преработка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 09 May 2023 12:34:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png преработка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ris Flower со преработка на хитот “Come Undone” од култните “Duran Duran” и концерт во „Станица 26“ https://arhiva.vistina.com.mk/ris-flower-so-prerabotka-na-hitot-come-undone-od-kultnite-duran-duran-i-kontsert-vo-stanitsa-26/ Tue, 09 May 2023 12:34:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301277

Ris Flower со официјална согласност од членовите на легендарната англиска група “Duran Duran”, го објави својот кавер на еден од најголемите поп-рок хитови на сите времиња – “Come Undone”. Песната е снимена во студиото “ARI” во Истанбул, а врвната светска продукција се погрижи продуцентот и аранжер Мустафа Чанбазлар. “Чест ми е што добив одобрение од продукциската куќа на “DURAN DURAN” да изработам официјален кавер на една од моите омилени песни. Во оваа преработка целта ми беше да ја задржам уникатноста на мелодиите на ова ремек-дело, а воедно да оставам и свој специфичен препознатлив печат преку вокалната изведба и современата продукција. Презадоволен сум од постигнатиот резултат, размислувам да снимам и акустична верзија на песната.”, изјави Ris Flower. Имено, Ris Flower го издава овој сингл непосредно пред својот концерт кој ќе се одржи на 18-ти мај во клубот Станица26 во Скопје, на кој ќе го промовира својот прв албум “Flow”. Влезниците се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.mktickets.mk.]]>

„Ај Кју“ ја преработија во поп манир антологиската фолк балада на Виолета Томовска – „Молитва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/296407-2/ Mon, 03 Apr 2023 12:25:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296407

Македонскиот бенд „Ај Кју“ кој по нивната евровизиска авантура живее и работи на релација Скопје - Лондон се реши на смел чекор да ја препеат антологиската песна „Молитва“ испеана од македонската  фолк пејачка, легендарната Виолета Томовска. Музиката и текстот се авторско дело на братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, додека аранжманот за оваа верзија го потпишува Роберт Билбилов, во чие студио Бојан и Марија и ја снимија песната. „Некои песни се предодредени да бидат безвременски, а нас ни претставува голема чест да го продолжиме животот на „Молитва“, да создадеме печат на новото време и да ја запознаеме новата генерација со оваа наша изведба“ - рекоа Марија и Бојан од „Ај Кју“. Како звучи нивната преработка и поп верзија на антологиската „Молитва“ проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Силви бенд“ со нов албум „Како во сон“ и преработка на старата македонска песна – „Ја излези стара мајко“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/silvi-bend-so-nov-album-kako-vo-son-i-prerabotka-na-starata-makedonska-pesna-ja-izlezi-stara-majko-video/ Wed, 11 Jan 2023 07:15:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283609

Брачната музичка двојка Силви и Влатко Плевнеш или попознати како „Силви бенд“ во последната недела од годината што измина, го издадоа најновиот  нивни албум, осми по ред насловен: „Како во сон“. Од него како сингл се издвои пилот темата „Ја излези стара мајко“, што е всушност своевидна преработка во поп, амбинтален и џез стил на старата традиционална добро позната македонска изворна песна. Истата се нашла на албумот зошто е инспириран од вистинскиот настан кој пред многу години се случил токму во семејна куќа на Влатко Плевнеш во Охрид. „Во семејната куќа на  Плевнеш во стариот Охрид, а во која сега доаѓаме само преку лето, настанала таа толку убава песна - 'Ја излези стара мајко'. Тоа ни го откри еден охриѓанец кој го знае богатото минато на градот и песната. Човекот со многу емоции и со голема радост ни раскажа дека една млада мома - охриѓанка, која во тоа време живеела во оваа куќа, се вљубила во младото момче, а тоа бил Осман бег. Таа често ја повикувала својата мајка да излезе на пенџерето за да го види нејзиното момчето Осман бег, кое тука поминувало на коњ покрај куќата“ - ја раскажува Силви приказната за настанокот на песната кои тие со задоволство ја преработија како дел од новиот албум, чија промоција се одвиваше на 22 декември во кафулето Филхармонија во Скопје, каде воедно беше промовиран и видеозаписот за споменатата нумера. Спотот се снимал на неколку локации во Охрид, а го реализираше охридската „ИН продукција“, а во него како Осман бег  се појавува охриѓанецот Благоја Ристески. Како звучи современата верзија на „Ја излези стара мајко“ во изведба на „Силви бенд“  визуелизирана со видозапис, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Гуру Харе и Игор Џамбазов ја преработија во блуз верзија антологиската – „Заветна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/guru-hare-i-igor-dzambazov-ja-prerabotija-vo-bluz-verzija-antologiskata-zavetna-video/ Sat, 12 Nov 2022 10:57:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275586

