огнен Здравковски, Маријан Стојаноски, Дани Димитровска, трио „Џентлмен“, Ивона Јовановиќ, Весна Спасова, Наталија Славева, Давид Миладинов, Роберт Билбилов, Анастасија, Александар Тарабунов, Симеон Коруноски, Антонија Гиговска, Мартина Митревска и Анета Ристова Василева.
Преносот на „Макфест 2018“ ќе се емитува на Македонската радио телевизија, со почеток во 20.30 часот за двете полуфинални и за финалната вечер. Водителка на фетсивалот е Марјана Станојковска.]]>

„Тропико бенд“ на утринска кафе дружба со македонските новинари (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tropiko-bend-na-utrinska-kafe-druzba-so-makedonskite-novinari-foto/ Mon, 16 Apr 2018 13:30:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=21062

Две седмици пред големиот скопски концерт закажан за 28 април во ВИП арената „Борис Трајковски“ членовите на групата „Тропико бенд“ допатуваа специјално во Скопје на дводневно дружење со новинарите.
Првото понеделничко утринско кафе фронтменот на бендот Александар Цветковиќ - Сале и дел од неговите компањони го испија во друштво на македонските естрадни новинари во ресторанот „Four“  во елитниот скопски хотел „Парк“, каде организаторот на концертот „Скај мјузик“ ја организираше и дружбата со претставниците на седмата сила.
Во пријатен амбиент и неформално дружење, Сале разговараше и одговараше на сите поставени прашања, се дружеше и им позираше на претставниците на медиумите, ветувајќи спектакл за сите оние што на 28. април ќе дојдат во ВИП арената на нивниот голем скопски концерт, кој по многу нешта ќе биде речиси идентичен на нивниот од пред две години во белградската Штарк Арена!
Сале не заборави да го најави и излегувањето на нивната нова песна и видеото за неа насловено „Синови на темнината“, овој четврток на 19 април точно напладне, која всушност е своевидно „дежави“ во поинакво пакување за нив, бидејќи повторно се работи за дует, односно соработка помеѓу „Тропико бенд“ и Џенан Лончаревиќ, а во видеото одново глуми и го режира актерот Вук Костиќ.
Во меѓувреме Сале и дел од бендот ќе бидат гости во емисиите и ТВ шоуата на неколку македонски телевизии и продукции, на кои што подобро ќе ја претстават како својата досегашна работа, така и она што публиката може да го очекува од нив на нивниот скопски концерт.]]>

МЕМОРИЈА со последно обраќање до јавноста пред големиот концерт https://arhiva.vistina.com.mk/memorija-so-posledno-obrakjanje-do-javnosta-pred-golemiot-koncert/ Thu, 09 Nov 2017 10:16:47 +0000 http://vistina.mk/?p=3090

По повеќе од две децении од последниот концерт, членовите на бендот Меморија, на вчерашната  прес конференција што се одржа точно напладне во градската кафеана „Пелистер“ ги соопштија сите детали и поединости за најавениот концерт, кој ќе биде проследен со специјални светлосни и визуелни ефекти, аќе  ќе се одржи во скопската Метрополис Арена, на 18.-ти ноември со почеток во 20:00 часот.
„Концертот е повеќе од две третини распродаден. Од вчера официјално ги имаме и генералните спонзори - Скопска пивара. Последните подготовки ги правиме на сцената на некогашната Универзална сала и верувајте меморија никогаш не звучела подобро и помоќно“ -меѓудругото рече Петар Георгиевски - Камиказа.
На пресот групата го промовираше и новото ЦД - The Greatest Hits, во кое се содржани веројатно најголемите хитови на Меморија.
„Сакам да ве информирам дека по концертот, Меморија некаде во февруари 2018 ќе промовира и нова песна која се вика ’За тебе’, а оваа прилика ја користиам да ви најавам дека работиме и на материјал за комплетно нов албум кој ќе биде промовиран следната година на истиот датум како и годинешниов повратнички концерт, 18ти ноември. Во меѓувреме во нацрт плановите ни се и таканаречени камерни настапи по театри со специјални холограми и 3Д  визуелни ефекти, посебно изработено видео, анимација и графика... Но за тоа кога ќе дојде време“ - додаде лидерот Георгиевски на пресот пред присутните новинари на кои, како и на сите останати медиуми им се заблагодари на сеопфатната поддршка сите овие месеци.]]>