препораки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Nov 2023 13:05:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png препораки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Колку стомачни до рамен стомак? Одговорот зависи од 1 фактор, еве што советуваат експертите https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-stomachni-do-ramen-stomak-odgovorot-zavisi-od-1-faktor-eve-shto-sovetuvaat-ekspertite/ Thu, 16 Nov 2023 13:05:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327327

Стомачните се насочени кон стомачните мускули и создаваат напнатост за да го олеснат процесот на топење на мастите. Оние кои сакаат потенок струк треба да вклучат стомачни во својата рутина бидејќи тоа е една од најдобрите вежби за согорување на салото на стомакот. Но, колку стомачни треба да направите за рамен стомак? Одговорот на ова прашање е тешко да се даде бидејќи е субјективен. Резултатот може да се разликува од личност до личност бидејќи зависи од количината на масни наслаги на стомакот. Иако нема значајни докази, се сугерира дека се потребни 250.000 стомачни за согорување на половина килограм маснотии. Тешко е да се направи за кратко време, па препорака на фитнес експертите е да се започне со 10 до 12 повторувања низ три серии дневно. Дополнително, за да вклучите други мускули, можете да пробате варијации на стомачни, како што се коси стомачни, обратни стомачни, руски пресврти и стомачни со велосипед. Извор: Попара.мк]]>

Портокалов метео-аларм: Поради пеколните горештини владата со препораки за заштита https://arhiva.vistina.com.mk/portokalov-meteo-alarm-poradi-pekolnite-goreshtini-vladata-so-preporaki-za-zashtita/ Wed, 28 Jul 2021 12:20:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213040

Македонија во следните пет дена ќе биде зафатена од високи температури во портокалова фаза, поради што надлежните објавија препораки за за заштита и намалување на ризиците за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините. Согласно добиените информации од УХМР, почнувајќи од четврток (29.07.2021 година), шесте региони – Скопскиот (северно од Вардар), Осоговско-Малешевскиот, јужно од Вардар, Пелагонискиот и Охридско-Преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза.
Министерството за здравство соопшти дека состојбата на Топлотен бран почнува да важи на целата територија на државата и од среда до недела важат следните владини препораки: 1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години. 2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Македонија и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници. 4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Владата одлучи државните органи и јавните претпријатија и установи, да ги почитуваат препораките, а на приватниот сектор му се препорачува да го организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од 4 дена, до понатамошно одлучување. Владата и надлежните органи ќе ја следат состојбата и доколку има потреба ќе бидат преземени мерки согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението во РС Македонија. Истовремено, работното време градинките треба да го организираат во периодот од 7 до 17 часот. Градинките не треба да практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено после 11 часот. Сите правни субјекти, пак, кои вршат активности на отворено треба да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници. Од МЗ потсетувааат и на општи мерки за заштита на здравјето. Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори  под сенка. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари. Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува и задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиус, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени Целзиус. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови. Од МЗ посочуваат и дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури. Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат.
]]>

Вака познатите македонски личности се штитат од коронавирусот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-poznatite-makedonski-lichnosti-se-shtitat-od-koronavirusot-foto/ Thu, 12 Mar 2020 09:44:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138966