Однеодамна во радијскиот етер може да се слушне нова, овој пат во многу поинаква верзија на антологиската фолк балада  „Заветна“ која своевремено оригинално ја изведе и маестрално ја испеа македонската фолк легенда, покојниот Пепи Бафтировски. Песната е сработена во блуз манир е последната снимка на дуетот Игор и Игор (Игор Атанасоски Харе и Игор Џамбазов). Во најавата  за песната Харе напишал: Ова е наше видување на легендарната 'Заветна', испеана од Пепи Бафтировски. Кога по некоја случајност би се сретнале Пепи и Гери Мур, тоа би звучело вака…. Поздрав, Харе“! Инаку „Завтен“ која со текот на времето стана своевидна, неофицијална втора македонска химна е дело авторскиотм тандем, браќата Миле и Ѓорѓи Барбаровски. „Идејата беше моја, а Џамбазов со воодушевување ја прифати. Снимана е во текот на септември во студиото „Тралала“ на Мите Димовски“ - изјавил Гуру Харе за гостиварското Radio G - 106,4 MHz. Аранжманот  за блуз верзијата го изработил Гуру Харе,  а покрај Џамбазов во снимањето учествуваа членовите на „Гуру Харе бенд“: гитара - Игор Атанасоски-Харе, тапани - Златко Михајловски - Бумбар, бас - Трајко Симоновски - Таци, клавијатури - Филип Димишковски, додека придружните вокали на оваа верзија на „Заветна“ ги испеала поп ѕвездата Тамара Тодевска. Како звучи  антологиската „Заветна“  во новата блуз верзија на Гуру Харе и Игор Џамбазов, проследете од нивната жива изведба во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ;]]>

Бојана Скендеровски го честиташе Илинден со преработката на „Море сокол пие“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/bojana-skenderovski-go-chestitashe-ilinden-so-prerapotkata-na-more-sokol-pie-video/ Wed, 03 Aug 2022 08:33:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261250

Бојана Скендеровски на големиот празик Илинден со гордост го претстави најновиот проект направен од душа и со душа, Станува збор за преработката на една од најубавите македонски песни со наслов „Море сокол пие“, која доби верзија во изведба на Бојана. „Ова е моја честитка за Илинден. Патриот сум во душа, а сега во овие сензитивни времиња за нашата земја и народ во кои сме принудени да го браниме своето и да го докажуваме сето она што е наше и ни припаѓа, се почувствував должна како уметник да го направам овој проект“, вели Бојана и додава дека својата љубов кон родољубивите песни кои често ги пее решила да ја искаже токму преку изведбата на „Море сокол пие“. „На музиката работеа многу познати инструменталисти на народна музика, сѐ е снимено во живо затоа што сакавме да има душа“, додава Бојана. Видеото кое може да го погледнете е со потписот на Дарио Јанковиќ, а кадрите се снимани на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Мариово, Велес, Кокино, Старо Нагоричане во црквата Св. Ѓорѓи, стара повеќе од 1000 години. „Овој проект е во чест на сите Илинденци кои го дале својот живот за да ја имаме оваа наша Македонија, која во овие турбулентни времиња мораме да ја сочуваме онаква каква што ни ја оставиле во аманет“, завршува Бојана. Нека ни е вековит Илинден и Македонија! ]]>

Мики Јовановски Џафер и во зрели години покажа дека е махер за рок ен рол, па Johnny B. Good го претопи во – „Џоле бре гол“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/miki-jovanovski-dzafer-i-vo-zreli-godini-pokaza-deka-e-maher-za-rok-en-rol-pa-johnny-b-good-stana-dzole-bre-gol-video/ Wed, 16 Feb 2022 13:45:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239372

Некои  музички ѕвезди се како оние вистинските ѕвезди на небото... Можеби секој ден не ги гледате, ама сепак секогаш се тука кога ќе затреба. Или кога ним ќе им се разведри. Таков е македонскиот музичар и пејач, легендарниот Мики Јовановски Џафер, кој и покрај годините, покажа дека е се' уште махер за рок ен рол, па го преработи стариот класик Johnny B. Good, кој стана - „Џоле бре гол“! Се разбира Мики заедно со пријателите кои обилно му помогнале, сите проверени „музички манги“, направил интересен кавер на вечниот рок класик на легендарниот Чак Бери, само овој пат во стил на Балашевиќ, со текст на кавадаречки дијалект, за неговиот локален херој - „Џоле бре гол“! Миксот и подготовката ги направил Пере од Нокаут во НК Студио Перевски, програмирањето го средил Петар Ренџов, гитара и гајда свири Ивица Јорданов, а видеоклипот го режирал самиот Мики Јовановски Џафер. Зад камерата и монтажата стои Даниел Јовески, додека главната улога во спотот во ликот на Џоле е Божидар Јорданов. Голем дел од споменатат екипа се појавува и какпридружен бенд во видеото, во кое доминира приказната за „Џоле“ кој е „бос и гол “ за се', само за гитара - не! Дет'то,  а ја фане, гитарта, а топе...! Но, да ви ја раскажуваме приказната до крај и не е некое решение, затоа подобро проследете како звучи и изгледа „Џоле бре гол“, во продолжение: ]]>

Македонскиот бенд „2Be“ и Французинот Gloridie Tuzolana ја преработија „Ој девојче, девојче“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-bend-2be-i-francuzinot-gloridie-tuzolana-ja-prerabotija-oj-devojche-devojche-video/ Tue, 25 May 2021 13:04:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204003

Македонскиот бенд "2Be" има нова преработка, овој пат тоа е дует со Глоридие Тузолана (Gloridie Tuzolana) од Франција. После сите направени преработки на забавна музика овој пат тие се одлучија за малку поинаков стил од тоа претходно и направија преработка на македонска народна песна "Ој девојче девојче" со малку поинаков аранжман. "За Глоди ова е прв пат да пее на Македонски јазик и му е навистина чест и задоволство, тој од првото слушање ја запомни мелодијата и ја снимивме во рок од половина час" - велат од бендот. Тие исто така најавија дека ова е само почеток и дека ќе следуваат уште многу преработки, и секако уште многу нивна авторска музика. https://www.youtube.com/watch?v=l6bjKuJlK7w]]>

Зеле Липовача од „Дивље Јагоде“ сними инструментална преработка на „Македонско девојче“ (Видео) https://arhiva.vistina.com.mk/zele-lipovacha-od-divlje-jagode-snimi-instrumentalna-prerabotka-na-makedonsko-devojche-video/ Tue, 11 May 2021 07:13:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201973

Фронтменот на „Дивље јагоде“, Сеад Зеле Липовача, сними  гитарска преработка на познатата народна песна „Македонско девојче“. Зеле покрај изведбата на оваа инструментална преработка, сам го направи и новиот аранжман. Токму оваа македонска песна е прва на списокот на оние што ќе се најдат на новиот соло-албум на основачот на „Дивље јагоде“. Во неговиот препознатлив стил, а истовремено емотивен и искрен, баш на начинот на кој треба да се пристапи кон обработката на традиционалните мелодии, Зеле уште еднаш совршено ги комбинираше ориенталниот звук на македонското поднебје и звукот на гитарата. Работниот наслов на новиот албум е „You Are the Wind and I’m the Flame“ и ќе излезе оваа есен. Оваа е негов трет соло албум по последниот албум од 2016 година, „Internal Waves of Love“. Уникатната изведба на песната „Македонско девојче“ не можеше да помине без македонските синови, славните музички браќа Гаро и Диран Тавитјан на тапани и синтисајзер, а на кавал е Александар Јовевски. За песната беше претставено и визуелно уметничко видео, додека официјалното видео наскоро ќе го види светлото на денот и ќе се снима во Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=6BMxgqPMMV8&t=105s Извор: Музика24.мк  ]]>