Коронавирусот не е нималку наивна работа и не е веќе само таму некаде, туку насекаде, па и тука кај нас во Македонија. Светската здравствена организација прогласи пандемија, што значи дека алармот е вклучен, црвеното светло запалено... Се откажува се' што може да се откаже, а носи висок ризик, секакви масовни собирања... Свеста е вклучена на најсилно или барем така треба да биде, кај сите нас. Секој треба да ги почитува препораките и упатствата за заштита, за сите да придонесеме оваа нова „чума на 21-от век“ што побргу да ја снема. Некои тоа го сфаќаат многу сериозно и одговорно, други онака - лефтерно, трети пак „мува не ги лази“, од едно уво им влегува од другото им излегува, и воопшто не ги допира се' што околу нив се случува. Сепак македонските јавни личности или поточно познатите фаци се покажауваат како одговорни граѓани. И не само што се покажуваат, туку и покажуваат како и колку ги почитуваат препораките, како се штитат самите себеси и околинат околу нив од коронавирусот, а некои од нив и самите даваат свои препораки како треба да се заштитиме од ова заразно зло. На кафе со чисти раце Препораките од Комисијата за заразни болести се јасни. Седи дома ако не мораш никаде да одиш. На Мартин Филиповски од братското дуо „Некст Тајм“ дома му било здодевно сам да го пие кафето, па тркнал во првото маалско кафуле, во соседството. На кафе, ама со чисти раце. Зашто каде и да оди, гелот за дезинфекција како прва заштитна опција, секаде со себе го носи! Ист вирус - три различни „лека“: Превентивна фаза на алкохолна база Коронавирусот е смртоносен, ама алкохолот е смрт за коронавирусот. Тоа и некои од лекарите го потврдија. Затоа алкохолната дезинфекција на предметите и организмот е добра опција. И однадвор и „одвнатре“, се разбира, умерено, со усул... По една, колку да го сотре вирусот или воопшто и да не му даде да припириса. Идејата не е лоша, само што има еден проблем. Алохол да, ама кој? Оној чистиот од аптека, ем не се кознумира, ем се' поретко го има да се набави. Затоа „лекот“ му е овој другиов... Ама кој, зашто и од него има „илјада и една“ сорта? Три различни македонски познати лица имаат три различни препораки како се штити од коронавирус во превентивна фаза на алкохолна база. Сестрите Тодевски - Тамара и Тијана со српска препорака: „Нејзиното величество - Кајсијевача“. Позанатата српска овошна ракија, позната на секој мераклија на добрата капка, кој со појавата на коронавирусот автоматски станува и „совесен граѓанин“. Некогашниот музичар и пејач во „Браво бенд“, денес соло фолкер Живко Динев „лекот“ за Короната го најде таму кај што му е родната жица, во неговата Струмица. Популарниот Жилче тврди дека  народот мора да се свести, оти нивната „струмичка мастика“ е лек за сите болести! Нашата, а светска манекенка и топ модел Катарина Ивановска,  го преферира истиот рецепт за корона заштита, ама како „светска женска“, сепак држи до светски бренд: „Џони Вокер - блек лабел“, една чашка пред, една после пладне  и „Ковид 19“ тешко дека ќе биде смел да ве нападне. Скафандер или маска за „филтрирано дишење“ Заштитната маска е една од првите работи што ги препорачаа лекарите за заштита. Затоа и медицински маски не можат повеќе да се најдат ни на клинички, а камо ли во аптеките. Не барем за 3 денари, колку што им е реалната цена. Водителот и маркетинг експерт Димитар Атанасовски сепак успеал некако да се снајде. Состанокот не смее да чека, а „лабораторијата за идеи“ ни Ковид 19 не може да ја затвори, па затоа Диме и колешката така маскирани тргнаа на „ бизнис митинг“. Патем, водителот изгледа се уплаши дека оваа медицинскава маска можеби којзнае колку и нема да го заштити, па побара „појачана варијанта“... Турбо модел, на кој ни ураниум не може да му помине, а камо ли Корна, па праша каде може да го набави посочениот бренд, во која компанија? Одговорот - во прватата продавница за филтри за моторно масло за Сканија! Кога сме кај маските и нивната заштита од вирусот, пејачката Теа Трајковска решила многу да не експериментира. Светските искуства на познатите секогаш се најдобри, па го препорачува „космонаутскиот скафандер“ на манекенката Наоми Кемпбел. Ем сигурно и безбедно, ем не мораш да трошиш пари за нова фризура. Во здраво тело „Ковиид 19“ не вирее: Рекреативно - витаминска заштита Оваа теорија ја има сопругата на Димитар Атанасовски, пејачката и харфистка, Сара Мејс. Неа маска не и треба. И треба справа за вежбање... За да биде здрава и насмеана, ко бомбона. Зашто: „Во здраво тело не иде Корона“ нели, како што самата вели! А модната креаторка Ива Спасовска има препорака за витаминска превентива. Овошно смути и целата вибрација на телото и мислата ќе ви бидат подобри. Така барем Ива не бодри! За мислата ни е јасно, ама за вибрацијата на телото...? Веројатно ќе мора да го испиете целото... И тоа по три пати на ден! Интимна Корона препорака: „Секс, само на пристојно растојание“ Кога сме веќе кај „вибрациите на телото“, екс новинарот, ТВ водител, сега „комар ПР менаџер“ Зоран Василевски попознат како Зоки - Фаци, исто така излезе во јавноста преку социјалните мрежи со своја препорака за Корона заштита. Неговата е поврзан со „интимниот“ живот на населението. Ковид 19 се пренесува со близок контакт, па затоа прашањето е: „Секс - да или не?“ Одговорот го има Зоки-Фаци. Се разбира, директно во „прво лице“ - множина! Епа, покрај официјалните препораки, сега знаете и алтернативно како да се заштитите од коронавирусот. Изборот е Ваш. Кој како сака нека прави, важно е да сте сигурни, безбедни и здрави!        ]]>

Препораки до граѓаните за празничните прослави: Внимавајте со алкохол и пиротехника, не се прејадувајте https://arhiva.vistina.com.mk/preporaki-do-gragjanite-za-praznichnite-proslavi-vnimavajte-so-alkohol-i-pirotehnika-ne-se-prejaduvajte/ Sun, 31 Dec 2017 09:05:28 +0000 http://vistina.mk/?p=9593

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје” - Скопје најави дека за новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.
Умерено да се користат алкохолни пијалоци за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, хроничните болни редовно да ја земаат терапија, а оние кои постеле да внимаваат со внес на храна, препорачува службата за Итна медицинска помош во пресрет на Нова година и божиќните празници.

Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не користи алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, како и да се воздржат од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје со што ќе се избегнат несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје” – Скопје најави дека за новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа. На новогодишната ноќ Итната медицинска помош ќе  располага со 10 медицински тима и осум дежурни ординации  за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките  „Јане Сандански“, „Чаир“, „Ченто“, „Шуто Оризари“, „Ѓорче Петров“, „Драчево“, „Идадија“ и „Бит Пазар“. Истовремено со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашна посета. И МВР и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) имаат препораки за претстојните празници. Апелираат граѓаните да не употребуваат пиротехнички средства и да не возат под дејство на алкохол. Да бидат внимателни, да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината и сообраќајната сигнализација, апелираат институциите. Министерството за внатрешни работи е дециндо: нема да се толерира и најстрого ќе се казнува препродавањето и употребата на петарди и други пиротехничките средства. Согласно Законот за прекршоци, 200 до 500 евра е глобата за неовластено пукање од огнено оружје, употребување пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, додека согласно Кривичниот законик, оној што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, се казнува со затвор од три до десет години. – Ако предмет на делото е поголемо количество огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку пет години. Ако делото е сторено во група, банда или друго злосторничко здружение, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку осум години, информира МВР. (МИА)  