Александар Тарабунов го преработи познатиот божиќен евергрин – „Let It Snow!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-tarabunov-go-preraboti-poznatiot-bozikjen-evergrin-let-it-snow-video/ Wed, 23 Dec 2020 12:01:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182285

Александар Тарабунов – Тара  излезе дека во 2020та е највредниот меѓу македонски поп пејачи. Во оваа, по сите основи „промашена“ година, во  време на корона пандемијата, кога естрадата е принудно „паркирана во лер“,  Тара е еден од ретките кои застојот како дополнително да го инспирира, па овој вакум го користи неуморно да работи, да снима и издава нови песни. По „Сењорита“, „Нема крај“ и „Дај ми“ и неодамнешната „Безвременска“, пејачот реши да сними уште една „безвременска тема“... Овој пат обработка на еден божиќен или подобро речено,  вечен зимски евергрин, оригинално испеан од големиот пејач и актер Дин Мартин, темата со наслов „Let It Snow!“... или во слободен превод „Нека снежи“!  Кавер верзијата на Тара не само што звучи одлично, туку и многу специфично, па иако не е авторска песна, тој и дал свој печат, своја уникатност во интерпретацијата на големиот хит на кој одново му вдахнал нов живот, го променил во модерно аранжерско-продуцентско руво, давајќи му современ дух со кој за крај на годината, во празничните денови, како што самиот вели, се надева дека ќе шири позитива!   Инаку, Let It Snow! “, е песна оригинално напишана од текстописецот Семи Кан и композиторот Џул Стајн и тоа не за врема на зима, туку среде лето, во  јули 1945 година. Напишана е во Холивуд, Калифорнија, за време на еден ужасно жежок бран, додека Кан и Стајн си замислувале како би изгледал денот во постудени услови. Слушнете како звучи преработката на Тара во едноставното симпатично видео со кое е илустрирана песната: https://www.youtube.com/watch?v=H-Oei4ZC7QU]]>

Тони Андреев и Ани направија преработка на новата песна од Теодора Џехверовиќ https://arhiva.vistina.com.mk/toni-andreev-i-ani-napravija-prerabotka-na-novata-pesna-od-teodora-dzehverovikj/ Tue, 30 Jun 2020 11:43:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156388

Македонскиот млад пејач со најмногу настапи во годината, Тони Андреев и прекрасната Андријана Ани Петрушовска направија преработка на новиот хит „Вуду“ на Теодора Џехверовиќ и Девито. Музичката обработка е дело на самиот Андреев, додека за видеото се погрижи веќе докажаниот Алек Тасевски. - Песната е апсолутен хит во регионот, за само 20 дена успеа да достигне гледаност од околу 25 милиони. Не планиравме да правиме кавер-верзија на песна од Теодора, но уште при првото снимање сфативме дека одлично ни лежи со Ани, па веднаш ја снимивме. Видеото е дело на Алек Тасевски, со кого веќе подолго време соработувам и многу сум задоволен како излезе целиот пакет. Првите реакции се одлични, добиваме позитивни коментари, па верувам дека како и претходните проекти, така и овој ќе помине одлично, вели Тони Андреев. Пејачот го искористил слободното време за да направи повеќе музички проекти, па многу наскоро ќе ја изненади јавноста со уште неколку новитети. Во продолжение слушнете како звучи „Вуду“ во изведба на Тони Андреев и Андријана Ани. ]]>